Гевин Дегро
На оваа страница е потребен превод на македонски. Оваа страница (или пасус) не е напишана на јазик којшто е македонски. Ако е наменета за читателите од тој јазик, треба да биде преместена на јазичното издание на Википедија на тој јазик. Видете го целосниот список на јазични изданија. Ако страницата (или пасусот) не е преведена на македонски во рок од една седмица, содржината која е на друг јазик ќе биде избришана. |
Гевин Дегро | |
---|---|
Гевин Дегро во март 2012 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Гевин Шејн Дегро |
Роден(а) | 4 февруари 1977 Саут Фалсбург, Њујорк, САД |
Жанрови | Blue-eyed soul, поп-рок, рок |
Занимања | музичар и текстописец |
Инструменти | вокал, пијано, гитара |
Период на активност | 2000–денес |
Издавачи | RCA Records |
Мреж. место | gavindegraw.com |
Гевин Шејн Дегро (роден на 4 февруари 1977) — американски музичар, пејач и текстописец. Тој е познат по своите песни „Chariot“, „Follow Through“, „I Don't Want to Be“ (која била земена како тематска песна за телевизиската серија Три Хил (англиски: One Tree Hill од 2003 година), „In Love with a Girl“, „Not Over You“, „Soldier“ и песната „Sweeter“.
Детство
[уреди | уреди извор]Дегро пораснал во Катскилс во Јужен Фалзбург, Њујорк.[1] Неговата мајка Лин (моминско Кригер) била специјалист по детоксикација, а неговиот татко Вејн ДеГра бил обезбедување во затвор.;[2] Тој ти спомнува нивните професии во песната "I Don't Want to Be".[3] Татко му е од ирско потекло, а семејството на мајка му има руско потекло.[4] ДеГра запонал да пее и свири на пијано на осумгодишна возраст. Има и двајца браќа, и двацата постари од него, Ника и Џои (роден во август 1973). Брат му бил тој што го посоветувал да започне да пишува свои песни.[5] Џои ДеГра е исто така музичар кој моментално ја промовира својата музика на турнеи.[6]
Кариера
[уреди | уреди извор]Дегро станал познат во 2003 година кога „I Don't Want to Be“ хитот бил избран како тематска песна за тинејџерската драмска серија Три Хил.[7] Оваа песна исто така е изведувана и на Американски идол[8] и Шведски идол [9] од различни натпреварувачи за време на различни сезони.
Дегро го издал својот прв деби албум насловен „Chariot“ на 22 јули 2003 година од музичката куќа J Records[10]. Албумот бил снимем во студиото Sunset Sound во Лос Анџелес изработен од Марк Ендерт.[1] Chariot се продаде во преку милион копии и заработи платинско уверение.[11] Албумот ги состои трите хита на Дегро: „I Don’t Want To Be“, „Follow Through“ и „Chariot“.[11] Тој дури и направил аукустична верзија на албумот насловена како Chariot Stripped во 2004 година. Chariot Stripped содржи главна тема од „A Change Is Gonna Come“ хитот на Сем Кук.[12]
Вториот албум на Дегро, насловен по него самиот Gavin DeGraw бил издаден на 6 мај 2008 година.[10] Првиот хит, "In Love with a Girl" бил издаден на 12 февруари 2008 година. Вториот хит "Cheated On Me" бил издаден на 30 септември истата година. По ова следел албумот "Live From Soho" кој бил издаден на 7 ноември истата година, воглавно со песни од Gavin DeGrawалбумот.[13] Овој албум го дотигнал првото место на табелите за дигитални продажби и бил рангиран на седмото место на Билборд 200 табелата за албуми.[11]
Неговиот трет албум, Free бил издаден на 31 март 2009 година.[14] Дегро го создал овој албум за помалку од две недели во студиото на неговиот продуцент Камус Сели во Бруклин. Тој вклучил некои песни во овој албум кои ги имал напишано уште на почетокот на неговата кариера и кои ги подобрил со времето. Тие песни се "Dancing Shoes" и "Glass".[1] Хитот “Stay” беше издаден на 11 март 2009.[15] Овој хит е опишан како „запаметени верзии од сите негови фаворити„.[11]
Четвртиот албум на Дегро насловен Sweeter, првично требало да биде издаден на 9 август 2011 но бил издаден дури на 20 септември 2011.[16] На албумот може да се најдат песни кои се запишани заедно со некои други артисти. Првиот хит "Not Over You" бил пуштен во продажба на iTunes во јуни.[17] Песната била напишана и обработена заедно со Рајан Тедер а инспирацијата за неа била од Кајл Крег. "Not Over You" е неговата прва песна кога го достигнала првото место на Adult Pop Songsтабелата.[18] Овој албум е создаден со помош на соработката со повеќе личности вклучувајќи ги Буч Волкер, Ерик Рос и Рон Анело, како и уште една песна "Sweeter" напишана заедно со Ендру Фремптон. Албумот се снимал на повеше локации вклучувајќи го Blackbird Studios во Нешвил, Walker’s Space во Венис, Лос Анџелес и Henson Recording Studios студиото.[11]
Sweeter е првиот албум на Дегро кој е издаден од RCA Records музичката куќа. Останатите три албуми се издадени од музичката куќа J Records. Дегро издал и аукустичен албум воглавно заснован на песни од Sweeter насловен како iTunes Session и содржи седум песни и 30 минутно интервју.[19]
Појавувања
[уреди | уреди извор]Освен музичката кариера кој тој ја гради, Дегро се има појавено и во неколку ТВ шоуа и неговите песни можат да се слушнат на ТВ и во филмови.
ТВ појавувања
[уреди | уреди извор]Дегро го за првпат гостувал на Real Magic TV телевизијата. Од тогаш има гостувано во повеќе емисии како The Sharon Osbourne Show, Late Night with Conan O'Brien, American Dreams, Total Request Live и Rove Live. За време на парадата за Денот на Благодарноста во 2004, тој бил признаен како изведувач. После ова, тој гостувал на What I Like About You заедно со Dutch TV shows Barend & Van Dorp и Clement Behrendt Kjersgaard шоу. Тој ја извел "I Don't Want to Be" за време на Радио музичките награди 2005 (англиски: Radio Music Awards).
Тој исто така бил гостин и на шоуто The VIP, Jensen!, New York 360º и Entertainment Tonight. Се има појавено и во многу епизоди од The Ellen DeGeneres Show, Late Show with David Letterman, The Tonight Show with Jay Leno, Live! with Kelly, Jimmy Kimmel Live! и Last Call with Carson Daly шоуто изведувајќи песни од албумот што моментално го промовира. Тој е кредитиран за изведувач за 2011 година на Американските музички награди. Исто така се појавил и во една од епизодите на Conan. Епизодата беше пуштена во етерот на 9 јануари 2012 година.[6]
За време на финалната епизода од ТВ серијата Три Хил, која била емитувана на 4 април 2012, Дегро извел неколку песни во таа епизода која е насловена како и самиот филм. Тој извел три песни за време на шоуто, сите во ноќниот клуб Tric проследени со неговата длабока поврзаност со оваа серија. Песните кои ги изведе се Belief од албумот Chariot, I Don't Want to Be (тематската песна на One Tree Hill ) и Soldier.[20][21]
Тој исто така бил и учесник во емисијата Dancing With the Stars во 14-та сезона која премиерно била пуштена на 19 март 2012. Дегро и неговата партнерка Карина Смирноф биле елиминирани од натпреварот во петтата недела во двобојот со колегата Џалил Вајт и неговата партнерка Ким Џонсон.[22]
Заслуги добиени од песните
[уреди | уреди извор]"Follow Through" е дел од тонскиот запис на филмот Laws of Attraction од 2004 како и од епизодата My Self-Examination од серијата Scrubs емитувана на 27 април 2004 година. Оваа песна исто така може да се слушне и во Три Хил серијата како и во бртитанските и италијанските реклами за Carte D'or.[6] "Chariot" е дел од тонскиот запис на американско-канадската ТВ серија Dead Like Me. Песната може да се слушне и во епизодата Always во 2004 година која ја изведува Дегро. Тој се појавува во оваа емизода во еден мала улога како уличен изведувач со име Пит Андерсон. Оваа песна исто може да се слушне и во епизодата Helping Hands од ТВ серијата Boston Legal од 2006 година во сцената кога вечераат Денис и Даниел а исто така може да се слушне и за време на епизодата Knuckle Up од серијата Cold Case од 2007 година.[6]
Песната "We Belong Together" може да се слушне во филмот Тристан и Изолда од 2006 година.[23] Дегро ја има препеано и баладата од Smokey Robinson позната како "The Tracks of My Tears" која е дел од епизодата Chaos Theory од серијата The Cleaner која била емитувана на 5 август 2008 година.[6] За време на Божиќните празници, во специјалната епизода од серијата House насловена "Joy to the World" може да се слушне песната The Christmas Song испеана од ДеГра.[6]
Телевизиското реално шоу за танцување, познато како So You Think You Can Dance, искористило три песни од Дегро низ емисијата. "Belief", "More Than Anyone", "We Belong Together" и "Jealous Guy" се искористени како позадина низ повеќе години од шоуто, во 2006, 2008 и 2009 година. За време на првиот дел од финалето во 2007, насловната песна "We Are the Champions" испеана од Дегро е искористена.[6]
Песните на Дегро се дел од тонските записи на единаесет епизоди од серијата Три Хил. Песните како "Belief", "More Than Anyone", "Chariot" и "We Belong Together" се дел од шоуто. За време на втората сезона од шоуто, необајвената верзија од "Chariot" била испеана во живо во епизодата "Something I Can Never Have„.Тој исто така ја пее оваа песна и во третата сезона во Karen’s cafe каде што во сцената може да се видат Нејтан и Хејли. За време на специјалното издание од ТВ шоуто The Bachelor насловена како The Bachelor: Jason & Molly's Wedding, песната на Дегро "Follow Through" може да се слушне.[6]
Заслуги од глумењето
[уреди | уреди извор]Тој се има појавено во некои епизоди од серијата Три Хил. Неговото прво појавување било во 2004, за време на епизодата You Gotta Go There to Come Back каде што ги пее песните "I Don't Want to Be" и "Chariot" во Karen's Cafe. Неговото второ појавување било на почетокот од епизодата What Comes After the Blues каде што ја пее песната "I Don't Want to Be" со Џексон Брундејџ, и натапува во последната епизода од серијата.[6]
Друго
[уреди | уреди извор]Дегро има снимено повеќе видео записи исто така, вклучувајќи ги и оние за песните "I Don't Want to Be", "Follow Through" и "Chariot". Последниот запис е режисиран од Зак Браф кој исто така има режирано видео записи и за Џошуа Рејдин.[6]
Песната на Дегро "More Than Anyone" била избрана од обожавателите на Три Хил преку Cingular Wireless натпревар како првата песна на која Нејтан и Хејли ќе танцуваат на свадбата во последната еписода од третата сезона "The Show Must Go On0."[24]
Тој и неговиот брат за првпат го отвориле The National Underground барот во декември 2007, едно музичко место во Њујорк чии корени потекнуваат од Americana барот во Lower East Side населбата во Менхетен на адресата 159 East Houston Street помеѓу Allen и Eldridge улиците.[25] Оваа место нуди музика, храна и пиење.[26][27][28]
Идејата за оваа место дојде од тоа што браќата сакале да имаат место каде што ќе можат да поминуваат нормално време и каде што други музичари ќе можат да дојдат да слушаат и да научат нешто.[29] „Ние сме прибирливи околу квалитетот на музичарите кои свират овде.„ вели Гевин Дегро. „Сакавме место каде што изведувачите се навистина добри, а останатите музичари да бидат воодушевени и да го почитуваат тоа што тие го прават„.[30]
Личен живот
[уреди | уреди извор]На 8 август Дегро бил хоспитализиран откако бил нападнат од неколку луѓе во Њујорк. Полицијата рекла дека група луѓе го нападнале Дегро во неделата рано наутро помеѓу 6th Street и First Avenue улица во East Village во близина на The National Underground. Тој се здобил со скршен нос, потрес на мозокот, модри очи и рани на лицето. Само неколку минути после нападот, ДеГра бил удрен од такси. Тој веднаш бил префрлен во болница во Менхетен на лекување. Бил принуден да го откаже својот настап во Saratoga Performing Arts Center центарот во во Њујорк..[31]
Дегро вели дека неговото семејство е "она што ми дава мотивација да продолжам со музиката и да ја следат страста а не само работа." во едно интервју прикачено на iTunes session албумот. Тој исто така вели дека "тој не сакал да научи да свира на пијано до некоја одредена млада возраст." Дегро вели дека неговата крајна цел е да „замине од овој свет како подобра личност, и јас да не сум единствениот кој ќе го знае тоа„.[6]
Тој исто така учествувал во емисијата Dancing With the Stars заедно со Карнина Смирноф во 2012та.
Членови на Бендот
[уреди | уреди извор]Сегашни
[уреди | уреди извор]
|
Поранешни членови
[уреди | уреди извор]
|
|
Дискографија
[уреди | уреди извор]Студио
[уреди | уреди извор]Title | Album details | Peak chart positions[32][33] | Certifications (sales thresholds) | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
US | CAN | DEN | NED | FIN | ITA | SWI | SWE | NOR | |||
Chariot |
|
56 | — | 1 | 6 | 23 | 43 | 48 | 21 | 2 |
|
Gavin DeGraw |
|
7 | 21 | 3 | 8 | 36 | 44 | 23 | 13 | 35 | |
Free |
|
19 | — | 29 | 76 | — | — | 96 | — | — | |
Sweeter |
|
8 | 41 | 6 | 6 | — | — | 19 | 29 | 25 |
EPs
[уреди | уреди извор]Title | Album details | Peak chart positions[34] |
---|---|---|
US | ||
iTunes: Live from Soho |
|
167 |
Други албуми
[уреди | уреди извор]- 2001: Gavin Live
Хитови
[уреди | уреди извор]Year | Title | Chart positions[32][33] | Certifications (sales thresholds) |
Album | |||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
US | US Adult | US Pop | CAN | UK | IRE | AUS | NZ | NED | ITA | NOR | SWE | ||||
2004 | "I Don't Want to Be" | 10 | 9 | 1 | — | 27 | 25 | 19 | 30 | 13 | — | 6 | 15 |
|
|
2005 | "Chariot" | 30 | 5 | 17 | — | — | — | — | — | 12 | 27 | 19 | — |
| |
"Follow Through" | 111 | 22 | 33 | — | — | — | — | — | 13 | — | 12 | — |
| ||
2006 | "Just Friends" | — | — | — | — | — | — | — | — | 26 | — | — | — | ||
"We Belong Together" | 26 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | Tristan and Isolde soundtrack/ Gavin DeGraw | ||
2008 | "In Love with a Girl" | 24 | 5 | 10 | 32 | — | — | — | — | 22 | — | — | 73 | Gavin DeGraw | |
"She Holds a Key" | — | — | — | — | — | — | — | — | 29 | — | — | — | |||
"Cheated on Me" | — | 30 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | |||
2009 | "I Have You to Thank" | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | ||
"Stay" | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | Free | ||
"Dancing Shoes" | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | |||
2011 | "Not Over You" | 18 | 1 | 9 | 23 | — | — | 37 | 8 | 13 | — | 12 | — | ||
"Sweeter" | 117 | 18 | — | — | — | — | — | — | 25 | — | — | — | |||
2012 | "Soldier" | — | 28 | — | — | 59 | — | — | — | 13 | — | — | — |
Награди и номинации
[уреди | уреди извор]Year | Award |
---|---|
2005 | Billboard Music Award nomination for Top Soundtrack Single of the Year ("I Don't Want to Be") |
2005 | Radio Music Award nomination for Song of the Year/Mainstream Top 40 Radio ("I Don't Want to Be") |
Исто така
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Gavin DeGraw Biography“. Gavin DeGraw US. Архивирано од изворникот на 2012-01-21. Посетено на 25 January 2012.
- ↑ „More Than a Memory - The Official Gavin DeGraw fan site: Articles & Interviews“. Gavindegraw.us. 2005-04-29. Архивирано од изворникот на 2013-07-26. Посетено на 2012-05-09.
- ↑ „I Don't Want To Be Lyrics“. Lyrics On Demand. Посетено на 25 January 2012.
- ↑ Staff (February 3, 2005). "Gavin DeGraw Speaks Out on Life and Music – His 'I Don’t Want To Be' Is the Theme Song for the Teen Soap 'One Tree Hill' Архивирано на 27 септември 2012 г.. Associated Press (via MSNBC). Retrieved August 8, 2011.
- ↑ „Gavin DeGraw“. Bonnaroo Music and Arts Festival. Архивирано од изворникот на 2011-09-27. Посетено на 2013-01-10.
- ↑ 6,00 6,01 6,02 6,03 6,04 6,05 6,06 6,07 6,08 6,09 6,10 „Gavin DeGraw IMDB page“. IMDB. Посетено на 25 January 2012.
- ↑ „One Tree Hill IMDB page“. IMDB. Посетено на 25 January 2012.
- ↑ „'American Idol' Needs To Retire 'I Don't Want To Be,' Whitney Houston And Heart“. MTV Website. MTV. Архивирано од изворникот на 2013-07-26. Посетено на 25 January 2012.
- ↑ „YouTube Video: Guy singing I Don't Want To Be in Idol 2009“. YouTube. Google. Посетено на 25 January 2012.
- ↑ 10,0 10,1 „Amazon: Chariot Gavin DeGraw | Format: Audio CD“. Amazon Retail. Посетено на 25 January 2012.
- ↑ 11,0 11,1 11,2 11,3 11,4 „Gavin DeGraw Official Bio“. Gavin DeGraw Official Website. Архивирано од изворникот на 2013-01-11. Посетено на 28 January 2012.
- ↑ „Amazon: Chariot Stripped (Bonus CD) Gavin DeGraw | Format: Audio CD“. Amazon Retail. Посетено на 25 January 2012.
- ↑ „Gavin DeGraw Discography“. Gavin DeGraw Website. Архивирано од изворникот на 2012-02-04. Посетено на 25 January 2012.
- ↑ „Amazon: FREE Gavin DeGraw | Format: Audio CD“. Amazon Retail. Посетено на 25 January 2012.
- ↑ „iTunes Single - Stay“. iTunes. Посетено на 25 January 2012.
- ↑ „Gavin DeGraw Blog“. Gavin DeGraw Blog. Gavin DeGraw. Архивирано од изворникот на 2012-01-28. Посетено на 29 January 2012.
- ↑ „Gavin DeGraw Website - Not Over You Release“. Gavin DeGraw Website. Архивирано од изворникот на 2012-01-21. Посетено на 25 January 2012.
- ↑ Trust, Gary (26 January 2012). „Weekly Chart Notes: Adele, Kelly Clarkson, Gavin DeGraw“. Billboard. Посетено на 28 January 2012.
- ↑ „iTunes Session Gavin DeGraw“. iTunes. Посетено на 25 January 2012.
- ↑ „ABC.com - Dancing with the Stars - Dancing with the Stars 2012 Cast Announcement - Season 14“. Abc.go.com. Посетено на 2012-05-09.
- ↑ Tree Hill 9.13 Songs „One Tree Hill Music“ Проверете ја вредноста
|url=
(help). CW. Посетено на 2012-06-16. - ↑ 04/18/2012 (2012-04-18). „'Dancing with the Stars' ('DWTS') 2012: Gavin DeGraw Booted After Showdown | Video - ABC News“. Abcnews.go.com. Посетено на 2012-05-09.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
- ↑ „Gavin Degraw Discography“. Gavin DeGraw. Архивирано од изворникот на 2012-02-04. Посетено на 25 January 2012.
- ↑ „Tree Hill Memories: 322 THE SHOW MUST GO ON“. Tree Hill Memories. Посетено на 29 January 2012.
- ↑ „About Us“. The National Underground Official website. Accessed October 5, 2010. Архивирано од изворникот на 2010-11-30. Посетено на 2013-01-10. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Carlson, Erin (May 8, 2008). „Gavin DeGraw Doesn't Wanna Be Another Singer-Songwriter“. The Decatur Daily. Архивирано од изворникот на 2012-03-08. Посетено на 2013-01-10.
- ↑ Friedman, Roger (March 6, 2008). „Patrick Swayze Slammed by National Enquirer“. Fox News.
- ↑ „Soul of the City: New York City“. Glide Magazine. August 29, 2008.
- ↑ Adams, Patty (July 27, 2008). „Six Seconds with: Gavin DeGraw“. New York Post. Архивирано од изворникот на 2009-10-31. Посетено на 2013-01-10.
- ↑ Tomcho, Sandy (August 15, 2008). „Gavin DeGraw Performs at Monticello Gaming & Raceway“. Times Herald-Record. Архивирано од изворникот на 2012-10-02. Посетено на 2013-01-10.
- ↑ „Gavin DeGraw released from hospital after attack, doesn't remember much“. The Washington Post. 10 August 2011. Посетено на 21 September 2011.
- ↑ 32,0 32,1 Gavin DeGraw. Billboard
- ↑ 33,0 33,1 „Gavin Degraw – Music Charts“. Acharts.us. Посетено на 2011-11-02.
- ↑ „iTunes Live from Soho – Gavin DeGraw“. AllMusic. Посетено на 2011-11-02.
- ↑ 35,0 35,1 „Gavin DeGraw: Timeline“. Rock On The Net.
- ↑ 36,0 36,1 „Gavin Degraw RIAA album certifications“. RIAA. Посетено на 2011-10-02.
- ↑ „RIANZ“. Recording Industry Association of New Zealand. Архивирано од изворникот на 2012-03-08. Посетено на 2010-08-07.
- ↑ „http://www.aria.com.au/pages/httpwww.aria.com.auSINGLEaccreds2011.htm“. Aria.com.au. 2011-12-31. Посетено на 2012-05-09. Надворешна врска во
|title=
(help)
- Billboard Artist Chart History – retrieved March 15, 2009.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Гевин Дегро“ на Ризницата ? |
- Gavin DeGraw collection at the Семрежен архив's live music archive
- Music videos at AOL Video
- Exclusive Gavin DeGraw Interviews at OurStage.com
|