Личко-сењска жупанија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Личко-сењска жупанија
Ličko-senjska županija
—  Жупанија  —

Грб
Личко-сењската жупанија (портокалова боја)
во Хрватска (жолта боја)
Главен град Госпиќ
Управа
 • Жупан Милан Јурковиќ (ХДУ)
Површина
 • Вкупна 5.352 км2
Население (2001)
 • Вкупно 53.643 жит.
Повикувачки број 053
ISO 3166 HR-09
Портал http://www.licko-senjska.hr/

Личко-сењската жупанија главно се наоѓа на подрачјето на Лика во западна Хрватска, но го вклучува и северниот дел на островот Паг. Се граничи со Задарската жупанија на југ, и со Карловачката жупанија и Приморско-горанската жупанија на север.

Население[уреди | уреди извор]

Личко-сењска жупанија[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2001 година во жупанијата живееле 53,677 жители (1,2% од вкупниот број на жители во Хрватска - најмалку населена жупанија во државата). Густината на населноста изнесувала околу 10 жители на km².

Етничкиот состав бил следниот: Хрвати 86,2%, Срби 11,5%, Албанци 0,2% и други (1991; Хрвати 59,7%, Срби 37%).

Бројот на жителите низ годините[уреди | уреди извор]

година на попис 2001 1991 1981 1971 1961 1953 1948 1931 1921 1910 1900 1890 1880 1869 1857
бр. на жители 53,677 85,135 90,836 106,433 118,329 125,677 130,855 172,735 177,055 182,392 186,871 170,084 155,382 165,692 155,467

Извор[уреди | уреди извор]

  • ЦД-ром: "Насеља и становништво РХ од 1857-2001. године", Издание на Државниот завод за статистика при Република Хрватска, Загреб, 2005.

Географија[уреди | уреди извор]

Во Личко-сењската жупанија течат три реки: Лика со должина од 78,1 km (по по која е именувано и Личкото поле, а потоа и целиот регион Лика), Гацка со должина од 55,4 km и Новчица со должина од 29 km.

Највисоки планински врвови во жупанијата се: Вагански врв со висина од 1,757 m и Велики Завижан со висина од 1,676 m на Велебит, а на Пљешевица Озеблин со висина од 1657 m.

Во жупанијата има и доста езера, а најголеми по површина се Крушќица со 3,9 км² и Плитвичките Езера со 2 км².

Видете уште[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]