Разговор со корисник:Brest/Архива/2010/октомври/31
brest | T |
архива на разговори (1,26M+) | |
тековни | |
2012/13 (67.6k) | |
2012.01.01 - 2013.12.30 | 67.6k |
2010/11 (205k) | |
2010.10.31 - 2011.12.30 | 30k |
2010.08.05 - 2010.10.31 | 58k |
2010.04.25 - 2010.08.05 | 74k |
2009.12.31 - 2010.04.25 | 43k |
2009 (318k) | |
2009.09.22 - 2009.12.31 | 32k |
2009.04.30 - 2009.09.22 | 44k |
2009.02.28 - 2009.04.30 | 58k |
2009.01.31 - 2009.02.28 | 129k |
2008.12.31 - 2009.01.31 | 55k |
2008 (460k) | |
2008.10.06 - 2008.12.31 | 76k |
2008.08.22 - 2008.10.06 | 63k |
2008.05.21 - 2008.08.22 | 63k |
2008.04.21 - 2008.05.20 | 46k |
2008.03.21 - 2008.04.20 | 50k |
2008.03.03 - 2008.03.21 | 50k |
2008.02.24 - 2008.03.03 | 39k |
2008.01.22 - 2008.02.24 | 34k |
2007.10.08 - 2008.01.22 | 39k |
2007 (209k) | |
2007.09.01 - 2007.10.08 | 56k |
2007.07.12 - 2007.09.01 | 39k |
2007.06.25 - 2007.07.12 | 32k |
2006.04.17 - 2007.06.25 | 82k |
Молба за работа со бот
[уреди извор]Здраво Brest. Ќе може ли со ботот да се пренасочат сите статии од списокот на лидери на држави по години со наставката „година“ по бројот. Исто така, според договореното, добро би било наместо „листи“, статиите да бидат „списоци“. Инаку во фаза е покревање на иницијатива за средување на овие статии. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:44, 16 април 2010 (UTC)
Бот додава Шаблон: Без извори
[уреди извор]Здраво Брест, овој бот додава шаблон, кога веке го има. ([1]) Исто така, статијата е заштитена и нема како да се додадат извори. --Стан (разговор) 16:07, 9 август 2010 (CEST)
- Да, грешка во кодот, не ја зел во предвид малата буква на шаблонот. Извори можело да се побара да внесе некој од администраторите бидејќи статијата била заштитена за уредување од други корисници. Колку што гледам на страницата за разговор нема некое слично барање за додавање на референци. Во секој случај намалено е нивото на заштита на статијата, но молам аргументирано да се менува нејзината содржина согласно принципите на Википедија. --brest (разговор) 17:10, 9 август 2010 (CEST)
Извор
[уреди извор]Да те прашам нешто како да напишам извор во некоја статија т.е. од каде сум го пишувал текстот во статијата? Stefan Milosevski (разговор) 23:11, 11 август 2010 (CEST)
- Прочитај го прво овој текст Википедија:Цитирање извори, ако и после тоа има нешто нејасно слободно прашај. Поздрав.--brest (разговор) 23:13, 11 август 2010 (CEST)
ХЕ & ХЕЦ & ХС
[уреди извор]Имаме двојно именување: Категорија:Хидроелектрани во Република Македонија vs.Категорија:Хидроцентрали во Македонија --Р ашо 14:29, 28 август 2010 (CEST)
- Хм, која мислиш дека е подобра?--brest (разговор) 14:40, 28 август 2010 (CEST)
- Brest, па незнам баш. Порани ги нарекувавме ХЕЦ и ги учевме како такви, но сега кога читам за новите централи, секаде ги има како ХЕ. Како и да е најубаво е да се избришат двете и да се направи нова Категорија:Хидроелектрани во Македонија.
- Ама види сега. Поимот ХЕЦ се мисли на целата централа (со сите брани и ХЕ). Еве на пример на страната на ЕЛЕМ пишува дека цитирам (копирам):ХЕЦ "ТРЕСКА" ја сочинуваат две брани и хидроелектраните ХЕ Козјак и ХЕ Света Петка.
- Значи сега вака е ОК. Ќе имаме 4 статии:ХЕ Козјак, ХЕ Света Петка, Козјак (брана) и ???? (брана) кои ќе бидат категоризирани со ХЕЦ Треска.
- Што викаш?--Р ашо 17:42, 28 август 2010 (CEST)
- Има некоја логика иако не е баш најјасна. Така на пример ХС Стрежево би било повеќе од ХЕ Стрежево и ХЕЦ Стрежево. --brest (разговор) 17:47, 28 август 2010 (CEST)
- Здраво Брест. Само накусо, без намера да полемизирам. ХС служи само за наводнување. Примери ХС Стрежево и ХС Злетовица. Поздрав, --Wikimk (разговор) 17:52, 28 август 2010 (CEST)
- Да, но на пример ХЕЦ Маврово се вика и Мавровски хидроенергетски систем. Малку е заплеткано. А што е со ХМС (хидромелиоративен систем)???--Р ашо 17:54, 28 август 2010 (CEST)
- Плус за Стрежево постои и ХЕ Лера.--Р ашо 17:55, 28 август 2010 (CEST) +ХЕЦ ”Стрежево” (1.09.1992), ХЕЦ ”Биолошки минимум” (20.01.1994), ХЕЦ ”Филтерница” (14.01.1997) и ХЕЦ ”Довлеџик” (25.04.1997).
- ХЕ - хидроелектрана е јасен поим, се работи за местото каде се произведува електрична енергија со користење на водата, поточно таму каде е генераторот на струја.
- ХС - хидросистем, би бил било кој систем кој управува со водите во општа смисла
- ХМС - хидромелиоративен систем, би бил систем кој управува со водите во смисла на мелиорација
- ХЕС - хидроенергетски систем, самото име кажува, ем систем кој управува со водите ем произведува струја (може да има повеќе од една ХЕ во системот)
- ХЕЦ - хидроцентрала, јас подразбирам исто што и ХЕ, ХЦ
- ХЦ - хидроцентрала, исто што и ХЕ, ХЕЦ.
Е сега не знам точно што е што: Стрежево, Турија, Маврово, ...?--brest (разговор) 18:05, 28 август 2010 (CEST)
- Стрежево и Маврово со сигурност се ХЕС. Но проблемот е што во Македонијава секој си нарекува работи како му одговара. Така Маврово се нарекува ХЕС или ХЕЦ. Пример еве имаме статија за ХЕС Маврово. Сега само да отвориме категорија за тоа и да ги ставиме Мавровските електрани внатре, со се езерото и двете брани. Мислам дека имаме статии за сите. Да средиме барем една работа, па ќе ни биде како мостра за другите.--Р ашо 18:11, 28 август 2010 (CEST)
- Значи имаме ХС „Стрежево“, ХС „Маврово“, ХС „Лисиче“, ХС „Злетовица“, ХС „Ѓавато“, со тоа што би имале ХЕС „Стрежево“, ХЕС „Маврово“, ... за разлика од ХС „Ѓавато“ кој колку што знам нема инсталирано хидроцентрали на него--brest (разговор) 18:35, 28 август 2010 (CEST)
- А што е со тие на Шара? Тие под кој систем се? Плус види го ова. ти си по техничките работи. или да правиве вака, или специјален шаблон. Би било убаво баш. Само види во Стрежево кај го ставив шаблонот. Треба да биде горе десно. Знам дека не е баш нај нај, но сепак добро е што има податоци.--Р ашо 18:49, 28 август 2010 (CEST)
- Мора да има некој шаблон на en.wiki да не се мачиме да правиме ние сами.
- Ако одиме во детали, ХС може да биде природен ХС и вештачки ХС. Ние се фокусираме на вештачките ХС. Незнам дали постои ХС Шарски води, иако овде Шаблон:Шар Планина сме го спомнале како Шарски хидроцентрали.
- Дај еднаш да расчистиме :) со оваа работа, во која наука се изучуваше ова?--brest (разговор) 18:56, 28 август 2010 (CEST)
- Брест, чекај. Infobox Dam е инфокутија за брани. Не ја ставај во ХЕ. јас имам направено повеќе статии за брани. Најдобро е таа да е таму. Ако нема инфокутија за ХЕ на англистака вики, јас ке направам сам.--Р ашо 19:10, 28 август 2010 (CEST)
- Ок. Гледам дека тој шаблон е тесно поврзан со хидрелектраната. Во секој случај ако немаме за брана, тогаш мојата работа не е залудна.--brest (разговор) 19:11, 28 август 2010 (CEST)
- Колатерална штета. Сега имаме уште еден нов шаблон. Туку, види русиве што добар имаат, ама не може да се направи кај нас. овој е на руски.--Р ашо 19:31, 28 август 2010 (CEST)
- Мислиш колатерална добивка. Слаб сум со рускиот за преведување, никогаш до сега не сум користел шаблони од таму. Ние овде на mk.wiki најчесто крадеме шаблони од en.wiki :). Рускиoит шаблон иначе убаво изгледа за око а и информативен е.--brest (разговор) 19:36, 28 август 2010 (CEST)
- Хах, мислев на „штета“ онака иронично, но еве го најдов тој на англиската. Сега ќе го украдам и преведам.--Р ашо 19:38, 28 август 2010 (CEST)
Брест, англиската инфокутија е чешитна. Ќе си правам наша, посебна и македонска.--Р ашо 19:49, 28 август 2010 (CEST)
Избрана статија
[уреди извор]Направен е избор, но јас ја избришав минатата недела бидејќи се појавуваше на главната а не требаше. Резервирана беше за оваа седмица и сега ја обновив статијата што треба да се појави на главната но не ми успеа. --Никола Стоіаноски 14:46, 30 август 2010 (CEST)
- Наредена е работата.--brest (разговор) 09:05, 1 септември 2010 (CEST)
Цркви
[уреди извор]Брест ќе молам да престанеш со нелогичните уредувања кај црквите. Како прво престани со додавањето на категоријата „Цркви во Македонија“ бидејќи шаблонот ја содржи таа категорија автоматски и нема потреба од тоа. Второ прекини да го бришеш {{DEFAULTSORT:}}. Незнам со која причина го правиш тоа, па уште и ме ревертираш. Самата инфокутија за црквите содржи 5 категории, кои со помош на {{DEFAULTSORT:}} шаблонот се супер сјајно подредени. Во иднина ќе те замолам прво за дискусија, па после со вакви уредувања. Благодарам--Р ашо 11:47, 2 септември 2010 (CEST)
- А хм. Некому му изгледа нешто логично а на некој истото тоа му изгледа нелогично. Благодарам што ме замоли во иднина прво да дискутираме па после да правиме ваквии уредувања, па би те замолил и тебе за истото. Колку што знам, на страниците на вики-проектот Википедија:Проект:МПЦ - Цркви и Манастири, мислам дека треба да се дискутираат работи поврзани со црквите и манастирите, вклучително и на оваа тема за која сега разговараме. А таму како што можеш да видиш не сме дискутирале на оваа тема, како ни за {{DEFAULTSORT:}} и слични работи кои тебе ти изгледаат логични. BTW ти си член на тој проект, па покрај уредувања на статии, можеш да посветиш дел од твоето внимание и на подобра дефиниција на проектот, ете на пример како да се категоризираат статиите, за да може и другите да ги следат тие стандарди кои таму ќе се воспостават, за да не доаѓаме во ситуации слични на оваа. Извини ако се најде навреден поради моите активности, но не сметам дека сум излегол надвор од вообичаените рамки на културно однесување на википедија.--brest (разговор) 13:24, 2 септември 2010 (CEST)
- Дефинитивно {{DEFAULTSORT:}} треба да стои во статиите. При што како низа за подредување треба да се наведе името на светецот, пример: Богородица, Ѓорѓи, Никола, Петка, ... Потоа се остава празно место, па се наведува местото пример: Богородица Прилеп, Богородица Тетово и сл.--brest (разговор) 21:18, 4 септември 2010 (CEST)
- Знаеме дека треба да стои {{DEFAULTSORT:}}, но во шаблонот ни фали уште една категорија. Моментално неможам баш да се ангажирам, но наредните деннови ќе се обидам. Имено ни треба категорија од типот „Цркви во Македонија по светец-патрон“ и на Пример Црквата „Св. Преображение“ - Крушево би се категоризирала во Категорија:Цркви на Христовото Преображение во Македонија, или Црква „Св. Злата Мегленска“ - Сарај во Категорија:Цркви на Злата Мегленска во Македонија или Категорија:Св. Злата Мегленска цркви во Македонија. Мислам за последнвои е потребна дискусија како правилно да се напишат категориите. --Р ашо 22:43, 4 септември 2010 (CEST)
- Р.Ѕ. Незнам зошто ги бришеш поврзаните статии во статиите за црквите (мислам претежно на парохијата и селото)???
- Може лесно да се додаде такваа категорија за светците, по урнек на останатите, само е потребно да се осмисли добро правилната граматичка конструкција на името на категоријата. Заглавието за поврзани стаии, таму каде што е наведена парохијата и/или местото/селото, се вики-врски кои ги има во инфокутијата, затоа ги бришам, мислам дека се непотребни.--brest (разговор) 23:14, 4 септември 2010 (CEST)
- Најдобро е да се предложи некаков список на страната за разговор на проектот и да се продискутира. Мислам дека е време сега да се вметне таа категорија, бидејќи имам во план да напишам за „сите“ цркви во Македонија.--Р ашо 23:23, 4 септември 2010 (CEST)
- Брест, ај те молам престани да ги бришеш пасусите „Поврзано“. Не е за џабе измислено. Фокусирај се на тоа што те замолив, да инвентираш категорија за патрон-светец.--Р ашо 12:19, 9 септември 2010 (CEST)
Бришење на категорија
[уреди извор]Здраво. Зошто ја избриша Категорија:Манастири во Република Македонија????--Тиверополник (разговор) 23:06, 7 септември 2010 (CEST)
- Затоа што таа категорија беше поткатегорија на Категорија:Македонска Православна Црква, што нема некоја смисла.--brest (разговор) 23:12, 7 септември 2010 (CEST)
- Без разлика, не требаше да ја бришеш. Постојат дури две слични категории на англиската: en:Category:Macedonian_Orthodox_monasteries] и en:Category:Christian_monasteries_in_the_Republic_of_Macedonia. Ако не ни се средени категориите, тоа е друго прашање, но не би требало Категорија:Манастири во Република Македонија да биде избришана. --Тиверополник (разговор) 23:20, 7 септември 2010 (CEST)
- Во моментов таа категорија не содржеше ниту една статија или поткатегорија, бидејќи сите се категоризирани во Категорија: Манастири на Македонската Православна Црква. Не е проблем да се создаде кога за тоа ќе има потреба.--brest (разговор) 23:32, 7 септември 2010 (CEST)
- Ок, нека биде сега за сега избришена, но кога ќедојдам до средување на манастирите, повторно ќе ја создадам истѕата категорија. Поздрав--Тиверополник (разговор) 23:36, 7 септември 2010 (CEST)
- Во моментов таа категорија не содржеше ниту една статија или поткатегорија, бидејќи сите се категоризирани во Категорија: Манастири на Македонската Православна Црква. Не е проблем да се создаде кога за тоа ќе има потреба.--brest (разговор) 23:32, 7 септември 2010 (CEST)
Категоризирање на пренасочувачки страници
[уреди извор]Брест престани со почетничките лаички потези. Кај се видело да се категоризира пренасочувачка статија???? Незнам што е со тебе проблемот во последниве денови, но постојано одиш контра другите уредници. Ако ти треба помош за уредување, читај на Помош:Категоризација. И сто пати ти реков, дискутирај за некои уредувања. --Р ашо 11:28, 10 септември 2010 (CEST)
- Би замолил да го спуштите тонот со кој комуницирате со другите корисници. Ги ценам Вашите придонеси, и баш ми е драго што помагате во подобрувањето на википедија на македонски јазик. Потрудете се барем покултурно да ги водите разговорите, бидејќи немам намера да разговарам со тон сличен на Вашиот. Поздрав. --brest (разговор) 11:37, 10 септември 2010 (CEST)
- Јас не разговарам со вискок тон. Ти веќе неколку дена воведуваш некои само тебе познати правила. И нема смисла веќе ова. Фокусирај се на создавање статии и а не на конфликти.--Р ашо 11:42, 10 септември 2010 (CEST)
- Most redirect pages are not placed in any categories. Каква потреба од тоа. Според тебе категоријата за Манастирите во Тет.арх. нам. ке има два манастира. Лешочки и Св Атанасиј (ова второво е црква, ама ајде.) И човек во таа категорија ќе се чуди на сопствениот разум. Едната статија за Леш. Ман. е оки. Ќе се кликне и ке се прочита, а што е со другата статија по твоја логика. Човек ќе кликне и ќе чита само #ПРЕНАСОЧУВАЊЕ [[Лешочки Манастир]]. Затоа те молам престани да ме ревертираш и остави како што е.--Р ашо 11:42, 10 септември 2010 (CEST)
- Пробајте да кликнете на таа статија и ќе ве пренасочи кон Лешочки манастир, а нема да прочитате пренасочување .... Манастирите се именуваат на повеќе начини. Еден начин е според место каде се изградени, Лешочки во Лешок, Поречки во Порече, и.т.н. Но исто така и според светецот за кој е посветена манастирската црква. --brest (разговор) 11:49, 10 септември 2010 (CEST)
- Ама категоријата содржи дупли статии. Во тоа е поентата. И очигледно неможеме да се спогодиме. Ќе побарам арбитражно мислење од неутрален администратор.--Р ашо 11:54, 10 септември 2010 (CEST)
- Не содржи дупли статии, содржи две ставки од кои едната е самата статија а другата е пренасочување кон статијата. Доколку тоа е проблем, тогаш може да се создадат две нови подкатегории, пример Категорија: Манастири именувани според светецот и Категорија: Манастири именувани според местото ... На крај краишта ако успеете да докажете дека не треба така, се може да се врати во состојба која вам ви одговара. Се прашувам кој е неутралниот администратор од кој ќе побарате мислење? Најверојатно знам и баш сакам да видам дали сум во право.--brest (разговор) 12:07, 10 септември 2010 (CEST)
- Не е работата во тоа дека мене така ми одговара, туку изгледа логично. Нема потреба од категоризирања од типот според светец или според место. И да, категоријата содржи дупли наслови на статии. Патем ќе побарам мислење од Брејнмашин (не барам од Никола ), бидејќи тој е подобар во техничките работи. --Р ашо 12:19, 10 септември 2010 (CEST)
- Логика си е логика, јас тоа го почитувам. . Не мислите ли дека е подобро да има гласање? . --brest (разговор) 12:44, 10 септември 2010 (CEST)
- Ај да не се мешам многу, ама на сите Википедии не се категоризираат пренасочувачки. Може да се категоризира само соsoftredirects, но никако со друга категорија. Poz--Никола Стоіаноски 13:22, 10 септември 2010 (CEST)
Овде сум да дадам мислење по барање на Рашо. Страници за пренасочувања не се категоризираат (во Помош:Пренасочување никаде и не пишува да се категоризираат). Единствениот исклучок е при пренасочувања од кратенки, каде во страницата за пренасочување се додава {{П од кратенка}} и пренасочувањето го става во Категорија:Пренасочувања од кратенки. На англиската Википедија (en:Wikipedia:Redirect#Categorizing redirect pages), покрај овој исклучок, стои и овој: Sometimes a redirect is placed in an article category because the form of the redirected title is more appropriate to the context of that category. (Redirects appear in italics in category listings.). Според мене, не е практично (впрочем, збунувачки е) во една категорија да стојат два наслова кои водат до истата статија и препорачувам во главната категорија за манастирите да стојат само статиите, онака како што е насловот на страницата (Осоговски манастир), без пренасочувањата. Сепак, за олеснување на навигацијата на читателите, можеме да создадаме Категорија:Македонски манастири според име на патронот или не знам како, а во неа да стојат само пренасочувањата (Манастир „Св. Јоаким Осоговски“ - Крива Паланка). Сите останати категории кои се соодветни за статијата треба да ја имаат само оригиналната страница (Осоговски манастир). --Brainmachine (разговор) 19:58, 10 септември 2010 (CEST)
Шаблон coord/display/inline,title
[уреди извор]Brest зошто со старите функции шаблон:Coord/display/inline,title се прикажува во горниот десен агол а со новите не?--Buli (разговор) 12:39, 10 септември 2010 (CEST)
- Наведи и некоја страница каде има проблеми, да видам дали може нешто да се направи.--brest (разговор) 12:44, 10 септември 2010 (CEST)
- Многу ги има[2]--Buli (разговор) 13:00, 10 септември 2010 (CEST)
- Колку што имав време, погледнав, но не можев да откријам што е проблемот. Ќе видам наредните денови кога ќе имам повеќе време. Поздрав.--brest (разговор) 17:09, 10 септември 2010 (CEST)
Руски и бугарски и други странски пренасочувања
[уреди извор]Дискусија
[уреди извор]Здраво. Видов имаше пренасочување на абџад на руски и го избришав. После го видов и ова и видов дека ти си го пренасочил и си пишал дека си го пренасочил поради проект RDx1. Што е ова и зошто се пренасочуваат непотребни и странски поими? Поздрав--Никола Стоіаноски 13:59, 10 септември 2010 (CEST)
- Бог ви дал здравје. Мислите на пренасочувања од истиот тип како и [3], [4], [5], [6], [7], [8], кои вие сте ги пренасочиле или на нешто друго?--brest (разговор) 14:46, 10 септември 2010 (CEST)
- И тебе чедо Божјо. Има една разлика у тоа, тие се официјални називи на државите и на Википедија ги пренасочуваме. Еве ти едно мало примерче.--Никола Стоіаноски 15:07, 10 септември 2010 (CEST)
- Аха, официјални називи на државите и на Википедија ги пренасочувате! Претпоставувам и официјалните називи на градовите Скопје ги пренасочувате? Или Shkupi? Која е разликата "у" тоа?--brest (разговор) 15:44, 10 септември 2010 (CEST)
- Има, заш тиа се официални имиња на градој и државе (и свите географки називи), а 21 јули има официално име или беше на свите јазика различно? Ако е таќе дај и на арапски пренасочи. Инаќе, види туе или туе. Глеаш дека има и бугарски пренасочуано, заш таќе се вика градот и државата на бугарски или на нивнијот официален јазик. Инаќе имам пишано дека зборим тетоски како мајчин јазик таќе да не е проблем да го користим. Поз--Никола Стоіаноски 15:50, 10 септември 2010 (CEST)
- ПС: Погоре сакаше да кажеш официјални називи на државите и на Википедија ги пренасочуваме, зошто и ти си дел од проектот Википедија. :)--Никола Стоіаноски 15:53, 10 септември 2010 (CEST)
- А [9]ова е официјално име на град, држава или некој географски назив?--brest (разговор) 16:02, 10 септември 2010 (CEST)
- Мислам ја сфати пораката така што знаеш кај ти е грешката. Поздрав--Никола Стоіаноски 16:04, 10 септември 2010 (CEST)
- Уште не сум сватил, дај објасни подобро. Прво велиш се пренасочуваат само официјални називи на држави. Потоа испадна дека се пренасочуваат и називи на градови, демек географски називи. Потоа ти дадов пример на пренасочувања кои не се ниту едно од првите две. Дали да сфатам дека сфати дека грешиш или ти треба дополнително објаснување низ примери? Еве да речеме дека има и трето објаснување, имиња на славни личности. Ама што велиш за ова, нит е географси поим, нит официјален назив на држава, нит славна личност ами само обичен поим?--brest (разговор) 16:10, 10 септември 2010 (CEST)
- Оди и прочитај што се пренасочува. Ти се фати прв за географски поими и за нив ти расправав како пример. Имам еден куп јазици направено и за голем дел од нив оригиналниот назив пренасочува. Така на пример, Qhichwa Simi пренасочува во кечуански јазик. Значи, се пренасочува назив кој има некаква врска со поимот, во овој случај официјален назив на јазикот. И ако видиш на пример албанското име за јазикот Gjuhe Kuecua не пренасочува кај нас од чиста причина што нема никаква потреба и никаква врска со тој јазик. Јасно е сега? По истата логика оди. Која е причината ерменски да пренасочува во Андромеда? Никаква. Не трошам време за вакви почетнички работи. --Никола Стоіаноски 16:17, 10 септември 2010 (CEST)
- И плус уште не ми одговори зошто си ги пренасочувал. Бараш други, а не даваш образложение за твоите постапки. Тука се работи тимски и мораш да кажеш пред да одработиш нешто. Поз--Никола Стоіаноски 16:21, 10 септември 2010 (CEST)
- Што подразбираш под официјален назив на јазик? Qhichwa Simi е официјален назив за кечуански јазик, каде? Жалам што немаш уште малку време да потрошиш, штотуку почнав да сфаќам дека почна да сфаќаш. Кога ќе дојде некој кој зборува кечуански јазик, што е пологично да пребара: Qhichwa Simi, или кечуански јазик, или на кечуанско писмо (не сум сигурен дали го имаат). Поентата на пренасочувањето е токму во тоа за што расправаме до сега, без разлика дали се работи за географски поим, официјален назив на нешто или сл. пренасочувањето да ме однесе до вистинската статија на википедија. Тоа што претпоставувам ти преферираш да има пренасочување од англиски, не значи дека не треба да има пренасочување од руски или од бугарски. Тоа е работа на вкус.--brest (разговор) 16:38, 10 септември 2010 (CEST)
- Колку што можев да сфатам ти ништо не сфати. Кој ти рекол дека преферира англиски? Дали воопшто знаеш како е на англиски за кечуански или како на кечуански за кечуански? Прво види па збори. Имаат писмо и Qhichwa Simi е на кечуански, а Kechuan language е на англиски. Solomon Islands е на англиски од проста причина што официјален јазик е англиски. Да редам? Доволно ти објаснив, а ако сакаш да си правиш муабет има и други места за тоа.--Никола Стоіаноски 16:41, 10 септември 2010 (CEST)
- Јас пишав само дека претпоставувам дека преферираш пренасочувања од англиски, не пишав дека некој ми рекол. Иначе ти дојде на мојата страница и почна да правиш муабет. Јас како домаќин на страницата се обидувам да ти помогнам да сфатиш некои работи. Кога ќе ти здосади слободно престани да реплицираш и муабетот со мене ќе го завршиш. Темата во моментов не е дали го знам кечуанскиот или било што во врска со него, темата е пренасочувања, дали да ги има или не. Ти велиш да ги нема, т.е. да ги има ама само за некои официјални работи, јас велам да ги има па друи и за гъщи.--brest (разговор) 16:48, 10 септември 2010 (CEST)
- Не ваѓајте примери од англиската вики. Таа е во некој ракав интернационална. Неа ја користат буквално сите. И таму е логично и гъщи да пренасочува во Trousers. Таму е логично и за некој понеписмен од Странџа во тул барот да пише и 21 Юули и да го добие 21 July. Додека нашава вики ја користат претежно тие што го зборуваат Македонскиот јазик (а тоа се кнап 2 мил луѓе.)--Р ашо 16:30, 10 септември 2010 (CEST)
- Рашо, мислам дека сфати зошто се пренасочувањата, и некој неписмен од Странџа или од било каде, кога ќе пише 21 Юули да го добие 21 July на en.wiki т.е. 21 јули на mk.wiki.
- Тој што е од Бугарија ќе си бара на бугарски, тој што е Чувашија ќе бара на чувашки. Што ќе му е македонски? И зошто има интервики? Ви се молам, разговор е чиста глупост.--Никола Стоіаноски 16:44, 10 септември 2010 (CEST)
- Ова се работи кои почетник ги учи, а не сега да се расправам за банални работи. Ајде фатите се за покорисна работа, ако имате намера да бидете дел од Википедија. --Никола Стоіаноски 16:32, 10 септември 2010 (CEST)
Барање за запирање на ботот
[уреди извор]Здраво Брест. Бидејќи се чуделе од Мета и сличните проекти за наглиот пораст на уредувања и страници на мк Вики (поради пренасочувањата што ги правеше ботот), дали може истите тие ботот што ги пренасочување да бидат избришани? Мислам на бришење само на тие ботот што ги ставал, не корисниците што ги пренасочувале. Поз--Никола Стоіаноски 21:53, 15 октомври 2010 (CEST)
- Може ли да посочиш каде го искажале чудењето?--brest (разговор) 22:22, 15 октомври 2010 (CEST)
- Оди на селска чешма сум дал образложение. И прекини го ботот, цело време збориме за бришење а тој пак пренасочува. --Никола Стоіаноски 01:04, 16 октомври 2010 (CEST)
- Прекини го ботот и дади мислење тука. Википедија е од заедницата и за заедницата. Сè оди преку разговор. Поздрав--Никола Стоіаноски 01:48, 16 октомври 2010 (CEST)
- Мислам дека од нашиот разговор погоре може да се извлече мојот одговор, така што нема потреба да се повторувам.
Завршена работа на ботот
[уреди извор]Поминати се сите статии од А-Ш и направени се пренасочувањата. Пред неколку дена ботот заврши со оваа работа.--brest (разговор) 10:42, 31 октомври 2010 (CET)
Скриптот на Brest-bot
[уреди извор]Поздрав Brest. Јас почетнички зборувам македонски, so I'd better use English not to make lots of mistakes. (Anyway you can answer in Macedonian, I understand it well enough).
I'm an admin of Bashkir Wikipedia (Википедија на башкирскиот јазик / Башҡорт телендәге Википедия). I'd like to use your bot script there to correct the often mistakes in Bashkir orthography — much the same way as it's used here. If you could, please send the Brest-bot script to my email (chvv-13 (at) rambler (dot) ru). Comp1089 (разговор) 17:31, 11 септември 2010 (CEST)
Re> Категоризација на пренасочувачки страници
[уреди извор]Да да, се сеќавам убаво на разговорот, фала ти многу што ме потсети. Ќе се потсетам--Тиверополник (разговор) 17:07, 13 септември 2010 (CEST)
Избрани слики
[уреди извор]2010 октомври
[уреди извор]Преводот за избраните слики за месец октомври е завршен. Можеш да ги префрлиш. Поздрав --Б. Јанкулоски (разговор) 05:23, 2 октомври 2010 (CEST)
Готово --brest (разговор) 11:13, 2 октомври 2010 (CEST)
2010 ноември
[уреди извор]Сликите за ноември се готови. Префрли ги веднаш штом можеш. Поздрав. --Б. Јанкулоски (разговор) 04:45, 30 октомври 2010 (CEST)
- Готово. Одлично завршена работа Бојан. Сликите се пренесени. Снимки нема и за овој месец? --brest (разговор) 10:30, 31 октомври 2010 (CET)
Bot
[уреди извор]Очигледно ботот претерал во некои наредби како оваа тука. Види и среди му ги командите. --Р ашо 18:55, 5 октомври 2010 (CEST)
Ја претерал, навистина. Ќе го средам. Следниот пат ова нема да му се случи.--brest (разговор) 20:28, 5 октомври 2010 (CEST)
Пренасочувања за години и датуми
[уреди извор]Здраво Brest. Кога ботот веќе создава пренасочувања од статиите на сите други јазици на кои постои статијата до статијата на македоснки јазик, ќе може ли да направи пренасочувања од различните имиња на годините и датумите до оние коишто се употребени на Википедија. Така, на пример, „2010 година“, „2010.“ и „2010. година“ да пренасочуваат кон 2010 и „22. март“ да пренасочува кон 22 март. Идејата зад овој предлог е со внесување на овие алтернативни имиња, кои многу често се употребуваат, да се има пристап до соодветната статија. Поради тоа мислам дека ова е многу покорисно отколку работата со пренасочувањата што ја извршува ботот.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:56, 7 октомври 2010 (CEST)
Нови барања за бот услуги
[уреди извор]Здраво Brest. Ќе може ли да ги разгледате новите барања за услуги со ботот, кои мислам дека се од големо значење. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:59, 10 октомври 2010 (CEST)
Лидери по година
[уреди извор]Здраво. Со создавањето на ВикиПроектот Години, започна иницијативата за пополнување на статиите за години на Википедија на македнски јазик. Првата активност е пополнување на списоците за лидери на држави по години. Доколку сте заинтересирани да помогнете во извршувањето на оваа задача, може да се пријавите на страницата наменета за оваа активност, на која и може да дадете свој коментар. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:11, 12 октомври 2010 (CEST)