Pixar Animation Studios или едноставно Пиксар (англиски: Pixar) — продукциска компанија која произведува компјутерско анимирани филмови. Оваа компанија се наоѓа во Емеривил, Калифорнија, САД. До сега ова студио има освоено 21 Оскар, три Златни глобуси и една Греми-награда меѓу останатите награди, признанија и достигнувања. Pixar е најпозната по своите филмови кои се изработени со специјален софтвер кој го произведува самата компанија. Овој софтвер им овозможува да ги направат филмовите во посебна компијутерско-генерирана графика.
Pixar првпат се појавува во 1979 како Graphics Group, дел од компијутерското одделение на Lucasfilm. Подоцна во 1986 соосновачот на Apple, Стив Џобс решава да ја откупи од Lucasfilm и ѝ го дава сегашното име. The Walt Disney Company ја купува Pixar во 2006 на една размена каде што таа вредела 7.4 билиони долари.