Прејди на содржината

Марк Руте

Од Википедија — слободната енциклопедија
Марк Руте
Премиер на Холандија
На должноста
Стапил
14 октомври 2010
Монарх Беатрикс
Вилем - Александар
Заменик Максим Ферхаген
Лодевајк Асхер
Претходник Јан Петер Балканенде
Водач на партијата за слобода и демократија
На должноста
Стапил
31 мај 2006
Претходник Козаис ван Артстен
Подсекретар за Високо образование
и Наука
Лични податоци
Роден(а) 14 февруари 1967(1967-02-14)(57 г.)
Хаг, Холандија
Живеалиште Катсхаус
Установа Универзитет во Лајден
Потпис
Портал Government website

Марк Руте (холандски: Mark Rutte; Хаг, 14 февруари 1967) — холандски политичар од Народната партија за слобода и демократија (VVD). Од 14 октомври 2010 година е премиер на Холандија.

Ја вршел функцијата на државен секретар во Министарстото за труд и социјална политика од 22 јули 2002 година до 17 јуни 2004 година и државен секретар во Министарството за образование, култура и наука од 17 јуни 2004 година до 27 јуни 2006 година во првиот и вториот кабинет на премиерот Јан Петер Балкененде. Во јуни 2006 година године поднел оставка на местото на државен секретар и станал водач на својата партија во парламентот.

На парламентарните избори 2006 година бил кандидат (lijsttrekker) на својата партија за премиер. Кандидат бил и на изборите во 2010 година после што неговата партија станала најсилна партија во парламентот. Изабран бил за мандатор на 8 октомври 2010 година. Руте е првииот либерален премиер на Холандије уште од 1918 година.[1] године. Владата на Марк Руте е малцинска со поддршка на Партијата за слобода на Херт Вилдерс. Ова партија обично не се класифицира како неонацистичка поради позитивните ставови за Израел, но останатите ставки на нејзините политики се блиски до таа идеологија. Вилдерс е познат по нетолерантните изјави дека го „мрзи исламот“, дека муслиманите кои сакаат да останат во Холандија мораат да се одречат од поголемиот дел од Куранот, или Мухамед во данашно време би бил уапсен како терориста.[2][3] Јавно го изнел ставот дека Куранот би требало да се забрани како фашистичка книга како што е забранета Мајн кампф.[4][5] Предложил акциза за носење на традиционалните муслимански марама во износ од 1500 евра годишно.[6] Ја застапува идејата за забрана на имиграцијата во Холандија за муслиманите како и плаќање на оние кои се веќе населени во Холандија да оттаму одат.[2] Во кампањата се служел со застрашувања дека доколку неговите ставови за исламот не бидат прифатени, Европа и Холандија најбрзо ќе станат „Еурабија и Холандабија“. На последните избори што се одржаа на 14 март 2017 година Марк Руте победи со освојување на 33 пратеници во парламентот и со тоа истовремено ја победи и политиката на Херт Вилдерс, кој освои 19 пратеници од вкупните 150 мандати предвидени во холандскиот парламент. Во наредниот период, се предвидени преговори околу формирање на коалициона влада од страна на Марк Руте. Оваа победа на Марк Руте е многу важна бидејќи доаѓа во момент кога секојдневно расте популизмот во Европа.

  1. „Election 2010 - The Netherlands shifts to the right“. nrc.nl. 10 јуни 2010. Посетено на 10 јуни 2010.
  2. 2,0 2,1 Ian Traynor (17 февруари 2008). 'I don't hate Muslims. I hate Islam,' says Holland's rising political star“. Guardian. Посетено на 12 јануари 2013.
  3. Waterfield, Bruno (9 август 2007). „Ban Koran like Mein Kampf, says Dutch MP“. Telegraph.co.uk. Посетено на 12 јануари 2013.
  4. „Genoeg is genoeg: verbied de Koran“ (холандски). Volkskrant.nl. Посетено на 12 јануари 2013.
  5. „Wilders: verbied de Koran, ook in moskee“ (холандски). Volkskrant.nl. Посетено на 12 јануари 2013.
  6. „Speech by Geert Wilders on the first day of the General Debate in the Dutch parliament“. Geertwilders.nl. 18 септември 2009. Посетено на 12 јануари 2013.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]