Паг
Географија | |
---|---|
Место | Јадранско Море |
Координати | 44°30′27″N 14°56′26″E / 44.50747322°N 14.94051528°E |
Архипелаг | Далматински Архипелаг |
Површина | 284,56 км2 |
Должина | 58,25 км |
Ширина | 2−10 км |
Брегова линија | 269,2 км |
Највисоко место | 349 м |
Највисока точка | Свети Вид |
Држава | |
Жупанија | Личко-сењска |
Најголема населба | Паг (pop. 3,846) |
Демографија | |
Население | 8.398 (2011) |
Густина | 26,13 /km2 (6.768 /sq mi) |
Етнички групи | 97.93% Хрвати |
Паг е еден од островите во хрватскиот дел на Јадранско Море. Климата на островите е претежно средоземна, населението главно се занимава со полјоделство, риболов и туризам. Од полјоделството најзастепено е лозарството и одгледувањето на маслинки. Овој остров зафаќа површина од 285 km2. Населението, според пописот во 2001 изнесува 9.059. Главен град на островот е Паг.
Административни поделби
[уреди | уреди извор]Островот Паг е единствениот хрватски остров кој е поделен помеѓу две жупании. Северниот дел на островот се наоѓа во Личко-сењската, а јужниот дел (Паг, Општина Колан и Општина Повjана) во Задарската жупанија.
Со воспоставувањето на жупаниите во 1992 година, целиот остров и припаднал на Личко-сењската жупанија, што предизвикало отпор во јужниот дел на островот. Пред осамостојувањето на Хрватска, островот гравитирал меѓу Риека и Задар, со тоа што автомобилите на целиот остров имале риечки регистарски таблички.
Со новиот закон за подрачјата на жупаниите од 1997 година, островот бил поделен помеѓу двете жупании и поголемиот, јужниот дел со градот Паг и Општина Повjана припаднал на Задарската жупанија. Општината Колан била формирана во 2003 година со одвојување од областа на градот Паг.
Население
[уреди | уреди извор]Најголемиот дел од населението на островот Паг, го сочинуваат Хрватите со 98%. Останатите 2% ги сочинуваат Срби и Словенци.
Чакавски се зборува на местата Новаља, Лун, Стара Новаља, Колан, Мандре, Шимуни, Кустиќи и Зубовиќи.
Цакавски се зборува на местата: Паг (град), Метајна, Кошљун и Пробој.
Шчакавски се зборува на местата: Повљана, Горица, Врчиќи, Стара Вас, Дињишка, Влашиќи, Смоквица и Мишковиќи.