Румен Радев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Румен Радев
Rumen Radev official.jpg
Претседател на Бугарија
На должноста
Стапил
22 јануари 2017
Премиер Бојко Борисов
Потпретседател Илијана Јотова
Претходник Росен Плевнелиев
Лични податоци
Роден(а) Румен Георгиев Радев
18 јуни 1963 (1963-06-18) (56 г.)
Димитровград, Бугарија
Партија Независен
Други припадности Социјалистичка партија (поддржан од)
Сопружник Десислава Радева (2016–)
Деца 2
Установа Бугарски универзитет за воздухопловство
Воена академија „Георги Раковски“
Колеџ за воздухопловство во САД
Воена служба
Припадност  Бугарија
Род Roundel of Bulgaria.svg Бугарски воздухопловни сили
Траење 1987–2016
Чин Генерал-мајор

Румен Георгиев Радев (18 јуни 1963) — бугарски генерал-мајор на армиските резервисти и претседател на Бугарија од 22 јануари 2017. Радев претходно служел како командант на бугарските воздухопловни сили. Тој победил на претседателските избори во 2016 како независен кандидат поддржан од Социјалистичката партија, остварувајќи победа на кандидатот на ГЕРБ Цецка Цачева во вториот круг.

Биографија[уреди | уреди извор]

Румен Радев е роден на 18 јуни 1963 година во Димитровград, Бугарија. Во 1982 завршил математичко училиште во Хасково со највисоки оценки. Во 1987 дипломирал на универзитетот за воздухопловство „Георги Бенковски“ како првенец на генерацијата. Во 1992 бил на неколкунеделна обука во САД, а во периодот 1994–1996 учел на воената академија „Георги Раковски“ каде исто така бил првенец на генерација. Радев има докторска дисертација за воени науки во полето на тактичка обука на авионски екипи и симулирање воздушна борба. Во 2003 завршил колеџ за воздухопловство во САД и се стекнал со титулата магистер за воени стратегии.[1]

На претседателските избори во 2016 Радев настапил како независен кандидат поддржан од Социјалистичката партија.[2] По првиот круг од изборите, Радев бил прв со освоени 25.44% од гласовите. Во вториот круг ја победил Цецка Цачева од ГЕРБ, освојувајќи 59.37% од гласовите.[3] На функцијата претседател на Бугарија стапил на 22 јануари 2017 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Major General Rumen Radev // Department of Defence. Retrieved August 11, 2016
  2. BSP elected Gen. Radev as a presidential candidate with 99 votes, Bulgarian National Radio, Radio "Sofia", August 17, 2016
  3. „Резултати за президент и вицепрезидент на републиката“. cik.bg. Central Electoral Commission. конс. 17 November 2016. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Политички функции
Претходник
Росен Плевнелиев
Претседател на Бугарија
2017–сѐ уште
На должноста