Википедија:Селска чешма/Архива 7

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Архива Оваа страница е архива. Не ја менувајте содржината на оваа страница. Упатете ги вашите коментари на сегашната разговорна страница.
Архива 7


Добра статија[уреди извор]

Само да прашам. Според кои критериуми се избира добра статија и кој проект е надлежен за тоа?-- MacedonianBoy  Oui? 23:23, 27 октомври 2008 (UTC)

Моментално целата работа е во фаза на развивање. Ќе разјасниме сѐ во блиска иднина. --Brainmachinewtf? 23:40, 27 октомври 2008 (UTC)

Да ми помогнете[уреди извор]

Дали би можеле да ми кажете, каде можам да најдам фонт ист како оној што се наоѓа на горниот лев агол од Википедија (веднаш под логото на Википедија), мислам на фонтот со кој е напишано: „Слободна енциклопедија“. Ви благодарам многу. 89.205.50.12 (разговор) 21:02, 30 октомври 2008 (UTC)

Tuka -- MacedonianBoy  Oui? 20:57, 9 ноември 2008 (UTC)

Банерот е конечно преведен[уреди извор]

Почитувани корисници, како што можеби забележавте, горниот банер за донации сега е преведен на македонски јазик. Се извинуваме за задоцнувањето. Исто така, сега постои и посебна страница за донации на македонски јазик. Уште еднаш... се извинуваме за задоцнувањето :( --Brainmachinewtf? 23:37, 16 ноември 2008 (UTC)

ПС. Првобитно има некои недоследности и мали грешки. Се извинуваме и за тоа. :(((( --Brainmachinewtf? 23:54, 16 ноември 2008 (UTC)

Молба за никулци[уреди извор]

Ќе ве молам да не ставате никулци на врвот на статиите се расипува статијата. Благодарам-- MacedonianBoy  Oui? 23:38, 26 ноември 2008 (UTC)

Да се надоврзам: Википедија:Портал/Википолитика#Локација на никулец-шаблоните -- каде да биде?. Де луѓе, набљудувајте ги овие страници за да може да комуницираме поубаво.

Изумрени видови[уреди извор]

При употреба на Taxobox доколку се внесе заштитен статус - ЕN (загрозен вид) автоматски статијата се става во категорија на загрозени видови. Може ли да се направи истото и за изумрени видови при додавање на статус ЕХ? Сега постои категорија Изумрени видови (или исчезнати е поправилно?) меѓутоа треба посебно да се внесува со другите категории. - Vekip8 (разговор) 14:33, 28 ноември 2008 (UTC)

`Изумрени` е правилно кога се однесува на видови, бидејќи `исчезнати` има малку поинакво значење :)

-- Виолетова (разговор) 16:15, 28 ноември 2008 (CЕТ)

изумрен или исчезнат?[уреди извор]

Бидеќи ова е сепак енциклопедија, а не експериментален проект, секогаш се трудам најпрвин да користам веќе утврдени зборови, и одбегнувам експериментирање. Меѓутоа постојат случаи како овој, каде има повеќе од еден збор во честа употреба - не сум никаков стручњак, но знам дека обата збора сум ги среќавал со слична честота. Решението на дилемата и не е така сложено: кога нешто е „исчезнато“, поимот воопшто не подразбира дека нештото повеќе не постои, туку само дека ние не можеме да го пронајдеме. Поимот „изумрен“ пак значи дека сите единки повеќе не постојат, т.е. дека `(из)умреле` од извесни причини. Идејата на англискиот збор "extinct" е токму таква. Кога било кој ќе го сретне поимот, секој знае дека се работи за суштества кои дефинитивно повеќе не постојат, а не дека се изгубени, т.е. исчезнати. На тој концепт одговара само поимот „изумрени“.

Јас цврсто стојам на овој став, иако гледам дека официјалните публикации го користат другиот поим. Да не заборавиме - не мора да значи дека тие намерно го избрале овој поим, туку едноставно се водат по традиционални практики, кои се воведени од поодамна и не чувствуваат дека е нивно да ги менуваат. --Б. Јанкулоскиразговор 09:19, 9 декември 2008 (UTC)

За таксономската кутија[уреди извор]

Јас не дека сакам да досаѓам .. ама има проблем со Taxobox. Пред името и пред научна класификација се појавува  ;"| , и автоматски се додаваат категории на англиски ... еве пример за што зборам Кодиак - Vekip8 (разговор) 22:47, 29 ноември 2008 (UTC)
  • Тој проблем го решив пред некој ден. Сега не се јавува ништо такво. Единствено на што треба да се внимава при примената на кутијата во статија е параметрот regnum (царство) на почетокот — тука "[[Animal]]ia" или (евентуално) "[[Animal]]s" мора секогаш да се преведува како "Животни" или "[[Животно|Животни]]" и никогаш да не се остава празно или со некој поинаков превод. --Б. Јанкулоски
    • Објаснение: од ова зависи бојата на кутијата. Секое таксономско царство (regnum) си има своја боја и доколку не е поставен правилен (во наш случај, македонски) внос во параметарот, прикажува разни бесмислени знакчиња и вели дека параметарот е грешен. --Б. Јанкулоскиразговор 09:22, 9 декември 2008 (UTC)

Таксокутии[уреди извор]

Навистина не ми е јасно што стана со таксокутиите? На пример, погледнете во Розоцветни, целосно е уништена, а до вчера беше ОК. Boyan (разговор) 13:11, 30 ноември 2008 (UTC)

И јас го приметив истото .. има некои чудни знаци и се додаваат некои категории на англиски (пример: Taxoboxes with an invalid color | Endangered species | Taxoboxes needing a status system parameter). Може некој да ја оправи работава ? - Vekip8 (разговор) 13:17, 30 ноември 2008 (UTC)
На таксокутијата уште од одамна ѝ имам во план поправки+обновување. За жал, јас сум професионален прокрастинатор и ја одложив таа задача. Сега ќе се обидам да поработам малку на неа, оти го забележав проблемот. --Brainmachinewtf? 22:56, 30 ноември 2008 (UTC)
Yes check.svgОк Сега е ок таксокутијата, средена е, дури испадна и подобра од порано. Огромна благодарност до 89.205.14.116 (претпоставувам нелогиран Корисник:Boyan :D ) за преводот на поимите. --Brainmachinewtf? 23:41, 4 декември 2008 (UTC)
Па искрено не ми се гледа баш ко да е целосно средено, ;" сè уште стои пред името и пред статусот, и пак ми се додаде категорија „Taxoboxes with an invalid color“  :( - Vekip8 (разговор) 00:04, 5 декември 2008 (UTC)
Ту бее.. :(( Во која статија (може линк?). Ајде да се обидеме да го доправиме. :) Мислев во генерала дека е среден (оти разгледав едно десетина статии и немаше проблем) :S --Brainmachinewtf? 00:07, 5 декември 2008 (UTC)
Може, не е проблем.. еве најново овде приметив Нилски коњ, а има и во други. Ама може ја нешо грешам :( да не треба нешто да додавам-одземам .. зашто јас само си ги зиам од анг верзија и ги мењам имињата .. - Vekip8 (разговор) 00:12, 5 декември 2008 (UTC)
Ај види сега: Нилски коњ - ја копирав исто како од англиската, но го сменив само името на македонски. Значи најдобро копирај ги целосно таксокутиите и промени го само името, а другите форми остави ги како што си се. Ќе направиме англиските имиња да пренасочуват до македонските статии (на пример Animal до Животни) и така ќе се оправи работата. --Brainmachinewtf? 00:20, 5 декември 2008 (UTC)
ОК. Ќе ги оставам имињата на англиски .. и ќе ги сменам во статиите што ги правев до сеа .. Фала за објаснувањето и се извинувам што ве измачив сите :-Р - Vekip8 (разговор) 00:29, 5 декември 2008 (UTC)

Актери, актерки и филмови!!![уреди извор]

Би сакал да се договориме за нешто! Во инфокутијата на некој актер, актерка или филм горе има наслов на филмот пример: {{Инфокутија за филм}} Значи да се договориме дали насловот на инфокутијата да го оставиме вака или пак: {{Инфокутија за филм}} Сакам само да кажам дали насловот да биде само на македонски или на македонски па под него на англиски. Зборуваме за американски филмови и актери??? Ве молам да се договориме! И откако ќе се договориме ве молам на таа статија на која ќе наидете да го поправите тоа според договореното! --Макс(разговор) 12:10, 29 ноември 2008 (UTC)

Мислам дека те сфаќам што сакаш да кажеш. :) Секогаш одиме со варијантата за двете имиња - македонското+оригиналното. Затоа вклучувајте ги и двете имиња. Уште нешто, немојте да заборавите дека ги преферираме поимите „глумец“ и „глумица“ место „актер“ и „актерка“. Користете ги тие термини во статиите. --Brainmachinewtf? 22:56, 30 ноември 2008 (UTC)
Чекај малку!!! Правилно е глумец и глумица??? Јас мислев дека правилно е актер и актерка??? Дали си сигурен!!!! И значи се согласуваме во секоја статија за филм, ГЛУМЕЦ или ГЛУМИЦА горе да стои и на македонски името и на англиски!!! --Макс(разговор) 12:43, 1 декември 2008 (UTC)
Да, така е, сигурен сум, дури категориите од „актери“ ги преместивме во „глумци“. Тоа ни е договорениот термин. Исто така, пожелни се и двете имиња за секогаш да се има во предвид оригиналниот наслов на филмот (за да може читателот да знае што да бара на интернет ако сака да дознае повеќе). ПС: Зошто користиш толку силна интерпункција? По три извичника (!!!) и по три прашалника (???) :S Тоа ја дава импресијата дека постојано се дереш и прекумерно реагираш (!!!!) или дека си во огромно чудење (???) (вака кога комуницираме преку интернет). Намали малку, стави и по некоја точка ;) --Brainmachinewtf? 23:49, 4 декември 2008 (UTC)
Да, во право си никогаш не сум размислил за тоа. :)! --Макс(разговор) 13:16, 7 декември 2008 (UTC)


Среќна Нова Година[уреди извор]

Среќна нова година на сите корисници на Википедија и се најдобро во новата 2009. Поздрав-- MacedonianBoy  Oui? 16:54, 31 декември 2008 (UTC)

Нов импулс во развојот на македонската Википедија[уреди извор]

Почитувани,

Со намера да дадеме нов импулс во развојот на македонската Википедија, неодамна беа изготвени два банера со стандардни димензии (468 × 60). Идејата за изработка на овие банери беше во тоа да се обидеме да ги понудиме на администратори кои би дозволиле промоција (или ако сакате реклама) на македонската Википедија на интернет страниците за кои тие се одговорни.

Ваквиот пристап со сигурност тврдам дека ќе допринесе да дојде до:

  • зголемување на бројот на уредници на македонската Википедија,
  • со тоа и до подобрување на нашето место на листата на Википедии,
  • но исто така и до зголемување на квалитетот на содржините на нашата Википедија.

Пред околу десетина години, кога интернетот беше многу помалку достапен во споредба со денес, сведок сум дека на сличен начин направена популаризација на проектот SETI@home низ македонскиот дел од киберпросторот доведе до значително подобрување на пласманот на Македонија на листата на држави.

Банерите за кои во овој текст станува збор се дадени подолу.

Wikipedia MK1.gif

Wikipedia MK2.gif

...и уште еден банер со димензии 135x185

Wikipedia MK5.gif

Е па така... фатете се со работа и барајте врски, пријатели, познати и роднини кои се занимаваат со дизајн, администрација и сл. работи поврзани со интернет страници.

Интернет страниците на вашите училишта, факултети и универзитети исто така се добри места на кои може да се обидете да ја промовирате нашата Википедија.

Вашите сугестии и забелешки за оваа иницијатива се добредојдени.

Голем поздрав,

Wikimk (разговор) 23:47, 5 јануари 2009 (UTC)

Идејава ти е супер, се надевам ќе се нафатат луѓето да го промовираат ова. Поздрав.-- MacedonianBoy  Oui? 23:58, 5 јануари 2009 (UTC)
И јас се надевам дека ќе се нафатат. Само треба повеќемина од нас да испратат по некој маил. Со SETI@home функционираше и даде ефект. На крајот на краиштата ако не пробаш не може ниту да не успееш. Wikimk (разговор) 09:47, 6 јануари 2009 (UTC)
Супер. Веднаш и јас ќе започнам со претставување на банерот. Предлагам, ова да оди и заедно со соопштенијата кои ќе ги испраќаме во иднина, до најпосетуваните веб-страници на македонски јазик. Одлична работа и одличен начин за промоција.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:20, 6 јануари 2009 (UTC)
Тоа би била супер комбинација. Пишан збор многу полесно ќе се продаде одошто само банер. Поздрав, Wikimk (разговор) 18:28, 6 јануари 2009 (UTC)

Не сум сигурен околу банеров. Во контекст на кампањата Ти си Македонија!, некако ми се чини дека луѓето може да почнат да прават погрешни асоцијации... --FlavrSavr (разговор) 17:01, 6 јануари 2009 (UTC)

Мислам иницијативава е супер, но ако не сакате може само да се тргне раката од банерот бидејќи тоа асоцира на кампањата на „Грујо“. Другото мислам е ок. Поздрав-- MacedonianBoy  Oui? 17:04, 6 јануари 2009 (UTC)

Последна работа на која мислев кога ги правев банерите ми беше кампањата на Грујо. Идејата ми дојде вчера откако пребарав слики на Google пребарувајќи со "i need you" и "i want you". Таму се појавуваат еден куп раце (најмногу на Uncle Sam), така што Грујо не ја измислил таа идеја. Сепак, доколку се отстрани раката банерите изгледаат некако многу soft... a целта е да се повика на акција (па придружување на нови уредувачи). Како и да е, Википедија е јавна работа, па ако така решите отстранете ги банерите.

Поздрав,

Wikimk (разговор) 17:13, 6 јануари 2009 (UTC)

Јас немам ништо против оваа иницијатива ниту против банерите. Народот што е заразен од „ентузијазмот“ на Грујо нека си го дешифрира ова како партиска иницијатива, а останатите мудри и паметни македонски граѓани ќе сфатат дека ова е сериозна кампања од Вики заедницата на Википедија на македонски јазик. Поздрав-- MacedonianBoy  Oui? 17:24, 6 јануари 2009 (UTC)
Јас сум против бидејќи државата ни е многу исполитизирана, а википедијата е нешто многу различно од политиката, така да тоа е тоа, вие како администратори донесете одлука.--Астрион (разговор) 17:28, 6 јануари 2009 (UTC)
Mislam deka daleku otide so razmisluvanjata. Idejata, kako sto pisuva pogore, e da se zgolemi brojot na kvalitetni statii. Da ne raste nasata Vikipedija samo so statii koi imaat po 2-3 recenici, tuku i na kvalitet da dodademe, a toa moze da se stori so pogolem broj na lugje. Mal broj od statiite koi se pisuvaat citiraat referenci za izvori od koi se prezemeni informaciite. :-( Poveke lugje moze da napravat poveke raboti i moze daa gi napravat pokvalitetno. Toa e idejata. Ako ima nekoj drug podobra neka ja izlozi. Vsusnost, zatoa postoi ova mesto... za razmena na idei. Pozdrav, Wikimk (разговор) 18:03, 6 јануари 2009 (UTC)
Од мене имаш целосна поршка. Но, бидејќи тука има и некои против, може да се спогодиме некако, или едноставно демократски ќе гласаме. И на крајот на краиштата, кој сака ќе си го стави банерот на некоја страница, нели?--Raso mk (разговор) 19:32, 6 јануари 2009 (UTC)

Веќе стои едниот банер на Википедија:Портал :) Кој сака може да ги стави овие банери на своите блогови, вебсајтови, потписи од форуми и слично — за тоа се наменети. Што се однесува до сличноста со кампањата на владата, мислам дека не е ништо значајно за дискусија. Мотивот со испружениот показалец кој се користи за регрутирање на некој е веќе клише, така што нити Грујо, нити ние не сме измислиле нешто ново — тоа си е стариот добар Uncle Sam кој те сака ТЕБЕ за армијата на Википедија, хехе. --Brainmachinewtf? 19:51, 6 јануари 2009 (UTC)

Мислам дека најлошо е да не се направи ништо за промоција – тоа не е во ред. Ако некој друг има нови и подобри идеи за промоција нека каже. Работи од типот не чини, не ми се допаѓа и сл. не се воопшто конструктивни. Ајде да разменуваме идеи!
Со оглед на ова што претходно го напишав. Се надевам дека во продолжение ќе прочитамe овде конструктивни идеи за промоција (од типот: што, каде, како и сл.). Да се задржиме на тој дел во дискусииве... а банери нека повели нека направи и некој друг па ќе имаме повеќе избор. Тоа е добредојдено! Поздрав. Wikimk (разговор) 19:59, 6 јануари 2009 (UTC)
Е па ајде да почнеме со промоција. Патем треба да се обидеме да успееме овој банер да стои на барем два до три нај посетени форуми. На нив има огромен потенцјал. Давајте идеи и предлози. --Raso mk (разговор) 20:02, 6 јануари 2009 (UTC)

Да кажам и јас - пред да ги прочитам коментарите, ми дојде нападно тоа со прстот (и веднаш ме асоцираше на американската армија, не на денешни времиња :)). Дали можеме да смислиме понежно мото (мислам на текстот)? Арно вели Wikimk, треба конструктивен предлог, ама јас го немам во моментов. Не дека е ова лошо, воопшто не е лошо, ама мене лично грубо ми делува, нешто како наредба: „Ти! Доаѓај ваму!“ - и се плашам да не има контра-ефект... Добронамерен поздрав -- Виолетова (разговор) 20:07, 6 јануари 2009 (UTC)

На Википедија:Банери и копчиња има и еден банер што јас го направив многу одамна, кога бев далеку поактивен! :-) Како и да е, Wikimk настапува со супер намери, и малце се осеќам лошо што му го кршиме филмот... Но, поврзувања од типот Влада на РМ - Википедија македонската јавност може да направи и тоа е далеку од бенигна ситуација... --FlavrSavr (разговор) 20:30, 6 јануари 2009 (UTC)
Инаку, офанзивните показалци не се дело на американската пропаганда, туку оригинално се појавуваат во Британија за време на Првата светска војна, а се користат обично за цели на регрутирање. --FlavrSavr (разговор) 20:37, 6 јануари 2009 (UTC)

Статистики[уреди извор]

Здраво на сите. Гледам дека некои од корисниците на своите страници го имаат бројот на статии кои ги направиле, како и бројот на уредувања. Би замолил некој, доколку знае, да направи листа на корисниците на МК Википедија според својата активност. На пример:
1. Според бројот на создадени статии,
2. Според бројот на создадени никулци,
3. Според бројот на уредувања,
4. За мотивација на нови членови згодно би било да се направат слични листи на кои би се нашле само нови членови (кои на МК Википедија придонесуваат не повеќе од 2-3 месеци).
На англиската Википедија такво нешто веќе постои (List of Wikipedians by number of edits).
Мислам дека на ваков начин ќе се официјализира компетитивноста помеѓу уредувачите, а тоа истовремено ќе биде мотивација повеќе за сите.
Голем поздрав,
Wikimk (разговор) 10:52, 11 јануари 2009 (UTC)

Веќе има вакви статистики, додуша малце доцнат. --Милош (разговор) 13:27, 11 јануари 2009 (UTC)
Еден новак (n00b) еднаш бил љубопитен за природата на бројот на уредувања. Тој пристапил кон неговиот Зен господар и прашал: „Зен господару, која е природата на бројот на уредувања?“
„Бројот на уредувања е како пат,“ - одговорил Зен господарот. „Ти мора да патуваш по тој пат за да стигнеш до твојата цел, а некои можеби ќе патуваат подолг пат од твојот. Но не суди ѝ на личноста пред твојата врата според должината на патот кој го поминал за да стигне до тебе.“
И новакот беше просветлен. --Brainmachinewtf? 17:41, 11 јануари 2009 (UTC)
Ви благодарам на обајцата за коментарите. Мислам дека линкот на кој Милош укажа треба да се стави на повидно место на некоја од страниците на МК Википедија.
Доколку некој знае на каков начин (со користење на можностите кои Вики ги нуди и со користење на програмки јазик како што се PHP или ASP) може да се дојде до податоци за тоа што претходно го назначив во четирите точки од мојата прва порака мислам дека би било добро да се направи нешто повеќе.
Wikimk (разговор) 19:36, 11 јануари 2009 (UTC)
P.S.
Пред неколку минути разбрав дека сме ги претицале Бретонците според бројот на статии. Инаку, бретонски зборуваат само околу 200.000 луѓе на крајниот запад во Франција.
Наредна Википедија што треба да ја претицаме е манипурската. Таа има 23 400 статии.-- MacedonianBoy  Oui? 23:31, 12 јануари 2009 (UTC)

Провинција вс Покраина[уреди извор]

Мислам дека покраина е правилниот термин што треба да го користиме а не провинција. Поради тоа од сега па натака користете го терминот покраина а ако можете заменувајте ги термините провинција/ провинции со покраина/покраини. -- MacedonianBoy  Oui? 22:32, 7 јануари 2009 (UTC)

MacedonianBoy, не е исто провинција и покраина, и двата термина се користат. Поздрав --Виолетова разговор 08:52, 8 јануари 2009 (UTC)
Јас мислам горе долу е исто а ако грешам што е разликата помеѓу двата збора?-- MacedonianBoy  Oui? 09:57, 8 јануари 2009 (UTC)


Никогаш не сум ги сфатила суптилните разлики на некои такви поими кои се горе-долу слични, тешко јас да можам да објаснам, освен да цитирам објаснување од Речникот... Поздрав --Виолетова разговор 19:52, 8 јануари 2009 (UTC)

Се сложувам со MacedonianBoy. Јас како што знам, „провинција“ е збор од латинскиот јазик, а зборот „покраина“ е соодветен еквивалент кој се употребува во поголем број од словенските јазици.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:22, 17 јануари 2009 (UTC)