Приклучување на Босна и Херцеговина кон ЕУ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Приклучување на Bosnia and Herzegovina's кон ЕУ
Статус
Напредок
Статистики
ЕУ просек Босна и Херцеговина
ППП БДП ($M)552,78042,998
ППП по глава на жител ($)40,600
Област (km2)165,04851,197
Население18,583,5984,613,289

Приклучувањето на Босна и Херцеговина кон Европската Унија е цел на односите меѓу двата ентитети. Босна и Херцеговина е призната од страна на Европската Унија како „потенцијална држава кандидат“ за влез во ЕУ, од одлуката на Европскиот Совет во Солун во 2003. Босна и Херцеговина учествува во Процесот за стабилизација и асоцијација, и овој договор беше потпишан во 2008 година, беше ратификуван во 2010, но сè уште не е во сила. Во меѓувреме, трговските билатерални односи се регулирани со Договор. Босна официјално сè уште нема аплицирано за членство во ЕУ, но сепак таа е потенцијална земја кандидат за членство во ЕУ.[1]

Земјата има бавен но сигурен успех, вклучувајќи и соработка со Меѓународен кривичен суд за поранешна Југославија во Хаг, но ова беше суспендирано во 2011 (кога ЕУ одби да го ратификува Договорот за Стабилизација и Асоцијација).

Европската Унија создаде „регионален пат“ за Западен Балкан веќе во 1997, со политички и економски критериум за развивање на билатералните односи. Следната година, "ЕУ/БиХ комисија" беше создадена за да се започне со процесот. Од 2006, оваа комисија е променета со друга организација.[1]

Процес за стабилизација и асоцијација[уреди | уреди извор]

Процесот за стабилизација и асоцијација (SAP) за петте држави во регионот вклучувајќи ја и Босна и Херцеговина, беше предложен во 1999. Во јуни 2000, Европскиот совет во Феира, призна дека сите пет држави кои го имаат поминато процесот за стабилизација и асоцијација се "потенцијални кандидати" за членство во ЕУ. Во ноември истата година, тој регионален процес беше воспоставен на Загребскиот замит.[1]

Процесот кон потпишување на Договорот за стабилизација и асоцијација започна во 2003 со проукување од страна на комисијата за спремноста и капацитетот на Босна и Херцеговина да го имплементира овој договор. Истата година, во јуни, Европскиот совет во Солун, го потврди Процесот за стабилизација и асоцијација и дека тој е главен за односите на ЕУ и западен Балкан, уште еднаш поддржувајќи ги државите од западен Балкан за членство во Европската Унија.[1]

Договорот за стабилизација и асоцијација[уреди | уреди извор]

Преговорите за Договорот за стабилизација и асоцијација беа прв чекор кон аплицирање за членство - и започнаа во 2005 година и оригинално беше очекувано да се завршат касно во 2007.[2] Преговорите се блокираа поради несогласување околу полициската реформа, на која инсистираше ЕУ за централизација на БиХ. Договорот за Стабилизација и Асоцијација беше продолжен во 2007, и, по усвојувањето на полициските реформи во април 2008, ДСА беше потпишан на 16 јуни 2008.[3][4] Реформите ветени во Договорот од Пруд "ќе изградат способноста на државата да ги исполни барањата за процесот за интеграција во ЕУ”.[5]

Последната ЕУ држава членка да го ратификува ДСА, Франција, тоа го направи во февруари 2011. ДСА требаше да влезе во сила во рок од 40 дена но беше замрзнат поради тоа што Босна не се држеше со претходните услови, коишто би вовеле во итна суспензија на ДСА. Условите кои требаа да бидат исполнети пред ДСа да стапи во сила вклучува усвојување на закон за државна помош и одржување на национален попис, како и имплементација на Финчи и Сејдиќ од Европскиот суд за човекови права кој бара усвојување на амандман во уставот на БиХ на кој му се дозволило на членовите од малцинствата да бидатизврани во Претседателството на Босна и Херцеговина и да добијат пратенички места во Босанскиот Парламент. ЕУ исто така бараше државата да создаде едно сојузно тело кое би ги контролирало односите со ЕУ.[6] Усвпјувањето на државните закони за горенаведените проблеми се блокирани од опозицијата од владата на Република Српска, која смета дека вакви проблеми се работа на двата ентитети на Босна и Херцеговина.[7]

Договор за Трговија[уреди | уреди извор]

Договорот за Трговија и трговска размена беше потпишан истиот ден како и ДСА, и влезе во сила на 1 јули 2008. Овој договор е денешниот легален за теговија меѓу Босна и ЕУ signed on the same day as the SAA, and entered into force on 1 July 2008.[1]

Едностраните трговски врски беа претставени од ЕУ за БиХ во 2000. Трговијата се разви повеќе во 2008, и на производите од ЕУ му е дадена реципрочна цена и во Босна.[1]

Апликација за членство[уреди | уреди извор]

ЕУ јасно кажа дека Босна не може да испрати апликација за членство сè додека Високиот Претставник за БиХ, кој е задолжен за имплементирањето на Дејтонскиот мировен договор, веќе не работи. Неуспехот на Босна да ги сретне условите за затворање на Канцеларијата на Високиот претставник, вклучувајќи и проблеми околу војската и имплементирање на уставни реформи, се причините поради кои Босна не може да испрати апликација за членство.

Според Министерот за надворешни работи на БиХ, Свен Алкалај, БиХ планираше да испрати апликација за членство меѓу април и јуни 2009.[8] Но сепак, апликација не беше испратена во овој период. Во февруари 2010, Алкалај кажа дека Босна и Херцеговина сега планираше да ја испрати нивната апликација за членство кон крајот на годината.[9] Ова беше потврдено од Алкалај во август.[10] Извор од Европската комисија во 2010 кажа дека "Ние веруваме дека за една година ќе биде затворена Канцеларијата на Високиот претставник за Босна, или ќе биде намалена и тргната од Сараево", коишто би помогнало за апликацијата да биде испратена.[11]

Повеќе од година од преговори и по Босанските избори во 2010, кои ја блокираа РУ интеграцијата на БиХ, беше постигнат договор од соперничките партии во декември 2011 за Владата брзо да усвои закони и да организира национален попис, кои беа две клучни барања од страна на ЕУ. Со пописот во БиХ закажан за октомври 2013, ова беше во склоп со уставните измени со Финчи и Сејдиќ во Европската комисија за човечки права како една пречка да биде помината пред апликацијата да биде испратена. Вјекослав Беванда, претседател. А Советот на Министри на БиХ, кажа во 2012 дека "Јас очекувам декание ќе ги исполниме условите за испраќање на апликација за членство во ЕУ до 30 јуни".[12][13]

Во јуни 2012, специјалниот претставник на ЕУ во Босна, Петер Соренсен, рече дека "под иделани услови" Босна ќе го добие статусот држава кандидат рано во 2014.[14] ЕУ му презентира на Босна план за испраќање на апликација за членство во јули 2012. Во него се повика за уставни промени како што беше побарано од Финчи и Сејдиќ на 31 август исто така обрнувајќи внимание на заштита на околината и проблемите околу тоа, на 1 ноември, кога може да биде испратена апликацијата за членство.[15] Но сепак, до јануари 2013 условите не беа исполнети и претходно беше договорено пописот да биде презакажан од април во октомври.[16]

Европско Партнерство (2008)[уреди | уреди извор]

Европскиот совет усвои ново Европско Партнерство со Босна и Херцеговина на 18 февруари 2008,[17] воспоставувајќи кратки и средни приоритети за помош на ЕУ до Босна и Херцеговина преку ИПА фондовите.

Специјален претставник на ЕУ[уреди | уреди извор]

Петер Соренсен ја презеде функцијата во Босна и Херцеговина со мандат од 1 септември 2011 до 30 јуни 2015. Неговата функција беше поделена заедно со Високиот претставник за БиХ (која ја има Валентин Инцко) која има за цел надгледување на процесот на приклучување на Босна кон Европската Унија.[18]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 „Bosnia and Herzegovina - Relations with the EU“. European Commission. Посетено на 2012-07-23.
  2. „Germany prepares to take over EU presidency“. Southeast European Times. 2006-12-19. Посетено на 2007-01-10.
  3. Bosnia and Herzegovina initials pre-membership agreement with EU, Xinhua, 2007-12-05
  4. Bosnia signs EU pre-accession deal, EUobserver, 2008-06-17
  5. „To Continue in the Spirit of Prud Agreement“. Архивирано од изворникот на 2008-12-18. Посетено на 2013-12-05.
  6. „Leaders of six Bosnian parties to meet EU enlargement commissioner“. 2013-09-30. Архивирано од изворникот на 2013-10-14. Посетено на 2013-10-13.
  7. Press: Bosnia-EU relations put on hold, Daily T.Portal, 26 April 2011
  8. BiH podnosi kandidaturu za članstvo u EU 2009
  9. BiH to apply for EU membership by end of year
  10. BiH to submit EU candidate status application this year
  11. „EU to end visa regime for Bosnia in November“. Архивирано од изворникот на 2010-09-16. Посетено на 2010-09-16.
  12. „Bosnia aims to apply for EU membership by July“. Reuters. 2012-02-22. Посетено на 2012-02-26.
  13. „Bosnia intends to apply for EU membership in June“. europeonline-magazine.eu. 2012-03-21. Посетено на 2012-04-06.
  14. „Bosnia could become EU candidate "in early in 2014". B92. 2012-06-06. Архивирано од изворникот на 2014-03-24. Посетено на 2012-07-22.
  15. „EU issues roadmap to BiH, sets clear expectations“. Turkish Weekly. 2012-07-09. Архивирано од изворникот на 2013-02-22. Посетено на 2012-07-22.
  16. Alic, Anes (2013-01-26). „Progress Stalls On Bosnia's EU Road“. Southeast European Times. Посетено на 2013-01-26.
  17. Text of the European Partnership for Bosnia and Herzegovina
  18. BH News

Надворешни врски[уреди | уреди извор]