Зверинац

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Островот Зверинац, Хрватска

Зверинац е мал хрватски остров во Задарскиот Архипелаг на Јадранското Море. Зафаќа 4.2 км2[1] и е населена од 43 лица, со густина на население од 10,29 лица на квадратен километар. Неговата највисока точка е висока 111 метри.

Според мрежната страница на хрватскиот „Култернет“, островот за прв пат се споменувал во 1421 година како Суиран, владение на задарските благородници. Во населбата на островот е барокната палата на семејството Фанфонг од 1746 година.[1] Постојат римски урнатини во увалината Порипишче.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Duplančić Leder, Tea; Ujević, Tin; Čala, Mendi (јуни 2004). „Coastline lengths and areas of islands in the Croatian part of the Adriatic Sea determined from the topographic maps at the scale of 1 : 25 000“ (PDF). Geoadria. Задар. 9 (1): 5–32. doi:10.15291/geoadria.127. Посетено на 18 јули 2020.