Куќа на Дуцкиновци (Вевчани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Куќа на Дуцкиновци
Куќата во 2023 година
Карта
Општи податоци
СтатусСпоменик на културата
Видкуќа
Стилстароградски
ГрадВевчани, Струшко
Земја Македонија
Завршена1923 или 1929
Технички податоци
Катови3[1]
Проектирање и изградба
АрхитектМитре Дуцкиноски

Куќа на Дуцкиновцистароградска куќа во струшкото село Вевчани прогласена за значајно културно наследство на Македонија.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Проектант на куќата е вевчанецот Митре Дуцкиноски, кој бил мајстор-градител и ја изградил заедно со својата тајфа. Изградена е во 1923 или 1929 година врз темелите на постара срушена куќа.[3]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Влезовите на дуќаните и првиот кат.
Чардакот на третиот кат.

Куќата се смета за своевиден дворец.[1] Каменот за изградбата на првиот кат е донесен од Горна Белица и е обработуван на лице место. Има приземје на кое се наоѓале дуќаните (бакалница и месарница), а на горните катови биле дневната, гостинските и спалните соби. На најгорниот кат е чардакот, кој летно време бил користен за дневен престој. Куќата е поделена на три дела со средиштен чардак,[1] еркерно изведен на дрвени греди со украс својствен на подрачјето и дрвена ограда. Приземјето е камено со тулни украси околу дрвените прозорци кои се затовраат со дрвени капаци одвнатре и метални решетки однадвор. Влезните врати на дуќаните се дрвени, со полукружно тулно украсување во средновековноримски стил.[1] Горните катови се направени од полни тули со дрвени прозорци, исто така со тулно украсување, и тука се просториите за живеење. Меѓукатната конструкција е направена со греди од костеново дрво. Од истиот материјал е и покривната конструкција, при што самиот покрив е на две води. Од костен е и скалиштето кое ги поврзува катовите, како и сите внатрешни врати.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Архитектура / Куќата на Дуцкиновци“. vevchani-info.mk. Архивирано од изворникот 2016-08-22. Посетено на 10 февруари 2023.
  2. Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
  3. 3,0 3,1 „Куќа на Дуцкиновци“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2017-10-22. Посетено на 21 октомври 2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]