Источна туја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Источна туја
Thuja orientalis habitus.jpg
Источна туја во Ресавската улица во Беолград.
Научна класификација
Царство:
Тип:
Класа:
Ред:
Семејство:
Род:
Врста:
P. orientalis
Биномно име
Platycladus orientalis
(L) Franco
Thuja orientalis areal.jpg
Ареал[1]
Синоними
List
    • Biota chengii (Bordères et Gaussen) Bordères et Gaussen
    • Biota coraeana Siebold ex Gordon
    • Biota dumosa Carrière
    • Biota elegantissima Beissn.
    • Biota ericoides Carrière
    • Biota excelsa Gordon
    • Biota falcata Carrière
    • Biota fortunei Carrière
    • Biota freneloides Gordon
    • Biota funiculata Gordon
    • Biota glauca Carrière
    • Biota gracilifolia Knight
    • Biota intermedia Gordon
    • Biota japonica Siebold ex Gordon
    • Biota macrocarpa Gordon
    • Biota meldensis M.A.Lawson ex Gordon
    • Biota nepalensis Endl. ex Gordon
    • Biota orientalis (L.) Endl.
    • Biota pendula (Thunb.) Endl.
    • Biota prostrata Gordon
    • Biota pyramidalis Carrière
    • Biota semperaurescens Beissn.
    • Biota stricta (Spach) Lindl. et Gordon
    • Biota tatarica Lindl. et Gordon
    • Biota variegata Gordon
    • Biota wareana Gordon
    • Biota zuccarinii Siebold ex Carrière
    • Chamaecyparis decussata Carrière
    • Chamaecyparis glauca Carrière
    • Cupressus filiformis Beissn.
    • Cupressus pendula Thunb.
    • Cupressus thuja O.Targ.Tozz.
    • Cupressus thuya O.Targ.Tozz.
    • Juniperus ericoides Carrière
    • Platycladus chengii (Bordères et Gaussen) A.V.Bobrov
    • Platycladus stricta Spach
    • Retinispora decurvata Carrière
    • Retinispora decussata Gordon
    • Retinispora ericoides Zucc. ex Gordon
    • Retinispora flavescens Beissn.
    • Retinispora juniperoides Carrière
    • Retinispora recurvata Mast.
    • Retinispora rigida Carrière
    • Thuja acuta Moench
    • Thuja antarctica Gordon
    • Thuja argentea Carrière
    • Thuja australis Ten.
    • Thuja chengii Bordères et Gaussen
    • Thuja decora Salisb.
    • Thuja dumosa Gordon
    • Thuja elegantissima Gordon
    • Thuja ericoides Carrière
    • Thuja expansa Laws. ex K.Koch
    • Thuja filiformis Lodd. ex Lindl.
    • Thuja flagelliformis (Jacques) C.Lawson
    • Thuja funiculata Gordon
    • Thuja glauca Carrière
    • Thuja intermedia Gordon
    • Thuja meldensis Quetier
    • Thuja minor Paul ex Gordon
    • Thuja monstrosa Gordon
    • Thuja nepalensis Lodd. ex Carrière
    • Thuja orientalis L.
    • Thuja pendula (Thunb.) D.Don
    • Thuja pyramidalis Ten.
    • Thuja semperaurea Beissn.
    • Thuja semperaurescens K.Koch
    • Thuja stricta Gordon
    • Widdringtonia glauca (Carrière) Carrière

Источна туја (Platycladus orientalis) е вид на четинар кој прв го опишал Лине, давајќи ѝ го името Thuja orientalis Linnaeus, во 1753 година. До денес имало преку 70 синоними, за на крајот овој вид да биде сместен во монотипскиот род Platycladus orientalis (Linnaeus) Franco, Portugaliae Acta Biol., ser. B, Sist. Vol. "Júlio Henriques". 33. 1949 година. Platycladus е во заеднички кладус со родот Microbiota, поврзани се со родот Tetraclinis како сестринска група, а не со родовите Juniperus и Thuja.[2]

Името на родот значи „со широки или сплескани изданки“, а епитетот orientalis (источен) се однесува на изворното живеалиште во Кина. Во својата татковина Кина се нарекува че бај (拉柏), што буквално значи наведнат чемпрес.[3] Покрај името источна туја, поретко се среќаваат и имињата обична туја, азиска туја, а исклучително ретко источна смрека и смрека.[4]

Опис на видот[уреди | уреди извор]

Кора.

Источната туја е зимзелено, еднодомно дрво високо 10-20 м, со пречник на стеблото до 1 м (или повеќе), честопати со повеќе стебла од земјата.[5] Кората е од црвеникаво кафеава до светло сивкасто кафеава, тенка, се лупи на долги хартиени ленти. Круната во младоста е овална, широко заоблена или неправилна кај постарите стебла.[6] Гранките се насочени нагоре, разгранети во вертикалната рамнина. Главните изданки се кружни на пресек.[7] Гранчињата се широки 1-1,5 мм, во вертикална рамнина, секундарно косо распоредени, плоснати, со слична боја од двете страни, зелена или жолто-зелена.[2] [8]

Четинитесе лушпести, со големина од 1-3 мм, широко-јајцевидни, со тап врв, цврсто прилегнати, распоредени во 4 реда; средишни лушпи се ромбоидни, страничните лушпи кои се преклопуваат со средишните, конусни, благо свиткани на врвот;[5] сите лушпи се со воочлива, линеарна, потоната смолна жлездичка во центарот и групи на белузлави, точкасти стоми странично, абаксиално; кога ќе се протријат слабо мирисаат на смола.[2] [8]

Микростробили жолтеникаво зелени, јајцевидни, 2-3 мм, со 8-12 микроспорофили, секој со 3-6 прашници. Опрашување во март-април. Макростробили синкаво-зелени, тркалезни, со дијаметар од 3 мм, терминално распоредени.[6] [9] Шишарките созреваат истата година. Пред созревањето, тие се меснати и со синкаво-бел пепел, зрели црвено-кафеави, овални или издолжени, 1,5-2 (-2,5) × 1-1,8 см; се состои од 6-8 луспи, распоредени во парови, проксимални луспи со 2 семиња, средните со 1 семе, дистални стерилни. Луспите се меѓусебно сраснати, само врвовите се слободни со долго свиткано трновидно умбро. Шишарките се зрели во септември-октомври, набрзо од нив испаѓа семето.[2] [9] [10] [11]

Семињата се сивкасто-кафеави или виолетово-кафеави, мазни, немаат сјај, јајцевидни или во облик на капка 5-7 × 3-4 мм, безкрилни, честопати со два фини надолжни рабови. Хилумот со посветла боја има форма на лента, која поминува преку основата на семето. Семињата ртат над земја ; никулец со два котиледони, тие се долги 15-25 мм и широки 2-3 мм. Примарните спротивни четини, долги 15 мм и широки околу 1 мм; следните четини по 4 во пршлен, слични на примарните. Котиледоните опаѓаат кон крајот на втората година од животот. Странични гранчиња со метаморфирани, скратени и припиени четини се јавуваат рано.[10] [12]

Ареал[уреди | уреди извор]

По потекло е од Кина, каде што долго време се одгледува на гробовите и во градините на храмовите, како и на историските локалитети како што е Забранетиот град; во Јапонија не е автохтона, иако таму е широко одгледувана. Се чини дека во природата е прилично ретка и дека границата на природната дистрибуција е нејасна, поради екстензивното одгледување и садење во минатото. Фитогеографски, денес е речиси симпатричен вид.[13]

Шкотскиот ботаничар и „ловец на растенија“ Фортун (Robert Fortune, 1812-1880) ја видел во планините западно од Пекинг, кои популации ги сметал за природни и се чини дека нема сомнеж во природниот статус на насадите во северозападниот дел на Јунан, кои прв ги забележал шкотскиот ботаничар Форест (George Forrest, 1873-1932), а подоцна австрискиот ботаничар Хендел-Мазети (Heinrich Raphael Eduard Freiherr von Handel-Mazzetti, 1882-1940) и австрискот-американскиот ботаничар, истражувач и географ Јосеф Рок (Joseph Francis Charles Rock, 1884-1962). Расте, на пример, во некои странични долини на Салуен-Меконг, на стрмните суви падини или дури и на вертикалните стрмни карпи. Рок источната туја ја видел во оддалечениот дел на западен Сечуан.[14]

Според кинеските извори[3] природниот ареал ги опфаќа јужниот дел на Гансу, Хебеј, Хенан, Шенси, Шанси ; а воведен или со неизвесен статус е во Анхуеј, Фуџијан, северен Гуангдонг, северен Гуангси, Гуејџоу, Хубеи, Хунан, Ђангсу, Ђангси, Ђилин, Љаонинг, југ на Внатрешна Монголија, Шандунг, Сичуан, Автономен регион Тибет, Јунан; надвор од Кина, статусот е неизвесен во Кореја и на истокот на Русија. Расте од 300-3300 м надморска височина.

Видот е широко проширен од луѓето по цела Азија, Европа и Америка. Во Европа ја внел Кемпфер во Лајден (Холандија), околу 1690 година. Источна туја се одгледувала во Холандија на почетокот на 18 век. Подоцна, француските мисионери испраќале семе од Пекинг во Париз, од каде англискиот ботаничар Милер (Philip Miller, 1691-1771) ја внел во Лекарската градина во Челзи (Chelsea Physic Garden) околу 1740 година. Фортун повторно ја внел во 1861 година, а несомнено е дека порано во векот постоеле и други набавки на семиња од Кина.[13]

Биоеколошки карактеристики[уреди | уреди извор]

Се покажала како отпорна на суши на пониски, многу разновидни живеалишта; расте бавно; иако хелиофитот добро поднесува сенка. Доста е отпорна на гасовите, а благодарение на еластичните гранки отпорна е на ветер и снег. Добро поднесува сечење на гранки. Не е пребирлива кон почвата, иако најдобро расте на песокливио глиниште, или на чакал, добро дренирано земјиште, одлично ги поднесува алкалните земјишта. Нема посебни непријатели помеѓу инсектите и габите. Штета сепак и нанесуваат глувците и дивечот. Зона 5-7.[5] [6]

Значење[уреди | уреди извор]

Источна туја како висока жива ограда.

Иако нема особено значење за шумарството во североисточна Кина се користи за пошумување на обешумените ридски и планински подрачја.[2] Дрвото е лесно и многу е трајно. Како украсен вид има првокласно значење поради големиот број култивари, отпорност на суша, градски услови и резидбата. Се користи при поединечно садење, во комбинирани лишано-иглолисни и иглолисни групи и живи огради (формирани или слободни), а култиварите имаат примена во зависност од големината и бојата на четините од жардинери и алпинетуми до високи живи огради. Жолтата и кафеавта сорта претставуваат колоритни јадра.[15] [16]

Траги од нејзино одгледување во Србија има во текот на 19 век. Така во 1887 година во „Ценовник на овошни дрвја и други растенија под управа на топчидерската економија“ единствен четинар кој се произведувал била „зимска зелена туја“.[17] Петровиќ пишувал за источната туја во половината на 20 век:

Ја има во многу паркови и гробишта, потоа по железнички станици и најнакрај по приватни дворишта и градини. Колку имам видено,расте и до 12 м височина и до 30 см дебелина. Такви силни примероци сум видел пред една куќа во главната улица на Петроварадин, па во дворот на гимназијата во Нови Кнежевац и во Топчидер. Може да се каже дека се се млади туји. Староста тешко да им е преку 60 години.[18]

Покрај својата религиска и духовна вредност[13], источната туја честопати се користи во кинеското билкарство, каде што се смета за едно од 50-те есенцијални растенија.[19] И листовите и семките содржат етерично масло кое се состои од борнеол, борнил ацетат, тујон, камфор и сесквитерпен.[20] Листовите исто така содржат и родоксантин, аментофлавон, кверцетин, мирицетин, каротин, ксантофил и аскорбинска киселина.[20] Листовите делуваат бактерицидно, антипиретички, антитусивно, адстрингентно, диуретички, еменагогички, емолиентно, експекторантно, фибрифугно, хемостатички и стомахично. [21] [22] Нивната употреба го подобрува растот на косата.[21] Интерно се користат за лекување на кашлица, крварење, менорагија, бронхитис, астма, инфекции на кожата, заушки, бактериска дизентерија, артритична болка и предвремена ќелавост.[22]

Размножување[уреди | уреди извор]

Генеративна размножување[уреди | уреди извор]

Набраните шишарки лесно се отвораат во топла соба. Од 1 кг шишарки се добиваат околу 250 гр семки. Во еден килограм има околу 55.000-60.000 зрна. Ртењето на семето е од 50% па нагоре. Семето се сее без претходна подготовка, по суво складирање или кратка (4-6 недели) стратификација на 4. °C. Семето се сее во пролет, 10-15 г/м, на длабочина од околу 3 см, во леи на отворено. Со семето може да се размножи формата „Ауреа“ (“Aurea“), со прилично големо учество насадници со жолта или жолтеникави иглички кај генеративното потомство.[12] [23]

Вегетативно размножување[уреди | уреди извор]

Лузни.
Juniperus squamata „Сина ѕвезда“ (“Blue Star) накалемена на источна туја (во позадината на необработена подлога).

Источната туја, односно нејзините култивари, лесно се размножуваат со полузрели резанки засадени во септември-октомври во супстрат од 2 дела тресет и 1 дел песок, во ладни леи со претходен третман со 0,8% IBA; по 24-28 недели се ожилиле 58-100% од резанките, во зависност од сортата. Подеднакво успешно се размножува со зелени резанки земени во април, третирани со истиот фитохормон и прободени во истиот супстрат под мист со оросување во стаклена градина; после 4 недели се добиваат 60-100% ожилени садници.[24]

Микропропагирањето е успешно со користење на хипокотилен калус.[25]

Источната туја ретко се размножува хетеровегетативно, но поради нејзината компатибилност, таа е честа подлога за таксони од семејството Cupressaceae, како и за родовите: Callitris, Chamaecyparis, Cupressocyparis, Juniperus, Libocedrus и Thuja. Во некои комбинации, источната туја како подлога дава подобри резултати отколку некои таксономски поблиски видови. Така, во подрачја со интензивни врнежи, ризикот од гниење кај калемените садници на Chamaecyparis nootkatensis 'Pendula' се намалува неколку пати ако се користи подлогата Platycladus orientalis, додека ризикот е многу поголем кај подлогите Chamaecyparis lawsoniana.[24]

Внатрекласни таксони[уреди | уреди извор]

Големиот број на сорти на источна туја зборуваат за големата варијабилност на видот. Сортите се селекционирани најчесто по висина и хабитусот, а потоа и по бојата на четините. До 1965 година, Оден и Бум наведуваат 60 сорти, а до денес нивниот број сигурно надминал 100.

 

  1. Jingyun Fang, Zhiheng Wang, Zhiyao Tang (2011) Atlas of Woody Plants in China: Distribution and Climate, Том 1. Springer Berlin Heidelberg.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Farjon, A. (2017): A Handbook of the World's Conifers (2 vols.). Revised and Updated Edition. A Choice Magazine "Outstanding Academic Title" ISBN 978-90-04-32442-8
  3. 3,0 3,1 Флора Кине
  4. Симоновић, Д. (1959): Ботанички речник, имена биљака. Српска академија наука - посебна издања, књига CCCXVIII
  5. 5,0 5,1 5,2 Јовановић, Б. (1985): Дендрологија. IV измењено издање. Универзитет у Београду. Београд
  6. 6,0 6,1 6,2 Колесников, А. И. (1974): Декоративная дендрология, Издательство Лесная промышленность, Москва.
  7. Harrison, S.G., Dallimore, E.A. (1966): A handbook of Coniferae and Ginkgoaceae. 4th ed. London: Billings and Sons. 729 p.
  8. 8,0 8,1 Jagel, A. & Stützel, T. (2001): Untersuchungen zur Morphologie und Morphogenese der Samenzapfen von Platycladus orientalis (L.) Franco (= Thuja orientalis L.) und Microbiota decussata Kom. (Cupressaceae). Botanisches Jahrbuch der Systematik 123 (3): 377–404.
  9. 9,0 9,1 Debayac E.F. (1967): Priručnik o četinarima. Savez inženjera i tehničara Šumarstva SR Srbije. Beograd
  10. 10,0 10,1 Стилиновић, С. (1985): Семенарство шумског и украсног дрвећа и жбуња. Универзитет у Београду. Београд
  11. McDonald, P.M. (1992): Estimating seed crops of conifer and hardwood species. Canadian Journal of Forest Research 22: 832–838
  12. 12,0 12,1 Schopmeyer, C.S., tech coord. (1974): Seeds of woody plants in the United States. Agric. Handbk. 450.Washington, DC: USDA Forest Service
  13. 13,0 13,1 13,2 Farjon, A. and Filer, D. (2013): An Atlas of the World’s Conifers. Brill, Leiden, Boston
  14. Morgan, C. S. (1999): Platycladus orientalis (Cupressaceae). Curtis’s Botanical Magazine 16(3): 185–192, pl. 368.
  15. Wyman, D. (1965): Trees for American Gardens, Ed. 2
  16. Вукићевић Е. (1996): Декоративна дендрологија, Шумарски факултет Универзитета у Београду, Београд
  17. Анонимус (1887): Ценовник воћака и другог биља при управи топчидерске економије. Издање министарства народне привреде. Београд
  18. Петровић, Д. (1951): Стране врсте дрвећа (егзоти) у Србији. Српска академија наука, посебна издања књига CLXXXII. Београд.
  19. Duke. J. A. and Ayensu. E. S. (1985): Medicinal Plants of China Reference Publications, Inc. 0-917256-20-4
  20. 20,0 20,1 Van Dan, N. & Thi Nhu D. (1989): Medicinal Plants in Vietnam. World Health Organisation, 92 9061 101 4
  21. 21,0 21,1 Him-Che, Y. (1985): Handbook of Chinese Herbs and Formulas. Institute of Chinese Medicine, Los Angeles
  22. 22,0 22,1 Bown, D. (1995): Encyclopaedia of Herbs and their Uses. Dorling Kindersley, London. 0-7513-020-31
  23. Стилиновић, С. (1987): Производња садног материјала шумског и украсног дрвећа и жбуња, Шумарски факултет, Београд.
  24. 24,0 24,1 Грбић, М. (2004): Производња садног материјала - Вегетативно размножавање украсног дрвећа и жбуња. Универзитет у Београду. Београд 86-7602-009-4
  25. Thomas, M.J., Duhoux E., Vazart, J. (1977): In vitro organ initiation in tissue cultures of Biota orientalis and other species of the Cupressaceae. Plant Science Letters, Vol. 8, Issue 4: 395-400

Надворешни врски[уреди | уреди извор]