Ново Село (Желино)

Координати: 41°57′50″N 21°9′32″E / 41.96389° СГШ; 21.15889° ИГД / 41.96389; 21.15889
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ново Село
Ново Село во рамките на Македонија
Ново Село
Местоположба на Ново Село во Македонија
Ново Село на карта

Карта

Координати 41°57′50″N 21°9′32″E / 41.96389° СГШ; 21.15889° ИГД / 41.96389; 21.15889
Општина  Желино
Население 602 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 28049
Надм. вис. 693 м. м
Ново Село на општинската карта

Атарот на Ново Село во рамките на општината
Ново Село на Ризницата

Ново Село — село во Општина Желино, во околината на градот Тетово. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 667 жители.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Долни Полог. Мерово лежи на горното течение на Суводолица, на северните падини на Сува Гора.

Историја

Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало население од 165 муслимани (Албанци).[2] Рускиот публицист Афанасиј Селишчев во 1929 година забележал дека селото било дел од Општина Групчин и имало 45 куќи со 256 жители Албанци.[3]

Демографија

Според пописот од 2002 година селото има 667 жители.[4]

Националност Број
Албанци 663
Бошњаци 1
останати 3

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Ново Село има 602 жители.

Следува табела на народносната структура на населението:

Народност Вкупно
Македонци 0
Албанци 542
Турци 0
Роми 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
Други 60

Родови

Ново Село е албанско село.

Според истражувањата од 1949 година, родови во селото се:

  • Доселеници: Колајн (5 к.) најстар род во селото. Доселени се од местото Фанде во северна Албанија. Овде живеат од втората половина на XVIII век. Имаат роднини во селото Камењане (Ајвазе). А исто така и во селата Порој и Боговиње; Хос (28 к.) доселени се од местото Хаса кај Скадар во северна Албанија. Порано биле католици; Вјш (1 к.) потекнуваат од фисот Бериша во северна Албанија. Од таму во XVIII век се иселиле во Чајлане, тука направиле некое убиство па потоа се преселиле во Ново Село. Имаат истоимени роднини во Чајлане; Љач (9 к.) најмлад род во селото. Потекнуваат од фисот Бериша. Овде дошле од местото Љача во Малесија, Северна Албанија. Предците во старото место им биле католици. Имаат роднини во Стар Пустеник, а некои прешле и во Сечиште кај Качаник.[5]

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 2098 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[6]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 720 гласачи.[7]

Поврзано

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 212.
  3. Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 24.
  4. „Министерство за локална самоуправа. База на општински урбанистички планови“. Архивирано од изворникот на 2008-09-15. Посетено на 2011-12-27.
  5. Трифуноски, Јован (1949). Скопски Дервен. САНУ.
  6. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  7. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски