Корнати

Од Википедија — слободната енциклопедија
Национален парк Корнати
Корнати
Корнати
Местоположба: Шибенско-книнска Жупанија, Хрватска
Површина: 320 км2
Неважечка знаменитост
Официјален назив: Национален парк Корнати
Вкупно острови: 140
Главни острови: Корнат, Лавса, Жут
Корнат

Корнати или Корнатски Архипелаг – островје кое се наоѓа во средна Далмација, западно од Шибеник и јужно од Задар, во рамките на Шибенско-книнската Жупанија. Архипелагот се состои од околу 150 островчиња и зафаќа површина од 320 км2.

Во 1980 година Корнати е прогласен за национален парк. Вкупната површина на паркот е 220 км2, а се состои од 89 [1] острови, островчиња и карпи. Од вкупната површина на паркот, само околу 1/4 е копно, додека преостанатиот дел е морски екосистем.

Корнат, со површина од 32,44 км2[2] е најголем остров во овој архипелаг и зазема две третини од националниот парк. Островот е долг 25,2 км, а широк е до 2,5 км.

Островјето нема постојани населби.

Во август 2007 година избил пожар кој однел 12 животи на пожарникари.

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Список на острови во Хрватска

Надворешни врски[уреди | уреди извор]