Википедија:Селска чешма/Архива 11

Од Википедија — слободната енциклопедија
Архива Оваа страница е архива. Не ја менувајте содржината на оваа страница. Упатете ги вашите коментари на сегашната разговорна страница.
Архива 11

Мала модификација на главната страница[уреди извор]

Непроменето Оти веќе нема интерес за дискусијава, засега нема да ја направиме промената. --Brainmachinewtf? 05:40, 13 јули 2009 (UTC)

Wikimk ми предложи да ја компактизираме малку главната страница со тоа што горната лента која го содржи текстот „Добредојдовте на Википедија“ ќе се спои со двете паралелни колони кои ја причинуваат содржината, лево од секцијата „Што е тоа Википедија“. Исто така, тој предложи сложениот поздрав да го промениме од „добредојдовте“ во „добре дојдовте“ (што, всушност, е правилно по правописот, видете точка 130). Резултатот би бил овој. Што ќе кажете? --Brainmachinewtf? 16:10, 29 јуни 2009 (UTC)

Не дека е лошо тоа што е предложено, туку само мислам дека ако се направи тоа некако се стеснува десната секција во која се дадени порталите и страните за помош. Потоа самата секција за добредојде мислам дека е подобро да е како што е бидејќи ако е споена со останатите секции некако изгледа многу глупаво, во смисла не се истакнува како посебна туку како се да е споено и да е во склоп со избраната статија, можеби звучам глупаво но едноставно не ми се допаѓа. А што се однесува до „добредојде“ за тоа сме имале повеќе дискусии и мислам дека никако да го најдевме решението, но ако веќе Зоки тврди дека одделено е поправилно од слеано тогаш во ред - само да е правилно, иако според мене мислам дека треба да биде одделено како што се поздравите „добар ден“, „добро утро“ итн. така што овој поим да биде „добро дојде“ - тоа добре ми е малку... не знам. Сеедно ако повеќето мислат спротивно од мене во ред е, мислам дека промената воопшто не е голема, но сепак мислев дека треба да дадам свое мислење. --Макс(разговор) 17:12, 29 јуни 2009 (UTC)

Здраво на сите. Ова беше моја идеја и ја имам на ум веќе неколку месеци. За оваа рабора разговарав со БМ, со Кирил и со Брест. Со сите тројца се сложивме дека, при врвот на страницата, во делот каде пишува „Добредојдовте на Википедија“ од обете страни на текстот има доста празен простор кој би можел да се искористи за да се додаде таму некоја информација. На ваков начин наместо да мора посетителот да ја листа надолу страницата за да дојде до информација повеќе ние десната колона ја качуваме малку погоре и со тоа го користиме празниот простор кој при врвот постои, а кој во новава, малку изменета, верзија на странциата е порационално искотистен.
Поздрав, --Wikimk (разговор) 17:34, 29 јуни 2009 (UTC)

Јас мислам дека идејата со спојувањето на воведниот дел со лентата лево е добра, но сепак мислам дека колоната десно остава впечаток дека е отфрлена и дека воведниот дел се однесува само на содржините во колоната под него. Значи, естетски нема да изгледа подобро. Исто така, лошо е и тоа што доколку десната колона се наоѓа во висина на воведниот дел, тогаш во левата колона (под воведниот дел) нема да има празен простор под секцијата на денешен ден, а мислам дека тоа не е добро, бидејќи тој простор наскоро планираме да го пополниме со секцијата вести. Во меѓувреме направив една нова верзија, кој мислам дека треба да се спроведе, кога веќе има предлог за дотерување на главната страница.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:41, 29 јуни 2009 (UTC)
Кирил, промената која е направена на страницата за која дискутираме овде е всушност качување на десната колона погоре за да се искористи празниот простор кај делот „Добредојдовте на Википедија“. За останатото БМ рече дека треба да се доработи. Инаку, ако некој работи на 15'' или 15,4'' монитор отприлика 40% сликата е зафатена со „Добредојдовте на Википедија“, со празниот простор околу тоа, како и со работите што се наоѓаат над тој дел. Тоа не е многу практично. За проверка може да ја споредиш нашата страница со англиската верзија. Поздрав, Wikimk (разговор) 18:05, 29 јуни 2009 (UTC)
Јас мислам дека на Кирил е подобра, веќе кога зборуваме за спојување иако пак според мене подобро е кога е одделно. Затоа ако веќе правиме спојувања подобро е тоа на Кирил.--Макс(разговор) 19:03, 29 јуни 2009 (UTC)
Да, тој празен простор претставува проблем, но во секој случај никако не може да го решаваме, жртвувајќи го воведниот дел на главната страница кој е најзначаен. Добро е што ја споменавте главната страница на англиската и празниот простор таму. А, фактот што и таму се јавува тој празен простор е поради тоа што не се ни обрнува внимание на изгледот на главната страница, или ако некој помислува на тоа смета дека е најзначајно најгоре да биде воведниот дел, па макар и што има доста слободен простор. Сигурно досега на никој од илјадниците корисници на англиската не му текнало за тој празен простор. Инаку, како што имам забележано тој празен простор се појавува на сите јазични изданија и има различни начини на кој се решава истиот. На српската е поставена пребарувачка лента, штоп мислам дека е непотребно, некои таму поставуваат врски до тематски портали и метакатегории, како азбучни индекси на статии. Од овие начини, според мене, најдобро би било доколку веќе сакаме да го пополниме тој празен простор истото да го сториме со додавање на метакатегории и азбучни индекси на статии. Не знам како ќе изгледа, доколку додадеме метакатегории и азбучни индекси на статии, но сепак мислам дека ова не е некоја значајна работа. Мислам дека доволно е и ова изгубено време за вакви глупости. Никој се нема пожалено за изгледот на главната страница, а нас (корисниците) тоа треба најмалце да не засега. Мој одговор на Вашите зборови, Wikimk е дека подобро да стои тој празен простор отколку да го маргинализираме значењето на воведниот дел.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:44, 29 јуни 2009 (UTC)
Очигледно дека јас сум единствениот кој работи со 15,4'' монитор. :-) Мислам дека е добро да го продолжиме меѓусебниот разговор кога ќе се видиме. Сега да ги оставиме останатите што имаат да кажат за предлогот. Поздрав, Wikimk (разговор) 21:27, 29 јуни 2009 (UTC)
Јас веќе кажав дека се сложувам дека празен простор има. Претпоставувам дека работите на лап-топ; имам видено како изгледа страницата на сите големини на монитор и ќе Ви кажам дека ништо не зависи од големината на екранот, туку од резолуцијата. Празниот простор десно од „добре дојдовте“ треба да се пополни, а не да се експериментира. --Kiril Simeonovski (разговор) 21:52, 29 јуни 2009 (UTC)

Добре дојде/Добредојде[уреди извор]

Решено. Направена е промената за користење на „добре дојде“ --Brainmachinewtf? 05:37, 13 јули 2009 (UTC)

Ок, сега за сега нема консензус за празниот простор/компактирањето. Туку, што правиме за „добредојдовте“ --> „добре дојдовте“? Оваа промена лесно може да се направи. Да ја направиме ли? --Brainmachinewtf? 14:14, 3 јули 2009 (UTC)

БМ претпоставувам дека и ти имаш некое мислење за оваа работа. Инаку, некои размислувања се наведени овде. Поздрав, Wikimk (разговор) 15:03, 3 јули 2009 (UTC)

Според Дигиталниот речник на македонскиот јазик:

Што значи единствен македонски збор е Добредојде/ добредојдовте/ добредојден/ добредојдени/ дебредојдена/ деобредојдено. Поздрав--Никола Стојаноски 15:22, 3 јули 2009 (UTC)

Ова си ги заборавил. :-) Поздрав, Wikimk (разговор) 15:32, 3 јули 2009 (UTC)
Тоа е предлог и не се користи како таков. Види веднаш под тој збор.--Никола Стојаноски 19:19, 3 јули 2009 (UTC)

Мислам дека Wikimk е во право. Пребарувачот не може да се земе како најрелевантен извор и да има улога на електронски правопис. Досега се има покажано во повеќе случаи дека правописите на Интернет отстапуваат од стандардниот правопис на македонскиот јазик. Мислам дека и честата форма „добредојде“, која според правописот е неправилна и треба да се пишува одвоено (добре дојде) не може да се сфати сериозно и да се употребува благодарение на нејзината прилагоденост во секојдневното неформално допишување и употребата во рекламните пораки. Сепак станува збор за енциклопедија, па и покрај тоа што е електронска (на Интернет почеста е употребата на вакви поими) мислам дека треба да се отфрлат сите влијанија и да се постапува согласно со правописот. По секојдневните дописи и реклами, па дури и во дневниот печат се употребуваат многу странски зборови, кои веќе се прилагодени во македонскиот јазик, што мислам дека е убиствено за македонскиот јазик. Можеби оваа споредба е преголема, но сепак добро е да размислиме дека и најмалите отстапки на некој начин имаат негативно влијание. --Kiril Simeonovski (разговор) 16:14, 3 јули 2009 (UTC)

Страната не е ирелевантна. Направена е специјално за правопис. Одвоени ми е некако неприродно за македонски јазик бидејќи ако се пишува одвоено треба да биде добро дојде зошто зборот „добре“ како посебен не е македонски збор, но во сложена фраза се модифицира поради фонолошки причини. И мислам во обичен правопис добредојде е правилен, а не неправилен.--Никола Стојаноски 19:17, 3 јули 2009 (UTC)
референци --Wikimk (разговор) 19:21, 3 јули 2009 (UTC)
Се занимавате со маргинална работа: и споено (добредојде) и одделно (добре дојде) поминуваат, иако споеното е поиздражно од гледна точка на историјата на македонскиот јазик. Википедија врие од конкретни непростливи грешки, а во тоа никако не спаѓа споената или разделената добродошлица... --Виолетова (разговор) 21:00, 3 јули 2009 (UTC)
Виолетова, велиш врие Википедија од конкретни непростливи грешки. Може неколку примери? Инаку, јас немам став за конкретново прашање, навистина ми е сеедно. Но, само ова ќе го кажам: ако менуваме, да останеме доследни и секаде да промениме (во сите предлошки и сите страници). --Brainmachinewtf? 16:53, 4 јули 2009 (UTC)

Така е Зоки. Целосно се согласувам. Оваа дискусија може да се пренасочи и да се ги опфати и т.н. „непропустливи грешки“. Ова сигурно нема да биде губење време, бидејќи корисникот Виолетова ги спомена. Но, ќе ја замолам да ги наведе за да знаеме за што станува збор. Мене лично воопшто не ми се допаѓа кога некој обвинува без аргументи.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:15, 6 јули 2009 (UTC)

Кирил, не зборував за „непропустливи“ туку за „непростливи“ грешки ;) (кои не се простуваат од лекторска гледна точка). Доволно е да шкрапнам неколкупати на „Случајна страница“, па ќе излезат статии полни со грешки од лекторска гледна точка... но тоа е муабет за друго место, не овде каде што се разгледува изгледот на „Главната страница“. Поздрав
п.с. и мене не ми се допаѓа обвинување без аргументи. Поарно е да отвориме страница на која ќе ги ставам статиите кои имаат потреба од лекторирање, отколку овде да ви редам примери... или да се смисли шаблон - `за лекторирање`? па лесно ќе се наоѓаат --Виолетова (разговор) 13:14, 6 јули 2009 (UTC)

Мене ми е сеедно (непростливи или непропустливи). Важмно е што не знам за што станува збор, бидејќи не ми е наведено. Барам само да се наведат примери, што го побара и Brainmachine. И повтоно истото. Нема никој да Ве навреди ако ја отворите страницата и ги наведете грешките, кои најчесто се прават. Ова особено го велам, поради тоа што веќе сте корисник кој има доволно голем авторитет да го направи тоа. --Kiril Simeonovski (разговор) 14:36, 6 јули 2009 (UTC)

P.S.На Википедија на македонски јазик постои Рецензија. Направивме дури и предлошки и категорија за таа намена. Не е проблем да се направи и стави шаблон, работата е некој да ја прегледа статијата и да ги поправи грешките, а уште подобро е кога ќе направиме водич, кој ќе овозможи да не се прават дел од најчестоправените грешки.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:40, 6 јули 2009 (UTC)

Анкета[уреди извор]

Луѓе, да не ја заборавиме оваа тема, туку да ја разрешиме. Предлагам една мала анкета да видиме како стоиме со ставовите. Ве молам за учество.

Прашање
Дали да се промени изразот на главната страница и на сите последователни страници и предлошки од „добредојде/добредојдовте“ (слеаната моментална верзија која е попопуларна) во „добре дојде/ добре дојдовте“ (помалку употребуваната верзија, но правилната верзија според правописот)?
За промена[уреди извор]
  1. За --Никола Стојаноски 14:06, 10 јули 2009 (UTC)Коментар  Во правопис стојат двете верзии, но со мали консултации дознав дека добре дојде е поздравот, а слеаното има друго значење.
  2. За --Макс(разговор) 14:09, 10 јули 2009 (UTC)
  3. За --Wikimk (разговор) 15:13, 10 јули 2009 (UTC) Коментар  Не очекував дека ќе треба да гласаме.
    Ова е анкета, a не гласање. Иако форматот е ист, постои суштинска разлика меѓу двете. Јас се противам на гласањето. --Brainmachinewtf? 16:35, 10 јули 2009 (UTC)
    Коментар  Јас мислев на нешто друго. Со гласањето тоа што е норма во јазикот ни го ставаме на гласање и со тоа, иако сме нестручни, се ставаме над Нормата (во овој случај Правописот). Затоа, право да ти кажам, ме изненади што велиш дека ти е сеедно. Со размислувањата не стигнав до демократијата. Изборите за администратори се одвиваат на ваков начин (со гласање), ама тоа е многу помалку важна работа од Правописот.
    Едно е да не знаеме како е правилото, а друго е да го суспендираме со гласање. Сите ние кои се потпишавме овде треба да размислиме за следново. Што се постигнува ако гласаме против, а што ако гласаме сеедно. Против може да значи дека човек не знае или не сака да научи, ама сеедно значи не ми е воопшто грижа за мајчиниот ми јазик.
    Треба да се размисли за ова пред да се донесе одлука за оваа работа врз основа на гласање.
    Поздрав, --Wikimk (разговор) 17:15, 10 јули 2009 (UTC)
    Делумно си во право. Точно е дека не треба да ни биде сеедно за мајчиниот јазик. Јас можам да кажам за себе дека се грижам повеќе за правописот и граматиката отколку повеќето мои врсници, пријатели, па и членови на семејството. Се наежувам кога ќе видам некој функционер на телевизија како употребува „така да“, се наежувам секојпат кога ќе видам слеано „сè уште“, кога новинарите не ги погодуваат акцентските целости, кога ќе се употреби „превзема“, „зазема“ и слично. Си го почитувам јазикот и правам сè што можам да го зачувам. Сепак, прифаќам дека јазикот е жива материја. Прифаќам дека правописните правила не се врежани во камен и дека понекогаш природно настануваат промени кои се во духот на нашиот јазик — слеаното или разделеното пишување на овој поздрав не претставува, на пример, навлегување на туѓи зборови кои ги истиснуваат нашите (што е поопасно). Почитувањето на правописните правила, а и фактот дека тие правила природно се изменуваат, доведува до мојата неодлучност. Ако се направи промената — тогаш ги почитуваме наложените правила, Нормата, како што велиш ти. Ако остане вака како што е, тогаш го прифаќаме сè почестиот начин на употреба кој станува исклучок на правилото (а, нашиот јазик е полн со такви исклучоци). Доволно е едно пребарување на Google со „добредојде“ и „добре дојде“ за да се види дека првиот начин на запис е многу почест. Дури и на нашите гранични премини пишува „Добредојдовте во Република Македонија“. Било како да постапиме — јас ќе бидам задоволен. Затоа, конкретно за ова прашање, ми е сеедно. Се надевам дека ќе ме разбереш.
    Исто така, не верувам дека ме разбра кога јасно истакнав дека ова не е гласање, туку анкета. Јас сум за што е помалку гласања на Википедија, а што поголема употреба на дискусија и консензус. Бидејќи дискусијата не се развива продуктивно, одлучив да спроведам анкета — едноставен тест, чувствување на пулс — што мисли заедницата за ова прашање со најмалку зборови, за да видиме дали има или нема консензус. Доколку беше ова гласање, кога ќе се изредеа корисниците со своите --~~~~, без никаква дискусија ќе го спроведевме она за што се определило мнозинството. Но, мнозинството не е секогаш во право, без дискусија нема да делуваме за спорни прашања, a Википедија не е демократија. Поздрав, Brainmachinewtf? 20:23, 10 јули 2009 (UTC)
  4. За  Се одлучив за промена. Всушност, веднаш и ќе ја применам на главната страница. По кратко размислување заклучив дека ние не можеме да утврдуваме што е правилно, а што не, само според моменталната ситуација. Мора да ги почитуваме правилата кои ни се дадени, во овој случај — правописот. Ако правилата треба да бидат прилагодени (јазикот е жива материја), постојат луѓе кои се задолжени за тоа (Институтот за македонски јазик?), но секако тоа не сме ние. --Brainmachinewtf? 00:46, 11 јули 2009 (UTC)
  5. За --Kiril Simeonovski (разговор) 12:02, 13 јули 2009 (UTC)
  6. За -- Бојан имаш за кажување? 14:41, 13 јули 2009 (UTC)
За status quo[уреди извор]
  1. /

Нè нема на en Wiki![уреди извор]

Дали сте приметиле дека, од за мене непознати причини, нас нè снема од интервикијата на главната страница на англиската Википедија!? Дали некој воопшто знае зошто?? --Б. Јанкулоски (разговор) 21:53, 7 јули 2009 (UTC)

Причините се јасни - во мк вики има само околу 33.000 статии. --Стан (разговор) 22:19, 7 јули 2009 (UTC)

Администарторот David Levy ја поместил границата на 40.000 статии со задоволителен број на квалитетни статии, односно помал број на никулци и статии за географски поими со кратка содржина. Досега, неколку корисници од Википедија на хинду, велшки и грузиски се побунија, но без ефект. Сепак, мислам дека за кратко време може да ја надминеме бројата од 40.000 статии и повторно да не има во листата. А, и доколку некој сака да не најде, може тоа да го направи во листата во продолжение.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:22, 7 јули 2009 (UTC)
Нека не нема, видов дека некој сака мајтап да си игра со јазиците, но сепак бргу ќе се приближиме до поголема бројка.--Никола Стојаноски 22:26, 7 јули 2009 (UTC)
Ако убаво го разбрав Кирил поголем број на никулци нема да го реши проблемот. :-( Wikimk (разговор) 22:37, 7 јули 2009 (UTC)
Причината границата да се помести на 40.000 е проблемот, коj го има и овде. Премногу празни статии. Мислам дека требе да се оправат прво празните статии, па после да се мисли на зголемуване на бројот. Инаку може границата да се подигне до 50.000 и пак требе да се прават илјади празни статии за да се надмини бројата. "substantial number of stubs and placeholders (such as nearly empty year articles) requiring expansion" - (Категорија:Години - десетици-илјади празни статии) --Стан (разговор) 22:33, 7 јули 2009 (UTC)
Здраво. Немав абер за оваа работа. Јас веќе подолго време размислувам како може со бот да се направат не само никулци, туку и посодржајни статии за фактографски податоци (од јавно достапни бази на податоци). Ама уште Брест да ни одржи курс за таа работа и да се обидеме да ангажираме уште уредувачи тука. Wikimk (разговор) 22:37, 7 јули 2009 (UTC)
Да, тоа со празните статии како што се годините е проблем. Очекувавме побрзо да оди пополнувањето и да има ангажираност, но очигледно е дека нема. Не велам дека статиите не се потребни. Кога и да е, тие ќе требаше да ги средиме. Мислам дека и добро направивме што при 24.000 и порано ги средивме, поради тоа што во иднина, со зголемувањето на бројот на корисници, да се зголеми и интересот за пополнување на ваквите статии. Во последно време, Bogorm работеше на пополнување на доста голем број од овие статии, но сепак еден корисник не може многу да направи. Најдобро би било, да се пополнуваат ваквите статии, паралелно со уредувањето на други. --Kiril Simeonovski (разговор) 22:42, 7 јули 2009 (UTC)
Да, ова е решение на проблемот. Инаку само нови никулци ке го направи поголем проблемот. --Стан (разговор) 22:51, 7 јули 2009 (UTC)
А и што ако не нема на ЕН Вики? Голема работа. Над милион и повеќе статии на англиската се никулци па никому ништо. Се се пополнува со време, некој мора да ги отвори. --Никола Стојаноски 22:53, 7 јули 2009 (UTC)

Во разговор со корисникот David Levy на разговорната страница на шаблонот (овде), тој ми одговори дека само 760.000 статии не се никулци или кратки статии за географски места.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:10, 7 јули 2009 (UTC)

Важно е што има врска до Википедија на македонски во најдолниот дел од главната страница. Бојан имаш за кажување? 23:12, 7 јули 2009 (UTC)
    • Хммм, листата на дното е од мало значење. Секој гледа лево, каде стојат википедии од некакво значење. Да бевме малцински јазик, веројатно ќе бевме среќни да бидеме долу. Но, како државен јазик на една европска земја, како можеме рамнодушно ако седиме рамо до рамо со јазици како велшки, кој е патем полуфосил? Не велам дека треба да ги тераме насила да ги сменат критериумите, туку дека треба ние да стремиме кон правото да бидеме каде што заслужуваме. --Б. Јанкулоски (разговор) 00:36, 8 јули 2009 (UTC)
Случајно налетав на ова. Забележав дека нешто се коментирало и за Википедија на македонски (видете овде).--Kiril Simeonovski (разговор) 01:26, 10 јули 2009 (UTC)
Браво, Стан. Немам зборови. *палец горе* --Brainmachinewtf? 02:17, 10 јули 2009 (UTC)

Немојте да му се лутите на човекот. Човекот има проблем со сопствениот идентитет и тоа се провлекува во најголемиот дел од неговите дискусии и уредувања. Но, забележувам дека во последно време се поправа и започнува да уредува и статии од други области освен од она за што е стручен (историја). Се надевам дека ќе се поправи во иднина. Ова што го наширал било импулсно, но за жал не и конструктивно. Ама важно дека човекот се бори со своите несовршености. Погледнете погоре! Во оваа дискусија (овде) се обидува да даде конструктивен придонес, ама таму му се „испуштило“. Ќе биде тој и подобар во иднина. Сигурен сум. --Wikimk (разговор) 07:36, 10 јули 2009 (UTC)
За проблемот stubs & placeholders зборувам од многу време. Може да го видите и во други дискусии овде. Ова е голем проблем за секоја википедија. Погрешно е мисленето дека една википедија е добра и врви напред, ако има многу статии. Квалитетот на статиите е поважен. Како видовте администраторот од англиската википедиja е согласен со мене. Јас на пример не сум започнувал да правам илјади празни статии за градовите и селата во Бугарија овде, затоа зашто нема смисла и селата од Пиринско се уште со илјади празни статии. Од друга страна ретко права нови статии ([1]), односно работам основно по подобруването на постарите. Истото го поддржувам и во бугарската википедија [2] - ако нема информация никогаш не правам никулец, туку неколку денови собиразм извори и подоцна ја пишам статијата. Никулци правам само, ако нема многу извори, а статијата е важна (како bg:Абдулах паша за bg:Балканска война). Во моментот имам десетици статии на компјутерот кои сум ги почнал, но не се довршени затоа зашто немам доволно извори. Ова, што сакам да го кажам е дека секогаш сум поддржувал ставот дека квалитетот е поважен од квантитетот и силно верувам во ова. Ова што напишах на господинот Леви може само да биде од полза на македонската википедиja и во ова верувам 100%. --Стан (разговор) 08:23, 10 јули 2009 (UTC)
Стан, јасно ми е дека имаме сериозен проблем со никулците/држачите на наслов. Ова е доста добра тема за дискусија, впрочем, и за насоката по која се движи Википедија, нешто за што и одамна имам зборувано (но, да бидам искрен, и нешто за што многу малку имам направено). Претпоставувам дека имаш добри намери; тоа е википедијанскиот дух. Сепак, сфати дека најголемиот проблем ни е недостигот на уредувачи. Недостигот од читатели. Недостигот од популарност. Таа мизерна врска до нас на en wiki, најпопуларното јазично издание на Викимедија, ни вредеше во злато, затоа што читателите (кои се потенцијални уредувачи) откако ќе дојдат до таа популарна главна страница ќе забележаа дека има и нешто слично — на македонски! Според мене, поместувањето на границата за интервики врска и поплакувањето кај Дејвид Леви нема да биде од корист, туку ќе биде, напротив — контрапродуктивно. Ни требаат читатели, ни требаат уредувачи, ни треба таа врска. Дур‘ тогаш ќе се реши проблемот со никулците/држачите на место. --Brainmachinewtf? 13:50, 10 јули 2009 (UTC)
И откако направи далавера со Курбангули Бердимухамедов, Стан даде и коментар овде. Бојан имаш за кажување? 08:32, 10 јули 2009 (UTC)
Секоја чест Стан. Ги тргнале сите Википедии под 40.000 од долниот шаблон на ЕН Вики. Браво, гледаме колку добро мислиш за МК Вики.--Никола Стојаноски 12:55, 14 јули 2009 (UTC)

Референци или наводи[уреди извор]

Забележав дека корисникот Бјанкуловски ја преименувал секцијата референци во наводи во статијата Сон на летната ноќ. Сакав да прашам како е правилно сега, немам ништо против наводи, но знам дека сите пишуваат референци. Јас лично сум против референци бидејќи нема македонско потекло, а верувам и дека не е во македонскиот стандарден јазик. Исто така имам забележано дека некои корисници таа секција ја именуваат како извори или како белешки. Лично имам сретнато статии во кои има секција референци, под неа извори, и под извори белешки. Што значи дека не се прифаќаат белешки и извори, но што е со наводи. Јас лично досега го немам слушнато овој збор, но ми се допаѓа. И ако навистина имало расправа околу ова и се донело одлука да тој збор биде наместо досегашниот референци тогаш во ред, одлично, но само сакам да знам за сигурност. А ако не е почната ваква дискусија тогаш предложувам сега да биде започната.--Макс(разговор) 14:06, 10 јули 2009 (UTC)

Здраво Макс,
Најчесто таа секција (или поглавје) на македонски се нарекува Литература, поретко се нарекува Референци. Може, ама не често се применува, терминот Користена литература. Инаку, јас немам никаде видено да се означува како Наводи.
Поздрав, --Wikimk (разговор) 15:10, 10 јули 2009 (UTC)
Постои разлика меѓу користена литература и референци. Ако земеме да анализираме некој труд, може да забележиме дека референци има на секоја страница, во најдолниот дел, а користената литература ги содржи сите други трудови кои се користени за да се напише трудот и најчесто, овој дел е на последната страница од трудот. Сепак, суштинската разлика е во ота што, референца претставува извор на информација, односно од каде доаѓа конкретен податок кој се наведува во книгата. Со референци се потврдуваат само некои зборови или реченици, кои наведуваат на некој податок, за кој се бара извор (на пр. квантитативни податоци, набројување на членови, фактори, цели и сл., цитати и др.), при што секогаш во референцата детално се разработува изворот, односно ако е книга се пишува и страницата. За разлика од референците, користената литература се наведува без оглед на тоа дали се потврдуваат податоци или се цитираат извори. Можнио се и ситуации, во кои може да нема референци, но мора да има користена литература. Ова се ретки случаи, но ова го потврдува значењето на користената литература. Погрешно е да се размислува дека користената литература претставува збир од референците. Ова го потврдува и фактот дека може да нема референци, но користена литература мора да има, бидејќи читателот би си помислил дека авторот ја измислил содржината. Значи, користената литература е поопшт поим од референците и истите се наведуваат во редослед, за разлика од референците кои ги има на секоја страница. Разликата на Википедија е тоа што, ова не е книга и нема нумерирано страници, па затоа смешно би било да се запишува референцата веднаш до бројката која ја посочува. Затоа, можеби делува збунувачки тоа што референците се наведени на крајот од статијата. Ова, најлесно е да се сфати, доколку си замислите дека една статија е исто што и една страница од книга.
Инаку, постои и уште еден многу важен поим, а тоа се белешките. Овој поим се однесува на објаснувањето на некои нејасни зборови, кои се употребуваат во научниот стил на пишување или во објаснувањето на некој збор или реченица со дополнителни податоци. Објаснувањето содржи запис на зборот во оригинал, објаснување на неговото значење и наведување на извор каде тоа е запишано, во облик на референца. Во научната литература, овој поим многу често се меша со поимот референца. На Википедија, само во неколку статии имам забележано белешки, и тоа не на статија на македонски јазик, а најчесто и овде овој поим се меша со референци, што не е од големо значење, како што е разликата меѓу референци и користена литература.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:05, 10 јули 2009 (UTC)
Ова што го наведе Крили е целосно точно. И го знаев и претходно. Пример, оваа статија како и останатите статии поврзани со неа ги обработувам во главно јас и тоа го правам со превод од англиската википедија, но бидејќи кај нас имињата на некои предмети, локации, ликови и слично се познати по повеќе имиња поради превод од различни книгоиздавателства морав да ги искористам белешките. И да користена литература е нешто сосем поразлично од референците. Значи да продолжиме со дискусијава, што останатите мислат околу главната дилема наводи, референци или нешто друго?--Макс(разговор) 16:23, 10 јули 2009 (UTC)

За специфичноста на „белешки“ (notes) гледам дека ви е јасно. Исто и за разликата меѓу референци (наводи) и користена литература. Мислам дека прашањето на Макс беше: кој израз е поправилен меѓу „референци“ и „наводи“, така ли? Ако е тоа прашањето, мислам дека не е грешка да се стави било кој од двата. Сепак, „наводи“ е повеќе во духот на нашиот јазик и кон тој израз треба да бидеме понаклонети. Ако сакате, можеме со бот да ги сменениме сите статии кои содржат секција „референци“ во секција „наводи“. Што ќе кажете за тоа? --Brainmachinewtf? 16:43, 10 јули 2009 (UTC)

Јас се целосно се согласувам. Зборот ‘наводи’ ми се допаѓа како звучи и како што Зоки вели е во духот на нашиот јазик, што укажува дека би било подобро секцијата референци од сега да биде наоди и бот да ги преименува секциите. Само да се внимава да бидат преименувани само секциите, бидејќи многупати зборот референца е споменуван во контекст на некоја статија.--Макс(разговор) 16:56, 10 јули 2009 (UTC)
Ботот ќе пребарува за стрингот ==Поврзано==, а не само за зборот „референци“. Со тоа е решен тој проблем. Секако, доколку се одлучиме тоа да го спроведеме. --Brainmachinewtf? 17:00, 10 јули 2009 (UTC)

Здраво на сите. Помислете сите само колку никулци ќе излезеа од текстот напишан во овој разговор!
Ова, да ве потсетам сите, , бадијала потрошено време за работи за кои веќе сме се договориле еве видете овде: ВП:ЦИТ. Повторно измислуваме работи за кои веќе сме се договориле како ќе се викаат. Ама изгледа толку си ги почитуваме правилата кои ги имаме воспоставено. Пред да донесуваме заклучоци врз основа на работи од типот мене така ми се чини, ве советувам сите да отидете во најблиската библиотека и да прашате како се викаат тие работи. Пред тоа да го сторите може да отидете [овде] - станува збор за Кооперативен онлајн библиографски систем и сервиси во кој се наоѓаат сите библиографски единици во сите библиотеки во Македонија и видете како таму се означуваат овие работи. Во библиотеките низ МК има луѓе кои маааааааалку повеќе се разбираат од нас во овие работи. Според тоа ајде да се обидеме да поднаучиме нешто од нив. Википедија не е ниту сигурен извор на информации, ниту сѐ на светот започнува со Википедија. Ниту, пак, ние сме доволно моќни како Википедина на МК јазик да поставуваме некакви нови норми на ова поле.
За крај само ќе кажам уште еднаш помислете колку статии ќе излезеа од сиот овој напишан текст за работи за кои веќе сме се договориле како ќе се викаат.
Поздрав, --Wikimk (разговор) 17:48, 10 јули 2009 (UTC)

Не знам што ти е поената. Ако не сакаше да одговориш на разговоров никој не те присилуваше. Отсега па понатаму, бидејќи ти така велиш нема за ништо да разговараме сите само ќе отвораме статии и ништо нема потреба од разговори. Нашата цел ако си заборавил драг администратре е да ги стандарнизираме поимите. Јас не прашав како да го преведувам зборот референци туку како да се вика една важна секција од секоја статија, поим кој треба да се стандарнизира, а моментално постојат милион варијанти на зборот. Така што пак ќе повторам никој не те тераше да се приклучиш на разговоров. И јас и Зоки кратко и јасно ги дадовме своите мислења и Кирил исто, разликата е во тоа што Кирил се обиде ‘тебе’ да ти образложи зошто не би ги преименувале така секциите. Немам никаква намера да водам расправа со тебе. Навистина се нервирам кога дискутираме како цивилизирани луѓе а ТИ трошиш толку текст да ни објасниш дека џабе трошиме време. Место да губиш време да објасниш зошто НИЕ губиме време ти можеше да отвориш никулци. (во главно тоа се твои цитати). --Макс(разговор) 18:08, 10 јули 2009 (UTC)
Во право си Макс. Подобро еднаш да се изгуби доволно време за ова и да се договриме како луѓе, отколку постојано да се расправаме за ова.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:11, 10 јули 2009 (UTC)

Прифаќам дека сум во криво, ама вие сепак не ги погледнавте линковите кои би ги посочив. --Wikimk (разговор) 18:44, 10 јули 2009 (UTC)

Ги погледнав јас! И не сум знаел дека воопшто постојат вакви страни на интернет. Ќе ми помогнат во понатамошната работа. Но да се вратам на темата, кој е за Зоки да стави некој бот да ги преименува секциите референци во наводи. Ако може сите да го дадат своето мислење. Или пак да отвориме гласање и побрзо да завршиме со ова. --Макс(разговор) 11:37, 11 јули 2009 (UTC)
Здраво. Мило ми е што си ги погледнал. Јас, инаку, втор или трет пат пишувам за оваа работа... :-( Пред да се предлагаат вакви измени секогаш треба да гледаме какви се постојните норми и да се придржуваме кон нив ако ги има. Како што и погоре реков не може да менувам работи јас само затоа што мене така ми се чини дека така е подобро. Тоа важи и за мене и за тебе и за БM и за Кирил и за сите други. Тоа што мене не ми се допадна е што ние веќе сме се договориле за таа работа. Поздрав, --Wikimk (разговор) 12:43, 11 јули 2009 (UTC)
Не разбирам каде ви отиде дискусијата, луѓе?! И порелаксирано разговарајте, ве молам. Јас мислам дека ВП:ЦИТ не објаснува некои работи и дека сè уште не можеме цврсто да се потпреме на ова напатствие. Ќе додадам уште два дела во него: дел кој објаснува како да се презентираат изворите и дел кој објаснува во кои случаи е потребен извор (за сега во ВП:ЦИТ имаме секција која објаснува само како да се форматираат цитатите, што сметам дека е недоволно). Откако ќе го додадам, ќе го прочитаме сите заедно и ќе разгледаме ако има нешто што е нејасно или спорно. --Brainmachinewtf? 13:27, 11 јули 2009 (UTC)
Оваа тема е многу важна, бидејќи врз основа на овие неколку подточки се одржува релеввантноста на содржината на Википедија. Мислам дека е и потребно да се поразговара добро за оваа работа. Зоки, нема ништо да поправаш на статијата, евентуално може на некоја од твоите подкориснички страници, сè додека не се договриме како треба да изгледа статијата, што ќе биде содржината во неа и најважното како ќе се дистрибуира статијата. Самиот факт, што никој не знаеше дека ваква статија постои е и интересот за сите статии во именскиот ппростор Википедија. Залудно е ако имаме статии, па макар и да бидат одлични и доволно информативни, а ако никој не ги чита.--Каiril Simeonovski (разговор) 14:59, 11 јули 2009 (UTC)
Како што гчедам, сте го заборавиле овој проблем не решен, и сте ги оставиле корисниците да прават како сакаат. Макс на секоја нова статија користи „наводи“, а повеќето други корисници сè уште се придржуваат на старото „референци“. Предлагам некој од овие ботовите да се намести да ги променува наводите во референци, или ако се одлучите обратно, референците во наводи. А сега кој е за наводи да се претворат во референци, а кој обратно, ќе се реши со анкета. -- dav(разговор) 05:01, 12 август 2009 (UTC)

Сакам да ја стандардизирам документацијата која се користи на сите страници кои се трансклудираат/заменуваат (во 99% станува збор за страница од именскиот простор Предлошка:). Притоа, главниот шаблон за документација да е {{Документација}} за сите именски простори/употреби, а да се исклучи употребата на {{Документација, шаблон}} кој е специфичен само за предлошки. Овде сакав да прашам — има ли некој нешто против ова? --Brainmachinewtf? 00:49, 23 јули 2009 (UTC)

{{Разговорна страница}} и сродни предлошки[уреди извор]

Ќе ве замолам сите да ставате шаблон {{Разговорна страница}} на секоја разговорна страница каде го нема, на сите без исклучок. Исто така, ќе ве замолам доколку постои да додавате и сродни предлошки како на пример: на статиите поврзани со Македонија на страната за разговор да се додаде шаблонот {{ВикиПроект Македонија}}. Покрај шаблонот за ВикиПроект Македонија има и {{Портал литература}}, {{ВикиПроект Јазици}} и {{Избрана разговор}}. Сега за сега мислам се само овие, во иднина ќе направам и други предлошки поврзани со сите општествено-научни области така што ќе имаме предлошки за страната за разговор за сите области. Поздрав--Никола Стојаноски 12:05, 24 јули 2009 (UTC)

Јас направив измени различно да се прикажува шаблонот кога ќе е на разговорна страница за статија и кога ќе е за било која разговорна страница. Ова значи дека шаблонот ќе ни биде универзален за сите разговорни страници и е доста корисен оти потсетува на најважните работи (четири тилди, нови пораки најдолу, поважните принципи/напатствија). За статии за кои нема почнато дискусија предлагам да не го ставаме/да не ја создаваме страницата, а за сите проектни страници, страници за помош, високо-посетени страници и слично, се согласувам: лепете го каде што ќе стасате. --Brainmachinewtf? 13:07, 24 јули 2009 (UTC)

Преведување на статии за Македонија на англиски јазик[уреди извор]

На англиската Википедија моментов се создава проект за идентификација на теми каде што има повеќе информации на други википедии и соработка за преведувањето на тие статии. За многу теми во врска со Македонија нема доволно информации во англиски. За повеќе информации погледнете кај en:Wikipedia:WikiProject Intertranswiki и en:Wikipedia:WikiProject Intertranswiki/Macedonian. Балканец What man, what? 08:51, 3 август 2009 (UTC)

НОВО! Тестирање на бета верзија на интерфејсот![уреди извор]

Здраво! Како што можеби забележавте, постои бета верзија на корисничкиот интерфејс за тестирање која можете да ја вклучите со кликање на врската „Try Beta“ во најгорниот дел од страницата, веднаш пред вашето корисничко име. Бета верзијата дава преглед на нова маска (со наслов „vector“ наместо стандардната monobook) и некои промени од кои најзабележителен е новиот интерактивен алатник, ориентиран за нови корисници. Бета верзијата е дел од проектот Wikipedia Usability Initiative кој е спонзиран (преку донација од 890.000 долари) од американската Стентон Фондација (повеќе инфо). Ви препорачувам да го испробате интерфејсот и да доставите коментар по користењето (преку врската „Beta feedback“) за да им помогнеме на развивачите да прават подобрувања и да поправаат грешки — секое мислење е драгоцено. Поздрав, --Brainmachinewtf? 11:10, 7 август 2009 (UTC)

Вчера ја испробав. Добра е, има некои предности (посебно во форматирањето), само не сум навикнат и нема да ја користам сега за сега. Само кажи ми дали ти ја преведе, бидејќи на Википедија на српски не е преведена. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:11, 7 август 2009 (UTC)
Забележувам дека доста бавно се полни страницата за уредување со новиот алатник. Ова е недостаток, особено при масовни уредувања (кога мора многу страници да отвориш). Инаку, не сум превел ништо посебно за ова тестирање, туку преведувано е на translatewiki.net. Таму голем дел од поимите за МедијаВики ги имаме локализирано и најверојатно од таму и ги користат во бета интерфејсот. --Brainmachinewtf? 11:47, 7 август 2009 (UTC)
Да, очигледно е. Нема најсоодветен превод. Ова, можеби има повеќе предност, а изгледот е подопадлив, но сепак сум против сега за сега.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:48, 7 август 2009 (UTC)
Да утрово, ја пробав, и не е лоша, но точно забележив и јас дека алатникот побавно се појавува, но поинтересни се сликичките! Хаха! Не е лошо, но нека поработат уште малку, по тогаш можеби би го користел.

Превод на Бета[уреди извор]

Штотуку ја преведов Бета во целост, од А до Ш, со сите можни пораки и појаснувања (вклучувајќи го и ова "Try Beta" и она што излегува кога ќе се стисне) и поставив барање за commit. Преводот го направив доста макотрпно и следејќи ги сите можни стандардни терминологии присутни на оваа верзија (се разбира има и некои нови). Бета сама по себе нема избор на јазици, туку автоматски продолжува со јазичната верзија од која е повикана (т.е. ќе се отвора од тука и ќе биде на македонски). Се надевам дека преводот ќе го овозможат што поскоро.

(Што се однесува до терминологијата, да ја користат од таму, но интерфејсот на самата Бета, т.е. новите работи, морав да го средам јас. Се разбира, несомнено е дека ќе мора да се повикува на постоечката база на термини.)

Епа ајде, со среќа да се служиме и чекам мислења од вас! :) --Б. Јанкулоски (разговор) 03:48, 12 август 2009 (UTC)

Ќе добиеш мислења кога ќе го видиме преводот, колку што јас гледам тој не е инсталиран сè уште. А од ова што го прочитав, супер би било ако си го преведол цело тоа. Добра работа. -- dav(разговор) 04:53, 12 август 2009 (UTC)
Добредојде во клубот на преведувачи на интерфејсот на mediawiki софтерот и неговите проширувања. Гледам навистина импозантен напор од твоја страна да се преведе од А до Ш, но сепак според статистиките на translatewiki.net не сме стигнати сè уште до Ш (за детали ви http://translatewiki.net/w/i.php?title=Special%3ALanguageStats&code=mk). Но без разлика на тоа, овој процес на преведување е итеративен бесконечен процес и би сакал да го задржиш своето внимание и во иднина. На кратко погледнав некои преводи и ми падна во очи преводот на поимот tag, го преведуваш како ознака, јас го имам преведувано како приврзок, според моите досегашни програмерски искуства таг го преведуваме како приврзок.--brest (разговор) 08:31, 12 август 2009 (UTC)
  • Кога го напишав ова погоре, не приметив дека случајно сум испуштил 3 пораки :) Сега целиот Usability Initiative е преведен. По сè изгледа дека не сме се разбрале. Кога реков „Бета“ мислев на оваа погоре која се пробува - т.е. она што се дискутира во претходниот пасус тука, имено новиот изглед. Секако дека не мислам на сè можно на Translate Wiki :) Погледај ја врската што ја наведе сега и ќе видиш дека сè што се однесува на Инцијативата е зелено и на 100%. А што се однесува до „приврзок“, тоа е многу погрешно бидејќи тој збор е далеку посоодветен за поим како extension или сл., наместо за нешто вакво. Во овој случај, дури и самиот англиски го користи зборот tag едноставно општо како „ознака“, а не како нешто приврзано. Нажалост „приврзок“ ми стои прилично погрешен бидејќи воопшто не ја доловува функцијата на ваквиот код. --Б. Јанкулоски (разговор) 10:23, 12 август 2009 (UTC)

здраво[уреди извор]

многу сте добри

Да -- dav(разговор) 19:09, 12 август 2009 (UTC)

ми треба помош .....[уреди извор]

Ве молам кој може да ми помогне, треба да направам семинарска за примена на композитни материјали во автомобилската индустрија...ама колку што барам вака по нет., за тоа тешко се наоѓа. Ако некој има било што би го замолил да ми помогне. фрфи

Немаме тоа на Википедија, извинете.--Никола Стоіаноски 22:31, 18 август 2009 (UTC)
Си закаснил. Бојан му одговори веќе :) --Р ашо 22:46, 18 август 2009 (UTC)