Премиер на Чешка
Премиер на Чешката Република Předseda vlády České republiky | |
---|---|
![]() Амблем на чешката влада | |
Влада на Чешка кабинет на Чешка | |
Членува во |
|
Отчетен пред | Претставнички дом |
Седиште | Крамаржова вила, Прага |
Назначувач | Претседателот |
Мандат | 4 години |
Прв функционер | Вацлав Клаус |
Создадена | 1 јануари 1993 |
Мреж. место | Премиер на ЧР |
Премиер на Чешката Република (англиски: Předseda vlády České republiky, „Претседател на владата на Чешката Република“) — шеф на владата на Чешка кој со својот кабинет раководи со државата и одговара пред Претставничкиот дом на парламентот. Тековниот премиер, Петр Фијала, водач на ОДС е тринаесеттиот на оваа функција, назначен на 28 ноември 2021 година.
Премиерот не се бира на избори, туку него го назначува Претседателот на Чешка. Владата што ќе ја состави премиерот мора да добие доверба во Претставничкиот дом за да може да работи.
Овластувања[уреди | уреди извор]
Бидејќи Чешка е парламентарна република, премиерот и владата одговараат пред Претставничкиот дом. Според уставот, премиерот мора да ја има довербата на парламентот. Доколку ја изгуби, дава оставка и претседателот бира нов премиер.
Премиерската функција е најмоќната во државата бидејќи тој ги назначува министрите и заседава со владата.
Седиште[уреди | уреди извор]
Седиштето на премиерот се наоѓа во Крамаржовата вила на ул. Гоголова бр. 212/1, Храдчани, Прага. Изградена е меѓу 1911 и 1914 г. и е дело на виенскиот архитект Гридрих Оман.[1]
Список на премиери[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Kramář's Villa“. Government of the Czech Republic. 2 October 2006. Посетено на 11 June 2015.