Горно Палчиште

Координати: 41°58′46″N 20°55′17″E / 41.97944° СГШ; 20.92139° ИГД / 41.97944; 20.92139
Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 00:06, 13 октомври 2021; направена од Bjankuloski06 (разговор | придонеси) (→‎Избирачко место: Јазична исправка, replaced: Изборно место → Избирачко место, изборни места → избирачки места, изборните места → избирач)
Горно Палчиште
Горно Палчиште во рамките на Македонија
Горно Палчиште
Местоположба на Горно Палчиште во Македонија
Горно Палчиште на карта

Карта

Координати 41°58′46″N 20°55′17″E / 41.97944° СГШ; 20.92139° ИГД / 41.97944; 20.92139
Општина Боговиње
Население 1 356 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 28017, 28517
Надм. вис. 507 м
Горно Палчиште на општинската карта

Атарот на Горно Палчиште во рамките на општината
Горно Палчиште на Ризницата

Горно Палчиште — село во Општина Боговиње, во околината на градот Тетово.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Долни Полог, оддалечено 8 километри југозападно од Тетово.

Историја

Стопанство

Демографија

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Горно Палчиште живееле 165 жители, сите Албанци.[2]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.356 жители. Следува табела на националната структура на населението[3]

Националност Вкупно
Македонци 1
Албанци 1.339
Турци 0
Роми 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
останати 16

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[4]

Година19001948195319611971198119942002
Население165[2]5415936958611.0901.1661.356

Родови

На почетокот од XIX век, од областа Булчица, во северна Албанија, се иселиле браќата Алил и Кадри Тока. Кога дошле во Полог, тие најпрвин се задржале во полското село Долно Седларце. Меѓутоа, ним не им се допаднало мочуришното земјиште, па преминале во денешното шарпланинско село Горно Палчиште. Тука овие браќа основале два големи рода: Кеке (31 куќа од Алил Тока) и Туракве (25 куќи од Кадри Тока)[5]

Горно Палчиште е албанско село.

Според истражувањата од 1948 година, родови во селото:

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 2060, 2065 и 2065/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на објект м.з. Чифлик (денес одделно село) и основното училиште.[7]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.550 гласачи.[8]

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Пред во селото да се населат муслимански Албанци, во селото живееле православни Македонци. Денес се знае за родот Аџагулевци кои се иселиле во градот Тетово. Исто така се знае и за родот Николовци кои се иселиле во селото Лактиње во Дебрца.

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 212.
  3. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  5. Албанците во Македонија само од 1780 година, д-р Ристо Ивановски, Битола, 2014 г., 11 стр.
  6. Трифуноски, Јован (1976). Полог: антропогеографска проучавања. Белград: САНУ.
  7. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  8. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  9. Trifunovski, Jovan F. (1976). Polog (Etudes Anthropogeographiques) (француски) (1. изд.). Belgrad: Academie Serbe des Sciences et des Art.

Надворешни врски