Портал:Филм/Избрана статија/2008

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
филм: (портал, проект)  

Избрани статии на порталот за филм се оние статии кои корисниците на Википедија ги сметаат за најквалитетни и најсодржајни. Пред да се постави овде некоја статија истата мора да биде изгласана за уредност, точност, неутралност и стил на пишување.

Предлагачот на избрана статија потребно е на страницата за разговор да предложи и текст (извадок или сиже од статијата) кој ќе оди на порталот за филм и истиот да биде ставен на увид при гласањето.

Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас за, воздржан или против, како и свое мислење преку коментар, користејќи ги за сето ова соодветните шаблони: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} и {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници ќе бидат земени предвид при сумирањето на резултатите. Гласањето завршува во недела во 24 часот по македонско време, и потоа содржината која добила најмногу гласови се поставува на насловната страница од порталот.

Забелешка: На секоја од избраните статии, најдолу, под категориите, се поставува шаблонот {{Портал:Филм/Избрана}}.


2008.декември

Четири божиќни прослави (англиски: Four Christmases или Four Holidays во Австралија и Нов Зеланд) е божиќна романтична комедија која се работи за еден пар кои оди да ги посети нивните четворица разведени родители во еден ден. Филмот е продуциран од Spyglass Entertainment а издаден од New Line Cinema на 24 ноември, 2008, ден пред Денот на благодарноста и е дистрибутиран од Warner Bros. Pictures. Главни улоги се Винс Вон и Рис Витерспун кои го глумат заљубениот пар. Сиси Спејсек, Мери Стинбурген, Кристин Ченовет, Џон Војт, Џон Фејвру и Руберт Дуввал се појавуваат во споредни улоги. Ова е прв вистински филм режиран од Сет Гордон.

Филмот доби многу негативни критики. Беше критикуван како несоодветен новогодишен филм со многу лош крај. Филмот беше добро критикуван и доста фален само поради изведбата на урнебесниот Винс, а од друга страна беше и лошо критикуван бидејќи според повеќето овој филм воопшто не и прилегал на Рис, како што и прилегале повеќето од досегашните филмови кои имале „посериозна“ содржина. За време на прикажувањето филмот бил на второто место но веднаш по тоа се симнал многу подоле. Вкупната заработка на филмот изнесува $146,694,000.

повеќе...



2008.ноември
HighSchoolMusical3.jpg

Средношколски мјузикл 3: Сениорска година (англиски: High School Musical 3: Senior Year) е третото продолжение од серијалот Средношколски Мјузикл на Disney. Премиерно во САД се прикажуваше на 24 октомври 2008. Кени Ортега се враќа како режисер и кореограф, исто како и шестте главни глумци.

Во ова продолжение, двата протагониста, Трој и Габриела се соочуваат со фактот дека ќе се разделат на крајот на годината кога ќе треба да одат на различни факултети. Трој и Габриела заедно со останатите јунаци се соочуваат со сите нивни стравови, надежи и планови за нивната иднина и за последен пат решаваат да направат нешто по што сите ќе ги паметат.

Во првите три дена, Средношколски мјузикл 3:Сениорска година доби 42 милиони долари во Средна Америка и додатни 40 милиони на другите места, што го преминува рекордот за најголем викенд на прикажување мјузикл.

повеќе...



2008.октомври
Bridge-to-Terabithia-poster.jpg

Мостот за Терабитија е филм од 2007 режиран од Габор Ксупо (ко-основач на Klasky-Csupo) за Walt Disney Pictures и Walden Media, базиран на романот на Кетрин Петерсон, со истото име. Филмот беше издаден 16 февруари, 2007 во САД и Канада и 16 јуни, 2007 во Нов Зеланд и беше втор на бокс офисот во САД и Канада за време на првиот викенд на прикажување. Беше рангиран PG поради тематските елементи вклучувајќи го малтретирањето на училиште.

Дванаесет годишно момче по име Џеси „Џес“ Аронс (Џош Хатчерсон) е одличен уметник. Тој е момче во основно училиште кое живее во семејство кое е во финансиска криза. Дванаесет годишната Лесли Бурк (АнаСофаја Роб) е новото девојче во училиштето кое има потешкотии наоѓајќи пријатели но и покрај тоа сепак е полна со радост и среќа и има бујна фантазија. Таа се пријавува на една училишна трка на која победува покрај тоа што и нагласуваат дека е трка само за момчиња. На почетокот, Џес е доста повреден поради ова и несака да има ништо со Лесли, но упорноста на Лесли да го запознае подоцна се исплатува и брзо по тоа двајцата стануваат многу блиски пријатели. Нивното пријателство започнува кога Лесли му понудува мастика на Џес и тој прифаќа. Џес и ја доверува тајната дека има дарба кон уметноста на Лесли. Заедно влегуваат во шумата, каде наоѓаат едно цврсто јаже со кое ја поминуваат реката и на другата страна наоѓаат напуштена куќичка на дрво. Тука, двајцата измислуваат еден свет кој го нарекуваат Терабитија и тој оживува како што тие си замислуваат дека тој изгледа. Назад во „реалниот“ свет, двајцата патат од лоши деца на училиште. Лесли му дава на Џес неочекуван роденденски подарок, комплет боици за цртање и тој и дава куче на Лесли (Принц Териен) за возврат. На следното патување за Терабитија јасно се покажува дека нивото на водата се зголемило или пак јажето се подискинало бидејќи кога ја преминуваат реката јасно се гледа дека нозете ја допираат водата.

повеќе...



2008.септември
Blue Velvet - Cover (Special).jpg

Син сомот (англиски: Blue Velvet) е американски нео-ноар, детективски трилер напишан и режиран од Дејвид Линч. Кајл Меклахлан, Изабела Роселини, Денис Хопер и Лора Дерн ги играат главните улоги во филмот. Насловот Син сомот е земен од насловот на истоимената песна на Боби Винтон.

Дејството во филмот се одвива во малото место Ламбертон, Северна Каролина и ја раскажува приказната за студентот Џефри Бомонт, кој открива оштетено и исечено човечко уво во еден тревник во соседството. Џефри одлучува сам да го истражи злосторството, но притоа добива помош и од Сенди Вилијамс - невина средношколка, ќерка на поручникот Џон Вилијамс, градскиот шериф. Како напредува неговата истрага, така Џефри се повеќе навлегува во мрачниот свет на малоградското подземје, дом на Френк Бут, аморален злосторник и водач на група криминалци вмешана во убиствa, силувања и склона кон уживање на халуциногени средства.

Син сомот наидува на големо одобрение од критичарите, и имајќи го предвид емитирањето во ограничен број кина, се смета и за успешен на боксофисот. Дејвид Линч се здобива со втората номинација за Oскар за најдобар режисер токму за Син сомот.

Денес oвој филм заедно со Кјубриковите Пеколен портокал, 2001: Вселенска одисеја и Евтини приказни на Квентин Тарантино се смета за еден од најзначајните и најуспешни култни класици на сите времиња.

повеќе...



2008.август
HP1 posters.JPG

Хари Потер и Каменот на мудроста (англиски: Harry Potter and the Philosopher's Stone, во САД како Harry Potter and the Sorcerer's Stone), е фантастично-авантуристичен филм од 2001 година базиран на истоимениот роман од Џоан К. Роулинг. Режиран од Крис Колумбус е прв од возбудливиот Хари Потер серијал. Приказната го следи Хари Потер, момче кое на својот единаесетти роденден дознава дека е волшебник и дека е повикан да започне со настава во Хогвартс - училиштето за магии.

Даниел Редклиф го глуми Хари Потер, а покрај него се Руперт Гринт и Ема Ватсон, како најдобрите другари на Хари, Рон Визли и Хермиона Гренџер. Од возрасните актери присутни се: Ричард Харис, Меги Смит, Роби Колтрејн, Алан Рикман и Иан Харт.

Warner Bros. ги купи правата за книгата уште во 1999. Продуцијата започна во 2000, со Колумбус одбран како режисер од кратка листа на кандидати да го создаде филмот. Писателката Роулинг инсистираше целата екипа на глумци да бидат британци за да се зачува културниот идентитет на книгата и филмот.

Успехот на првиот филм е потврден од неговата заработка од 976 милиони долари и номинациите за Оскар. Понатаму следуваа успешни адаптации на втората, третата, четвртата и петтата книга. Шестиот дел е во фаза на продукција, а седмиот дел е најавен во два посебни дела поради обемниот материјал за снимање.

повеќе...



2008.јули
WALL-Eposter.jpg

Воли (англиски: Wall•e) е анимиран научно-фантастичен филм продуциран од студиото за анимирани филмови Pixar и прикажан во кино салите на Disney на 27 јуни, 2008. Воли беше реализиран на ДВД и Блу-Реј на 4 ноември, 2008. Филмот е режиран од страна на Ендру Стентон кој претходно го режираше филмот Барајќи го Немо.

Дејството на овој филм е сместено во иднината, 700 години од сегашноста и ги следи авантурите на еден робот по име Воли, кој бил заборавен на Земјата кога луѓето ја напуштиле заради преплавување со ѓубре. Повеќето од ликовите немаат човечки гласови, туку комуницираат со разни движења на телото и неповрзани звуци. Исто така ова е и првиот филм на студиото Pixar, во кој покрај регуларната компјутерска анимација, се појавуваат и вистински актери. Овој филм доби големи пофалби од критичарите.

Воли е деветтиот анимиран долгометражен филм на Pixar. Ендру Стентон добил идеја за Воли уште во летото 1994, пред првиот филм на Pixar - Приказна за играчките. По завршувањето на Приказна за играчките, Џон Ласетер, Питер Доктер, Џо Ранфт и Ендру Стентон почнуваат да размислуваат приказни за следните филмови на Pixar. Од ова планирање произлегоа идеите за филмовите Животот на инсектите, Чудовишта, Барајќи го Немо и Воли. Оригиналната идеја за Воли била: „Што ако луѓето ја напуштат Земјата, а некој заборавил да го исклучи последниот робот?“. Откако Стентон му ја кажал идејата на Доктер во 1995 тој започнал за неколку месеци почнал да работи на неа, но се откажал и решил да почне да работи на филмот Чудовишта, бидејќи не бил сигурен дали ќе може да создаде успешна љубовна приказна. Стентон сепак продолжил да ја создава приказната за Воли и бил опседнат со правењето на анимиран филм во кој дејството ќе се одвива во вселената и во иднината затоа кога тој конечно го завршил правењето на Барајќи го Немо почнал да се фокусира на создавањето на филмот Воли.

повеќе..



2008.јуни
mini

Евтини приказни (англиски: Pulp Fiction) е американски филм од 1994 на режисерот Квентин Тарантино кој го напиша заедно со Роџер Ејвери. Познат е по нелинеарната приказна, еклектичкиот дијалог, ироничната мешавина на хумор и насилство и референци од филмови и од популарната култура. Номиниран е за седум Оскари, вклучувајќи и оскар за најдобар филм. Тарантино и Ејвери дури и освоија еден Оскар за најдобро оригинално сценарио. На Канскиот филмски фестивал е награден со Златна палма. Големиот комерцијален успех ја ревитализираше кариерата на главниот глумец, Џон Траволта, кој беше номиниран за Оскар, како и Семјуел Л. Џексон и Ума Турман.

Насловот на филмот се однесува на шунд списанијата и „тврдо варените“ криминалистички романи од средината на 20 век, познати по сликовитите прикази на насилство и испразнети дијалози. Приказната е, како и во другите дела на Тарантино, нелинеарна. Критичарите го нарекуваат филмот прв пример за постмодерен филм заради неговата саморефлективност и неконвенционална структура. Евтини приказни послужи како инспирација за многу подоцнежни филмови кои примија многу елементи од неговиот стил. Природата на неговата продукција, маркетингот и дистрибуцијата и дополнителната порфитабилност имаа силно влијание на подрачјето на независната кинематографија.

повеќе...



2008.мај
Касапски кучиња.jpg

Касапски кучиња (англиски: Reservoir Dogs) e дебитантскиот филм од 1992 на режисерот и сценарист Квентин Тарантино. Филмот прикажува што се случило пред и по планираниот вооружен грабеж на накит, но не го прикажува и самиот чин на кражбата. Касапски кучиња е составен од актерската екипа на Харви Кител, Тим Рот, Мајкл Медсен, Крис Пен, Стив Бушеми и Лоренс Тиерни. Тарантино исто така има мала улога во филмот, како и познатиот автор на криминалистиката, Еди Бункер. Овој филм спојува повеќе теми и естетики кои станаа заштитни знакови на Тарантино: насилен криминал, референци од поп културата, незаборавен дијалог со претерана вулгарност и нелинеарно прикажан тек на приказната.

Филмот стана класика на независните филмови и беше наречен „Најголемиот независен филм на сите времиња“ според списанието Емпајр. Касапски кучиња беше генерално добро примен, а глумците добија позитивни мислења од филмските критичари. Иако филмот не помина со голем успех во бокс-офисот, својата популарност ја доби веднаш по успехот на вториот филм на Тарантино, Евтини приказни. Често е критизиран поради количеството на насилство, а било забележано дека некои членови на публиката ги напуштале кино-салите за време на легендарната сцена „со сечење на увото“.

повеќе...

Cscr-featured.svg
Архива на избрани статии
2008
Касапски кучиња · Евтини приказни · Воли · Хари Потер и Каменот на мудроста · Син сомот · Мостот за Терабитија · Средношколски мјузикл 3: Сениорска година · Четири божиќни прослави