Википедија:Селска чешма/Архива 17

Од Википедија — слободната енциклопедија
Архива Оваа страница е архива. Не ја менувајте содржината на оваа страница. Упатете ги вашите коментари на сегашната разговорна страница.
Архива 17


Лузери[уреди извор]

донации за Википедија[уреди извор]

Здраво - донирав 5 долари на Википедија, еднаш ми рече дека има грешка пробав уште еднаш и уште еднаш ми рече дека има грешка. Си ја проверив потоа сметката, гледам дека 10 долари се наплатени. Ве молам проверете го кодот на страницата. Поздрав. --LazialeStojakovo

kako e dojdeno do imeto na seloto Glodji tetovsko[уреди извор]

Почитувани, Вие се обраќаме со молба да ни кажете информации, ако постои во Вашата евиденција. Како е дојдено името на селото Глоѓи? Нешто повеќе за неговата историја. Колку цркви имало во минатото,кои биле нивните имиња,легенди,митови. Миграцијата на населението и други информации кои би ни претставувало задоволство да ги осознаеме. Сашо Матовски Претседателот на НВО Бела Виста-Институт за Одржлив Регионален Рурален Развој и Претседател на Црковниот Одбор при Храм Св АТАНАСИЈ

Се што имаме за селото ќе најдете тука. Поздрав--Р ашо 19:30, 29 ноември 2010 (CET)[одговори]

Editor Appeals Need Translations[уреди извор]

Hi everyone! Sorry for the English, anyone who is able to translate is welcome (and encouraged). Translations are very important to the 2010 fundraiser and those of you who have contributed have done great work. We still have a long way to go though and will continue to need your indispensable skills. Currently, the appeals from Wikipedia editors Kartika, Liliaroja, Abbas and Joan Gomà need to be translated and localized. Also some core messages need to be updated for certain languages. You can find all translation requests at the translation hub on meta and you can follow the progress of the fundraiser in real time by tracking the fundraiser statistics. Also for those of you who haven't already, you can subscribe to the translators-l mailing list for all new requests and major changes. Many thanks for your help in truly making this a global fundraiser that you can edit. schapman

Категорија:Македонија[уреди извор]

Здраво на сите. Како што можете да видите, почнав со средување на категоријата Македонија и Република Македонија. Бидејќи одлучивме државата да се вика само Македонија (кога ја преименувавме статијата), така и категоријата за државата треба да е само Македонија. За да се среди целосно, треба да се почне со одделување на некои (мислам малку се) статии поврзани со регионот Македонија. Мој предлог е Категорија:Македонија да е за државата, Категорија:Република Македонија да пренасочува кон Категорија:Македонија, а за регионот да отвориме нова категорија под името Категорија:Македонија (регион). Намерно предлагам Регион Македонија, наместо Македонија (регион) за полесно пишување. Молам за одговори за да се среди конечно и оваа категорија. Поз--Никола Стоіаноски 20:31, 23 декември 2010 (CET)[одговори]

ПС: Ако има некоја категорија за географија на регинот, тогаш згодно би било да биде именувана како Категорија:Георграфија на регионот Македонија, наместо Категорија:Географија на Македонија (регион).--Никола Стоіаноски 21:16, 23 декември 2010 (CET)[одговори]

Среќна нова година[уреди извор]

Среќна нова 2011 и срдечни честитки до сите корисници и читатели на Википедија на македонски јазик.--Kiril Simeonovski (разговор) 05:04, 1 јануари 2011 (CET)[одговори]

Среќна и од мене, нека оваа година ни донесе поголем успех нашата Википедија.--Тиверополник (разговор) 11:24, 1 јануари 2011 (CET)[одговори]
Happy New Year!!!--Никола Стоіаноски 13:35, 1 јануари 2011 (CET)[одговори]

Прослава на 10 годишнината на Википедија![уреди извор]

На 15 јануари 2011 година, Википедија ќе наполни 10 години.

За неколку дена, слободната енциклопедија која секој може да ја уредува ќе прославува десетгодишнина. Ќе се организираат настани и мрежни активности за да се одбележи овој ден.

Централниот настан ќе се одржи во Старата скопска чаршија, културно средиште и мозаик на различни архитектури. Мултиетничката локација претставува симбол на разновидноста на Википедија. Неколку организации (НВО, компании) пројавија интерес за поддршка на настанот. Нашиот план е да вклучиме што е можно повеќе. На организираните настани очекуваме да присуствуваат повеќе од 50 заинтересирани.

Датум Час Опис Место Статус Организатор
15.01 Гостување на Викимедија Македонија во отворена радио емисија. Канал 103 Потврдено Канал 103
15.01 Вики-средба на членови на локалната вики заедница, други активности. Ла Кања, Стара чаршија Потврдено Викимедија Македонија
15.01 Презентација на Викимедија Македонија и Слободен Софтвер Македонија. Ла Кања, Стара чаршија Потврдено Викимедија Македонија
15.01 Вечерна забава со локален диџеј Ла Кања, Стара чаршија Потврдено Викимедија Македонија
18.01 Презентација на Викимедија Македонија Универзитет за Туризам и Менаџмент - Скопје Потврдено Викимедија Македонија, httpool Online Advertising
дд.02 Презентација на Викимедија Македонија, работилници на неколку факултети Економски факултет, УКИМ се договара Викимедија Македонија, httpool Online Advertising

Централниот настан ќе биде медиумски поддржан од: IT.com.mk и Канал 103.

Копирано од официјалната страна на настанот. Малку бевме зафатени, и изгледа никој не се сетил да постира тука! :) --FlavrSavr (разговор) 16:31, 5 јануари 2011 (CET)[одговори]

Идеи, сугестии, некакви реакции, критики?? --FlavrSavr (разговор) 18:09, 5 јануари 2011 (CET)[одговори]

Создадов посебна страница за овој настан. -- Бојан имаш за кажување? 15:45, 6 јануари 2011 (CET)[одговори]

Нови статии[уреди извор]

Здраво до сите поискусни Википедијнци. Како што може видовте, има еден куп нови статии од нови корисници кои се лошо средени. Не е лошо сите да се нафатиме и да ги средиме малку. Списокот е тука, па ако сака некој нека одбере статии и нека средува. Поз--Никола Стоіаноски 15:45, 12 јануари 2011 (CET)[одговори]

Екстремно важно. Се молат сите искусни корисници да почнат при средување на новиве статии бидејќи ќе останат така, несредени и изгубени. --Никола Стоіаноски 16:21, 15 јануари 2011 (CET)[одговори]
Нема проблем од моја страна, и онака ги средувам колку што можам--Тиверополник (разговор) 16:24, 15 јануари 2011 (CET)[одговори]
Искрено ова е премногу, пробам сам ама не иде. Секој момент има нови статии кои вријат од англицизми, не се сосема преведени и не се воопшто средени. Нема корисници кои би ги средиле. Барем предлошки ({{Внимание}} {{Викифицирање}} {{Без извори}} {{Превод}} ако треба) и категории да се ставаат за да не ги изгубиме одпосле. Јас се заморив средувајќи по нив :) --Никола Стоіаноски 16:29, 15 јануари 2011 (CET)[одговори]

Јас мислам дека најмногу што треба да направиме во моментов е да ги преведеме насловите на статиите. Средувањето на статиите може да делува негативно на новите корисници, кои сега е најдобро да се обидеме да ги задржиме и да ги мотивираме да продолжат да уредуваат понатаму. Јас веќе започнав со доделување на награди.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:15, 16 јануари 2011 (CET)[одговори]

Да, имаш право. Веќе имам преведено баеѓи наслови, обично во воведот ги преведуваат и ставам предлошки за Внимание, Викифицирање и Без извори и интересно е што корисниците си ги поправаат статиите, т.е. форматираат, викифицираат и ставаат извори. Се надевам вака ќе ни оди и понатака, иако малку сум песимист кон ова прашање бидејќи голем дел гледаат само да ја завршат задачата. Но да се надеваме дека грешам. Поз--Никола Стоіаноски 11:52, 16 јануари 2011 (CET)[одговори]
Тоа што си ги поправаат статиите е навистина одлично, па затоа мислам дека ако ние го правиме тоа, всушност им ја вршиме работата и нема да имаат простор да научат повеќе. Мислам дека ако се развие некоја комуникација на разговорните страници, би можеле нешто повеќе да направиме околу задржувањето на корисниците.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:57, 16 јануари 2011 (CET)[одговори]

Dali nekoj znae da mi kaze kolku sijalici ima na mileniumskiot krst?

Портали[уреди извор]

Здраво на сите кои се заинтересирани за порталите. Има една работа која треба да ја средиме. Имено, моментално имаме Портал:Република Македонија и Портал:Македонија и овие имиња не одговаараат со соодветните статии, бидејќи првиот се однесува за Македонија а вториот за Регионот Македонија. Мој предлог е Портал:Република Македонија да се преименува во Портал:Македонија, а Портал: Македонија во Портал:Регион Македонија. Вака нема забуни ем со статиите, ем со поимите. Поз--Никола Стоіаноски 12:39, 19 јануари 2011 (CET)[одговори]

Само внимавај при пренасочувањето, бидејќи ќе треба да се пренасочат сите страници кои се уредени за порталот.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:46, 19 јануари 2011 (CET)[одговори]
Па да поради тоа сакав прво да прашам, па ако се согласувате ќе средам сè. Ако се согласувате готово ќе биде за час. --Никола Стоіаноски 12:50, 19 јануари 2011 (CET)[одговори]

Само што ти почна да преуредуваш без да почекаш. Сега јас ќе почнам да ги враќам промените кои самоволно си ги направил. --brest (разговор) 13:11, 19 јануари 2011 (CET)[одговори]

Причина? Тој портал е непотребен, но сепак го средив. Има Портал:Регион Македонија, Портал:Грција, Портал:Бугарија и Портал:Античка Македонија. Што ќе ни е овој портал? --Никола Стоіаноски 13:59, 19 јануари 2011 (CET)[одговори]
Убаво што среди нов географски портал за Регионот Македонија, користејќи го како шаблон порталот Македонија. --brest (разговор) 14:03, 19 јануари 2011 (CET)[одговори]
Тој портал е за поширок регион наречен Македонија, а за државата колку што знам јас одамна беше одделен како посебен под име РМ, кој ќе добие ново име според статиите на Википедија.--Никола Стоіаноски 14:05, 19 јануари 2011 (CET)[одговори]
Бидејќи уште не даде факти и докази зошто Портал:Македонија да се однесува за државата, а Портал:Регион Македонија за регионот, јас ќе ги средам пак иако ме ревертира со ботот. --Никола Стоіаноски 14:43, 24 јануари 2011 (CET)[одговори]
Државата е Република Македонија. Колку што знам за порталот не си ревертиран со „ботот“ ниту со било што, само што се обновени твоите бришења. Прави разлика во акциите кои се преземени, иначе покажуваш дека не ја познаваш доволно Википедија. Иначе ќе бидеш ревертиран и понатаму за се што сметам дека не го работиш како што треба.--brest (разговор) 15:13, 24 јануари 2011 (CET)[одговори]
Државата на оваа Википедија се вика Македонија, види си ги сите досегашни разговори каде си бил ем надгласан ем ти биле понудени повеќе аргументи. Неконструктивен си ти, порталот нема да се вика Македонија бидејќи не е ни според статиите, ни според категориите ни според мислењето на мнозинството, освен ти. Прекини да ревертираш, ова е стара тема за која немаш поддршка од заедницата. --Никола Стоіаноски 15:28, 24 јануари 2011 (CET)[одговори]

Статии од типот "GGGG во нешто"[уреди извор]

Што правиме со статиите од типот:

...

Односно статиите во Категорија:Категории по година?

Повеќето од овие статии стојат празни подолго од една година. Значи тие се создадени, после некои време најчесто поминал бот и ставил шаблон без извори или ако има интервики врски ги ажурирал, но во 99% од нив нема ниту едно зборче корисна информација.

По моја слободна проценка се работи за неколку илјади страници во главниот именски простор, плус шаблон СЗР на нивната разговорна страница. Поголемиот дел од овие страници се и лошо категоризирани и лошо именувани. Мора да се преземе нешто во врска со овие страници. Со оглед на тоа што подолго време стојат нечепнати од почетокот на нивното создавање, тоа е знак дека заедницата нема сили да ги пополни со соодветни минимални содржини веќе една година а со оглед на темпото со кое се уредува, најверојатно тоа нема да се направи ниту во наредната година. Според ова логички би било да ги избришеме овие страници, за да не го подигнуваат нереално бројот на статии и да го намалуваат квалитетот на македонската википедија и се разбира нашиот углед и да го девалвираат нашиот досегашен труд. А знаете кога пред едно месец дена ја достигнавме бројката од 40.000 посакавме да бидеме запишани на главната страница на ен.вики а од таму тоа не го прифатија токму од овие причини. Јас веднаш после тоа пронајдов голем број на страници кои си беа дупликат на постоечки празни статии, ги избришав и вкупната бројка на статии падна малку под 40К. Но со бришење на овие страници за кои зборувам овде, ќе направиме едно големо прочистување на празни статии и би требало да се подигне квалитетот на википедија. А за бројката, здравје, ќе дојде и тоа време кога со содржајни и квалитетни страници ќе биде зголемена до посакуваното ниво.--brest (разговор) 23:42, 28 мај 2010 (CEST)[одговори]

Не ги бриши овие статии! Имам некои други обврски деновиве, но во скоро време ќе започнам технички да ги уредувам овие статии, а се надевам дека иницијативата ќе се омасови. Овие статии никако не се за бришење, бидејќи се потребни на Википедија на македонски јазик. Веќе ако бараме статии за бришење, посоодветно би било да се бришат статиите за селата кои со години се празни и никако да се направи нешто за да се пополнат, но и за нив имам план.--Kiril Simeonovski (разговор) 02:46, 29 мај 2010 (CEST)[одговори]
Кирил, отвори ја категоријата и погледни ги поткатегориите. Мислам дека ќе видиш за колкав број на страници се работи. ;) Мислам дека нема штета ако ги избришеш сите одеднаш, brest, а потоа можеме една по една да ги создаваме ако имаме информации И волја. Во секој случај не можеме да создадеме (односно пополниме) ни 5% од сиве овие статии. --iNkubusse A? 03:13, 29 мај 2010 (CEST)[одговори]
Знам дека се премногу и некои од нив се за непотребни теми (на пр. археологија и философија), но веќе ако земеме да ги бришеме, ајде да избришеме некои други целосно непотребни статии, како што се статиите за основните училишта во Македонија. За секоја енциклопедија е добро да има категоризирано содржина по години и по различни области. И како што реков во текот на месец јуни ќе се ангажирам околу средување на дел од овие статии, а се надевам дека ќе има интерес и кај другите корисници.--Kiril Simeonovski (разговор) 03:27, 29 мај 2010 (CEST)[одговори]
P.S. Од друга страна има корисници за кои овие статии може да влијаат дестимулирачки да им го намалат ентузијазмот за понатамошно уредување. Со оглед на тоа дека до пред еден месец најактивните корисници на Википедија на македонски јазик беа активни со уредување на нови статии за да се достигне одредена граница, намалувањето на бројот на статии и враќањето повторно на некои 35.000 статии може да се одрази негативно или во најдобар случај повторно да се уредуваат празни статии од други области за да се дојде до 40.000 статии. Проблемот не е само да се избришат статиите и на тој начин вештачки да се зголеми квалитетот, туку да се ангажираат повеќе корисници да ги пополнат овие статии.--Kiril Simeonovski (разговор) 03:32, 29 мај 2010 (CEST)[одговори]
Кирил, мислам дека не си видел колку многу статии се. Сериозно. Инаку, не се работи за конкретни училишта или слично, туку за многу општи списоци на настани од еден куп области за многу многу многу ... многу МНОГУ години. brest, може да ни кажеш точен број? --iNkubusse A? 04:29, 29 мај 2010 (CEST)[одговори]
  • Мислам дека се околу 5000 само за години од конкретни области. Од нив само годините во шахот се барем со една корисна информација. Останатите се празни статии. За пополнување на овие статии размислував и уште претходно и започнав со уредување на една статија за списоците на лидери по години, но немав време деновиве да ја довршам и да предложам овие статии да се пополнат по истиот принцип.--Kiril Simeonovski (разговор) 04:57, 29 мај 2010 (CEST)[одговори]
  • Не можам да кажам точна бројка, од око помалку се од бројката која ја кажува Кирил, но сепак се многу. Иначе Кирил, може многу лесно со бот да се создадат повторно овие страници и тоа многу подобро да изгледаат, ако се седне и се размисли малку околу дизајнот на страниците. Но проблемот е како да се пополнат со содржина. Она што Кирил го има почнато во една статија не гледам дека ќе го реши проблемот на пополнување. Во секој случај не е проблем да почекаме со бришењето, ако на Кирил му треба уште еден месец за да ги пополни и да организира други уредувачи за тоа, слободно ќе почекаме.--brest (разговор) 23:52, 29 мај 2010 (CEST)[одговори]
  • А може ли со бот да се пополнат? Знам дека така е полесно, но што да се прави кога мора рачно да се уредуваат. Во принцип не е мноту тешко ниту рачно, бидејќи во една година не се менуваат сите лидери, туку само некои, па секоја наредна година исто и сè така. Во секој случај, без пет многу активни корисници кои ќе го работат ова, за еден месец нема сигурно да биде готово.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:37, 30 мај 2010 (CEST)[одговори]
Не знам, Кирил... Ако мислиш дека можеш да пополниш барем и 2000 од тие, тогаш ти пожелувам среќа. :) --iNkubusse A? 13:16, 29 мај 2010 (CEST)[одговори]

Јас започнав со пополнување на еден список за лидери по години, па иако мислам дека ќе биде тешко мислам дека ќе има интерес за пополнување на овие статии. Моментно, омасовена е идејата за уредување на статии во врска со Московскиот Кремљ, па откако ќе се уредат сите поврзани статии, може да се започне со пополнување на овие статии. Главно сум против бришењето на овие статии, бидејќи со тоа би се намалил бројот на статии, со што би се срушил мотивот на многу корисници за уредување.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:32, 11 октомври 2010 (CEST)[одговори]

Создаден е ВикиПроект Години, кој ќе има за цел да ги организира корисниците во пополнувањето на статиите со корисни податоци. Предлагам дискусијата да се премести таму.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:52, 11 октомври 2010 (CEST)[одговори]

Одличен напредок, , за неколку месеци (минимум 4 изминаа откако iNkubusse ти пожела среќа) успеваш да направиш список дури за цела една година (1 после Христа). Математиката вели за 2000 години потребни ќе ти бидат 2000 * 4 = 8.000 месеци или отприлика 666 години, арно ама ако останатите вредни корисници помогнат може тоа да се направи за пократко време, па дури и за една минута, --brest (разговор) 23:44, 11 октомври 2010 (CEST)[одговори]
Без грижи. Статијата започнав да ја уредувам пред неколку дена, со ефективно време на работа од околу 30 минути. Секогаш првата статија е најтешка. После само со пренесување на содржината и со една до две измени ќе се уредат уште дваесетина статии. Инаку, имав поважни работи околу порталите и избраните статии, па поради тоа не го започнав ова порано. И сега имам, но сето тоа е сведено на минимум, со оглед на активноста и на другите корисници во тој дел. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите. За се ќе се договориме на страницата на проектот. Главно е, уште еднаш ќе повторам, дека масовното бришење на статии е штетно за Википедија на македнски јазик.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:00, 12 октомври 2010 (CEST)[одговори]

Овие статии се премногу долго време без надополнување и ќе треба најбрзо што може бидат избришани, бидејќи нема интерес за нивно пополнување.--brest (разговор) 13:15, 19 јануари 2011 (CET)[одговори]

Јас сум строго против отстранувањето на овие статии и ќе замолам досега избришаните статии да бидат вратени. Ако имаме празни статии, нивното брешење не е начин да се подобрат содржините. Потребно е да се види како другите ќе го прифатат тоа, а не каков ќе биде техничкиот исход. FlavrSavr е во право кога изјави дека Википедија е збир на луѓе и односите меѓу нив и тоа како истите ќе бидат мотивирани е најважно, а не тоа како моментно изгледаат статиите.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:24, 19 јануари 2011 (CET)[одговори]
Вакво вулгарно однесување како ова на brest ниту е пример за другите, ниту доликува на некој кој членовите на Викимедија Mакедонија го изгласале за претседател, а тоа е ставка која многу лесно може да се смени ако се продолжи во овој правец. Противник сум на се што е демотивирачко за сите сегашни и идни кориснци на Википедија на македонски јазик. Нашата задача е да ги мотивираме, а целта е зголемен број на статии кои ќе се шират по обем и ќе добиваат на квалитет. Кој си ти brest и што се замислуваш да бришеш статии затоа што нема интерес за нивно пополнување? Кој ти дал за право да бришеш веќе создадени статии, заедницата, или се сметаш себеси дека си над неа, а? Arwena (разговор) 17:44, 19 јануари 2011 (CET)[одговори]

Според мене за секоја поголема промена кој сака некој да ја воведе (во случајот, бришењето на статиите од типот години или безпотребно делување на ботови) да има гласење или никој да не смее да прави она на кое на него му одговара или тоа го сака. Доколку на википедија се подредуваме според хиерархијата според тоа кој бил кој во заедницата , сметам дека не е правилно, бидејќи треба на сите да им се даде размислување. Јас лично можеби сум за бришење на тие статии, но односот кон најприсутниот администратор во последните 2-3 години, Никола, не ми се допадна. И сега што ќе кажете, кој е Никола овде, кој има најмногу уредувања од нас сите, а за вакво глупо прашање не се прашува него т.е. никого. Гласењето му е мајката--Тиверополник (разговор) 19:05, 19 јануари 2011 (CET)[одговори]

Проблемите со Брест не се од вчера, туку се јавуваат костантно веќе подолг период. Јас еднаш-двапати сум пишувал за такви проблеми, но мислам дека „џабе сум везел“. Секоја чест на Василка, но и овој инцидент ќе се заборави. А тоа е поради тие пријателства од вики средбите. Ајде сеа да видиме кој ќе му пререче на другарчето Брест? Кирил, Милош или можеби Цобе. Се сомневам.--Р ашо 19:17, 19 јануари 2011 (CET)[одговори]
Рашо, во право си, но не знам зошто мене ме споменуваш во таа група. Да бидам искрен, многу луѓе кои се појавија на Вики средбите станаа администратори, без некој особен вложен труд претходно. Но, сепак за тоа одлучи целата заедница, а не оние кои присуствуваа на средбите.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:48, 19 јануари 2011 (CET)[одговори]
Факт е дека и ти си бил во неколку вакви ситуации со тој корисник, но ете се премолчело. Но некои ете за жал неможат да преминат преку тоа.--Р ашо 19:59, 19 јануари 2011 (CET)[одговори]
Незнам само уште колку активни админи и корисници ќе изгубиме на тој начин. Мораме да превземаме нешто. Мислам дека треба за повеќе теми или проблематики да се гласа. Од коментарите заклучувам дека досега се согласуваме околу стореното од страна на брест, но не би требало истото да се осуди, туку да се бара решение - враќање или не на т.н. празни статии преку гласање--Тиверополник (разговор) 19:27, 19 јануари 2011 (CET)[одговори]
За бришените има решение, а тоа е враќање. Но нема решение за сите овие глупости од порано, за кои некои лаеле, а некои ги прекриле очите:[1], [2] и сличните на нив.--Р ашо 19:46, 19 јануари 2011 (CET)[одговори]
Нема ни да има решение, сè додека некој се труди нешто да докаже. Не е начин однесувањето на Brest кој ја игнорира целата заедница, но не е и однесувањето на MacedonianBoy. Ако е така, треба ли да бидам и јас, бидејќи и јас бев вклучен во уредувањето на статиите кои беа избришани. Мислам дека се соочуваме со детски болести. Лек има и е многу едноставен, но треба да се најде.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:52, 19 јануари 2011 (CET)[одговори]

Јас веќе го кажав своето мислење погоре и мислам дека бев јасен. Следно нешто што можам да направам е доколку не се вратат статиите да земам сам да го направам тоа. Но дотогаш ќе почекам да видам што ќе се случи, иако е очигледно дека сите досега против бришењто без претходна согласност. И ќе замолам поголема смиреност во дискусијата.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:44, 19 јануари 2011 (CET)[одговори]

Со оглед на тоа дека страстите се разгореа, а како една од причините за поделеноста во решавањето на споровите се наведуваат и Вики средбите и ограниченоста на некои корисници да присуствуваат на нив, предлагам да одржиме средба на Scype, на која има можност секој да учествува и која се надевам дека ќе помогне околу појаснувањето на многу работи. Повеќе нема да го губам времето мешајќи се во оваа дискусија.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:56, 19 јануари 2011 (CET)[одговори]

Википедија на македонски јазик не приватен проект, туку енциклопедија која ја прават сите луѓе, и автоматски им припаѓа на сите. Независно дали е некој корисник, а некој администратор.Ова повлекува дека за секоја покрупна промена, посебно кога се однесува на губење на статии, треба да биде консултирана заедницата. На сопствен сајт секој може да си прави што сака, но на оваа платформа која е за добробит на човештвото и на знаењето, и каде секоја промена се забележува, јас лично нема да толерирам такво однесување. Ова е инцидент за кој ќе се потрудам да не се заборави, а имам свои методи на интернет кои не се многу пријатни за било кој рецепиент. За почеток да не размислуваме деструктивно, иако се сложувам дека ваквото однесување треба да биде санкционирано. Кај мене нема предност во животот дали некој го познавам лично или не. На интернет сите сме исти и тука се почитува она што е сработено. Мојата сугестија оди во правец да се пребројат и излистаат статиите кои се избришани или кои се проблематични во рамките на темава, и да им се укаже, т.е. да се замолат активните корисници ако сакаат да се вклучат во обидот за нивно пополнување и адаптирање по вики стандардите. Arwena (разговор) 19:57, 19 јануари 2011 (CET)[одговори]
Ова веќе оди кон правец на решавање на проблемот. Со цел да се пополнат овие статии, а пишува ипогоре, јас го создадов проектот Години. Неколку заинтересирани се вклучија и кратко се започна со средувањето на некои статии. Ако се договориме, може и да се продолжи.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:16, 19 јануари 2011 (CET)[одговори]


И што се тоа? Сме го решиле ли проблемот? Утре пак слично со нешто друго и цело време се вртиме во магичен круг. Треба еднаш да се „седне“ и да се реши овј проблем на самоволие. Вусшност сега се сеќавам баш на проблемот со креирањето на милион статии преку пренасочување на интервики насловите. Се сеќаваш ли Кириле колку пишував и молев да се прекине со тоа сè додека не се продискутира? Самоволие бе брат, самоволие. Ноу солушн уидаут блок. --Р ашо 20:25, 19 јануари 2011 (CET)[одговори]

Да, се сеќавам и јас бев вклучен кратко во таа дискусија, но направив грешка којашто сега ја направи и Никола, односно не го болокиравме. Може да се одблокира, но сепак разумен е знакот што е испратен со блокот. Затоа предлагам да се ставиме на Scype и конечно да решиме засекогаш. Вака е многу споро и не оди.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:34, 19 јануари 2011 (CET)[одговори]
Би ви предложила одличен начин за решавање на оваа дискусија (и на сите следни), кој е попрегледен и со многу поголем ефект. Да се префрли дискусијата уште појавно на официјалната страница на Википедија на Македонски јазик на фејсбук. Така коментарите можат да се следат сублимирано и концентирано, а богами боопшто не е пријатно кога некој јавно ќе се расплеска со име и презиме. Создаваме нешто кое за добробит на државата, но и на нашиот идентитет и јазик, а да не зборуваме и тоа дека активноста на Викпедијанците ја следат веќе сите медиуми во Rепублика Македонија. :) Arwena (разговор) 20:40, 19 јануари 2011 (CET)[одговори]
Луѓе, дај ве молам, многу пишуваме, да преминеме на спроведување... Многу пишување не е на арно... Дајте да делуваме... Жално е што Никола повеќе нема да пишува на Википедија, токму поради овој факт, многу пишуваме-ништо не се договараме... Дајте ве молам, нешто поконкретно...Јас веќе предложив, за се да има гласење. На FACEBOOK ќе ни се смее цел народ--Тиверополник (разговор) 15:20, 20 јануари 2011 (CET)[одговори]
Мислам дека не може многу работи да се решаваат со гласање, но доколку се организира такво нешто, да знаете дека јас сум против отстранувањето на статиите. А, за во иднина да не се случува вакво нешто, ќе замолам ако може да се организира еден групен разговор на Skype, во кој ќе учествуваат вклучените корисниците во досегашните спорови. Ќе испратам мејл на мејлинг листата, бидејќи сметам дека е добро да не ја оптоваруваме оваа страница повеќе, бидејќи договарањето оди многу споро.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:01, 20 јануари 2011 (CET)[одговори]

Јас пишав на vikipedija@lists.softver.org.mk и се обидов да одговорам на некои од прашањата кои се отворија овде. Но бидејќи таа поштенска листа не е достапна за пошироката вики заедница, ќе пишам и овде.
За жал на мк.вики нема јасно дефинирани вики политики околу ова прашање, но не значи и дека не постојат. Во случаи кога отсуствуваат ваквии политики или се недоволно јасни во пракса се потпираме и повикуваме на политиките дефинирани на ен.вики.
Ви посочувам URL врски до соодветните страници:
1. на мк.вики, дефинирани се на страницата - Википедија: Критериуми за брзо бришење
2. на ен.вики, дефинирани се на страницата - en:Wikipedia:Criteria for speedy deletion
Се разбира може да се погледнат и соодветните страници на останатите јазични изданија на википедија, кои се однесуваат на ова прашање.
Статиите се избришани согласно en:Wikipedia:Criteria for speedy deletion / Articles / A3. No content, како и според :en:Wikipedia:Criteria for speedy deletion / General / G8. Pages dependent on a non-existent or deleted page.
Како што може да се забележи, дискусијата на Селска чешма во врска со овие статии, беше започната некаде мај 2010 година и беше и е јавно достапна се до овој момент. Оставено беше доволно долго време да се почне со нивно пополнување. Тоа што се избришани не значи дека се забранети во идина истите повторно да се создадат. Во оваа дискусија беа активно вклучени од почетокот: Kiril Simeonovski, INkubusse и Brest, се до пред неколку дена (19 јануари 2011) кога во дискусијата се вклучуваат и Arwena, Тиверополник и Raso mk а на поштенската листа со свои коментари се вклучија: Виолетова, Новица, wikimk и brainmachine. Претпоставувам дека се има дискутирано и на други места на оваа тема. Зошто дискусијата не се продолжи овде а се отиде да се дискутира во затворени кругови, тоа треба да го одговорат тие кои тоа го направија.
За коментарите на колегите кои се вклучија подоцна во дискусијата (19 јануари 2011 и после) по ова прашање би кажал дека не се сконцентрирани на оваа дискусија туку имаат сосема друг настан како повод за нивното инволвирање во дискусијата. Колку што можам да сватам, поводот е одењето на „долг вики-домор“ на MacedonianBoy како што самиот запишал на својата страница. Не гледам дека MacedonianBoy бил директно вклучен во дискусијата за страниците за кои сега дискутираме, што значи причината за неговата постапка е нешто друго. Убав преглед на настаните дава brainmachine во својата порака испратена на vikipedija@lists.softver.org.mk, каде можеби може да се најде одговорот зошто MacedonianBoy оди на „долг вики-домор“. Но во отсуство на MacedonianBoy тешко ќе одгонетнеме што точно го натерало да оди на „долг вики-домор“ и кое завештание им оставил на оние со кои бил во комуникација и продолжил да комуницира и после заминувањето на „долг вики-домор“. Но предлагам за тоа да дискутираме во одвоена нишка, а овде да ја продолжиме дискусијата на темата. --brest (разговор) 17:59, 23 јануари 2011 (CET)[одговори]

Коментар  Бидејќи не сум дал коментар за сè ова погоре, еве нешто кратко и јасно.

  1. за бришењето статии, не поддржувам воопшто од следниве причини. Како прво, јас и Кирил утепавме добар дел од нашето слободно време, а при тоа да напоменам дека ова е волонтерска работа, и со самото бришење ни се омаловажува нашиот труд. Исто така, корисникот кој ги избриша, ако сакаше да немаме празни статии, можеше уште пред да почнеме да ги правиме да каже „дечки, од ова не бива, нема кој да ги пополни“, ама тој тоа не го стори и дури ни помогна со неговиот семоќен бот да создаде добар дел од истите. Како крајно, бидејќи истиот корисник се повикува на правила, кое правило е тоа сите можни јазици кои постојат како интервики за една статија да ги пренасочи? Кому прашал за тоа? Со кого се консултирал? Дали размислил дека тоа е поголема катастрофа од 200-те празни статии? А тука морам да напоменам, дека нам не укорува истиот тој корисник да не преземаме чекори без претходна консултација, правило кое не важи за овој корисник (види погоре за порталите).
  2. порталите: корисникот, кој секогаш прави проблеми за кои е сам во мислењето и не е поддржан од заедницата, со ботот прави голема штета за останатите корисници и за Википедија. Имено, како може сите да се согласни сите статии, категории и портали јасно да се разграничат (Македонија за држава, Македонија (регион) за регионот) само тој не. Таквото инаетење на корисникот кој е сам со тоа мислње (можеби Бугарите само го поддржуваат државата да се вика со Република) може да се види во долгите разговори за категориите за Македонија, Република Македонија, статиите со име Република во нив и последно со порталот Македонија. За последното, видно бев вознемирен поради дрскоста на корисникот. Имено, тој тука не платен (колку што знам) и не ми е мене работодавец па да ми вели „е сега бидејќи не почека ќе те ревертирам“. На што наведува ова? Сигурно не на добра комуникација за која пиша ФлврСавр. Значи оваа дрскост да биде уште поголема, ми го ревертира мојот труд од цел еден час со неговиот бот. А при тоа, да напоменеме дека двата портали се поврзани само со РМ, и јас ги средив. Според категориите и статиите, Портал:Република Македонија треба да се вика Портал:Македонија, а Портал:Македонија како Портал:Регион Македонија. Ги средив, едниот сосема го пренасочив, исчистив глупости, но семоќниот бот ме реверетира. Залудно средување и помагање на оваа слободна американска енциклопедија.
  3. Не сум на одмор поради одредена бројка наљ корисници кои знаат дека заедно можеме многу повеќе и знаеме дека од Википедија можеме да направиме нешто, без almighty bots.

Мој апел за оваа заедница, каде проблемите во последно време се поврзани со Брест, е да се зголеми комуникацијата. Најсериозно, здосадено ми е и заморен сум од празни муабети каде Брест не разговара како што треба, врти тема и избегнува муабети. Особени ми е мачно околу неговиот бот за кој не знам кој му дал овластување со таква моќ и би го замолил корисникот да ги избрише сите непотребни пренасочувања, да ги врати статиите кои се избришани и за секое уредување да ја извести заедницата. Знаеме дека Брест без бот не може, па за да се избегнат и понатамошни немили конфликти се надевам дека ќе ја прими пораката. Ниту сум терал некому инат, ни пак сакам да терам, ама едно е јасно: овде сите сме волонетри, не земаме пари за ова и никој не сопственик на Викимедија, Википедија и Викимедија Македонија па да одигрува „Џек“, сето ова е од Џимбо. Да не бидеме безобразни и да не се консултираме со стјуарди, ова е моја најдобронамерна порака за доброто на Википедија. Се знае што сум направил за Википедија и не сакам ниту да се фалам или да се ваѓам со тоа, мојата цел е Викиизвор и него да го направиме нешто, а не да губам време со детски работи. Поздрав--Никола Стоіаноски 00:48, 24 јануари 2011 (CET)[одговори]

И додека ние тепаме празни муабети, очигледно, ботот во моментов пренасочува статии на Гез, најверојатно некој од нас го знае овој јазик па пренасочува. Што ќе не видиш, цела заедница потенцира ова е лош потег, освен сопственикот на ботот.--Никола Стоіаноски 01:12, 24 јануари 2011 (CET)[одговори]

Ми се допаѓа тоа што оваа дискусија е збогатена за два коментари на корисници, кои навистина ги ценам по своите придонеси на Википедија на македонски јазик. Нема да коментирам конкретно за проблемот кој настана, бидејќи истиот е минато. Сакам само да напоменам ако е можно да се влезе слободно во секоја дискусија во иднина и да престанеме да докажуваме нешто што лично нам ни одговара. Проблемот нема да се реши доколку на глупост се одговори со уште поголема глупост или доколку постојано нешто се обвинува. Досега мислам дека сработивме многу, па дури и премногу, но тоа е само многу мал дел од она што треба да го сработиме, а може да го направиме само доколку работиме заедно. Постоењето на различни ставови треба да биде богатство од ралични знаења кои треба да се обидеме да ги поврземе со што ќе бидеме уште посилни. Ајде да работиме на подобрување на комуникацијата и проширување на заедницата.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:20, 24 јануари 2011 (CET) Да бидам искрен, очекував ваква реакција порано или подоцна. Работа со ботови е во најмала рака контроверзна и за мене често пати дегреадирачка кон придонесот на правите корисници на Википедија. Пред се, би сакал да расчистам неколку работи:[одговори]

  1. Викимедија Македонија (ВМ) правно, формално или било како „официјално“ нема врска со Википедија на македонски јазик (ВП) и не треба да се меша. Никој од ВМК нема нити треба да има посебни права, бенефиции или што ти ја знам во ВП. Тоа што Димче е претседател не значи ама апсолутно ништо овде. И Обама да дојде, ќе има исти права. Ако некој заборавил, истото важи и за администратори/бирократи.
  2. За да се направи нешто со бот, МОРА да се има согласност од заедницата. Brest бришел статии автоматски (т.е. со бот) но преку неговата сметка (значи технички бришењата се направени од Brest, а не од Brest-bot). За ова незнам како се постапува и дали е „дозволено“.
  3. Има еден куп статии за средување, празни статии итн. Ако се бришат овие статии, тогаш би требало да се избришат и сите други такви. Дали сите се согласуваат со тоа? (јас не).
  4. Ама апсолутно нема потреба да се оди со лични обвинувања. Arwena, ти не си „поголема“ од Зоран и Димче овде и немој да се однесуваш така.
  5. Николче, како администратор имаш право да го блокираш ботот ако сметаш дека не работи како што би требало да работи (како што јас го блокирав сега). Додека не се постигне конзенсус, јас не би го одблокирал.

--Милош (разговор) 13:54, 24 јануари 2011 (CET)[одговори]

За сè се сложувам со Милош и нема што да додадам освен две забелешки: првата, околу блокирањето на ботот, нема корист од тоа ако Брест сам си го одблокира и второ, консензус за ботот нема постигнато веќе долг период бидејќи Брест не сака да ги слуша нашите забелешки околу бришењето статии, пренасочување на интервиките до македонската статија (така за Македонија имаме сега и на тамилски пренасочено) и негово прифаќање на фактот дека РМ на оваа Википедија се вика Македонија. Ова се три забелешки кои Брест мора да ги почитува бидејќи се мислења на заедницата.--Никола Стоіаноски 14:41, 24 јануари 2011 (CET)[одговори]
Интересно размислување од Милош, кое не е поткрепено со ништо. Контроверзно може да биде се па и работа со ботови, така што со ова ништо не се кажало. Пример контраверзна е и работата на „вистинските корисници“ на Википедија. Но може ли да објасниш како ботот може да деградира придонес на некој „вистински корисник“?
1. Се сложувам со ова. Само што некој се обиде да го злоупотреби ова, поврзувајќи ја мојата активност на ВПМК со мојата активност во ВММК. Што значи или непознавање на работите или намерни провокации.
2. Тогаш зошто го блокира brest-bot а не brest? Се прашувам дали си свесен што правиш? :)
3. Не гледам зошто за некои општо прифатени правила треба да се бара согласност. Наведено е според кои правила brest-bot бришел „статии“. Ги негираш ли тие правила? Јас ги почитувам.
4. no comment
5. Види 2.
6. Дали да одам на „долг вики-одмор“? Гледам дека се паѓа на ваквии детски финти.

--brest (разговор) 15:07, 24 јануари 2011 (CET)[одговори]

Јас и Милош бевме на патување во Истанбул, па малку задоцнивме во дискусијава. Гледам многу лоша крв во разговоров, мешање баби и жаби, зајадливи коментари и слично. Некаде сум и лично повикан. Многу ми е жал што ова се случува веднаш после 10 годишнината на Википедија (која патем сè уште трае). Мислев дека после прославата во Ла Кања, конечно ќе се создаде подобра работна и меѓучовечка атмосфера и во мк.Википедија и во Викимедија Македонија. Штета што многу од вас не можеа да дојдат од разбирливи причини, главно географски (Николче, Рашо), а уште поголема штета што некои можеа, а не дојдоа. --FlavrSavr (разговор) 15:17, 24 јануари 2011 (CET)[одговори]
Но, да не дефокусирам од расправата. Избришани се голем број на статии. Како и за создавањето на нови, така и за бришењето на голем број на статии, во принцип треба да има консензус, бидејќи секоја нагла промена во оваа смисла создава "шокови" во заедницата. Тоа сум го потенцирал секогаш. Секој избира како ќе придонесе за Википедија, но сепак, не е во ред некој, без консултации со заедницата, да создаде илјадници празни или полупразни статии, а исто така, не е во ред, да се бришат илјадници статии. Треба да имаме стратегиска определба за органски раст на статиите. Механизацијата треба да се вклучи само кога е навистина потребна. Сум видел заедници (српската), кои беа сериозно потресени од уредувањата со бот, би сакал да научиме од нивните грешки. Затоа, ги повикувам засегнатите страни (Кирил, Димче, останати) во меѓусебен разговор да ги надминат разликите. --FlavrSavr (разговор) 15:17, 24 јануари 2011 (CET)[одговори]
Инаку, повторно ќе кажам, и Кирил, и Димче, многу посветено ги обавуваат обврските во Викимедија Македонија. Секој што тврди поинаку или не е доволно информиран, или е злонамерен. --FlavrSavr (разговор) 15:17, 24 јануари 2011 (CET)[одговори]
Димче, дали ако сега креирам 10.000 статии со бот некој нов корисник што ќе дојде и ќе почне да уредува ќе има впечаток дека некако придонесува? Впрочем, во секој момент може одеднаш да се креираат нови 100.000, 200.000 итн статии, зошто тој би пишувал? Имало многу дискусии за ова на мета и на другите јазични едииции. За мене „вистински“ корисник = човек кој ја чита и уредува Википедија.
  1. Вие 4-ца (ти, Кирил, Слободан и Зоран) моментално ја буткате цела работа околу ВМ, огромно БРАВО!
  2. Brest-bot креира еден куп пренасочувања во моментов за кој, колку што знам, не беше предвиден да работи и немаше барање за дозвола/соодветен проект. Ако сум грешка, ќе се поправам веднаш.
  3. Brest-bot не бришел статии, туку Brest, со автоматски алатки. Brest е администратор и има такво право, Brest-bot нема.

--Милош (разговор) 15:31, 24 јануари 2011 (CET)[одговори]

Милош, дај боже сега со бот да креираш не 10.000, 1.000.000 статии. Јас сум убеден дека тоа не го можеш, освен ако не креираш „статии“ од типот „GGGG во нешто“, а ако сепак успеш да направиш таквоо нешто верувам дека на некој кој ќе почне да уредува тоа нема да му пречи а најмалку мене. Но ова и 1.2.3. се надвор од контекст имаме тема - „GGGG во нешто“, па нема да ги коментирам. Предложив да се формира нова нишка/нишки за работите кои излегуваат надвор од главната тема. А овде темата е дали да ги има или не овие „GGGG во нешто“ таканаречени статии! Жалам што дискутантите не се придржуваат до темата и понатаму нема да учествувам во оваа дискусија во која дискутантите се дефукусираат од темата, свесно или несвесно сеедно.--brest (разговор) 20:25, 24 јануари 2011 (CET)[одговори]
Ако нешто без консенсуз се направило, плус без почитување на правилата, дали треба да се бара консензус за рушење на истото? Ми заличува дека заедницава ја градиме по урнек на нашето ни драго Македонско општество, некој кој ги почитува законите практично да биде казнет а некој кој правел дивоградби да биде легализиран за 1 евро од квадрат. Извинете ама јас сум против тоа. И мене ми е тешко кога се намалува бројот на статиите, но принципите мора да се почитуваат. --brest (разговор) 15:25, 24 јануари 2011 (CET)[одговори]
Очигледно е оти премногу дискутирате и се надмудрувате. Тоа што било - на еден начин поминало. А некое решение??? Или ќе зборуваме кој е кој на Вики--Тиверополник (разговор) 15:38, 24 јануари 2011 (CET)[одговори]
Јас предлагам вакво решение: да ги разгледаме и идентификуваме сите досегашни масовно додадени страници и за сите посебно како категории на страници да дискутираме што правиме со нив. Ова на посебна страница, бидејќи оваа станува предолга. Хронолошки, постојат повеќе масовни внесувања на страници. Некои од нив се правени во рана фаза на развојот на оваа Википедија, и во принцип со текот на времето започнале да се уредуваат, а некои дошле подоцна, со различен успех. --FlavrSavr (разговор) 15:58, 24 јануари 2011 (CET)[одговори]
Бидејќи подолго време никој аргументирано не го спори бришењето на страниците од овој тип, кои според начелата на Википедија (Articles / A3. No content, G8. Pages dependent on a non-existent or deleted page) не претставуваат статии, освен што е изразен личен став од неколку дискутанти дека се „строго против отстранувањето“ на овие страници, дека се „омаловажува трудот“ на тие кои ги создале овие страници, без аргументирана поткрепа на овие ставови, во наредните неколку денови ќе започнам со бришење на истите. --brest (разговор) 18:14, 27 јануари 2011 (CET)[одговори]
Димче, критериумите, политиките и напатствијата на Википедија на англиски јазик не се директно применливи на сите други јазични изданија на Википедија, вклучително и на македонскиот, иако често се добар показател. Ние ги имаме критериумите за брзо бришење на кои се повикуваме кога бришеме страници. Бидејќи станува збор за голем број страници, со цел да не се електризира атмосферата, предложив и предлагам за сите вакви масовно додадени страници, да се идентификуваат во групи и категории и заедницата со консензус да одлучи што ќе правиме со нив: дали ќе ги бришеме, дали ќе ги оставиме или ќе правиме нешто трето. Притоа, под консензус, не се подразбира просто гласање, туку размена на рационални аргументи со цел да се утврди расположението на заедницата. Корисниците кои биле повеќе активни на англиската Википедија, знаат што мислам: на пример, кога има некоја страница за бришење (AfD - articles for deletion) се собира заедницата и одлучува што да прави со секоја поединечна страница. Обично се работи за статии кои се во некоја сива зона за значајноста, но самиот број на овие наши статии кои ги дискутираме треба да ја вклучи целата заедница во дискусија. Мислам дека непотребно на оваа страница се разменија лични напади, емоциите можеби надвладеаја над разумот, време е да седнеме со ладна глава да видиме што навистина треба да се прави. Се надевам дека мојот предлог ќе се прифати. --FlavrSavr (разговор) 21:57, 27 јануари 2011 (CET)[одговори]
Мислам дека Слободан е во право. Правилата кои важат на Википедија на англиски јазик не важат на другите јазични изданија, вклучувајќи ја и Википедија на македонски јазик. Јас досега имам спорено со неколку корисници околу тоа зошто постојано се наведуваат правилата на Википедија на англиски јазик како нешто што е „закон“ и е над нашата заедница и сите мора истото да го почитуваме. За правилата кои ќе важат овде одлучува целата заедница и мислам дека така е и најсоодветно, со оглед на тоа дека во иднина ќе бидат почитувани од страна на истата.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:41, 27 јануари 2011 (CET)[одговори]
Што мислат другите? --FlavrSavr (разговор) 22:55, 27 јануари 2011 (CET)[одговори]
Впрочем нашите критериуми за брзо бришење ги содржат истите правила како на ен.вики, да ги посочам - Без контекст и соджина, што претставуваат само непотполн превод од англиската верзија на правилата. Со оглед на тоа што никој не ги спорел до сега, а егзистираат уште од 2008 година, јасно произлегува дека истите се важечки и не гледам причина токму сега да ги преиспитуваме. --brest (разговор) 23:00, 27 јануари 2011 (CET)[одговори]
Сепак, добро е да се почека, бидејќи има нешто што се нарекува игнорирајте ги сите правила. Досега, јас се имам придржувано кон ова правило, а како што знам исто и Brainmachine. Според тоа, доколку заедницата одлучи дека не треба да се почитува некое правило, можно е да се водат и според ова.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:14, 27 јануари 2011 (CET)[одговори]
Кирил, доволно долго се чекаше, проблемот е изнесен пред речиси 7-8 месеци, тоа не е кратко време, со оглед на тоа што важат правилата за брзо бришење, не се работи за некаков контент.--brest (разговор) 23:30, 27 јануари 2011 (CET)[одговори]
Бришењето не води никаде, иако за истото постојат и одредени правила. Мислам дека ова се најчувствителните правила, а и мерката до која може истите да се применуваат не е точно одредена. Некој ќе каже дека се само статии за години, друг и други, што може да доведе до потребата за отстранување на половина од статиите.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:55, 27 јануари 2011 (CET)[одговори]
Конкретно за овој случај бришењето води кон зголемување на квалитетот на википедија. Се што ги задоволува критериумите за брзо бришење, треба да се брише. Може да бидеме флексибилни со времето, не за ден-два, не за недела-две, ама со месеци и години да ги толерираме не може. Ако претежен дел од википедија е составена од ваквии страници, дали вреди да се гордееме со тоа?--brest (разговор) 00:28, 28 јануари 2011 (CET)[одговори]
Можеби ова ќе доведе до подобрување на квалитетот, но сепак отстранувањето веднаш е преголем шок за сите. Веќе ако се бришат овие статии, предлагам тоа да биде со поспор ритам, така што нема директно да влијае на бројот на статии (на пр. десетина статии дневно).--Kiril Simeonovski (разговор) 00:47, 28 јануари 2011 (CET)[одговори]
Како што кажавме и на презентациите, вики-правилата не се поставени во камен. Конкретно, токму заради тоа што станува збор за огромен број на статии, во спор во кои се вклучени клучните уредници на Википедија, би требало трезвено да разговараме за ова. Исто така, ако се оди ретроактивно со ова правило, тоа би значело да се бришат страниците за селата, статиите со години, датуми и сл. Затоа, треба да се договориме како заедница дали во некои случаи можеби подобро е КББ да не важи. --FlavrSavr (разговор) 23:26, 27 јануари 2011 (CET)[одговори]
Мислам дека доволно се дискутираше. Треба сето ова да се стави на гласање, па да го видиме рузултатот. Инаку водејќи се со овие принципи, пола статии би требало да се избришат како тие за годините, селата и слично. Незнам од каде оваа желба за бришење на Брест, авторот на сите тие страници. На крајот би можело и секој по 20 статии и ќе се пополнат сите. --Р ашо 23:45, 27 јануари 2011 (CET)[одговори]
Рашо, за годините веќе неколку месеци постои проектот Години, а дури и започнав со пополнување на некои статии и го објаснив наједноставно начинот на уредвање на истите. Но, откако занележав дека нема интерес, иако некои се пријавија престанав и јас.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:53, 27 јануари 2011 (CET)[одговори]
Во ред, ќе започнам нешто што би го нарекол градење на консензус. Истото тоа ќе го направам и за пренасочувачките страници, а после може да се покренат било кои корпус на страници кои заедницата ги смета проблематични. Се надевам на неколку работи: 1. дека ќе се намали со персонализацијата на спорот/споровите и објективно ќе се разгледаат сите факти на располагање 2. секој соодветен глас ќе биде придружен со соодветна аргументација и 3. на крајот ќе излеземе со заклучоци и политики кои ќе ги применуваме без исклучок. --FlavrSavr (разговор) 00:05, 28 јануари 2011 (CET)[одговори]

Дарување крв[уреди извор]

Преведував статија под името Дарување крв и не ми е јасно што значи тоа што ми се појави на почетокот на статијата.ако може да ми објасните. (Дарување крв (разговор) 16:30, 19 јануари 2011 (CET))[одговори]

Сакам да ве прашам дали може статијата со име Флоренс Најтингеил да биде отсранета бидејќи направив грешка при пишувањето и зачувувањето. Оригиналната статија која треба да остане на википедија е со името Флоренс Најтингел, во врска со која сакав да прашам како може да ги променам податоците кои ги има во шаблонот на почетокот на статијата, бидејќи таму има некои неправилности. Однапред Ви благодарам. (Дарување крв (разговор) 23:11, 19 јануари 2011 (CET))[одговори]

Правила за гласање[уреди извор]

Правила: Консензусот на поголемите Википедии, обично варира од 60% до 70% од "гласовите", па го предлагам следново: доколку било која "страна" не го надмине овој процент се избере компромисно решение кое би влечело кон едната или другата "страна". Кој може да учествува: Секој корисник со над 50 уредувања. Како се "гласа": Со назначување за или против задржување на статиите и со задолжително аргументирање на ставот согласно здравиот разум и политиките на Википедија. Личните навреди не помагаат за решавање на спорот и не се дозволени. Светот не е црно-бел: Слободно предлагајте компромисни решенија во делот за компромисни идеи. --FlavrSavr (разговор) 01:08, 28 јануари 2011 (CET)[одговори]

FlavrSavr, не е во ред да започнеш со расправа која треба да резултира со гласање, а плус и да определиш рок кога тоа треба да заврши без прво да ги утврдиш правилата. --brest (разговор) 10:07, 28 јануари 2011 (CET)[одговори]
Па мислам, дека правилата се утврдени (горе)? --FlavrSavr (разговор) 12:33, 28 јануари 2011 (CET)[одговори]
Еве пример јас во овој момент имам забелешка на твоите предлог Правила, поточно на реченицата „Личните навреди не помагаат за решавање на спорот“, сметам дека таа реченица треба да прошири и дополни. Секој кој ќе почне со argumentum ad hominem (т.е. en:Personal_attack) да го изгуби правото за учество во расправата и во гласањето. И уште повеќе секој кој до сега го правел тоа, да нема право да учествува во расправата и гласањето. Единствен услов да се вклучи во расправата и гласањето да биде јавно извинување, јасно упатено кон личноста врз која биле насочени тие напади. --brest (разговор) 13:25, 28 јануари 2011 (CET)[одговори]
Се сгласувам со brest. Ова треба секогаш да биде предуслов за учество во било каква дискусија.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:02, 28 јануари 2011 (CET)[одговори]
Додадов дека личните навреди не се дозволени, иако тоа во принцип треба да е јасно според вики-етикетата. Што се однесува до извинувањата, од моето искуство на англиската Википедија, при барањето на консензус, не сум видел случај во кој некој бара извинување за воопшто да почне дискусија. Всушност, самата дискусија, ако е соодветно канализирана да ги спротистави аргументите, а не емоциите, би требало да води кон преиспитување на сопствените ставови. Верувам дека во дискусијата многу дискутанти ќе покажат доза на само-критичност и ќе признаат дека некаде можеби згрешил или претерал. На пример, во една од дискусиите еден Грк ме нарече "словенски Гебелс"... после некое време, откако ги решававме до дискусија споровите, добив најдлабоко извинување од негова страна. --FlavrSavr (разговор) 16:30, 28 јануари 2011 (CET)[одговори]
FlavrSavr во својот обид да дефинира правила за постигнување на консензус запиша колкав процент од гласовите (веројатно мисли на оние кои гласале) е потребен за да се смета дека е постигнат некој консензус а во останатиот дел од тоа правило малку е непрецизен, вели - доколку било која страна не го надмине овој процент ..., не ми е баш најасно ова. Колку е излезниот праг, за да биде гласањето легитимно, колкав е минимумот на гласачи за да се смета гласањето за легитимно? --brest (разговор) 20:30, 28 јануари 2011 (CET)[одговори]
Ако повторно се навратам на практиките во англиската Википедија, каде се "гласа" за сè и сешто, и за многу помали спорови, правилата се и отповеќе дефинирани. :) Значи, идејата на консензус не е да се утврди чија страна ќе победи (ова не се избори), туку да се определи на што е можно поточен начин, што мисли заедницата за односните прашања и да се најдат креативни решенија за истите. На пример, доколку 90% смета дека некои страници треба да се бришат, тогаш јасно е дека тие треба да се избришат. Доколку 55% од заедницата смета дека некои страници треба да се бришат, тоа остава 45% од заедницата незадоволно на некој начин, па треба да се постигне некое решение, како на пример, избирање на динамиката на бришење (поспора, побрза итн.). Изборен праг нема. Секако дека што повеќе луѓе се вклучат на конструктивен и аргументиран начин, пореално ќе се отслика расположението на заедницата. Имав впечаток дека многу од дискутантите претходно фаворизираа "гласање", па не знам што се чека. :) --FlavrSavr (разговор) 20:58, 28 јануари 2011 (CET)[одговори]

Градење на консензус за празните страници "ГГГГ во област x"[уреди извор]

Здраво на сите, со најдобра намера, и со надеж дека не ја отворам Пандорината кутија, започнувам процес на градење на консензус за категоријата статии "ГГГГ во област x". Ова ќе биде едноставно ако сите расудуваме со ладни глави, за доброто на Википедија на македонски јазик. --FlavrSavr (разговор) 01:08, 28 јануари 2011 (CET)[одговори]

Ситуација: Во април 2009, Kiril Simeonovski и MacedonianBoy создаваат околу 5.000 страници "ГГГГ во област x", веројатно со намера побрзо да достигнеме до 30.000тата статија. Некаде во мај 2010 Brest започнува дискусија за бришење на овие страници (генерално поддржан од iNkubusse). Во октомври 2010 Kiril Simeonovski го создава ВикиПроектот Години кој сè уште не е заживеан. Во јануари 2011, Brest започнува да брише 400 страници од ваков тип повикувајќи се на критериумите за брзо бришење (користени од 2008 г.), по што следуваат бурни реакции и малку непријатна атмосфера. --FlavrSavr (разговор) 01:08, 28 јануари 2011 (CET)[одговори]

Овде треба да бидеме попрецизни и да имаме предвид дека во моментов расправаме за празни страници од типот „ГГГГ во нешто“, не дискутираме за бришење на статии од тој тип во кој има барем еден податок. Молам ова секој да го има предвид за да не дојде до забуна. Барам од тој кој што ја дефинира оваа нишка истото да го поправи, така што барем оние кои ќе се вклучат подоцна да бидат запознаени со правилната дефиниција на проблемот.--brest (разговор) 09:43, 29 јануари 2011 (CET)[одговори]
Го корегирав насловот за да не бидат дискутантите во забуна. Се разбира дека оние статии кои имаат некаква содржина нема да се бришат. --FlavrSavr (разговор) 15:58, 31 јануари 2011 (CET)[одговори]

Дискусија[уреди извор]

Дискусијата заврши. --FlavrSavr (разговор) 16:32, 5 февруари 2011 (CET)[одговори]

За задржување на статиите[уреди извор]

За --Р ашо 20:47, 28 јануари 2011 (CET) Коментар  Генерално бев против ваквите создавања, но изричито сум против бришење на постоечките. Овој начин за мене претставува несериозен потег и е еден вид на индикатор за некоордираноста на нашава википедија. Изгледа дека синдромот на „пишман аџија“ сè уште е присутен. За крај -> Кога сакавме да го достигнеме бројот од 40.000 статии, некој се утепа од испраќање на „радосни вести“ по медиумите, а сега со бришењето некој ќе го направи истото и ќе се фали дека сме го достигнале фамознниот број од 30.000 статии. Несериозен потег.[одговори]

Raso mk ако сме биле некоординирани некогаш не значи дека сега не смееме да се координираме. Оваа расправа мислам дека токму тоа значи, консолидација и координација на заедницата. Треба да гледаме да имаме што е можно повеќе статии, 30.000, 40.000, 50.000 па и повеќе, но да имаме квалитетни статии, кои можат да понудат некоја информација на тој кој ја чита Википедија. Пример ако некој дошол на идеја за ова зошто да го разочараме кога ќе забележи дека голем процент (мислам дека FlavrSavr ги имаше конкретните бројки за овие проценти) од овие случајни страници се празни.--brest (разговор) 09:43, 29 јануари 2011 (CET)[одговори]

За --Тиверополник (разговор) 23:23, 28 јануари 2011 (CET)Коментар  Празните статии доколку се бришеа, требало ова да се случи некое време откако истите биле создадени. Според мене, убаво би било да останаат уште некое време, можеби ќе се организираме уредувачите на статии и можеби некој ден (можеби никогаш) ќе ги уредеме. Сега не е погоден момент за бришење и за толку големи и спори дискусии, наместо да се занимаваме со други работи.[одговори]

Тиверополник сега расправаме за страници не за статии/никулци во кои има некој податок. Аргументот дека „можеби некој ден (можеби никогаш)“ го почитувам, но не е некој силен аргумент за задржување на овие страници. Зошто не размислуваш на начин дека „секогаш кога ќе има содржина може да се создадат“.--brest (разговор) 09:43, 29 јануари 2011 (CET)[одговори]
Добро Brest, во право си дека може било кој и кога сака може повторно да ги создаде, но за колкав број на страници расправаме... Што мислиш за бројката од 40.000 кога ја постигнавме, макар и со празни статии, а сега ќе треба да се симниме незнам, можеби на 35.000 или 30.000 статии, како и за претставата на википедија пред македонската јавност, медиум, faceboook, и.т.н. Малку детски ќе звучи според мене, и никој во иднина нема да не гледа во целина како сериозни. --Тиверополник (разговор) 11:17, 29 јануари 2011 (CET)[одговори]
Всушност, ако се оодлучи страниците да бидат избришани, нема сигурно веднаш да паднеме на 35.000 или на 30.000, со оглед на тоа дека разумно решение е да се отстрануваат ваквите статии со ритам, кој одговара на уредување на нови статии. Со тоа, практично нема да се намалува вкупниот број на статии, но и стапката на раст ќе биде значително помала.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:35, 29 јануари 2011 (CET)[одговори]
Па каков би бил овој ритам на пример, кога ќе се избришат, кога ќе стигнеме 45.000 или околу 50.000? Тоа можеби ќе биде до летото, но со оглед на слабата заинтересиреност за нови статии, можеби и подолго. Мислам дека ова не е добро решение, ние немаме уредувачи за нови статии, кои за брзо време би направиле 5000 за да не паднеме повторно под 40.000. За ова е потребно време....--Тиверополник (разговор) 22:25, 29 јануари 2011 (CET)[одговори]
Тиверополник, немам точен податок за колкав број на страници расправаме. Овде се лицитира со некои бројки кои се движат од околу 5.000 па до 10.000. Може да се дискутира за претставата на Википедија пред македонската јавност, но тоа е само претстава. Сериозноста на Википедија ќе се цени повеќе според содржајноста, квалитетот и полезноста. --brest (разговор) 20:35, 31 јануари 2011 (CET)[одговори]
Ок, нека биде така... Се повлекувам...--Тиверополник (разговор) 19:32, 2 февруари 2011 (CET)[одговори]

Против задржување на страниците[уреди извор]

Против --FlavrSavr (разговор) 01:47, 28 јануари 2011 (CET) Коментар  Статиите, објективно, ги задоволуваат критериумите за брзо бришење. На Кирил уште на времето лично му кажав дека не се сложувам со поставувањето на овие статии, иако не сакав да мрчам многу :). Не е реалистично да се очекува дека кога обичните статии за години ни стојат празни, дека овие статии специјализирани по област ќе бидат пополнети во догледно време. Некои ќе речат дека статииве не сметаат, ама ако се сеќавате кога се одлучуваше дали да одиме на главната страница на en.wiki со 40.000 статии, случајниот избор покажа на многу празни статии, и затоа не нè ставија. Освен тоа, подложни сме на коментарите за инфлација, па не е лошо да зачистиме малку. --FlavrSavr (разговор) 01:47, 28 јануари 2011 (CET)[одговори]

Коментар  Цобе, за ова требало да се мисли порано.--Р ашо 20:47, 28 јануари 2011 (CET)[одговори]

Против  --Стан (разговор) 01:07, 29 јануари 2011 (CET) Коментар  Согласно БЗББ (SPEEDY A3). Како добро се гледа од коефициентот на никулците, Википедија на македонски јазик е на 271 место, од 279 јазици (со помал коефициент се 8 јазични верзии, од кои 5 се заклучени). Кога се собере доволно материјал за една статија, секогаш може да се создаде повторно.[одговори]

Мислам дека тој показател пресметан на страницата не е веродостоен, бидејќи е пресметан кога бројот на статии кои се никулци ќе се подели со вкупниот број на страници, а не статии. Со оглед на тоа дека Википедија на македонски јазик има вкупно над 700.000 страници, вкупниот број на никулци учествува многу малку во овој број и поради тоа показателот има толку ниска вредност. Од друга страна, Википедија на влашки е на првото место, каде што над 94% од вкупниот број на страници се статии кои се никулци. Главно, најголем број на јазични изданија на познатите јазици, кои се сметаат за најквалитетни се меѓу 150. и 250. место.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:44, 29 јануари 2011 (CET)[одговори]
Kiril Simeonovski ако може да ми дадеш врска на мета каде е дефинирано како се добива показателот stub ratio, би било добро за да расправаме аргументирано.--brest (разговор) 09:43, 29 јануари 2011 (CET)[одговори]
Нема проблем. Формулата за пресметка на показателот Depth е објаснета на страницата за показателот, каде што пишува дека се пресметува како (1-(Articles/Total)). Сепак, ова не е точна формула, бидејќи според пресметките, потрено е вредноста да биде одземена од 1, што посочува дека вистинската формула е Articles/Total. Така на пр. на Википедија на македнски јазик моментно има вкупно 43.314 страници и 722.589 страници, а учеството на вкупниот број на страници изнесуваприближно 0,0599, колку што и се споменува во врската којашто беше наведена. Поради тоа, ќе замолам ако може да се престане со посочување на било какви показатели како клучни аргументи во дискусијата за статиите за години, со оглед на тоа што истите не претставуваат веродостојни критериуми за квалитетот на одредено јазично издание.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:57, 29 јануари 2011 (CET)[одговори]
Се извинувам, stub rate коефициентот (втората реченица) требаше да биде за другото гласање (за пренасочувачките), за да се види дека еден од проблемите е тоа што има премногу страници, кои не претставуваат статии, и тоа може да се реши, како се отстранат непотребните пренасочувања. Другиот проблем се разговорните страници, но по ова прашање мислам дека веќе сте одлучиле. Нема да места реченицата, бидејќи веќе има дискусија, но да знаете дека се однесува на подолу. Мотивите ми за "годините" се дека не ги исполнува БЗББ. Поздрав! --Стан (разговор) 19:25, 29 јануари 2011 (CET)[одговори]
Се сложувам со Кирил дека треба да се престане со посочување на било какви показатели како клучни аргументи во дискусијата.--brest (разговор) 20:35, 31 јануари 2011 (CET)[одговори]

Против  Коментарот го дадов овде. --Brainmachine (разговор) 12:00, 31 јануари 2011 (CET)[одговори]

Компромисни идеи[уреди извор]

Коментар  Психолошкиот ефект врз заедницата на намалување на 5000 статии не би требало да се занемари. Една компромисна идеја би ми била е овие статии да се означат како за бришење, ама динамиката на бришење да не надминува 10 статии дневно. --FlavrSavr (разговор) 01:49, 28 јануари 2011 (CET)[одговори]

Компромисов ми наликува на Killing Me Softly. Работата е да не се избришат, ами да се прошират. Мојот предлог бил барем за почеток, секој по една деценија на кратко пополнување. Или автоматски, статиите од соодветната категорија да се вметнуваат во соодветната статија. Слични проекти има и на англиската википедија.--Р ашо 20:51, 28 јануари 2011 (CET)[одговори]
Прва опција секогаш треба да биде „да се задржат“, но само доколку постои реална можност да се прошират. Доколку немаме таква можност, да се бришат, но со споро темпо, во зависност од бројот на активни уредувања во даден период. --Милош (разговор) 21:15, 28 јануари 2011 (CET)[одговори]
Да, компромисот делува така, ама само ако го гледаш од призма на чист број на статии. Но тоа се шупливи статии (без никаква содржина), и згора на тоа, се создадени при постоечка политика за брзо бришење. Но, дури и да ја игнорираме таа политика, проектот на пополнување на 5000 статии ми е нереален. Веќе е предложен како таков (ВикиПроект Години), но нема апсолутно никаков успех. Ако сега и некои се сложат да ги пополнуваат тие статии, ќе ги потрошат сите свои интелектуални и временски ресурси на пополнување на овие статии: искрено не верувам дека би се нафатил некој и ова не ми делува како рационален излез. Освен тоа, ако некој навистина сака да ги пополнува статиите, ништо не го спречува повторно да ги создаде... Компромисот што го предложив мислам дека е реална алтернатива, за да не се предизвика преголем пад на бројот на статии и да сме во контрадикција со медиумското покривање на настаните. --FlavrSavr (разговор) 21:30, 28 јануари 2011 (CET)[одговори]
Јас поддржувам проект за пополнување на страниците од овој тип кои би се претвориле во корисни статии, но треба да се поработи на дефинирање на тој проект. И ќе повторам создавањето на страници е најмал проблем кога ќе имаме содржина. Ние сега не расправаме дали никогаш да ги нема овие статии/страници, туку дали да постојат празни страници од овој тип толку долго време.--brest (разговор) 09:43, 29 јануари 2011 (CET)[одговори]
Ако гледаме на тој начин на работите, јас мислам дека никој не сака да се ангажира околу дефинирање на проектот. На почетокот дефинирав одделно задача за пополнување на неколку статии за лидери на држави по години како приемр, а дури уредив и упатство за уредување и водич за стилот. Иако некои се пријавија, никој не се вклучи во извршувањето на задачата, а и бројот на коментари беше сиромашен. Ако некој сметаше и смета дека треба подобро да се дефинира, може слободно да го предложи тоа. А за времето кое го потрошивме за оваа дискусија овде, сигурно можеше сè да биде дефинирано и веќе да се започне со работа. --Kiril Simeonovski (разговор) 13:14, 29 јануари 2011 (CET)[одговори]
Луѓе, да бидам искрен, мене би ми било многу досадно да потполнувам списоци на лидери по години (и затоа не би се вклучил во таков проект). Повеќе би се вклучил во уредувачка акција за средување на важни статии од природата и општеството кои треба да ги имаме или треба да ги прошириме. Тоа би ми било интересно и сум сигурен дека тоа би било покорисно од овие списоци.
Инаку, како што спомнав преку мејл (сите што не сте зачленети на поштенскиот список vikipedijaatlists.softver.org.mk — зачленете се!), јас сум за бришење на овие страници, бидејќи го намалуваат квалитетот на целата енциклопедија. Тие го намалуваат квалитетот, бидејќи под а) со секоја случајна страница, се зголемува шансата читателите да добијат празна содржина, наместо некој значаен енциклопедиски текст; под б) се губи значењето на статистиката за вкупен број на статии, затоа што овие страници, според КЗББ#СТ:2, не се статии (и се согласувам). И дури и да паднеме под 40 илјади статии, мислам дека нема ништо трагично да се случи, енциклопедијата и заедницата ќе си продолжи напред и ќе си стигнеме полека и квалитетно и до 50 илјади. Ако некој праша: „е, добро, што се случи со статиите, нели беа толку и толку, каква е оваа несериозност?“, нека ја прочита дискусијава и се надевам дека ќе разбере.--Brainmachine (разговор) 11:51, 31 јануари 2011 (CET)[одговори]
Веќе споменав дека би било најдобро да се отстрануваат по неколку статии дневно кои ќе бидат надоместени со новоуредените статии, така што нема да не се намали вкупниот број на статии. Инаку, подобрувањето на квалитетот е само привидно, бидејќи ако гледаме така на работите, доколку ги отстраниме сите празни статии кои сигурно се повеќе од статиите за години, уште повеќе ќе го зголемиме квалитетот.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:30, 31 јануари 2011 (CET)[одговори]
Не сум голем обожавател на бришење на статии, но не гледам причина зошто и за другите статии не би биле покренати дискусии. Доколку заедницата реши така, секако. Инаку, неколку пати прочитав дека трошиме време со дискусијава. Јас не мислам дека конструктивните дискусии се губење време: напротив, сметам дека се битен дел од градењето на оваа вики-заедница. Се надевам дека на крајот ќе излеземе со некое решение и со конкретни политики кои ќе спречат вакви нервози. --FlavrSavr (разговор) 16:12, 31 јануари 2011 (CET)[одговори]

Коментар  Предлагам уште една опција. Да се избришат, како се остават само 100, кога тие се пополнат, да се создадат уште 100 и така сè додека не се стигне до сегашната бројка. Ова може да се координира преку проектот Википедија:ВикиПроект Години --Стан (разговор) 02:46, 29 јануари 2011 (CET)[одговори]

Коментар  Ми се допаѓа оваа идеја. --Brainmachine (разговор) 11:51, 31 јануари 2011 (CET)[одговори]

Заклучоци[уреди извор]

Во дискусијата 5 дискутанти го искажаа своето мислење преку глас (став). Од нив, 2 се за задржување на статиите, а 3 против нивното задржување. Во проценти, тоа значи дека 40% се за, а 60% против нивно задржување. Тоа значи дека заедницата е поделена околу ова прашање, нема јасен консензус, со тоа што мнозинството, сепак, е за бришење на празните страници. Од дискусиите кои произлегоа од двете страни, и од компромисните идеи, јас би ги извел следните заклучоци:

1. Секое масовно создавање или бришење на статии на Википедија на македонски јазик мора да ги почитува постоечките правила (КББ, Значајност, итн.) и принципот на консензус.
2. Конкретно, за празните статии, односно за статиите "ГГГГ во нешто" кои ги задоволуваат КББ (шаблонски страни со една воведна информација), се предложи едно компромисно решение, кое сметам дека е во ред: празните статии да се бришат со одредена динамика, која нема да предизвика шок во бројот на статии. Грубо пресметано, тоа значи бришење околу 10 страници дневно. Ова може да се изведе со бот, рачно, или било како. Предлагам тие празни статии да бидат оние кои имаат најмала веројатност да бидат пополнети, во овој случај, оние години кои хронолошки се први. Секако, се охрабруваат сите корисници да ги пополнуваат статиите (како би избегнале бришење), но заедницата смета дека сепак тоа би бил подолготраен процес. --FlavrSavr (разговор) 17:26, 5 февруари 2011 (CET)[одговори]

Градење на консензус за пренасочувачките страници[уреди извор]

Ситуација: Во октомври 2010, Brest започнува создавање на голем број на пренасочувачки страници од различни светски јазици соодветните статии на македонски јазик. Набрзо, почнува жолчна расправија меѓу MacedonianBoy и Brest за ова прашање. --FlavrSavr (разговор) 01:36, 28 јануари 2011 (CET)[одговори]

Треба да бидеме попрецизни и да имаме предвид дека во моментов расправаме за страници не за статии. Молам ова секој да го има предвид за да не дојде до забуна. Барам од тој кој што ја дефинира оваа нишка истото да го поправи, така што барем оние кои ќе се вклучат подоцна да бидат запознаени со правилната дефиниција на проблемот.--brest (разговор) 09:43, 29 јануари 2011 (CET)

Закажано да заврши во 01:35, 4 февруари 2011 (CEST)

Дискусија[уреди извор]

Дискусијата заврши. --FlavrSavr (разговор) 16:32, 5 февруари 2011 (CET)[одговори]

За задржување на страниците[уреди извор]

За  Не гледам како овие страници создаваат штета на Википедија на македонски јазик. На почетокот бев против нивното создавање од проста причина што го оптеретуваат проектот, но сега сфаќам дека истите имаат повеќе користи отколку недостатоци. Со создавањето на пренасочувачките страници на корисниците кои го немаат соодветното нагодување им се овозможува со внесување на насловот на својот јазик во прелистувачот да ја најдат бараната статија, наместо за тоа да ги користат интервики врските од своето или некое друго јазично издание. Точно е дека за ова служат врските, но ова никако не е на домет. Освен тоа, ваквите пренасочувања претставуваат соодветни преводи на некои македонски зборови на другите јазици. Ова, понатаму овозможува нивно доработка и внесување во проектот Викиречник, кој на македонски јазик е сиромашен со содржини. Отстранувањето на содржини по дефиниција е лоша работа, а особено кога со бришењето нема да се подобри квалитетот на проектот.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:19, 31 јануари 2011 (CET)[одговори]

За  --brest (разговор) 20:35, 31 јануари 2011 (CET) Коментар  Пренасочувањата се функционалност на медијавики софтверот која не претставува удвојување со интервики врските туку е надополнување на медијавики софтверот во делот на навигацијата низ содржините на Википедија. Интервики врските служат за префрлање од едно јазично издание на друго јазично издание на Википедија. Пренасочувањата ја олеснуваат навигацијата низ конкретно јазично издание на Википедија. Ограничувањата од типот може пренасочувања од англиски или латинична транскирпиција на македонски ама не од бугарски, албански, кинески, латински и сл. не се во духот на Википедија за мултијазичност и затоа не треба да има таквии ограничувања. Ограничувањата од типот може пренасочувања само за поими кои се тесно врзани со територијата на која се зборува некој јазик за кои се прави пренасочување и сл. се само ограничувања заради ограничувања и контрадикторни сами по себе. На една територија може да се зборуваат повеќе јазици. Во САД не се зборува само англиски, во Македонија не се зборува само македонски. Страниците за пренасочување не се страници со содржина туку пренасочуваат кон страници со содржина, кои се, треба и мора да бидат комплетно напишани според јазичните стандарди на конкретното јазично издание на Википедија, во случајов издание на Википедија на македонски јазик. Пренасочувањата воопшто не им пречат на оние кои не сакаат да ги користат, може комплетно да ги игнорираат, а им се од помош на оние кои ги користат. Доколку се укаже потреба од прекинување на некое конкретно пренасочување поради неправилно пренасочување кон целната страница, тоа може да го направи секој уредувач без никакви дополнителни привилегии. Доколку некој поим постои на 100% од сите можни јазични изданија на Википедија, тоа значи дека локалните вики заедници на овие јазични изданија веќе одлучиле дека тој поим е значаен. Ако постои на 70%, 50%, 10% или 1% од сите можни јазични изданија на Википедија, тоа значи дека само толкав процент од локалните вики заедници одлучиле дека тој поим е значаен. Со ботовите кои ги ажурираат интервики врските имаме релативно ажурна состојба на истите. Како ги прави пренасочувањата brest-bot? Ги поминува сите можни статии на Википедија на македонски јазик, ги наоѓа сите интервики врски, ги исфрла сите удвојувања (пример Skopje (en), Skopje (de), Skopje (sr), Skopje (ca) ...), создава за секое уникатно појавување во интервики врските посебно пренасочување само доколку во моментот точно со тој наслов не постои некоја друга страница. Ако некој поим бил значаен на 1% од сите можни јазични изданија најмногу ќе се јави со ист толкав број на пренасочувања на Википедија на македонски јазик. За значајноста одлучувале локалните вики заедници а не ботот. Аргументирањата дека со вака голем број на страници се трошат ресурси на Викимедија опслужувачите држат вода но сепак машините се за тоа да му служат на човекот а не обратно. Ставовите дека ова го нема на ниту една Википедија не се ставови кои можат да ја водат напред Википедија на македонски јазик. Тука локалната вики заедницата треба да создава уникатна содржина и уникатни решенија со кои треба да се гордееме. Тоа се моите причини зошто со бот сум ги создал овие страници, и се разбира тоа се причините зошто сум да се задржат.--brest (разговор) 00:39, 1 февруари 2011 (CET)[одговори]

Од коментарите сум убеден дека овој глас го потврдува она што е напишано, но добро ќе биде да се наведе причината накратко.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:40, 31 јануари 2011 (CET)[одговори]

Против задржување на страниците[уреди извор]

Против  Технички, овие статии не влијаат на вкупниот број на статии. Но сепак, статиите го обесмислија параметарот "длабочина", кој, со сите свои фалинки, сепак е некаков показател за активноста на Википедија на македонски јазик. Сега во пребројувањето на бројот на статии немаме бројка за овој параметар и стои една цртка, што не прави единствени во светот. Димче објаснуваше дека со ова корисниците од други јазици полесно ќе наоѓаат содржини овде, меѓутоа навистина не ме убеди дека имаме потреба од толкав огромен број на пренасочувања. --FlavrSavr (разговор) 01:58, 28 јануари 2011 (CET)[одговори]

Погледни на мета List_of_Wikipedias, во забелешките дадено е објаснување на формулата. Ќе ја пренесам овде, за да биде видлива: The "Total" column refers to the number of pages in all namespaces, including both Articles (the official article count of each wiki) and Non-Articles (User pages, Images, talk pages, "project" pages, categories, and templates). The "Depth" column (Edits/Articles × Non-Articles/Articles × Stub-ratio) is a rough indicator of a Wikipedia’s quality, showing how frequently its articles are updated. It does not refer to academic quality, which cannot be computed, but to Wikipedian quality, i.e. the depth of collaborativeness—a descriptor that is highly relevant for a Wikipedia. И сега пронајди во формулата за пресметка на "Depth" каде се вклучени пренасочувањата. Ги нема, што значи пренасочувањата не влијаат на "Depth"?--brest (разговор) 13:33, 28 јануари 2011 (CET)[одговори]
  • NonArticles are talk pages, redirects and user pages. Total is simply NonArticles + Articles. Значи дека пренасочувачки се сметаат, или грешам? Ова беше таму, но некој го избришал а е доста важно: „Depths above 300 for Wikipedias below 100 000 articles have been automatically dismissed as irrelevant.“ Не знам зошто го избришале од страната на Мета, еве ја историјата.--Никола Стоіаноски 13:43, 28 јануари 2011 (CET)[одговори]
  • NonArticles are talk pages, redirects and user pages, не можам да го најдам, дај ми точна diff страница. Тој што избришал Depths above 300 for Wikipedias below 100 000 articles have been automatically dismissed as irrelevant., во описот на уредувањето ставил: Removed incorrect statement, т.е. [3] и тоа го направил вчера?--brest (разговор) 14:16, 28 јануари 2011 (CET)[одговори]
Тука во воведот може да се прочита ова. Мислам дека не е точна изјавата incorrect statement бидејќи с€ уште за нас нема податок, туку црта. Ние сме само со црта и мислам уште една Википедија. Ако таа реченица не е точна, тогаш треба да ни стават и податок за Depth. --Никола Стоіаноски 14:48, 28 јануари 2011 (CET)[одговори]
Никола и мене ми падна чудно зошто ја немаше таа реченица на мета иако знам дека ја имаше. Па затоа го прашав Jacob.jose зошто го направил тоа и добив одговор од него дека, the statement is no more correct, details are available on the discussion page here. Со други зборови границата за depth од 300 сметале дека не е во ред а колку што можам да сватам расправаат каде да ја постават новата граница. Значи не мора depth показателот во нашиот случај да биде ирелевантен. Ми се допаѓа тоа што Jacob.jose успеал да го промени тоа за малајаламската википедија.--brest (разговор) 10:32, 29 јануари 2011 (CET)[одговори]
Се извинувам што се мешам, но сакам да објаснам како со создавањето на пренасочувања може да се злоупотребува показателот. Создавањето можеби не влијае на вкупниот број на статии, но влијае на вкупниот број на страници (Non-Article). Исто така, тоа придонесува за зголемување на бројот на уредувања на проектот. Со тоа, дропките Edits/Articles и Non-Articles/Articles ќе имаат броители со поголема вредност, што влијае на зголемување на вредноста на дропките, а одовде и целиот израз ќе има поголема вредност.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:08, 28 јануари 2011 (CET)[одговори]
Kiril Simeonovski јас жалам што ти размислуваш за „злоупотреба“ на показателот. Јас лично размислувам за подобрување на квалитетот на Википедија. Значи овие страници кои јас ги создадов со brest-bot ги создадов за да го зголемам квалитетот на Википедија. Пример пробај во полето за пребарување да пишуваш на латиница, доколку во твоите нагодувања, во јазичето „Нагодувања на пребарувањето“ ја имаш вклучено опцијата „Овозможи збогатени предлози при пребарување“ и во исто време исклучено опцијата „Оневозможи AJAX-предлози“, ќе видиш дека системот ќе ти понуди список на одредници, најчесто наслови на пренасочувачки страници, кои ќе те одведат до вистинската статија на македонски јазик. Истото тоа ќе се случува доколку некој пишува со бугарско писмо, со руско или арапско или било кое друго. За мене ова е важна придобивка, корисна за голем број на корисници на Википедија на македонски јазик.--brest (разговор) 10:32, 29 јануари 2011 (CET)[одговори]
Мислам дека има недоразбирање, бидејќи давам само хипотетички пример за тоа како може да се злоупотребува показателот. Не велам дека истото е направено кај нас.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:07, 29 јануари 2011 (CET)[одговори]

Против --Никола Стоіаноски 13:16, 28 јануари 2011 (CET)[одговори]

Би те замолил да го образложиш твојот глас. Претпоставувам дека тоа долу во идеите е некакво образложување, но сепак додади и тука нешто, да не испадне потоа дека само се надгласуваме. --FlavrSavr (разговор) 19:34, 28 јануари 2011 (CET)[одговори]

Против --Милош (разговор) 13:05, 31 јануари 2011 (CET) - Едноставно не ја гледам корисноста на имање пренасочувања од секој јазик кон статија на македонски. Концептот се поклапа со интервики врските. Сегашните пренасочувања веќе не може да се избришат (премногу се, а дел од нив се и корисни), па би предложил да се ограничи автоматското отворање на нови според следните критериуми:[одговори]

  1. поим напишан на латиница кон соодветното име (пр. Skopje да пренасочува кон Скопје).
  2. поим напишан на изворниот јазик (пр. Roma кон Рим). Ова пак може да донесе дополнителни проблеми (повеќезначност на изворното име, како воопшто автоматски да се детектира оригиналниот поим за пренасочување итн.), и воопшто незнам колку е изводливо.

--Милош (разговор) 13:05, 31 јануари 2011 (CET)[одговори]

Не се баш еднозначни предлозите. 1. Ако латиничното писмо е клучниот услов, тогаш значи може: Scopia, Scopye, Skoplje, Skopie, ... Само зошто да не може да се употребува кирилично писмо? 2. Ова е варијација на 1. И јас воопшто не знам колку е изводливо да се прават некои ограничувања. Зарем не е подобро да не се прават ограничувања? Зошто би ни пречело Скопие (bg), или Скопье (ru)?--brest (разговор) 23:08, 31 јануари 2011 (CET)[одговори]
Не е исто со македонските поими и со некои дагестански села. Селото Гуниб, доволно е да има пренасочување на оригиналниот јазик и евентуална латинска транскрипција, но и на кинески, индиски или грузиски.--Р ашо 23:18, 31 јануари 2011 (CET)[одговори]
Под латиница мислам транскрипција на македонскиот назив, т.е. само Skopje. Впрочем, ако некој воопшто бара Scopia зошто би требало меѓу првите резултати да излезе Википедија на македонски јазик? Најверојатно тоа НЕ го бара. --Милош (разговор) 00:30, 1 февруари 2011 (CET)[одговори]
Тогаш дали е тоа во духот на одбрана на македонското писмо? Google не е Википедија, кај мислиш некој да бара Scopia? --brest (разговор) 00:56, 1 февруари 2011 (CET)[одговори]
Не ја сваѓам логиката. Значи не треба воопшто да имаме имиња на латиница? Значи и 9/10 од пренасочувањата што се прават не ни требаат. --Милош (разговор) 19:41, 3 февруари 2011 (CET)[одговори]

Против  Wikimk (разговор) 22:14, 31 јануари 2011 (CET) Коментар  Овие пренасочувања беа направени без никаква консултација. Ако не се лажам на ист начин беше постапено и со бришењето. Мислам дека една мала вики заеднива не треба така да работи.[одговори]

Интересна аргументација? По таа аналогија ако направи некој сега 100 статии, ќе бидеме против нивното задржување само затоа што претходно не била направена консултација! Го почитувам сечие мислење, ама за среќа не морам со се да се сложам.--brest (разговор) 22:51, 31 јануари 2011 (CET)[одговори]
Meне аргументацијата ми е досадна па решив да бидам краток и јасен. Wikimk (разговор) 23:45, 31 јануари 2011 (CET)[одговори]
Не е битна должината, може и пократко. Аргументи?--brest (разговор) 23:53, 31 јануари 2011 (CET)[одговори]
Имаме различни мислења. Нели не мора да се сложуваме? Нели? ...самиот тоа го кажа. Доволно е да се почитуваме.
Wikimk (разговор) 00:15, 1 февруари 2011 (CET)[одговори]

Против  Причината ја дадов овде и сега сметам дека треба да се отстранат пренасочувањата. --Brainmachine (разговор) 23:30, 31 јануари 2011 (CET)[одговори]

Компромисни идеи[уреди извор]

Коментар  Можеби добра идеја би била да се задржат пренасочувањата од соседните јазици, додека од егзотичните јазици да се избришат. --FlavrSavr (разговор) 01:59, 28 јануари 2011 (CET)[одговори]
FlavrSavr дали тоа значи дека пренасочувањата од англиски предлагаш да ги избришеме? --brest (разговор) 10:32, 29 јануари 2011 (CET)[одговори]
Пренасочувањата од англиски кои немаат врска со поимот не гледам зошто да постојат. Но, бидејќи англискиот јазик е јазикот на глобализацијата, претпоставувам дека на голем број страници ќе пренасочуваат од англиски. --FlavrSavr (разговор) 16:04, 31 јануари 2011 (CET)[одговори]
Коментар  Има некои непишани правила кои станаа стандард за секоја Википедија кога се пренасочува јазик. Така, се пренасочуваат јазици кои се тесно сврзани со темата, не соседските. Така на пример, ако имаме статија Босна и Херцеговина, се пренасочуваат српски јазик, хрватски јазик и босански јазик, на латиница и кирилица. Нема потреба од бугарски, албански, грчки, турски, свахили, зулу или какви уште не. Ова од секогаш сум го тврдел и ова функционира скоро на секоја Википедија, со некои исклучоци. --Никола Стоіаноски 13:16, 28 јануари 2011 (CET)[одговори]
Никола непишаните правила кои ти ги спомна погоре се сосема во ред за некој кој уредува мануелно и неразумно е да се бара мануалено да се внесуваат сите можни јазични пренасочувања. Ценетото време на вредните уредувачи може да биде употребено за работи кои не може да се направат автоматски, додека пренасочувањата може да се препуштат на бот. Дури јас размислував да го подобрам ботот во смисла на тоа да прави еквивалентни пренасочувања од латинична верзија на насловите на статиите на македонски јазик, кое сметам дека исто така се корисна работа. Пример: Den na makedonskite i seslovenskite prosvetiteli i uciteli -- Ден на македонските и сесловенските просветители и учители, слично како што ти ми се чини си правел до сега ваквии пренасочувања мануелно. Ова е добро за корисниците на Википедија на македонски јазик кои сè уште не се навикнати да користат уникод писмо или едноставно се наоѓаат покрај компјутер каде не е возможно внесување на кириличен текст. Јас лично сум имал таквоо искуство на аеродроми, имаш терминал за пристап на интернет, но во google или на википедија, во полето за пребарување не можеш да запишеш некој кириличен поим, затоа што на типовите кои го инсталирале тој терминал не им паднало на памет дека тој терминал ќе го користи и некој кој има потреба од кирилично писмо. Но да не должам има многу ситуации каде што пренасочувањата се корисна работа, никому не пречат а ако ги има завршуваат работа.--brest (разговор) 10:32, 29 јануари 2011 (CET)[одговори]
Можеби и овде си во право Brest, но што правиме со пренасучувањето на статиите од типот Sfânta Sofia din Istanbul на пример Света София (Константинопол), ئاياسوڧيا... Hagia Sophia (ајде, можеби на англиски би требало ќе кажеме)... Незнам... Ова според мене не би требало да го има на нашава вики. --Тиверополник (разговор) 11:28, 29 јануари 2011 (CET)[одговори]
Тоа со македонска латиница можам да разберам. Исто така можам да разберам да се пренасочуваат јазици кои се тесно сврзани со темата. Ама да се пренасочуваат и јазици кои немаат никаква врска, е тоа не можам да го разберам. Нема таква стабилна Википедија која ја има оваа практика, освен овде која се направи од еден бот. Сум пробал на неколку Википедии да пренасочам македонски текст кон македонска статија и ми беше избришано. Причина? Еве ја причината што ја добив: нашиот јазик користи транскрипција на поимите, а јас би додал дека според фактот што оваа Википедија е именувана на македонски јазик сè кажува - само македонски јазик и ништо друго. Впрочем интервики служи исто како тоа што ти го правиш, дава врски до постоечки јазици. Ако некој залута на статијата Македонија, има интервики па нека се врати назад. Нели е вака?--Никола Стоіаноски 16:33, 29 јануари 2011 (CET)[одговори]
Никола како ќе определиме кои јазици се тесно поврзани со некоја тема, т.е. кои немаат врска со темата? Треба да се формира арбитражна комисија која тоа ќе го проценува случај по случај. Што во пракса ќе значи забрана за пренасочување.--brest (разговор) 20:35, 31 јануари 2011 (CET)[одговори]
Тиверополник, ако би требало да ги има на англиски јазик, зошто не би требало да ги има на руски? Или прашањето е зошто да фаворизираме само еден јазик или еден сет на јазици? Не се коси ли тоа со принципите на Википедија, мултијазичната слободна он-лајн енциклопедија?--brest (разговор) 20:35, 31 јануари 2011 (CET)[одговори]
Изгледа не се разбравме. Зборот ми беше, дали е потребно да постои пренасочување на статии на мк.вики од случајот погоре. На пример, доколку на ен.вики во прелистувачот напишеме ئاياسوڧيا, Света София (Константинопол), или на некој друг јазик, истото нема да даде никакви резултати (со исклучок на турската и грчката, нормално). Кога веќе се огледуваме на некоја википедија, пред сè на англиската, зошто овде е направен ваков чекор, а таму или којзнае каде на друго место не. Тоа ми беше поентата...--Тиверополник (разговор) 20:42, 31 јануари 2011 (CET)[одговори]
Таквии пренасоучувања постојат на Википедија на англиски јазик. Види en:Category:Redirects_from_alternative_languages. --brest (разговор) 21:15, 31 јануари 2011 (CET)[одговори]
Постојат, но ако погледмене голем дел, ако не сите, се поврзани со поимите (оригинални називи и сличн). Нема арапско пренасочување за мост во Белгија. --Никола Стоіаноски 12:00, 1 февруари 2011 (CET)[одговори]
Според мене не станува збор за исто. Во поголем број од случаите се пренасочувани на јазик од каде потекнуваат поголемиот број на статии. Пример: Abbazia или Sankt Jakobi за Opatija. И повторно, зошто да постои пренасочување на статија на македонска википедија од типот: ئاياسوڧيا, ഹേജിയ സോഫിയ, Света София (Константинопол) и.т.н.???
Велиш во поголем број од случаите, значи има и други случаи. Да те прашам ако некои статии „потекнуваат“ од Македонија, нели треба според тебе да има пренасочување од албански, бугарски или ромски?--brest (разговор) 21:41, 31 јануари 2011 (CET)[одговори]
Брест, одговори ми на она што дискутираме. Повторно прашувам: ئاياسوڧيا, ഹേജിയ സോഫിയ, Света София (Константинопол)... Дали треба ова да стои во нашата вики. За статии од Македонија, можеби треба на албански, бугарски или ромски, но дали треба и за арапски, ерменски, кинески...? Ако статијата се вика Бугарија, треба да има България, за ова не спорам...--Тиверополник (разговор) 08:14, 1 февруари 2011 (CET)[одговори]
Да треба, затоа што тоа пренасочува точно кон потребната статија и е од помош за тие кои користат ئاياسوڧيا, ഹേജിയ സോഫിയ, слично како што некому му е од корист България, а на тие како тебе освен што се против не им пречи во користењето на википедија на македонски јазик, која патем не е моја, не е твоја, не е наша, туку е на сите, вклучително и на тие кои зборуваат на ئاياسوڧيا, ഹേജിയ സോഫിയ. --brest (разговор) 09:25, 1 февруари 2011 (CET)[одговори]
Па доколку треба да ги има, зошто за истите нема пренасочување на англиската? Види brest, на мене лично не ми пречи дали ќе се пренасочени или не... Јас овде обично делувам во друга сфера, но доколку веќе градиме некои стандарди, зошто да правиме работи (или веќе истите се направени) кои не ни требаат. Знам само дека нема смисла примерот погоре што ти го дадов за Аја Софија, истиот да биде пренасочен на нашата википедија под сите (илчи скоро сите) други изданија на википедии. Тоа е!--Тиверополник (разговор) 16:09, 1 февруари 2011 (CET)[одговори]

Коментар  Ако го игнорираме параметарот длабочина, мене ми се чини дека овие пренасочувања не прават штета. Или сум грешка? Што е најлошото што може да се случи ако постојат (го игнорираме параметарот „depth“)? --Brainmachine (разговор) 12:17, 31 јануари 2011 (CET)[одговори]

Се согласувам со овој коментар. Ако пренасочувањата се предложени за бришење, бидејќи со тоа се зголемува вредноста на показателот, тогаш тоа не е никаков аргумент за да може истите да се отстранат, бидејќи и така истиот не претставува веродостојно мерило за квалитетот на јазичното издание на Википедија. Мислам дека Никола има многу силни зборови кога вели дека ваквите пренасочувања не се дозволени на Википедија на макеоднски јазик, од проста причина што таа е на „македонски јазик“, но сепак насловите на статиите и содржините си остануваат на македонски.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:05, 31 јануари 2011 (CET)[одговори]
Ако сметате дека пренасочувачките страници треба да се задржат, зошто не го сторите во делот ЗА задржување на статиите? --FlavrSavr (разговор) 16:15, 31 јануари 2011 (CET)[одговори]
Чекај де, не знаеме дали сме за или против, барем јас сум неодлучен за ова прашање. Ме интересира дали некој ќе даде добри аргументи за тоа зошто овие пренасочувања се штетни. Ако има такви причини, да престанеме да ги правиме. Ако единствените аргументи се дека никој друг не прави вака, дека ретко би се користеле, или дека ни го нарушувал коефициентот „depth“, тогаш мислам дека тоа не е доволно силна причина за да ги избришеме. --Brainmachine (разговор) 19:23, 31 јануари 2011 (CET)[одговори]
Самото правење на стие статии не прави несериозна и експериментална едиција на Википедија. Тоа се согледува со статистичкиот факт, кој вели дека имаме нешто помалку од 10 активни корисници со 43.000 статии, а замисли, имаме 722.763 страници и 1.875.627 уредувања. Кога некој ќе го види ова, што помислува? Каков впечаток остава ова? Нашата Википедија значи е уредувана само од ботови. А да не зборувам за depth, нарушување на фактот дека оваа Википедија е македонска, не повеќејазична и губење на фукцијата интервики, бидејќи интервиките се за тоа, пренос кон другите Википедии и јазични изданија. Ова е глупост со пренасочувањето на секакви јазици.--Никола Стоіаноски 19:45, 31 јануари 2011 (CET)[одговори]
Зоран, не мислев да те брзам. :) Никола, те молам аргументиве што го имаш да ги пренесеш до твојот глас горе. Инаку, несомнено дека има и корисни пренасочувања, но според мене - користа од толкав голем број пренасочувања е нешто помала од пореметувањето што тие потенцијално го прават. Бидејќи ние немаме соодветна политика која го регулира прашањето на пренасочувањата, за илустрација разгледај ја политиката на англиската Википедија каде како прва причина за бришење се наведува дека страницата за пренасочување се брише ако "неразумно" им го отежнува пребарувањето на корисниците кои пребаруваат термини со сличен назив. Се плашам дека преголемиот број на пренасочувања може ова да го направи. --FlavrSavr (разговор) 20:50, 31 јануари 2011 (CET)[одговори]
Никола, интервики врските и пренасочувањата се две различни комплементарни функционалности. Интервики врските ни овозможуваат да се префрламе од едно на друго јазично издание на Википедија за одредена тема. Пренасочувањата ни овозможуваат полесна навигација во рамките на едно јазично издание на Википедија.--brest (разговор) 20:35, 31 јануари 2011 (CET)[одговори]

Јас се сетив на еден добар аргумент заради кој би требало да го ограничеме бројот на пренасочувања: страницата Специјални:СитеСтраници (до која води врската „Азбучен индекс“ во навигацијата, лево) ги прикажува и статиите и пренасочувањата (со закосени букви). Големиот број на пренасочувања од многу туѓи јазици и туѓи писма создава непрегледност заради огромниот број на разновидни симболи. Погледнете го ова. Мислам дека ќе се согласите дека ова е непотребно. Сепак, мислам дека многу поголема непрегледност ќе предизвикаат сличните јазици и писма, бидејќи во азбучното подредување на статии (при подлабоко пребарување на Специјални:СитеСтраници), тие се мешаат со македонските поими. На пример, погледнете ги кириличните категории:

  • од Вратин до Горад Мельбурн
  • од Горад Мерсін до Державна релігія
  • од Державний Гімн Болгарії до Екатепек
  • од Екатерина I до Златна царска палата
  • од Златна церемонијална кочија до Кавардин болн Балкармудин таңһч
  • од Кавилаке до Ковзанярський спорт на зимових Олімпі...
  • од Ковзанярський спорт на зимових Олімпі... до Ла-Гарровилья
  • од Ла-Иха-де-Диос до Листа на лидери на држави во 409 година
  • од Листа на лидери на држави во 40 година до Малина Попиванова
  • од Малиналко, Мексико до Мишел Фуко
  • од Мишел де Монтењ до Непрекинатост на функција
  • од Непрекъснатост до Општини во Франција

Замислете си како еден корисник кликнува на „Азбучен индекс“ и пребарува некој поим (на македонски, секако!) по почетните букви или едноставно сака да прелистува и да научи нешто ново (како што правиме со печатените енциклопедии). Како што илустрира горниот пример, тој корисник ќе се изгуби во мноштвото на руски поими! Јас сметам дека азбучниот индекс е важна алатка за викито и дека ова отежнување на неговата функција е доволна причина да се избришат овие пренасочувања. --Brainmachine (разговор) 23:23, 31 јануари 2011 (CET)[одговори]

Коментар  Неколку податоци за потрошените зборови во оваа дискусија до 1.00 по полноќ на 1 февруари:

  • Arwena = 418
  • Brainmachine = 545
  • Brest = 3122
  • FlavrSavr = 2131
  • Kiril Simonovski = 3674
  • MacedonianBoy = 1102
  • Misos = 596
  • Raso = 491
  • StanProg = 171
  • Tiveropolnik = 800
  • Wikimk = 50

Поздрав, Wikimk (разговор) 10:49, 1 февруари 2011 (CET)[одговори]

Да повторам, не сметам дека конструктивната дискусија е губење време. Дискутираме за илјадници статии на Википедија на македонски јазик, а заклучоците од оваа дискусија можеби ќе не заштитат од слични ситуации во иднина. --FlavrSavr (разговор) 13:05, 1 февруари 2011 (CET)[одговори]
Се сложувам со тебе, ама ми се чини дека со малку повеќе добра волја немаше да има потреба од толку многу зборови. Поздрав, Wikimk (разговор) 13:49, 1 февруари 2011 (CET)[одговори]

Заклучоци[уреди извор]

Во дискусијата 6 дискутанти го искажаа своето мислење преку глас (став) (7, ако се брои гласот на Никола). Од нив, 2 се за задржување на статиите, а 4 (5) против нивното задржување. Во проценти, тоа значи дека 33.33% (28.57%) се за, а 66.67% (71.43%) против нивно задржување. И покрај тоа што, овде имаме повеќе гласови од претходниот случај, сепак имаме големи двоумења, и може да се каже дека ставот на заедницата се движи некаде помеѓу просто мнозинство и слаб консензус за бришење на пренасочувањата. Од дискусиите кои произлегоа од двете страни, и од компромисните идеи, јас би ги извел следните заклучоци:

1. Да се стопира со масовното создавање на пренасочувачки страници од различни јазици.
2. Да се разгледа кои од овие пренасочувања заедницата ги смета за навистина потребни (пренасочувања од оригиналните називи на поимот кој го обработува статијата, латиничните верзии на македонскиот назив на статиите, итн.)
3. Пренасочувачките страници да се бришат со одредена динамика, со исклучок на оние страници кои ги задоволуваат критериумите под 2. Бидејќи се работи за навистина огромен број на страници, најрационално е страниците да се бришат со бот, но од друга страна, рачното бришење овозможува преглед на кој од тие пренасочувања треба да се задржат. --FlavrSavr (разговор) 17:49, 5 февруари 2011 (CET)[одговори]

Предлог - начело[уреди извор]

Сметам дека најголемиот проблем горе, и во двата случаи, е масовното додавање или бришење на статии / страници без консензус од заедницата. Тоа очигледно создава тензии. Затоа предлагам, без оглед на исходот на горниот консензус да го регулираме ова со некаква политика (начело), со цел во иднина да немаме меѓусебни расправии. Пример би била оваа политика, надополнета со регулирање на "bot-like" додавањата (како во првиот случај). --FlavrSavr (разговор) 21:18, 31 јануари 2011 (CET)[одговори]

Зошто мора да се водиме по политиката на Википедија на англиски? Мислам дека можеме сами да создадеме, која ќе служи за потребите овде. На Википедија на англиски има илјадници ботови кои извршуваат различни работи, па нормално е и да постојат такви начела, но овде е сосема друго и постоењето на бројни неупотребливи начела може да ја ограничи работаста на ботовите.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:43, 31 јануари 2011 (CET)[одговори]
Не мора да се водиме, политиката ја дадов како пример, секако дека нема да биде толку детална. Сепак, ми оставија впечаток побарувањата од ботовите, а особено размислувањата за масовното создавање статии. Сметам дека доколку имаме таква политика, и што уште поважно, се придржуваме кон неа, во иднина ќе имаме помалку проблеми. --FlavrSavr (разговор) 23:50, 31 јануари 2011 (CET)[одговори]

Прашање[уреди извор]

како да знам колку статии сум креирал? (без тоа што ги пишувам на мојата корисничка страна)?--2z (разговор) 01:38, 30 јануари 2011 (CET)[одговори]

Еве ти ја автоматската листа. Позз--Р ашо 10:10, 30 јануари 2011 (CET)[одговори]

Категоризација[уреди извор]

Почнав да оправям малку категоризација во однос на географската и административна поделба, но се чини дека да доста мешани. Според мене треба да се донесуваат било какви правила, според кои да се определува именувањето на категориите на географски и административен принцип, во однос на терминот "Македонија" (како регион и како држава). Што мислите за ова прашање? --Стан (разговор) 13:33, 18 февруари 2011 (CET)[одговори]

Што се однесува за категоризација, административните и географските картгории не се потребни. На пример, Струма нема да има категорија од типот Реки во регионот Македонија, туку категорија реки во Бугарија и реки во Пиринска Македонија. Исто и за административно, Благоевград ќе има категории Градови во Бугарија и Градови во Пиринска Македонија, никаде нема да се спомене регионот. --Никола Стоіаноски 14:31, 18 февруари 2011 (CET)[одговори]
Тоа што си чепкал сега ќе те вратам зошто тоа е во фаза на средување, Македонија е за државата, а таа со република во неа ќе се брише. До сега, мислам дека сите категории се одделени, па единствените категории кои треба да ги има регионот можеш да ги најдеш тука. --Никола Стоіаноски 14:32, 18 февруари 2011 (CET)[одговори]
Добро е тоа да се дискутира, зашто во моментов категориите се да многу збунети. Еве што вели Raso mk: "Така што кога ќе собереш Категорија:Села во Пиринска Македонија + Категорија:Села во Егејска Македонија + Категорија:Села во Република Македонија = Категорија:Села во Македонија.". Очигледно има несовпаѓање во мислењата на различни уредници, за тоа е во ред да се дојде до заедничко решение, бидејќи работите ќе продолжат да се категоризираат измешано. Ако "Македонија" ќе се однесува до државата, значи, е добро за регионот да се користи категоријата "Македонија (регион)". Што мислите? --Стан (разговор) 19:47, 18 февруари 2011 (CET)[одговори]
Стан, те молам немој да ми вадиш реченици од контекст. Јасна е мојата позиција за категоризирањето на оваа википедија на сите корисници. Ова е повеќе пати дискутирани и гласано, така да нема потреба од повеќе коментари. Категоризацијата е веќе решена тема тука. Треба уште само да се досредат некои работи. А категориите за македонските села по околните држави има да останат за да ги бодат очите.--Р ашо 19:52, 18 февруари 2011 (CET)[одговори]
Да, ама нема да има категории од типот: географија на регионот Македонија, политика на регионот Македонија и слични глупости, туку: Географија на Пиринска Македонија, Географија на Егејска Македонија, Географија на Македонија категоризирани соодветно. Види ја категоријата за регионот Македонија и тоа е се што треба да има, ни повеќе ни помалку. --Никола Стоіаноски 20:17, 18 февруари 2011 (CET)[одговори]

Поп Апостол Поликарев (поп Паликарија)[уреди извор]

Барам информациjа за поп Апостол Поликарев (поп Паликарија), (кога е роден и умрен, каде и друго), штипски делегат кој ја претставувал Ќустендилската епархија на Првиот Црковно-народен собор на Бугарската екзархиjа во 1871 година. Неговата ќерка Катерина (1863-1958) е жена на македонскиот револуционер Андон Стоjанов (Дончо Штипјанчето). 77.85.116.133 (разговор) 08:14, 2 март 2011 (CET)[одговори]

Предлог-начело за масовни создавања, бришења или промени на страници[уреди извор]

Решено. Нема ентузијазам за предлогов и затоа нема да го прифатиме --Brainmachine (разговор) 23:33, 15 март 2011 (CET)[одговори]

По идејата на FlavrSavr од погоре (#Предлог - начело), јас напишав едно начело за кое се надевам дека ќе го усвоиме и применуваме, а е во врска со претходната голема дискусија која ја имавме. Википедија:Масовни создавања, бришења или промени на страници — прочитајте го, менувајте го и кажете мислење. Поздрав, Brainmachine (разговор) 10:58, 12 март 2011 (CET)[одговори]

Најпрво, сакам да се заблагодарам за вложениот труд во создавањето на предлогот. Сепак, имам голема критика, која произлегува од неговата намена, но и од неколку технички недоследности во неговата содржина. Се наведува дека „масовна е онаа промена која опфаќа повеќе од 25 статии“, но не се наведува должината на временскиот интервал на кој се мисли. Претпоставувам дека зборуваме за денови, па и да се работи за само еден ден, 25 статии се премалку за да може нивното создавање да се смета за масовен внес на статии. Дискусијата која ја предложи корисникот FlavrSavr беше за илјадници статии, кои беа создадени за неколку денови, што во просек значи дека дневно биле создавани по неколку стотина статии. Друга работа е што се наведува „координирано уредување од неколку корисници“. Овде исто така не е наведено дали се мисли секој корисник да создаде по 25 страници или истите да бидат создадени групно. Досега, главно корисниците на Википедија на македонски јазик секојдневно уредуваат статии од една област. Со воведувањето на ниска граница, фактички се ограничува нивниот вложен труд на проект којшто секој може да го уредува колку што ќе посака. И за крај, воопшто не се наведува за какви статии станува збор, што ми наложува да помислам дека е за било какви. Проблемот за кој расправавме беше за статии на „години во нешто“, кои немаат содржина. Според тоа, мислам дека со воведувањето на вакво начело на некој начин се прекршува слободата во уредувањето на Википедија, што е основно начело на целиот проект. Без оглед, дали границата ќе биде подгната на 100, 200 или 1.000 статии и без оглед дали ќе бидат одредени сите потребни работи, мислам дека фактот што ќе постои нешто што на одреден степен наложува дискусија за нечии уредувања, создава огромен притисок кај активните корисници. Затоа, мислам дека е најдобро ваквите случаи да се решаваат случај по случај, со расправа на посебна страница за таа намена или на селската чешма, без да постојат начела кои бирократски на некој начин ќе наложуваат колку треба, а колку не да се уредува.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:28, 12 март 2011 (CET)[одговори]
Накратко, сметаш дека не треба да имаме вакво начело. Ок, да видиме дали некој друг има нешто да каже? --Brainmachine (разговор) 13:48, 13 март 2011 (CET)[одговори]
Не баш. Но, ако заедницата забележи ваков случај и веднаш го оспори, тоаш не ни е потребно начелото.-Kiril Simeonovski (разговор) 17:53, 13 март 2011 (CET)[одговори]

Знамиња и грбови на општини во Македонија[уреди извор]

За сите кои користат знамиња и грбови на општините во Македонија, сакам да ги известам дека ги средив. Исто така сакам да кажам да ги користите тие симболи кои се во статиите за општините, не други, за да немаме шаренило при истите. Некои ги нема, па ставаме пополнувач на празно место. Поздрав.--Никола Стоіаноски 15:41, 8 април 2011 (CEST)[одговори]

Среќни празници[уреди извор]

Христос воскресе. Среќни празници на сите христијански верници.--Никола Стоіаноски 11:28, 24 април 2011 (CEST)[одговори]

Навистина Воскресна!!!!
Truly, He is Risen!!!!
Er ist wahrhaftig auferstanden!!!! --Р ашо 12:18, 24 април 2011 (CEST)[одговори]