Прејди на содржината

Куќа на Коруновци (Вевчани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Куќа на Коруновци
Куќата во 2023 година
Карта
Општи податоци
СтатусСпоменик на културата
Видкуќа
Стилстароградски
ГрадВевчани, Струшко
Земја Македонија
Завршена1924
Технички податоци
Катови2[1]
Проектирање и изградба
АрхитектСтојан Коруноски

Куќа на Коруновцистароградска куќа во струшкото село Вевчани прогласена за значајно културно наследство на Македонија.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Проектант на куќата е вевчанецот Стоjaн Коруноски, кој долго работел во Романија и го следел развојот на тамошната архитектура. Градоначалникот на Турну Северин бил силно наклонет кон него и решил да му го додели проектот за влезниот портал на градската куќа. Откако порталот почнал да претрпува измени, Коруноски решил својата идеја да ја оствари во родното Вевчани. Изработил подробен план и го испратил на своите блиски во Вевчани за изградба. Куќата е изградена во 1924 година.[3]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Куќата е поделена на три дела со средиштен чардак и специфична стилистичка обработка која е поврзана со македонските средновековни цркви.[1] Градбата е изградена од природни материјали (дрво, камен и полна тула) и има приземје и кат. На еден дел од неа, од источната страна, има и подрумски простории со влез од јужната страна. Катовите се изградени од полна тула, освен од северната страна, која е тулно украсување над дрвени прозорци каде катот е од камен. Седишно поставениот чардак на јужната страна на катот е богато украсен со полна тула својствена за средновековните цркви на Македонија и има украсен венец венец под самата стреа. Покривната конструкција е од костеново дрво со повеќеводен покрив. Меѓукатната конструкција исто така е од костеново дрво. Столбовите кои го поврзуваат приземјето и катот исто така се костенови, а истото важи и за сите внатрешни врати.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Архитектура / Куќата на Коруновци“. vevchani-info.mk. Архивирано од изворникот 2016-08-22. Посетено на 10 февруари 2023.
  2. Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
  3. 3,0 3,1 „Куќа на Коруновци“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2017-10-22. Посетено на 21 октомври 2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]