Падарница (Мрзен Ораовец)

Координати: 41°27′48″N 21°52′33″E / 41.46333° СГШ; 21.87583° ИГД / 41.46333; 21.87583
Од Википедија — слободната енциклопедија
Падарница

Карта

Местоположба 41°27′48″N 21°52′33″E / 41.46333° СГШ; 21.87583° ИГД / 41.46333; 21.87583
Основни податоци
Место Мрзен Ораовец
Општина Росоман
Тип

 утврдена населба


Период хеленистичко време
римско време
Портал „Археологија“

Падарницаархеолошко наоѓалиште во кавадаречкото село Мрзен Ораовец, Општина Росоман. Претставува утврдена населба од старомакедонско и римско време.

На висок рид со доминантна положба, што се наоѓа на 2 км југоисточно од селото, се забележуваат остатоци од помала утврдена населба. На површината има фрагменти од керамички садови, а најден е голем број монети, и тоа од македонските градови Тесалоника (подоцна Солун), Пела и Амфипол; римски републикански монети и монети од царевите Домицијан, Теодосиј, Анастасиј и др.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 155. ISBN 9989-649-28-6.