Чемпрес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Чемпрес
Med Cypress.jpg
Гранче од обичен чемпрес (Cupressus sempervirens) со шишарки
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Четинари
Класа: Иглолисни
Ред: Боровидни
Семејство: Чемпреси
Род: 'Чемпрес
L.
Видови

во текстот

Чемпрес или кипарис (науч. Cupressus) — род во фамилијата чемпреси (Cupressaceae). Се смета за полифилетска група, а согласно генетските и морфолошките анализи, припаѓа на потфамилијата чемпреси (Cupressoideae).[1][2] Името потекнува од старогрчкиот збор κυπάρισσος (кипарисос).

Распространетост[уреди | уреди извор]

Чемпресите се автохтони растенија ширум умерените подрачја на Северната полутопка, во западот на Северна Америка, во Средна Америка, во Северозападна Африка, на Блискиот Исток, на Хималаите, во Јужна Кина и во Јужен Виетнам. Како и кај другите четинари што се одгледуваат веќе подолго време, чемпресите постојат во многу облици, големини и бои, присутни во паркови и градини ширум светот.[3] Во Република Македонија се одгледуваат два вида на чемпрес: обичниот (C. sempervirens) и аризонскиот (C. arizonica). Повардарието е мошне успешно пошумено со овие дрва.[4]

Опис[уреди | уреди извор]

Чемпресот расте како зимзелено дрво или голема грмушка, со височина од 5 до 40 м. Леторастите се лушпести, долги од 2 до 6 мм и распоредени во спротивни наизменични парови, траејќи три до пет години. Кај помладите растенија до старост од 2 години, листовите се иглести и долги по 5–15 мм. Шишарките се топчести или јајчести, долги по 8–40 мм и имаат 4 до 14 лушпи распоредени во спротивни наизменични парови. Узреваат на 18–24 месеци со опрашување. Семките се мали, (4–7 мм), со по едно тесно крилце од обете страни на семката. Доста видови чемпреси се приспособени на шумски пожари, чувајќи ги семките во шишарките сè додека не изгори дрвото на кое се наоѓаат. Потоа, топлината ги отвора и семињата го населуваат изгорениот простор. Кај другите видови, шишарките се отвораат кога ќе узреат.

Покрај украсната употреба, неколку вида чемпреси се одгледуваат и поради трајното дрво што го даваат.

Видови[уреди | уреди извор]

Девојчиња во калајџиски носии седнати пред чемпреси

Во родот се признаваат од 16 до 25 и повеќе вида, зависно од истражувачот. Овој проблем се јавува бидејќи групите се мали и мошне изолирани, па така не е секогаш јасно дали се работи за видови, подвидови или вариетети. Во поново време се работи на намалување на бројот на видовите.

Старосветски видови[уреди | уреди извор]

Видовите од стариот свет имаат шишарки со повеќе лушпи (8–14, а ретко 6), шри што секоја има краток и широк срт, т.е. не е зашилена. Типски вид на родот е обичниот чемпрес (C. sempervirens).

Новосветски видови[уреди | уреди извор]

Чемпресите од новиот свет имаат шишарки со помалку лушпи (4-8, ретко повеќе), а секоја лушпа има истакнат тенок шилец. Неодамнешните генетски наоди[5] укажуваат на тоа дека тие се поблиско сродство со родовите жолточемпрес (Xanthocyparis) и смрека (Juniperus) отколку со останатите чемпреси. Како такви, од неодамна[6] се префрлени во родот жолточемпрес (Callitropsis, syn. Xanthocyparis). Новосветските видови виреат само во маргинални живеалишта со сушни почви, и затоа покажуваат расцепкана алопатричка шема на застапеност. Ова се случува поради несразмерно месно изобилство, при што највеќето видови се ограничени на мали соседни групи.[6]

Оттука, некои од видовите може да се сметаат и за вариетети. Во загради се дадени прекласификуваните називи.

Чемпресот како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

  • „Авенијата на чемпресите“ (Cyprus Avenue) - песна на северноирскиот пејач Ван Морисон од 1968 година.[7]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Farjon, A. (2005). Monograph of Cupressaceae and Sciadopitys. Royal Botanic Gardens, Kew. ISBN 1-84246-068-4.
  2. Gadek, P. A., Alpers, D. L., Heslewood, M. M., & Quinn, C. J. (2000). „Relationships within Cupressaceae sensu lato: a combined morphological and molecular approach“. American Journal of Botany, 87: 1044–1057)
  3. Eckenwalder, James E. (2009). Conifers of the world: the complete reference. United Kingdom: Timber Press. стр. 720. ISBN 0881929743. 
  4. „Чемпрес (Кипарис)“. Македонска енциклопедија книга : стр. . (2009). Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.
  5. Little, D. P., Schwarzbach, A. E., Adams, R. P. & Hsieh, Chang-Fu. 2004. The circumscription and phylogenetic relationships of Callitropsis and the newly described genus Xanthocyparis (Cupressaceae). American Journal of Botany 91 (11): 1872–1881. Извадок
  6. 6,0 6,1 Little, D. P. (2006). Evolution and circumscription of the true Cypresses. Syst. Bot. 31 (3): 461-480.
  7. Van Morrison, Astral Weeks, Warner Bros. Records, 1768-2.
  • Farjon, A. (2005). Monograph of Cupressaceae and Sciadopitys. Royal Botanic Gardens, Kew. ISBN 1-84246-068-4.
  • Gadek, P. A., Alpers, D. L., Heslewood, M. M., & Quinn, C. J. (2000). Relationships within Cupressaceae sensu lato: a combined morphological and molecular approach. American Journal of Botany 87: 1044–1057. пристап.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]