Прејди на содржината

Куќа на Пешиновци (Вевчани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Куќа на Пешиновци
Куќата во 2023 година
Карта
Општи податоци
СтатусСпоменик на културата
Видкуќа
Стилстароградски
ГрадВевчани, Струшко
Земја Македонија
Координати41°14′24.8″N 20°35′35.9″E / 41.240222°N 20.593306°E / 41.240222; 20.593306
Завршена1927
Технички податоци
Катови3[1]

Куќа на Пешиновцистароградска куќа во струшкото село Вевчани, прогласена за значајно културно наследство на Македонија.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]
Чардакот.

Куќата е изградена во 1927 година пред старата Куќа на Плушковци од XVIII–XIX век, со која образува архитектонски комплекс.[3]

Била прогласена за значајно културно наследство на Македонија со решение од 30 декември 2011 година од страна на Управата за заштита на културното наследство.[4]

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Градбата е висока куќа со приземје и два ката. Содржи двовисински трем и двоен средиштен чардак со изразито издеференциран зимски стан во меѓукатот и летен стан на катот.[1]

Приземјето и првиот кат се изработени од камен, зарамнети со дрвени кушаци во сува ѕидарија. Над прозорците на првиот кат има украси од тули. Вториот кат на исток и запад е од камен, а останатите ѕидови се од полна тула. Над дрвените прозорци има сводесто украсување од тули. Меѓукатната конструкција е изведена со греди од костеново дрво. Покривот е повеќеводен, исто така е од костенови греди, со ќарамиди врз платно од даски. Дрвените покривни конструктивни греди, кои ја образуваат стреата, завршуваат со украси. Внатрешните врати, подови, како и меѓукатното столбиште се од костеново дрво.[3]

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1 2 „Архитектура / Куќата на Пешиновци“. vevchani-info.mk. Архивирано од изворникот 2016-08-22. Посетено на 10 февруари 2023.
  2. Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
  3. 1 2 „Куќа на Пешиновци“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2017-11-07. Посетено на 1 ноември 2017.
  4. „Национален регистар на културното наследство“ (PDF). Управа за заштита на културното наследство. ноември 2024. Посетено на 1 септември 2025.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]