ФК Кјево Верона (италијански: A.C. ChievoVerona) или само Кјево — италијански фудбалски клуб кој моментално се натпреварува во Серија А. Својте домашни натпревари Кјево ги игра на Стадионот Марк'Антонио Бентегоди, кој го делат со градскиот соперник Хелас Верона. Прекари на клубот се Летечките магариња и Gialloblu (прев. жолто-сини) заради бојата на дресовите.
Клубот е основан 1929, како ОНД Кјево во предградието на Верона, Венето. За првпат клубот настапил во Серија А во сезоната 2001-02 и завршувајќи ја сезоната на петтото место биле вистинска сензација во италијанскиот фудбал таа сезона. Истата година клубот имал право да се натпреварува во Купот на УЕФА, но биле поразени веќе во првото коло. Најголемиот успех на клубот во Серија А е остварен во 2006 година, кога Кјево завршил на четвртото место, и изборил учество во 3-тото квалификациско коло во Лигата на шампионите, но неуспеале да го совладаат бугарскиот претставник Левски Софија. Од сезоната 2008-09, Кјево повторно се натпреварува во Серија А, откако една сезона претходно играле во Серија Б. Најголем дострел на Кјево во Купот на Италија е четвртфинале во сезоните 2006-07 и 2011-12.