Шенген-зона

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Шенген зона
The Schengen Area
Карта на Европа
  Земји-членки
  Земји кои де факто учествуваат
  Членки на ЕУ кои законски се обврзани да се придружат на Шенген зоната
Политика на Европска Унија
Воспоставена во1995
Членки
Површина4,312,099 km2 (1,664,911 ми)
Население419,392,429
Густина97/km2
GDP (Номинален)US$15 трилиони[1]
Европска Унија
Знаме на Европската унија

Дел од серијалот:
Политика на и управување со
Европската Унија

Шенген-зона област која се состои од 26 европски држави кои официјално ја укинале пасошката и сите други видови на гранична контрола на нивните заеднички граници. Зоната е наречена по Шенгенскиот договор од 1985.

Вкупно 22 од 28-те земји-членки на ЕУ се дел од Шенген-зоната. Од шесте членки на ЕУ кои не се дел од Шенген зоната, четири Бугарија, Хрватска, Кипар и Романија законски се обврзани да се придружат, додека останатите две-Ирска и Обединетото Кралство не учествуваат во договорот. Четирите земји-членки на Европската асоцијација за слободна трговија (EFTA), Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија, не се членки на ЕУ, но се дел од Шенген-зоната. Европските микродржави, Монако, Ватикан и Сан Марино се де факто дел од Шенген зоната. Шенген-зоната има население повеќе од 400 милиони луѓе и се протега на површина од 4,312,099 км2.[2] Околу 1,7 милиони луѓе работат секојдневно на европска граница, а во некои региони овие луѓе сочинуваат до една третина од работната сила. Секоја година, вкупно има 1,3 милијарди премини на границите на Шенген. 57 милиони премини се должат на превоз на стоки по пат, со вредност од 2,8 трилиони евра секоја година.[3][4][5] Намалувањето на трошоците за трговија поради Шенген варира од 0,42% до 1,59% во зависност од географијата, трговските партнери и други фактори. Земјите надвор од Шенген зоната исто така имаат поволности.[6] Државите во Шенген зоната ги зајакнале граничните контроли со земјите што не се членки на Шенген-зоната.[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. https://knoema.com/IMFWEO2016Apr/imf-world-economic-outlook-weo-april-2016
  2. The Schengen Area. European Commission. 12 December 2008. doi:10.2758/45874. ISBN 978-92-79-15835-3. http://biblio.ucv.ro/bib_web/bib_pdf/EU_books/0056.pdf. посет. 13 април 2013 г. 
  3. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име europarl.
  4. European Council on Foreign Relations (2016). "The Future of Schengen". конс. 2017-06-15. 
  5. Schengen's economic impact: Putting up barriers. „The Economist“. 6 февруари 2016 г. https://www.economist.com/news/briefing/21690065-permanent-reintroduction-border-controls-would-harm-trade-europe-putting-up-barriers. посет. 15 јуни 2017 г. 
  6. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име CEPR.
  7. "The refugee crisis: Fixing Schengen is not enough". конс. 14 December 2018.