Куќа на Ќитановци (Вевчани)
Куќа на Ќитановци | |
---|---|
![]() Поглед кон куќата | |
![]() | |
Општи податоци | |
Статус | споменик на културата |
Тип | куќа |
Стил | староградска куќа |
Место | Вевчани |
Земја | Македонија |
Почната | 1898 |
Завршена | 1906 |
Технички податоци | |
Катови | 3 |
Подна површина | 193 м2 |
Куќа на Ќитановци — куќа во селото Вевчани, Македонија. Куќата е прогласена за споменик на културата на Македонија.
Историја[уреди | уреди извор]
Куќата започнала да се гради во 1898 година, а истата била завршена во 1906 година. Каменот за градба бил носен цели осум години, а 25 работници делкале и ја ѕидале. Постоела и семејна стражарница, за да ги чува децата и жените од арнаутските банди, чија цел на напади биле богатите печалбарски семејства.
За време на НОБ, во 1944 година во куќата бил одржан првиот состанок на НОО за Струшко.
Архитектура[уреди | уреди извор]
Куќата на Ќитановци претставува високо развиена куќа со троделна поделба на основата и централно поставен чардак.[1]
Мебелот во куќата бил донесен од европските центри, а целиот приход кој семејството го заработил од ресторанот на брегот на Црното Море го насочувале кон изградба на куќата во највисок стил.
Галерија[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Архитектура“. Vevcani info. Посетено на 17 ноември 2018.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Куќа на Ќитановци (Вевчани) на Ризницата ?
Координати: 41°14′28.29″N 20°35′28.55″E / 41.2411917° N; 20.5912639° E