Портал:Филм/Избрана статија/2008/август

Од Википедија — слободната енциклопедија

Хари Потер и Каменот на мудроста (англиски: [Harry Potter and the Philosopher's Stone] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help), во САД како Harry Potter and the Sorcerer's Stone), е фантастично-авантуристичен филм од 2001 година заснован на истоимениот роман од Џоан К. Роулинг. Режиран од Крис Колумбус е прв од возбудливиот Хари Потер серијал. Приказната го следи Хари Потер, момче кое на својот единаесетти роденден дознава дека е волшебник и дека е повикан да започне со настава во Хогвартс - училиштето за магии.

Даниел Редклиф го глуми Хари Потер, а покрај него се Руперт Гринт и Ема Ватсон, како најдобрите другари на Хари, Рон Визли и Хермиона Гренџер. Од возрасните глумци присутни се: Ричард Харис, Меги Смит, Роби Колтрејн, Алан Рикман и Ијан Харт.

Warner Bros. ги купи правата за книгата уште во 1999. Продуцијата започна во 2000, со Колумбус одбран како режисер од кратка листа на кандидати да го создаде филмот. Писателката Роулинг инсистираше целата екипа на глумци да бидат британци за да се зачува културниот идентитет на книгата и филмот.

Успехот на првиот филм е потврден од неговата заработка од 976 милиони долари и номинациите за Оскар. Понатаму следуваа успешни адаптации на втората, третата, четвртата и петтата книга. Шестиот дел е во фаза на продукција, а седмиот дел е најавен во два посебни дела поради обемниот материјал за снимање.

повеќе...