Европска повелба за регионални и малцински јазици

Од Википедија — слободната енциклопедија

Европската повелба за регионални јазици и јазици на малцинствата е меѓународна конвенција која се занимава со заштита на јазичните права на традиционалните културни заедници на Европа.

Двојазичните табли во Норвешка - натписот на јужнолапонски и норвешки јазик

Повелбата била усвоена од страна на Советот на Европа во 1992 година, а стапила во сила на 1 март 1998 година. Денес повелба е ратификувана од страна на 25 земји-членки на Советот на Европа (Велика Британија, Лихтенштајн, Луксембург, Романија, Словачка, Украина, Швајцарија, Австрија, Босна и Херцеговина, Данска, Ерменија, Кипар, Унгарија, Германија, Норвешка, Полска, Словенија, Србија, Финска, Холандија, Хрватска, Црна Гора, Чешката Република, Шведска, Шпанија) и уште 8 држави потпишале и се очекува нивна ратификација.

Србија ја ратификувала Повелбата на 15 февруари 2006 година. Како малцински јазици од страна на Србија биле препознаени: албански, хрватски, влашки, босански, бугарски, унгарски, романски, руски, ромски, словачки и украински јазик.

Правата што ги штити Повелбата[уреди | уреди извор]

Мерките за заштита се однесуваат на доменот на образованието (член 8), судските органи (член 9), контрола и државен сектор (член 10), медиуми (член 11), културни активности и културни објекти (член 12), економски и социјален живот (член 13) и прекугранична  размена (член 14).

Повелбата се однесува само на автохтоните јазици во рамките на државата, а ги исклучува јазиците на мигрантите.

Јазици заштитени според Повелбата[уреди | уреди извор]

На наведените јазици се применуваат:

член 8 став 1 и (iii) (iv) б (iv) c (iv) d (iv) e (ii) f (iii) g;

член 9 став 1 (ii) и (iii), b (ii) c (ii), d, став 2. а, б, в, точка 3,

член 10 став 1 и (iv), (v), в, став 2. b, c, d, g, став 3. c, став 4 c став 5

член 11 став 1 и (iii), b (ii) c (ii) d, e (и) f (ii), став 2. став 3

член 12 став 1 а, б, в, с, став 2

член 14 а, б,

во областите каде што регионалните или малцинските јазици во службена употреба се во согласност со националното законодавство

Литература[уреди | уреди извор]

  1. Веб-Страницата На Советот На Европа