Ист

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ист
Croatia - Ist.PNG
Географија
МестоЈадранско Море
КоординатиКоординати: 44°16′N 14°46′E / 44.267° N; 14.767° E / 44.267; 14.767
Површина9,65 км2
Управување
Хрватска
ЖупанијаЗадар
Демографија
Население182 (2011)
Густина на население18,9 /km2 (490 /sq mi)

Ист (италијански: Isto) е мал остров крај далматинскиот брег на Хрватска. Најблискиот град до Ист е Задар. Островот има површина од 9,65 км2.[1] Ист се наоѓа помеѓу островите Шкарда и Молат.

Целиот остров има постојана население од 182 луѓе.[2] Во текот на изминатите 50 години, било просведочено бавно раселување што го преполовило бројот на жителите. Хрватската влада се обидува да привлече луѓе на островот преку својата Национална програма за развој на островите, како и економското заживување (што може да резултира во изградба на мост до блискиот Молат). Неодамна островот има корист од развојот на туризмот.

Во Втората светска војна, Битката кај Ист била поморска акција близу Ист на 29 февруари 1944 година. Судирот се водел помеѓу уништувачите на Слободната француска морнарица, и припадниците на германската морнарица („Kriegsmarine“) состоени од две корвети, две бродови со торпеда и три миночистачи кои штителе товарен брод. Французите успеаја да го уништат германскиот товарен брод и една корвета без свои загуби пред да се повлечат.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Duplančić Leder, Tea; Ujević, Tin; Čala, Mendi (јуни 2004). „Coastline lengths and areas of islands in the Croatian part of the Adriatic Sea determined from the topographic maps at the scale of 1 : 25 000“ (PDF). Geoadria. Задар. 9 (1): 5–32. doi:10.15291/geoadria.127. Посетено на 19 јули 2020.
  2. „Население по возраст и пол, по населени места, попис 2011: Ист“. Попис на населението, домаќинствата и имотот 2011. Загреб: Државен завод за статистика. декември 2012.
  3. Greene, Jack, O'Hara, Vincent P (2012). Spencer C. Tucker (уред.). World War II at sea : an encyclopedia. Santa Barbara, Calif.: ABC-CLIO, LLC. стр. 7, 282. ISBN 978-1-59884-457-3.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]