Потрагата по Немо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Потрагата по Немо
(Finding Nemo)“
444px-Nemo-poster2.jpg
РежисерЕндрју Стентон
Ли Ункрич (ко-режисер)
ПродуцентГрахам Волтерс
СценаристПриказна:
Ендрју Стентон
Сценарио: Ендрју Стентон
Боб Петерсон
НастапуваатАлберт Брукс
Елен ДеЏенерис
Александер Гоулд
Вилем Дафо
Бред Герет
Жанркомедија
анимација
ДистрибутерWalt Disney Pictures
Премиера30 мај 2003
Времетраење104 мин.
Држава САД
Јазиканглиски
Буџет$94,000,000
Бруто заработка$864,625,978

Потрагата по Немо (англиски: Finding Nemo) — американски анимиран филм од 2003 год. Филмот во САД почнал да се прикажува на 30 мај 2003 и во првиот викенд на прикажување заработил 70 милиони долари, што дотогаш била рекордна заработка за еден анимиран филм, а година дена подоцна рекордот го освоил Шрек 2, заработувајќи 108 милиони долари. Во март 2004, Барајќи го Немо бил меѓу десетте филмови со најголема заработка на сите времиња, заработувајќи 850 милиони долари во цел свет.

Содржина[уреди | уреди извор]

Филмот ја раскажува приказната за рибата клаун по име Марлин. Заради несреќата која му ја убила жената и сите деца освен Немо, грижата на Марлин за својот единствен син е претерана, што го поттикнува Немо да отплива во длабочините во намера да му докаже на неговиот татко дека таму нема никакви опасности. Меѓутоа, го ловат ронилци кои се спуштаат со бродот и завршува во аквариум за забна ординација во Сиднеј. Марлин оди во потрага по Немо, а ја сретнува и заборавната плава танг риба по име Дори, која одлучува да тргне заедно со него. Марлин е присилен на одењето во непознатиот и опасниот свет во кој не е ни како во сон што го замислувал, а Дори му помага да сфати дека бил престрог спрема неговиот син. Немо во меѓувреме со уште неколку риби се наоѓа во аквариумот во забна ординација, каде се обидуваат да смислат начин како да дојдат до блискиот океан. Гил, главната риба во аквариумот, тогаш тоаѓа на идеја да стави зрно во филтерот за прочистување, како забарот во текот на чистењето на нечистотиите да ги стави во пластична вреќа покрај прозорот со кој би можеле да се доближат до океанот. Немо со многу маки успева во тоа, но забарот следното утро гради модерен филтер без да ги вади рибите од аквариумот. Марлин и Дори на својот пат наидуваат на бројни проблеми, и мора да се соочат со медузите и големиот кит. Меѓутоа, тие наоѓаат на група желки кои патуваат спрема Сиднеј, и одлучуваат да ги следат и да стигнат до својата цел.

Гласовни улоги[уреди | уреди извор]

Глумци Ликови
Алберт Брукс Марлин
Александер Гоулд Немо
Елен ДеЏенерис Дори
Вилем Дафо Гил
Елизабет Перкинс Корал
Џефри Раш Нигел