Пристапување на Црна Гора кон Европската Унија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Пристапувањето на Црна Гора кон Европската Унија во овој момент е на агендата за идно проширување на Европската Унија.

Во ноември 2005 Државната заедница на Србија и Црна Гора, во периодот кога започнаа преговорите околу Договорот за стабилизација и асоцијација (ДСА), го започна процесот на пристапување кон Европската Унија. Во мај 2006 Црна Гора изгласа независност на референдум и државната заедница на Србија и Црна Гора се распадна. Србија продолжи со постоечките преговори, а во септември 2006 започнаа одделни преговори со Црна Гора.[1][2] На 15 март 2007 Договорот беше одобрен, а на 15 октомври 2007 бил официјално потпишан.

На 15 декември 2008 г. Црна Гора официјално поднесе барање за членство во ЕУ. На 23 април 2009 г. Советот ја покани Европската комисија да го подржи мислењето во врска со поднесеното барање. На 22 јули 2009 г. Европската комисија ѝ предаде прашалник на Црна Гора за да го оцени нејзиното поднесено барање. На 9 декември 2009 г. Црна Гора ги изнесе нејзините одговори на прашалникот од Европската Комисија. Откако сите 27 земји-членки на ЕУ го ратификуваа ДСА, на 1 мај 2010 г. стапи на сила Договорот за стабилизација и асоцијација помеѓу Црна Гора и ЕУ. На 9 ноември 2010 г. Европската комисија ја предложи Црна Гора како земја-кандидат. На 17 декември 2010 г. официјално ѝ беше доделен кандидатскиот статус.

Црна Гора се соочува со еколошки, правни и проблеми поврзани со криминалот коишто можат да го попречат нејзиниот обид за влез.[3] Во декември 2007 г. Црна Гора потпиша Договор со бугарската влада со којшто Бугарија ќе ѝ помага на Црна Гора во врска со евроатланската и интеграцијата во ЕУ наредните три години.

На 27 јули 2010 Парламентот на Црна Гора усвои закон против дискриминација којшто вклучува сексуална ориентација и родова еднаквост како забранети теми за дискриминација. Ова беше едно од барањата коишто земјата треба да ги исполни за членство во ЕУ.[4]

Во ноември 1999 Црна Гора еднострано ја усвои германската марка како државна валута и еднострано ја замени за еврото, кога беше промовирано во 2002.

Големо мнозинство од населението на Црна Гора е за влез во ЕУ. Според анкетите 76,2% се за влез во Европската Унија, а само 9,8% се против.[5]

Хронолошки ред на настаните[уреди | уреди извор]

Дата Настан
15 октомври 2007 г. Црна Гора го потпишува Договорот за стабилизација и асоцијација
15 декември 2008 г. Формално е потврдено поднесеното барање за членство
12 април 2010 г. Црна Гора изнесува одговори на прашалникот на Европската комисија
9 ноември 2010 г. Европската комисија дава позитивно мислење за одговорите на прашањата од прашалникот на Европската комисија
17 декември 2010 г. Црна Гора добива официјален кандидатски статус.

Процес на преговори[уреди | уреди извор]

Поглавје на законодавството на ЕУ Оценка на ЕК на почетокот Почеток на процесот на набљудување Завршување на процесот на набљудување Отворено поглавје Затворено поглавје
1. Слободно движење на добра Потребни се повеќе напори. - - 20–06–2017 -
2. Слобода на движење на работниците Потребни се значителни напори - - 11–12–2017 -
3. Право на работа и давање на услуги Потребни се повеќе напори - - 11–12–2017 -
4. Слободно движење на капиталот Потребни се повеќе напори - - 24–06–2014 -
5. Јавни набавки Потребни се повеќе напори - - 18–12–2013 -
6. Закон за трговски друштва Не се очекуваат поголеми тешкотии - - 18–12–2013 -
7. Право на интелектуална сопственост Не се очекуваат поголеми тешкотии - - 31–03–2014 -
8.Политика на конкурентност Потребни се повеќе напори - - 30-06-2020 -
9. Финансиски услуги Потребни се повеќе напори - - 22–06–2015 -
10. Информатичко друштво и меиуми Потребни се повеќе напори - - 31–03–2014 -
11.Земјоделство и рурален развој Потребни се повеќе напори - - 13–12–2016 -
12. Безбедност на храна,ветеринарна и фикосанитарна контрола Потребни се повеќе напори - - 30–06–2016 -
13. Рибарство Потребни се значителни напори - - 30–06–2016 -
14. Транспортна политика Не се очекуваат поголеми тешкотии - - 21–12–2015 -
15. Енергетика Не се очекуваат поголеми тешкотии - - 21–12–2015 -
16.Оданочување Потребни се повеќе напори - - 30–03–2015 -
17. Економска и монетарна политика Потребни се повеќе напори - - 25–06–2018 -
18. Статистика Потребни се повеќе напори - - 16–12–2014 -
19. Социјална политика и вработување Потребни се значителни напори - - 13–12–2016 -
20. Претпријатија и индустриска политика Потребни се повеќе напори - - 18–12–2013 -
21. Транс-европска мрежа Потребни се повеќе напори - - 22–06–2015 -
22. Регионална политика и координација на структурни инструменти Потребни се повеќе напори - - 20–06–2017 -
23. Правосудство и основни човекови права Потребни се повеќе напори - - 18–12–2013 -
24. Правда,слобода и безбедност Потребни се повеќе напори - - 18–12–2013 -
25. Наука и истражување Не се очекуваат поголеми тешкотии - - 18–12–2013 18–12–2012
26.Култура и образование Не се очекуваат поголеми тешкотии - - 15–04–2013 15–04–2013
27. Животна средина Потребни се значителни напори - - 10–12–2018 -
28. Здравје и заштита на потрошувачите Потребни се повеќе напори - - 16–12–2014 -
29. Царинска Унија Потребни се повеќе напори - - 16–12–2014 -
30. Надворешни односи Не се очекуваат поголеми тешкотии - - 30–03–2015 20–06–2017
31. Надворешна,безбедносна и одбранбена политика Не се очекуваат поголеми тешкотии - - 24–06–2014 -
32. Финансиска контрола Потребни се повеќе напори - - 24–06–2014 -
33. Финансиски и буџетски одредби Потребни се значителни напори - - 16–12–2014 -
34. Институции Нема што да се усвои - - - -
35. Останати прашања Нема што да се усвои - - - -
Напредок 33 од 33 33 од 33 33 од 33 3 од 33

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Enlargement Process – Montenegro Key Events Архивирано на 22 мај 2007 г., European Commission, accessed on 10 January 2007
  2. Germany prepares to take over EU presidency, Southeast European Times, 19 December 2006, accessed on 10 January 2007
  3. „Ren: Kriminal prepreka Crnoj Gori“. Посетено на 5 September 2017.
  4. ILGA Europe:Montenegro fulfils EU membership requirement and protects LGBT people from discrimination. 19 August 2010.
  5. Političko javno mnjenje Crne Gore Архивирано на 22 јули 2011 г. Centar Za Demokratiju i Ljudska Prava, October 2009