Мрзен Ораовец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мрзен Ораовец
Мрзен Ораовец во рамките на Македонија
Мрзен Ораовец
Местоположба на Мрзен Ораовец во Македонија
Мрзен Ораовец на карта

Карта

Регион Предлошка:Грбови
Општина Росоман
Население 2 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 11030
Надм. вис. 411 м
Мрзен Ораовец на општинската карта

Атарот на Мрзен Ораовец во рамките на општината
Мрзен Ораовец на Ризницата

Мрзен Ораовец — село во Општина Росоман, во областа Тиквеш, во околината на градот Кавадарци.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во Тиквешијата, оддалечено 20 километри западно од Кавадарци и 12 километри југозападно од Росоман.

Историја

Подрачјето на Мрзен Ораовец е населено уште од древномакедонско време, за што сведочат остатоците од утврдената населба Падарница на 2 км југоисточно од селото.[2]

Во XIX век селото било дел од Тиквешката каза на Отоманското Царство.

Во селото е пронајден Тиквешкиот зборник, ракописен текст од XVI век.

Стопанство

Демографија

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мрзен Ораовец живееле 620 жители, сите Македонци.[3]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Мрзен Ораовец имало 480 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

Според пописот од 2002 година селото имало само 5 жители, сите Македонци.[5]

Според пописот од 2021 година селото има само 2 жители, сите Македонци.

На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[6]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 620[3] 480[4] 429 399 301 179 97 25 14 5

Родови

Како родови во Мрзен Ораовец се споменуваат:[7]

  • Староседелци: Ничовци (7 к.), Ицовци (1 к.), Илевци-Чашковци (2 к.), Пашевци (1 к.), Мишевци-Здравевци (4 к.) и Трљичовци (1 к.)
  • Доселеници: Чочановци (6 к.), Арбовци (2 к.), Ќимовци-Бошковци (9 к.), Миновци (9 к.), Антовци (11 к.) и Тасевци (10 к.) сите овие родови се доселени во XVIII век од раселеното блиско село Даба. Само на родовите Антовци и Тасевци подалечното потекло им е од Дебарско Анѓушовци (1 к.) доселени се на крајот на XVIII век од околината на Призрен во Косово; Димовци (9 к.) доселени се во XVIII век од селото Радња; Јуруковци (2 к.) доселени се од јуручкиот предел кај Радовиш, од преку Вардар; Ордановци-Анѓелмевци (7 к.) и Симуновци (3 к.) доселени се од селото Житолуп во 1834 година; Сеџовци (1 к.) доселени се од селото Возарци во 1850 година; Мурговци-Мантевци (4 к.) доселени се од селото Сирково околу 1860 година; Филиповци (1 к.) доселени се во 1886 година од селото Сирково.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 718 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Камен Дол.[8]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 69 гласачи.[9]

Културни и природни знаменитости

Цркви
Археолошки наоѓалишта
  • Баток — населба од римско време
  • Марков Стап — рудник за мермер од римско и доцноантичко време
  • Падарница — утврдена населба од хеленистичко и римско време
  • Св. Илија — населба и некропола од доцноантичко време

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 155. ISBN 9989-649-28-6.
  3. 3,0 3,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр.155
  4. 4,0 4,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 104 – 105.
  5. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  6. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  7. Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец.
  8. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  9. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски