Елафитски Острови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Елафитски Острови
Pogled s utvrde Sutvrač.JPG
Поглед од тврдината Сутврач Лопуд
Croatia - Elafit Islands.PNG
Географија
МестоЈадранско Море
АрипелагЕлафитски Острови
Вкупно острови13
Поголеми островиШипан, Лопуд, Колочеп
Површина30 км2
Управување
ЖупанијаДубровник-Неретва
Најголема населбаШипан (pop. 436)
Демографија
Население850
Поглед од тврдината Сутврач
Поглед на островот Руда од Лопуд

Елафитите се група на острови во Јадранско Море кои се наоѓаат западно од Дубровник. Името на островите е изведено од грчкиот збор ἔλαφος, elaphos, што значи елен,[1] иако на островите нема повеќе елени. Под ова име, Елафатските или Еленските Острови, за прв пат се споменуваат од римскиот историчар Плиниј Постариот во 1 век, во неговато дело Naturalis Historia. Најголемиот остров на овој архипелаг е островот Шипан, а други острови се: Лопуд, Колочеп (Каламота), Јакљан, Руда, Голеч, Црквина и уште неколку помали островчиња и карпи во морето познати како Гребени. Островите со својот прекрасен пејзаж и песокливи плажи привлекуваат бројни туристи. Тие се поврзани со Дубровник преку бродски линии кои сообраќаат секојдневно. На трите поголеми острови постојат голем број на културни и историски споменици, како на пример: многу цркви, капели и вили на дубровничката аристократија. Денес, многу од нив, иако се во приватна сопственост, се во запуштена состојба.

Најголеми острови се:

  • Шипан – е најголемиот остров на Елафитските Острови и истовремено и најоддалечен од Дубровник. На островот се наоѓаат две населби: Шипанска Лука и Суѓураѓ, кои се сместени во два спротивна залива, кои се одделени само со поле.
  • Колочеп (Каламота) – е најблиску до Дубровник и поради тоа е често излетиште на жителите на овој град. Суптропската вегетација, свежиот морски воздух, пространите борови шуми и маслинови дрва го прават овој остров многу привлечен.
  • Лопуд се наоѓа меѓу Шипан и Колочеп и е стопански најразвиен од сите острови на овој архипелаг. Најпозната плажа на островот е песокливата плажа Шуњ.

Во помали острови се вбројуваат:

Според некои во склоп на Елафитските Острови се вбојува и островот Локрум.

На островот Дакса, во октомври 1944 година се случил масакр над 697 угледни Хрвати, од кои 369 биле цивили, а 327 воени заробеници, кои биле убиени од страна на партизаните.

Име[уреди | уреди извор]

Познатиот римски писател и историчар Плиниј Постариот во своето дело Naturalis Historia ги спомнува островите под име Елафити. Постојат две теории околу потеклото на името на островите. Според едната теорија, името на островите е изведено од грчкиот збор ἔλαφος, elaphos (елени), поради присуството на елени во античко време, а според друга теорија островите, гледани од Срѓ, потсетуваат на елени по кои тие го добиле ова име.

Колочеп е еден од ретките, ако не и единствениот јадрански остров, кој има две имиња. Локалното население речиси исклучиво го користи неформалното име Каламота, а себеси се нарекуваат Каламотези. Во минатото, овој остров секогаш се нарекувал Calamotta. Во најстарите записи од парохиската архива на островот, кои датираат од 1497 година, овој остров се нарекувал Calamotta. Се претпоставува дека името е од грчко потекло, бидејќи грчкиот збор Kalamos значи трска за риболов, а жителите на островот и ден денес трската за риболов ја нарекуваат каламуќа.

Транспорт[уреди | уреди извор]

Сѐ до крајот на 20 век, Елафитски Острови имале слабо развиен поморски сообраќај со копното. Бродските линии биле два или три пати неделно и тоа еднаш на ден. Од независноста на Хрватска па наваму, сообраќајот со копното е драстично подобрен. На 18. Декември 1997 година завршила изградбата на ферибот терминалот во Суѓураѓ на Шипан, и бил финансиран од Министерството за обнова и развој и Фондот за развој на островот. За време изведувањето на градежните работи, бил пронајден антички брод на кој имало делови од амфори и други бродски садови. Денес, бродови пловат до островите Колочеп, Лопуд и Суѓураѓ четири пати на ден. До јули 2011 година бродови пловеле до пристаништето во Шипан, но поради неисплативоста и за да се намалат трошоците, било решено тие да почнуваат и завршуваат со пловење до Суѓураѓ. На Колочеп и Лопуд нема автомобили, но на Шипан има, поради тоа што растојанието меѓу двете населби изнесува 4 км. На 22. октомври 1998 година автобуска компанија Libertas отворила редовна автобуска линија Шипанска Лука - Суѓураѓ. Линијата се користи за транспорт на децата на училишна возраст.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Знак за ловечко подрачје на Шипан
Поглед од Пакљене на Шипанско поле
Лопудскиот хотел Lafodia, изграден во 1968 година

Бројот на жителите на островите е мал и тие главно се занимаваат со земјоделство, сточарство, риболов и лов. Од домашните животни се одгледуваат свињи, крави и кокошки, а д земјоделските култури најзастапени се маслиновите дрва и виновата лоза. Шипан е познат како островот со најмногу маслинови дрва во светот (пропорционално на површината). Во 1999 година имало рекордна берба на шипански маслинки. Биле преработени 115.930 килограми, од кои на Суѓураѓ 39.600 килограми, а во Шипанска Лука 76.330 килограми. Во близина на Шипанска Лука се наоѓа ловно подрачје каде најмногу се ловат диви свињи. Туристичката сезона на островите е во летниот период, додека во зима островите се главно празни. На островот Лопуд има луксузен хотел Lafodia, на островот Колочеп има истоимен хотел, во Шипанската Лука има мал хотел наречен Шипан, а во Суѓураѓ има мал, семеен хотел наречен Божица. На островот на Лопуд има голема песочна плажа Шуњ, која е идеална за пицигин и одбојка на плажа. Дубровничките туристички агенции во текот на летото организираат еднодневни, пикник патувања на Елафитските Острови за туристите. На островите постојат продавници, кои редовно се снабдуваат со основни намирници. Во јули 1999 година, во Суѓураѓ е отворен преработувачки капацитет за маслиново масло, а на местото на шипанскиот млин е отворена коноба. На островите постои регионално основно училиште. Во 2000 година започнало реновирањето на училишната зграда и парохијата во Шипанска Лука. Следната година, почнала изградбата на амбулантата. Поради ретката населеност и релативната непристапност на островите, тие се поштедени од загадување и бучавост, а долго време биле и слабо поврзани со современата технологија, на пример, шипанското село Дол добило електрична енергија дури во 2012 година.[2]

Култура[уреди | уреди извор]

Летниковецот на Вице Стјепановиќ Скочибуха на Шипан
Манастир на Лопуд

Сите населени острови има бројно културното-историско наследство, цркви, капели и благороднички вили од времето на Дубровничката република. Многу од нив се во лоша состојба и во приватна сопственост. На почетокот на 21 век бил реконструиран летниковецот на Вице Стјепановиќ Скочибуха на Шипан, која била изградена во 1563 година. На Колочеп има околу 17 вредни споменици на културата, претежно мали цркви и капели од периодот пред 16 век. Покрај тоа, повеќето куќи и утврдувања се атрактивни примери на старата архитектура. Горниот дел на Каштиа бил целосно уништен, но биле сочувани визби долги 30 метри и широки 3 метри. Над црквата има кула Торета, висока 14 метри и широка околу 4 метри. Над влезот од кулата има мал прозорец преку кој на напаѓачите им истурале врело масло или смола. На Лопуд се наоѓа жупаниската црква на Госпа од Шуњ (од 13 век, доградувана во 17 век), црковен музеј, кој има вредни предмети (слики, реликвии од 8 - 9 век и литургиски предмети), црквата на Светото Тројство (од 15 -17 век), фрањевски манастир (основан 1483 година, а напуштен 1808 година) и доминикански манастир (основан 1482 година, а денес напуштен). Можат да се најдат и остатоци од црква од ранохристијанскиот период, како и летниковци на познати стари семејства, на пример, куќата на бродовласникот Миха Працат, епископот Никола Браутиќ и семејството Ѓурѓевиќ (од 16 -17 век) и урнатините од Кнежевиот двор.[3] Реставрацијата на шпанската тврдина Сутврач (1563 година) е во план на Друштвото на пријателите на дубровничките старини. На Шипан се наоѓаат 42 стари летниковци, 34 цркви и црквички, како и бројни капели.[4] Раносредновековната црква од предроманискиот период во Суѓураѓ е посветена на Св. Стефан, а ја изградил хрватскиот крал Степан Мирослав, а е обновена во 2012 година. На ридот Пакљена се наоѓа црква со многу убав поглед на целиот остров. Од неговиот врв можат да се види сртовите на брдата на Дубровничкото приморје, островите Јакљан и Млет, полуостровот Пелешац, брдата над Ријека дубровничка, грушките облакодери и дубровничкото брдо Срѓ. На островот Шипан се наоѓа Кнезовиот двор од времето на Дубровничката република.

Спорт[уреди | уреди извор]

На островите не постојат фудбалски и кошаркаски терени. Во текот на летото се игра ватерполо. Од 2007 година се одржува Куп на Елафити во ватерполо, а се натпреваруваат аматерските клубови од населените острови.[5]

Познати личности[уреди | уреди извор]

Двајца членови на екипажот на бродот Санта Марија на Колумбо биле од Колочеп.

  • Паско Бабурица (Колочеп)
  • Михо Працат (Лопуд)
  • Трајан Лалиќ (Лопуд)
  • Вице Стјеповиќ-Скочибуха (Шипан)
  • Балдо Главиќ (Шипан)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

1. Zbornik Dubrovačkog primorja i otoka IX., "Kulturno-prosvjetno društvo Primorac", Dubrovnik, 2006.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Lučić, J. (1988). Toponimija Dubrovačkog područja do doseljenja Slavena. Zagreb: Zbornik PAD, Aheološka istraživanja u Dubrovniku i dubrovačkom području. стр. 170. 
  2. „U Selo Do na Šipanu struja stiže za mjesec dana“. www.portaloko.hr. конс. 2018-12-14. 
  3. „Lopud | Proleksis enciklopedija“. proleksis.lzmk.hr. конс. 2018-12-14. 
  4. „Otok Šipan: Saznajte Više O Našem Predivnom Otoku“. www.sipan.info. конс. 2018-12-14. 
  5. Andrija. „7. kup Elafita u vaterpolu“. Danče (hr-hr). конс. 2018-12-14.