Куќа на Даскаловци (Вевчани)
| Куќа на Даскаловци | |
|---|---|
Куќата во 2023 година | |
![]() | |
| Општи податоци | |
| Статус | споменик на културата |
| Вид | куќа |
| Стил | староградски |
| Град | Вевчани, Струшко |
| Земја | |
| Координати | 41°14′24.4″N 20°35′41.8″E / 41.240111°N 20.594944°E |
| Завршена | 1910 |
| Технички податоци | |
| Катови | 2[1] |
Куќа на Даскаловци — староградска куќа во струшкото село Вевчани, прогласена за значајно културно наследство на Македонија.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Куќата е изградена во 1910 година. Му припаѓала на два брата од старото семејство Даскаловци кои биле терзии, изработувајќи висококвалитетни народни носии.[1] Татко им и останатите браќа биле меѓународно познати градители.[3]

Била прогласена за значајно културно наследство на Македонија со решение од 6 февруари 2012 година од страна на Управата за заштита на културното наследство.[4]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата е кромна по големина. Приземјето е изработено од камен, зарамнето со дрвени кушаци во сува ѕидарија. Над прозорците со капаци има сводесто украсување од тули. На приземјето била работилницата за носии и дуќанот за продажба. Катот е изѕидан од полна тула и има дрвени прозорци исто така сводесто украсени од полна тула. На овој кат биле просториите за живеење.[1]
Меѓукатната и покривната конструкција е направена од костенови греди. Покривот е повеќеводен со ќерамиди ставени врз платно од штици. Од костеново дрво е изработено и скалиштето кое ги поврзува приземјето и катот, а костенови се и сите внатрешни врати. На катот има средишно сместен затворен чардак,[1] еркерно издаден на дрвени греди со украсување конкретно за ова село, наречено „вевчански кучиња“. Со вакви украси се и дрвените покривни градбени греди, кои со дрвени даски ја образуваат стреата.[3]
Галерија
[уреди | уреди извор]Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 4 „Архитектура / Куќата на Даскаловци“. vevchani-info.mk. Архивирано од изворникот 2016-08-22. Посетено на 10 февруари 2023.
- ↑ Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
- 1 2 „Куќа на Даскаловци“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2017-11-07. Посетено на 1 ноември 2017.
- ↑ „Национален регистар на културното наследство“ (PDF). Управа за заштита на културното наследство. ноември 2024. Посетено на 1 септември 2025.
