Ненад Томовиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Србија Ненад Томовиќ
Nenad Tomović.jpg
Лични податоци
Роден на 30 август 1987 (1987-08-30) (31 г.)
Роден во Крагуевац, Србија
Висина &100000000000001840000001,84 м
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Кјево Кјево
Број 40
Младинска кариера
Раднички Крагуевац
Рад Рад
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2004-2005 Рад Рад 9 (0)
2005-2006 Црвена ѕвезда Црвена ѕвезда 1 (0)
2006–2008Рад Рад 38 (2)
2008-2009 Црвена ѕвезда Црвена ѕвезда 39 (1)
2009-2011 Џенова Џенова 14 (0)
2011-2012Лече Лече 49 (1)
2012- Фјорентина Фјорентина 127 (1)
2017-Кјево Кјево 15 (0)
Репрезентација
2007-2009 Србија Србија 21 9 (1)
2008 Србија Србија 23 3 (0)
2014- Србија Србија 22 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Ненад Томовиќ (роден на 30 август 1987 година) е српски фудбалер, играч од одбраната на Кјево и на српската репрезентација.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Томовиќ започнал да игра фудбал во екипата на Раднички од Крагуевац. Во 2003 година се преселил во Белград каде што најпрво играл за екипата на Рад, а во 2005 година потпишал за Црвена Ѕвезда. За Црвене Ѕвезда дебитирал во натпревар против Зета, во периодот кога црвено-белите од клупата ги водел Валтер Ѕенга. Меѓутоа тоа му бил единствениот настап за таа сезона, а потоа се вратил на две-годишна позајмица во екипата на Рад. Сепак, на половина од неговата втора сезона на заем во Рад, бил повикан да се врати во Црвена Ѕвезда на барање на тренерот Александар Јанковиќ.

Во летото 2009 година потпишал за италијанската Џенова за 3.5 милиони евра. Дебитирал во Серија А на 30 август 2009, во натпревар против Аталанта.

Во јануари 2011 заминал на позајмица во Лече[1], каде поминал една и пол сезона како позајмен играч. На 31 август, 2012, потпишал за Фјорентина.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Томовиќ настапувал за српската репрезентација под 21 година во периодот од 2007 до 2009 година и бил член на репрезентацијата која настапила на Европското првенство во 2009. Исто така учествувал и на Олимписките игри 2008 во Пекинг.

За сениорската репрезентација дебитирал на 14 декември 2008 во пријателски натпревар против Полска, одигран во Анталија.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]