Ема Вотсон

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Ема Ватсон)
Прејди на: содржини, барај
Ема Вотсон
Вотсон во 2013 година
Роден(а) Ема Шарлот Дуер Вотсон[1]
15 април 1990 (1990-04-15) (воз. 27 г.)[2]
Париз, Франција
Националност Британка[3]
Занимање
  • глумица
  • модел
  • активист
Активен период 1999–сè уште

Ема Шарлот Дуер Вотсон (англиски: Emma Charlotte Duerre Watson, родена 15 април 1990) е француско-британска глумица,[4] која се прославила со улогата на Хермиона Гренџер, една од трите главни улоги во филмскиот серијал за „Хари Потер“.

Биографија[уреди | уреди извор]

Вотсон одржувала врска со британскиот играч на рагби Метју Џени, но врската се распаднала на крајот на 2014 година. Потоа, во медиумите се појавиле гласови дека тајно се гледала со британскиот принц Хари. Меѓутоа, во февруари 2015 година, на својот профил на „Твитер“, Вотсон ги демантирала таквите озборувања.[5]

Филмска кариера[уреди | уреди извор]

Вотсон била одбрана да ја глуми Хермиона кога имала само девет години, а претходно имала глумено само во училишни претстави.[6] Од 2001 до 2007 година, таа глумела во пет филма од серијалот за „Хари Потер“, заедно со Даниел Редклиф и Руперт Гринт, а глумела и во последните две продолженија: „Хари Потер и Полукрвниот Принц“ од 2009 година, како и во двата дела од „Хари Потер и Реликвиите на смрта“.[7] За работата во серијалот за „Хари Потер“ Вотсон има добиено неколку награди, а заработила над 10 милиони долари.[8]

Во 2007 година, Ватсон изјави дека учествува во два не-Хари Потер филма: адапцијата на романот Чевли за балет и еден анимиран филм, Приказната за Деспероу. Чевли за балет се прикажуваше на 26 декември, 2007 на публика од 5.2 милиони и Приказната за Деспероу, базиран на приказната на Кејт Ди Камило, се прикажуваше во 2008.[9]

Филмографија[уреди | уреди извор]

Година Наслов Улога
2001 Хари Потер и Каменот на мудроста Хермиона Гренџер
2002 Хари Потер и Одајата на тајните Хермиона Гренџер
2004 Хари Потер и Затвореникот од Азкабан Хермиона Гренџер
2005 Хари Потер и огнениот пехар Хермиона Гренџер
2007 Хари Потер и Редот на фениксот Хермиона Гренџер
2007 Чевли за балет Паулин Фосил
2008 Приказната за Деспероу Принцезата Пеа
2009 Хари Потер и Полукрвниот Принц Хермиона Гренџер
2010 Хари Потер и реликвиите на смртта – 1 дел Хермиона Гренџер
2011 Хари Потер и реликвиите на смртта – 2 дел Хермиона Гренџер
2011 Мојата недела со Мерилин Луси
2012 Привилегијата да се биде срамежлив Сем
2013 Блинг ринг Ники
2013 Ова е крајот Себеси
2014 Ное Ила
2015 Колонија Лена
2015 Регресија Ангела Греј

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Emma Watson". Late Show with David Letterman. CBS. 8 July 2009. No. 3145.
  2. Walker, Tim. „Emma Watson: Is there Life After Hermione?“, „The Independent“, 29 септември 2012 (конс. 12 јануари 2008 г).
  3. „Check If You're a British Citizen“. UK Government Digital Service. https://www.gov.uk/check-british-citizen/y/on-or-after-1-january-1983/no/yes. конс. 23 април 2014 г. „(If you were born on or after 1 January 1983 and before 1 January 2006 to parents married and British 'not by descent') in most cases you'll be a British citizen 'by descent'.“ 
  4. „Warner Bros. Official site“. (Flash: click appropriate actor's image, click "Actor Bio"). harrypotter.warnerbros.co.uk. http://harrypotter.warnerbros.co.uk/gobletoffire/master/index.html. конс. 2006 г. 
  5. „За наводната врска со принцот Хари“, Утрински весник, година XVI, број 4718, вторник, 24 февруари 2015, стр. 24.
  6. Emma Watson“, The New York Times (конс. 12 јануари 2008 г).
  7. Warner Bros. (23 март 2007). "Daniel Radcliffe, Rupert Grint and Emma Watson to Reprise Roles in the Final Two Instalments of Warner Bros. Pictures' Harry Potter Film Franchise". Соопштение за печат.  конс. 23 март 2007 г
  8. Stenzhorn, Stefan. „Potter star Watson "rich enough to retire"“, RTÉ.ie Entertainment, 27 јули 2007 (конс. 27 јули 2007 г).
  9. Gould, Lara. „Hermione Set for BBC Role“, The Sunday Mirror, 5 август 2007 (конс. 6 август 2007 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: