Европски совет
| Основана |
|
|---|---|
| Вид | Институција на Европската Унија |
| Место | Зграда Европа, Брисел |
| Претседател | |
| Мреж. место | consilium.europa.eu |
| Оваа статија е дел од серијалот за политиката на Европска Унија |
|
|
Европски совет — установа на ЕУ во којашто се претставени владите на земјите-членки.[1] Заедно со Европскиот парламент, тој е законодавецот на Заедницата кој е исто така одговорен за буџетските прашања. Советот е водечка институција кога се донесуваат одлуки од областа на Заедничката надворешна и безбедносна политика, како и за полицијата и за судската соработка на полето на криминалот. Советот се состои од по еден претставник на министерско ниво од секоја земја-членка (на пример, министрите за земјоделство, кога Советот донесува одлуки во врска со Заедничката земјоделска политика). Претседател на Советот е министерот на земјата - членка којашто во моментот претседателствува со Европската унија. Секоја земја-членка претседателствува шест месеци, во согласност со договорената ротација (Шведска и Белгија во 2001 година, Шпанија и Данска во 2002 година).
Донесување одлуки пред договорот од Ница
[уреди | уреди извор]Договорите одредуваат дали одлуките што ги донесува Советот треба да бидат едногласно прифатени од сите земји-членки или да се донесат со двотретинско мнозинство или, пак, со просто мнозинство во процедуралните прашања. За неколку развојни области на Унијата е потребна едногласна одлука, односно согласност (или воздржаност) од сите земји-членки. Такви области се: Заедничката надворешна и безбедносна политика, полицијата и судската соработка на полето на криминалот, азилот и имиграционата политика, за економската и за кохезионата политиката, како и за даноците. Со други зборови, секоја земја-членка има право на вето за европските мерки што се преземаат во овие сектори. Што се однесува на гласањето со двотретинско мнозинство, кое стана правило при донесувањето одлуки за најважните политики на ЕУ (како што е завршувањето на внатрешниот пазар), секоја земја-членка има одреден број гласови кој го одразува фактот дека земјите-членки се еднакви како членови на Унијата, но различни во смисла на населението. Според тековниот систем, има вкупно 87 гласа (четирите најнаселени земји имаат по 10 гласа, додека најмалку населените земји имаат по два). Двотретинско мнозинство се добива кога има најмалку 62 гласа за одредена одлука (т.е. 71,26 % од вкупниот број).
По ратификацијата на договорот од Ница
[уреди | уреди извор]
Ратификацијата на Договорот од Ница ќе овозможи гласање со двотретинско мнозинство за одлуки од 30 членови од Договорот, за коишто претходно беше потребно едногласност. Во случајот на политиките на Заедницата, новиот Договор од Ница овозможува донесување одлуки со двотретинско мнозинство за сите или за дел од областите опфатени со дополнителни 10 одредби. На пример, таков е случајот со одлуките што се донесуваат на полето на судската соработка за граѓанските прашања. Трговските договори поврзани со услугите или со интелектуалната сопственост можат, исто така, теоретски да бидат склучени од страна на Советот кој би дејствувал со двотретинско мнозинство. Новиот Договор утврдува и измени во начинот на распределувањето на гласовите од 1 јануари 2005 година. Бројот на гласовите распределени за земјите-членки е изменет, а утврден е и бројот на гласовите што треба да биде распределен за земјите-кандидати кога тие ќе влезат во Европската унија Во иднина, двотретинското мнозинство ќе се практикува:
- ако одлуката добие специјален број гласови (овој праг ќе биде ревидиран во рамките
на сукцесивните пристапувања);
- ако одлуката е одобрена од мозинството земји-членки.
- Исто така, една земја-членка може да бара потврда за тоа дека двотретинското мнозинство претставува најмалку 62 % од вкупниот број население на Унијата. Ако се утврди дека тоа не е случај, тогаш одлуката нема да биде донесена.
Членови
[уреди | уреди извор]| Европски совет | |||||||||||
| Член | Претставник | Член | Претставник | Член | Претставник | ||||||
Европска Унија (без право на глас) Член од 1 декември 2024[б 1] |
Претседател на Европскиот Совет Антонио Кошта (S&D – PS) |
Европска Унија (без право на глас) – Член од 1 декември 2019 – Избори: 2019 Следни: 2024 |
Претседател на Европската комисија Урсула фон дер Лајен (EPP) |
Кралство Белгија België/Belgique/Belgien[a 1] (2.58% од населението)[a 2] – Член од 1 октомври 2020 – Следни: 2024 |
Премиер Александар де Кро (Renew – Open Vld) | ||||||
Република Бугарија Член од 16 јануари 2025 |
Премиер Росен Жељазков (EPP – ГЕРБ) |
Чешка Република Česko (2.36% од населението) – Член од 17 декември 2021 – Избори: 2021 Следни: 2025 |
Премиер Петр Фијала (ECR – ODS) |
Кралство Данска Danmark (1.30% од населението) – Член од 27 јуни 2019 – Избори: 2019 Следни: 2022 |
Премиер Мете Фредериксен (S&D – S) | ||||||
Сојузна Република Германија Член од 6 мај 2025 |
Сојузен канцелар Фридрих Мерц (EPP – CDU) |
Република Естонија Eesti (0.30% од населението) – Член од 26 јануари 2021 – Следни: 2023 |
Премиер Каја Калас (Renew – ER) |
Ирска Éire/Ireland (1.12% од населението) – Член од 27 јуни 2020 – Избори: 2020 Следни: 2025 |
Тишох Михал Мартин (Renew – FF) | ||||||
Хеленска Република Ελλάδα/Elláda (2.39% од населението) – Член од 8 јули 2019 – Избори: 2019 Следни: 2023 |
Премиер Киријакос Мицотакис (EPP – ND) |
Кралство Шпанија España (10.59% од населението) – Член од 2 јуни 2018 – Избори: 2019, 2019 Следни: 2023 |
Премиер Педро Санчес (S&D – PSOE) |
Француска Република France (15.07% од населението) – Член од 14 мај 2017 – Избори: 2017, 2022 Следни: 2027 |
Претседател на Републиката Емануел Макрон (Renew – RE) | ||||||
Република Хрватска Hrvatska (0.90% од населението) – Член од 19 октомври 2016 – Избори: 2016, 2020 Следни: 2024 |
Премиер Андреј Пленковиќ (EPP – HDZ) |
Италијанска Република Italia (13.38% од населението) – Член од 22 октомври 2022 – Избори: 2022 Следни: 2027 |
Премиер Џорџа Мелони (ECR – FdI) |
Република Кипар Член од 28 февруари 2023 |
Претседател Никос Христодулидис (Независен) | ||||||
Република Латвија Latvija (0.42% од населението) – Член од 23 јануари 2019 – Избори: 2018, 2022 Следни: 2026 |
Премиер Кришјанис Каринш (EPP – V) |
Република Литванија Lietuva (0.62% од населението) – Член од 12 јули 2019 – Избори: 2019 Следни: 2024 |
Претседател на Републиката Гитанас Науседа (Ind. – Ind.) |
Големо Војводство Луксембург Член од 17 ноември 2023 |
Премиер Лук Фриден (EPP – CSV) | ||||||
Унгарија Magyarország (2.17% од населението) – Член од 29 мај 2010 – Избори: 2010, 2014, 2018, 2022 Следни: 2026 |
Премиер Виктор Орбан (Ind. – Fidesz) |
Република Малта Malta (0.12% од населението) – Член од 13 јануари 2020 – Избори: 2022 Следни: 2027 |
Премиер Роберт Абела (S&D – PL) |
Холандија Член од 2 јули 2024 |
Премиер Дик Шоф (Независен) | ||||||
Република Австрија Член од 3 март 2025 |
Канцелар Кристијан Штокер (EPP – ÖVP) |
Република Полска Член од 13 декември 2023[б 2] |
Премиер Доналд Туск (EPP – PO) |
Португалска Република Член од 2 април 2024 |
Премиер Луис Монтенегро (EPP – PSD) | ||||||
Романија Член од 12 февруари 2025 |
Претседател Илие Болојан (EPP – PNL)[б 3] |
Република Словенија Slovenija (0.47% од населението) – Член од 1 јуни 2022 – Избори: 2022 Следни: 2026 |
Премиер Роберт Голоб (Renew – GS) |
Словачка Република Член од 25 октомври 2023[б 4] |
Премиер Роберт Фицо (Una. – Smer) | ||||||
Република Финска Член од 20 јуни 2023 |
Премиер Петери Орпо (EPP – Kok.) |
Кралство Шведска Sverige (2.32% од населението) – Член од 18 октомври 2022 – Избори: 2022 Следни: 2026 |
Премиер Улф Кристерсон (EPP – M) | ||||||||
- Notes
- ↑ Short names used within EU institutions.
- ↑ Used in the calculation of the qualified majority voting. The share of the total population is based on the decision of the Council of the European Union on Member States populations for 2022
Исто така делумно или целосно присутни, но не се и членови
| Претседател на Европскиот парламент | Висок претставник на Унијата | ||||
|---|---|---|---|---|---|
Европска Унија – На позицијата од 18 јануари 2022 – Избори: 2022 Следни: 2024 |
Претседател на Европскиот парламент Роберта Мецола (EPP) |
Европска Унија – На позицијата од 1 декември 2019 – Избори: 2019 Следни: 2024 |
Висок претставник на Унијата Жозеф Борел (S&D) | ||
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Официјална страница на Советот Архивирано на 8 февруари 2004 г.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Consolidated versions of the Treaty on European Union and the Treaty on the functioning of the European Union“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-08-22. Посетено на 2010-04-24.
|
- ↑ Costa had already been a member of the Council from November 2015 to April 2024 as Prime Minister of Portugal.
- ↑ Tusk had already been a member of the Council from November 2007 to September 2014 as Prime Minister of Poland, and from December 2014 to November 2019 as President of the European Council.
- ↑ Membership in PNL is formally suspended while in office.
- ↑ Fico had already been Prime Minister of Slovakia, and therefore a member of the Council, from July 2006 to July 2010 and from April 2012 to March 2018.
<ref> за група именувана како „б“, но нема соодветна ознака <references group="б"/>.



