Алопеција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Алопеција
Alopecia.jpg
Губење на косата кај 33-годишен маж.
Класификација и надворешни извори
Специјалност Дерматологија
МКБ-10 L65.9
МКБ-9 704.09
DiseasesDB 14765
MedlinePlus 003246
MeSH D000505

Алопеција претставува автоимуна болест, при која имунолошкиот систем, кој е задолжен да го штити организмот од надворешни елементи како што се вирусите и бактериите, по грешка ги напаѓа фоликулите на косата, ситните структури во облик на чашиче од кои расте косата. Ова може да доведе до опаѓање на косата на главата и сите други места.

Кај алопеција ареата, во најголем број од случаите, косата опаѓа во мали, кружни прамени оставајќи гола површина во облик на монета. Во многу случаи, болеста не се проширува повеќе од неколку мали површини. Кај некои лица, опаѓањето на косата зема многу поголем обем. Иако не се случува често, болеста може и да напредува што резултира во целосно опаѓање на косата на главата (познато како алопеција тоталис) или комплетно опаѓање на влакната на главата, лицето и телото (алопеција универзалис).

Причини[уреди | уреди извор]

При појава на алопеција ареата, клетките на имунолошкиот систем познати како бели крвни клетки ги напаѓаат клетките задолжени за брз раст на влакната во фоликулите кои ја создаваат косата. Нападнатите фоликули на косата се намалуваат и драстично го намалуваат создавањето на косата. За среќа, основните клетки кои постојано ги снабдуваат фоликулите на косата со нови клетки не се нападнати. На тој начин фоликулата секогаш има можност да генерира повторно растење на косата.

Научниците сеуште не можат со прецизност да објаснат што ги поттикнува овие промени кај фоликулите, меѓутоа се сомневаат дека генетската предиспозиција кај некои лица може да биде еден од факторите кој доведува до ова заболување. Кај оние кои имаат таква генетска предиспозиција, еден вид на поттикнувач - можеби вирус или нешто друго во окружувањето на тоа лице - ги поттикнува промените во фоликулите на косата.

Предиспозиции[уреди | уреди извор]

Често започнува во детството. Доколку некој член на Вашето семејство ја има оваа болест, значително се зголемува ризикот истата да ја добиете и Вие. Доколку член на Вашето семејство го изгубил неговиот или нејзиниот прв прамен пред да наполни 30, ризикот кај останатите членови на семејството е поголем. Општо гледано, секое петто лице заболено од оваа болест има член од семејството кој е веќе заболен од истата.

Алопеција ареата често се појавува кај лица чии членови на семејството имаат автоимунолошки болести, како што е дијабетесот, ревматичен артритис, болести на тироидната жлезда, систематски еритематозен лупус, пернициозна анемија или Едисонова болест. Лицата заболени од алопеција ареата обично немаат други автоимунолошки болести, меѓутоа се подложни на појава на болести на тироидната жлезда, екземи, алергии во носот и астма.

Последици[уреди | уреди извор]

Алопеција ареата не е болест која е опасна по живот. Не предизвикува физичка болка, и лицата кои ја имаат се воглавно во добра здравствена состојба. Меѓутоа кај многу лица, кај кои постои болест која ја изобличува нивната надворешна појава на начин како алопеција ареата може да биде предизвикана и од некое сериозно заболување.

Последиците од алопеција ареата се во основа вознемирувачки од општествен и емотивен аспект. Меѓутоа, во случај на алопеција универзалис, губењето на трепките и веѓите, како и влакната во носот и ушите може да го изложи лицето на осетливост од прав, грињи и други надворешни честици кои влегуваат во очите, носот и ушите.

Тек на болеста[уреди | уреди извор]

Постои голема можност косата повторно да порасне, меѓутоа исто така постои можност и повторно да опадне. Никој не може да предвиди кога може да порасне или повторно да опадне. Текот на болеста кај различни лица е различен. Некои лица губат само неколку прамени коса, за потоа истите повторно да пораснат, и никогаш повеќе да не отпаднат. Кај други лица косата со години може непрестано да расте и повторно да опаѓа. Кај малкумина косата на главата опаѓа целосно; некои пак остануваат без влакна на главата, лицето и телото. Дури и кај таквите случаи, постои можност влакната повторно да пораснат на сите опаднати површини. Во некои случаи, повторно порастената коса на почетокот може да има бела боја, за со тек на времето да ја добие природната боја. Во повеќето случаи, косата уште при првото растење ја има природната боја и структура како и опаднатата коса.

Третман[уреди | уреди извор]

Бидејќи не постои третман против алопеција ареата ниту пак ефикасни лекови за спречување на опаѓањето на косата, кај некои лица се покажала ефикасна употребата на лекови за некои други причинители на опаѓање на косата, барем привремено. Следниве се некои од третманите кои се употребуваат во случај на алопеција ареата. Имајте во предвид дека иако некои од овие третмани помагаат во повторното растење на косата, ниту еден од нив не ја спречува можноста за појава на ново опаѓање на косата или претставува ефикасен третман кој трајно ја искоренува оваа болест. За тоа кој третман би бил најдобар во Вашиот случај, консултирајте се со Вашиот специјалист.

  • Кортикостериоди - Кортикостероидите се моќни антивоспалителни лекови слични на хормонот кортизол кој се создава во организмот. Бидејќи овие лекови, доколку се конзумираат во орална форма, се употребуваат за потиснување на имунолошкиот систем, многу често се употребуваат за лечење на разни автоимунолошки болести, вклучувајки ја и алопеција ареата. Кортикостероидите можат да се аплицираат на следните три начини кога се употребуваат против алопеција ареата:

Инjекции - Инjекции или стероиди директно на голата површина на главата и понекогаш на веѓата или брадата која е едно од најшироките површини обраснато со влакна кај многу луѓе. Обично се чека 4 недели за повторното растење на косата да стане видливо. Инjекциите внесуваат мали количества на кортизол во заболените површини, со што ја намалуваат појавата на секундарните ефекти кои се појавуваат при орална употреба која трае подолго време. Главните секундарни ефекти предизвикани од инjекциите се повремени болки, благ оток и напати промена на пигментацијата, како и мали засеци на кожата кои исчезнуваат по завршувањето на третманот со инjекции. Бидејки инjекциите можат да бидат и болни, не се препорачливи за деца. По 1 или 2 месеци, растењето на косата започнува да станува видливо, и третманот со инjекции мора месечно да се повторува. Кортизонот ги отстранува оштетените имунолошки клетки и ѝ допушта на косата да расте. Големите површини не можат да се подложат на овој третман, бидејки количината на лекот може да стане преголема и да резултира во појава на секундарни ефекти слични на оние кои ги предизвикува оралното конзумирање на овој третман.

Орални кортикостероиди - Кортикостероиди кои се конзумираат орално се главниот облик на третмани за многу автоимунолошки болести и можат да се употребуваат и за понапреден стадиум на алопеција ареата. Меѓутоа поради појавата на секундарни ефекти при орално конзумирање на кортикостероидите, како што се хипертензија и катаракта, истите за третман од алопеција ареата се употребуваат само кога е неопходно и кога третманот трае пократко време.

Креми за локална употреба - Масти или креми кои содржат кортикостероиди се нанесуваат директно на оштетените површини и се помалку болни од инjекциите и како такви, некогаш се претпочитаат за употреба посебно кога се во прашање деца. Во секој случај, кремите кои содржат кортикостероиди сами по себе се помалку ефикасни во споредба со инjекцците; најдобро функционираат кога се комбинираат со други видови на третмани за локална употреба, како што се миноксидилот и антралинот.

Миноксидил (5%) (Рогаин*) - Решението со миноксидилот го забрзува растењето на косата во повеќе услови во кои фоликулата на косата е значително намалена и побавно генерира раст на влакното. Миноксидилот е тестиран според стандардите на FDA - според кои има одобрение да лекува и машки и женски пациенти кои страдаат од опаѓање на косата. Исто така може да се укаже неговиот позитивен ефект при справувањето со алопеција ареата. Ваквото решение, кое се нанесува двапати дневно, има значителен придонес во процесот на повторното растење на косата и кај деца и кај возрасни, и може да се нанесува на главата, веѓите и брадата. Со редовна и правилна употреба, растењето на косата станува видливо по 12 седмици.

Антралин (Псориатек) - Антралин, синтетичка материја слична на катран која ја менува функцијата на имунолошкиот систем на заболените површини, претставува одобрено решение за справување со псоријазата. Антралинот исто така се употребува и како третман за алопеција ареата. Антралинот се нанесува за 20 до 60 минути ("краткотрајна терапија") да не доведе до иритација на кожата, непотребно за правилно дејствување на лекот. При правилна употреба, повторното растење на косата станува видливо за 8 до 12 седмици. Антралинот често се употребува во комбинација со други третмани, како што се кортикостероидните инjекции или миноксидилот, се со цел да се зголемат резултатите.

Сулфасалазин - Лек, сулфасалазин се употребува како третман за повеќе автоимунолошки нарушувања, вклучувајки ја и псоријазата. Делува на имунолошкиот систем и се употребува до извесен степен и за потежок случај на алопеција ареата.

  • Лекови за локална употреба - Лековите за локална употреба кои, кога се нанесуваат на главата, предизвикуваат чешање, печење и евентуално растење на косата. Доколку лекот се покаже како ефикасен, косата започнува повторно да расте за 3 до 12 месеци. Два вида на вакви лекови се употребуваат против алопеција ареата: естрите скварик и дибутил (САДБЕ) и дифенициклопропен (ДПЦП). Безбедноста и конзистентноста на нивната формула во моментов се испитува.

Циклоспорин за локална употреба - Најпрво создаден за да го спречи имунолошкиот систем во процесот на одбивање на органи при трансплантација, циклоспоринот исто така се употребува и во случаи на потиснување на реакцијата на имунолошкиот систем во вид на псоријаза и други појави на кожата од имунолошка природа. Меѓутоа таквото потиснување на имунолошкиот систем може да предизвика несакани последици, како што е зголемениот ризик од појава на некое сериозно заболување или рак на кожата. Иако употребата на циклоспоринот делува против алопеција ареата, не е во состојба целосно да ја искорени болеста од организмот. Повеќето доктори сметаат дека штетното влијание на лековите е поголемо од придобивките при нивното користење во поглед на справување со алопеција ареата.

  • Фотохемотерапија - При овој зафат, кој се смета за еден од најопштите третмани за псоријазата, на лицето му се дава лесен лек познат под името псорален или орално или локално и потоа се подложува на извор на ултравиолетово зрачење. Овој комбиниран третман е познат под името ПУВА. Во клинички рамки, со употребата на фотохемотерапија кај 55 проценти од пациентите доаѓа до повторно растење на косата. Во секој случај, степенот на повторно опаѓање на косата е висок, и во тој случај пациентите мора да одат во центарот за третмани каде што ја имаат потребната опрема на располагање барем два до три пати во неделата. Третманот со овој зафат може да предизвика рак на кожата.
  • Алтернативни терапии - Кога ниту еден од горенаведените третмани со лекови нема да се покаже како успешен, некои луѓе прибегнуваат кон употреба на алтернативни терапии против опаѓање на косата. Некои од терапиите кои се употребуваат за справување со алопеција ареата се акупунктурата, арома терапијата, масло од ноќна јаглика, цинк и витамински додатоци, како и кинески билки. Бидејќи многу од овие алтернативни терапии не се клинички поддржани, тие можат да бидат или да не бидат ефикасни во процесот на повторно растење на косата. Всушност, некои дури можат да имаат и спротивен ефект и да го забрзаат опаѓањето на косата. Во секој случај, фактот што при овие терапии се користат природни препарати не значи дека истите се безопасни. Како и за секоја терапија, најдобро е и за нив да се консултирате со Вашиот доктор пред да започнете да ги употребувате.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Опаѓање на коса, Зегин/Лексикон на болести.