Википедија:Селска чешма

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Вовед  · Почетен курс  · Помошна табела  · Превод на статија  · Вашата прва статија  · ЧПП  · Помош  · Начела и напатствија

Селска чешма (Village pump)  · Потребни статии  · Инкубатор  · Кандидати за избрана статија (Ревизија)  · ВикиПроекти  · Викисредби  · Facebook icon.svg Facebook  · Twitter.svg Twitter

Одржување  · Администратори  · Потреба од администраторско внимание  · Прашања за авторски права

Селска чешма на Википедија
Централно место за дискусии, прашања и одговори
↓ Кон содржината ↓       ↓ Кон разговорите ↓
Отворете нова тема или прашање
Византиската чешма во с. Винце, Кумановско

За да оставите порака, стиснете на дадената врска подолу, но запомнете:

  • При дискусиите останете смирени, учтиви и културни. Претпоставете добронамерност;
  • Вандализмот бргу се отстранува;
  • Давајте описен наслов на вашиот нов коментар;
  • На крајот од пораката потпишете се со четири тилди (Еве вака: ~~~~). Ова автоматски ќе го потпише Вашето корисничко име и датумот и времето кога е оставена пораката (се потпишуваме на страници за разговор, но не на статии).
За што да ја користите оваа страница?
Кратенки:
ВП:СЧ

Оваа страница е наречена „селска чешма“ затоа што е место каде што читателите и уредувачите можат да се соберат и заедно да дискутираат за било што поврзано со Википедија.

Ве охрабуваме да почнете нов разговор доколку сакате:

  • Да добиете помош околу користењето на Википедија;
  • Да добиете помош околу уредувањето на Википедија;
  • Да дискутирате технички прашања, поврзани со погонот МедијаВики;
  • Да ги дискутирате начелата и напатствијата;
  • Да дадете јавни известување и новости;
  • Да дадете предлози и сугестии;
  • Да оставите конструктивна критика за проектот;
  • Да поставите правописни и граматички прашања и ревизии;
  • Да добиете помош со преводи на поими и имиња од странски јазици;
  • Општо, за сè што е поврзано со Википедија и Википедијанците.

Доколку сакате да дискутирате за некоја статија, ве молиме почнете ја дискусијата на страницата за разговор на самата статија.

Ако барате администраторско внимание (за вандализам на страници, кршење на начела, лични напади и непристојност, уредувачки војни, заштита на страници или други технички работи), поставете го барањето на Википедија:Огласна табла за администратори.

Do not speak Macedonian? Other languages icon.svg

If you are willing to post comments but you do not speak Macedonian, you are welcome to do it on the Village Pump for foreign languages (please visit the Macedonian Wikipedia Embassy to check the language abilities of the community members before choosing the language to post in). Please do not post comments in foreign languages on this page, as it is intended for comments and discussions in Macedonian only. All comments that are posted on this page in a language other than Macedonian will be immediately moved to the Village Pump for foreign languages.

Filing cabinet icon.svg Архиви


Среќна нова година![уреди извор]

Сакам на сите корисници на Википедија на македонски јазик да им ја честитам новата година, да им посакам многу здравје и бериќет во неа, а со заеднички напори оваа година да го надминеме бројот од 100.000 статии.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:13, 1 јануари 2019 (CET)

Среќна Нова година и од мене, само убави моменти во претстојната :) Мислам дека неминовно ќе го надминеме бројот од 100.000 оваа година, конечно да стигнеме и до тој праг --Ehrlich91 (разговор) 21:32, 1 јануари 2019 (CET)

FileExporter beta feature[уреди извор]

Johanna Strodt (WMDE) 10:41, 14 јануари 2019 (CET)

Уставни промени[уреди извор]

Здраво на сите,

Бидејќи се работи за крупна измена на Уставот на Република Македонија, а истите измени денес се најдоа и на страниците на Службениот весник, сметам дека треба да поведеме расправа што тоа ќе значи за името на државата, примената на придавките, појаснителните страници, порталите и ред други работи, поради што е неопходна сеопфатна дискусија од сите уредници на Википедија на македонски јазик. Не мора да има веднаш решенија и држете ја дискусијата до темата. Очекувам сите активни уредници да земат учество во истата. --Ehrlich91 (разговор) 21:58, 14 јануари 2019 (CET)

  • На голема жалост и против волјата на народот, а воедно и против сите општочовечки цивилизирани начела, се протнаа уставните измени кои со самиот факт што се во уставниот и правниот поредок се дел од стварноста која треба објективно да се пренесува на енциклопедијата Википедија. Во тој однос, јас јавно најавувам дека нема да учествувам во уредувања со цел да се променуваат содржините каде што се содржат Македонија, Македонци, Македонски во нивното вистинско, изворно досегашно значење, бидејќи лично како човек и граѓанин планирам во моето општествено и јавно делување (секако надвор од Википедија) да се залагам и да дејствувам за нивно зачувување, негување и (повторно) етаблирање, а секако тоа се коси и е против новонастаната реалност. Но би предочил на сите кои ќе земат учество да ги менуваат согласно новонастнатите околности да имаат предвид и да се наведат (барем во 1 - 2 реченици, со наводи) сите противзаконски и противправни дејствија кои доведоа до овие уставни промени (мислам на незаконското потпишување на меѓународен билатерален договор од министер, што по закон е должност на претседателот итн.), за секој кој ќе чита, а посебно помалку упатените и идните генерации да имаат целосни и точни сознанија за да не се остави половично пренесената информација да ја зацврстува оваа сурова и неправедна наметната ситуација и со тоа објективно пренесените информации да дадат јасна слика за вистината, која е само една, а тоа е дека нашето вистиско, едниствено и природно име на кое имаме право е, беше и повторно ќе биде само МАКЕДОНИЈА! Поздрав - Марио Шаревски - Македонец (разговор) 10:03, 16 јануари 2019 (CET)
  • Придавките остануваат исти, во никој сличај не се користи „северномакедонски“/ „северномакедонец“ и слично. Албанскиот не е на исто рамниште со македонскиот и нема потреба од вметнување на истиот во инфокутија и во почетокот на статијата за државата. Името на држвата, според мене, да остане исто. На пример, и Белорусија го смени уставното име во Беларус, но ние не го сменивме името на државата во македонскиот јазик. Слично е и со Швајцарија (не велиме Хелветија) или пак на пример со Грузија и Ерменија (не користиме уставни имиња и имиња кои тие сакаат да се користат). Според мене решение е во почетокот на статијата да стои: Македонија, или официјално Северна Македонија, е држава... Објаснување за историјатот на името да има во секцијата Етимологија. Поздрав--Никола Стоіаноски 10:35, 16 јануари 2019 (CET)
  • Колку што гледам, на ниедна јазична Википедија не ни го смениле името, а на англиската стои дека е изгласан амандман и дека ќе влезе во сила откако ќе биде потпишан протокол за влез на Македонија во НАТО од страна на Грците. Засега сè си е како што беше, нема што да менуваме. Поздрав -Виолетова (разговор) 11:12, 16 јануари 2019 (CET)
  • Мојот став е дека не треба да се менува насловот на статијата „Македонија“ во „Северна Македонија“ поради тоа што на Википедија на македонски јазик:
  1. постои јасно разграничување на значењата на поимот Македонија меѓу кои е и името на државата, додека Северна Македонија е поим кој во македонскиот јазик има друго значење и претставува географско подрачје во Македонија; и
  2. како имиња на статии за држави не се користат официјалните називи согласно уставот или другите законодавни акти, туку оние имиња кои имаат најширока општа употреба (пр. „Ирска“ наместо „Република Ирска“, „Холандија“ наместо „Кралство Холандија“, „Иран“ наместо „Исламска Република Иран“ итн.).
Според тоа, целосно е прифатлив предлогот на Никола во воведот да се промени само официјалниот назив согласно уставните измени, а добар е и предлогот на Марио да се додаде забелешка на кој начин е дојдено до промената на името. Во врска со државјанството и националната припадност, јасно е дека истите си остануваат „македонско“ и „Македонец“. Одредбите кои се однесуваат за замена на македонски поими за населени места во Егејска Македонија нормално не вреди да се дискутираат затоа што ова е Википедија на македонски јазик, а јазикот не може да биде засегнат со спроведување на меѓудржавен договор. Можеби нема да биде лошо да воведеме политика насловена Употреба на поимот „Македонија“ и изведените поими од него со која би се дало поголемо значење на она за кое ќе се договориме како заедница.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:31, 16 јануари 2019 (CET)
Скроз заборавив за топонимите. Тој ништожен и понижувачки член од Договорот нема што тука ни да се дискутира. Си имаме ние традиција и наши имиња кои си ги користиме.--Никола Стоіаноски 16:16, 16 јануари 2019 (CET)
Сосема се согласувам со Кирил и со она што го пишува Тони подолу, наведувајќи дел од разговорот на Википедија на англиски зошто треба да остане и натаму (само) Македонија за статијата нашата држава. Се согласувам и со предлогот на Никола како треба да стои првата реченица, каде покрај официјално би додал и „според устав“ по пример на договорите за добрососедство со Бугарија кои го признаат македонскиот јазик само како уставна категорија, па бидејќи нашиот устав е (лесно и често) менлива категорија, а засега тоа ново име стои таму, не значи дека не може да биде предмет на идни промени, додека во стварноста единствено и вистинско (за мене и свето :) ) име во постојана и секојдневна потреба за нашата земја и држава е само Македонија. Нема да е лошо да се создаде нова страница за употреба на поимот „Македонија“, а инаку мое мислење е дека и по стапувањето на сила нема потреба да се менува страницата именувана Македонија во однос на нашата држава, бидејќи и самите политичари, а и сите граѓани и впрочем светот (се надевам) и натаму постојано колоквијално нашата држава ќе ја викаме само Македонија, единствено со навод може да се наведе дека официјално според (измените во) уставот го има другото име. Би искористил и една споредба како со бројни светски (и американски) јавни личности и ѕвезди кои се познати по сценски имиња различни од нивните вистински имиња кои ги носат во официјалните документи за идентификација (пр. Кети Пери/Katy Perry која вистински се вика Кетрин Елизабет Хадсон/Katheryn Elizabeth Hudson), а нивните статии на Википедија (на сите јазици) и други печатени, новинарски, научни употреби во јавноста се водат под нивните имиња кои се познати во нивното јавно делување, па така сметам дека кај нас може да остане и натаму само Македонија бидејќи тоа е вистинското име кои барем тука и на македонскиот јазик и понатаму првостепено ќе се однесува за државата како највисок политички-правен ентитет, а потоа на географски региони, административни области и единици, приватни компании, спортски клубови, здруженија итн. Напоменувам ова е мое мислење. Да живее Македонија :) - Марио Шаревски - Македонец (разговор) 16:20, 17 јануари 2019 (CET)
  • Мило ми е што се вклучивте во поголем број во дискусијата. @Виолетова: Жане, не спомнав да менуваме, туку само да го продискутираме ова важно прашање. @MacedonianBoy: Мене ми се допаѓа во целост предлогот на Никола, како за официјалното име според новите измени на Уставот, кои би требало да стапат на сила, кога ќе се усвои самиот договор и од другата страна, така и за тоа да постои дел за тоа како дошло до тоа име. Воедно, во тој дел може да се стават и предлозите на Марио за причините и како е изгласано новото име. Воедно, не знам, колку ја следите дискусијата на Википедија на англиски јазик, но таму како еден од причините за останување на истиот назив ја наведуваат и причината дека истото име не е општо познато, односно раширено во медиуми, публикации, книги и во општата јавност. Во исто време, ставот на Кирил, во целост го поддржувам. Што се однесува до најгрозниот дел од договорот за топонимите, јас тука нема ни да коментирам, затоа што ние не се водиме според договори, и никој не може нас да ни укажува како да уредуваме. --Ehrlich91 (разговор) 18:27, 16 јануари 2019 (CET)
  • Здраво, како што спомена Виолетова која инаку ме насочи на дискусијава, уставните измени стапуваат на сила кога Грција ќе го ратификува приемот во НАТО, така што дотогаш нема зошто било што да менуваме. Доколку дојде до ова, мислам дека Република Македонија ќе мора да пренасочува кон Република Северна Македонија или Северна Македонија бидејќи ова ќе биде нова домашна и меѓународна реалност - буквално сите институции на државата ќе го сменат името. Македонци, македонско, македонски јазик - се разбира дека остануваат исти. Топонимите си остануваат исти со нагласок дека официјално се нарекуваат така или онака. Поздрав. --FlavrSavr (разговор) 10:28, 17 јануари 2019 (CET)
  • Целосно се согласувам со сите наведени предлози погоре. Мислам дека сите ставови досега може да ги сведеме на едно решение - сè останува/се менува согласно македонскиот јазик, секако со тоа нагласувајќи ги останатите официјални промени во статијата, и, како што има предложено Кирил, во Википедија страница за политиката на енциклопедијата околу името. --Идеологист (разговор) 14:09, 17 јануари 2019 (CET)

No editing for 30 minutes on 17 January[уреди извор]

You will not be able to edit the wikis for up to 30 minutes on 17 January 07:00 UTC. This is because of a database problem that has to be fixed immediately. You can still read the wikis. Some wikis are not affected. They don't get this message. You can see which wikis are not affected on this page. Most wikis are affected. The time you can not edit might be shorter than 30 minutes. /Johan (WMF)

19:47, 16 јануари 2019 (CET)