Куќа на Гоговци (Вевчани)
Куќа на Гоговци | |
---|---|
![]() Поглед кон куќата | |
![]() | |
Општи податоци | |
Статус | споменик на културата |
Тип | куќа |
Стил | староградска куќа |
Место | Вевчани |
Земја | Македонија |
Координати | 41°14′32.3″N 20°35′20.24″E / 41.242306° N; 20.5889556° EКоординати: 41°14′32.3″N 20°35′20.24″E / 41.242306° N; 20.5889556° E |
Почната | 1867 |
Технички податоци | |
Катови | 2 |
Подна површина | 140 м2 |
Куќа на Гоговци — куќа во селото Вевчани, Македонија. Куќата е прогласена за споменик на културата на Македонија.[1]
Историја[уреди | уреди извор]
Куќата е изградена во 1887 година од страна на влијателниот вевчански трговец Кузман Гогов. Во периодот 1928-1932 година, Гогов бил градоначалник на Вевчани и со своите организаторски способности придонел многу за развој на селото преку изградба на болница, поплочување на улиците, изградба на патот „Бело Џаде“, како и пат до црквата „Св. Спас“.[1]
Архитектура[уреди | уреди извор]
Објектот има карактеристична архитектура, вклучувајќи ја постојната стара куќа. Се состои од приземје и кат, а претставува куќа со двојно ориентиран средишен чардак.[2] Приземјето и катот на североисток се изградени од камен со израмнети дрвени греди. Дел од приземјето било отворен трем, а останатиот дел содржел деловни простории. Меѓукатната и покривната конструкција биле изработени од костеново дрво. Скалите кои ги поврзувале приземјето и катот, како и сите врати и подови исто така се изработени од костеново дрво. Катот е еркерно издаден на југоисток и содржи лесна дрвена конструкција исполнета со цели тули. Над дрвените прозорци има украс од тули. Особено се издвојуваа југоисточната и северозападната фасада, на кои има полузатворен камен чардак со цели тули, кој се простира над улицата и дворот. Покривот е од ќерамиди поставени над платно од даски.[1]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Куќа на Гоговци“. Управа за заштита на културното наследство.
- ↑ „Архитектура“. Vevcani info. Посетено на 17 ноември 2018.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Куќа на Гоговци (Вевчани) на Ризницата ?