Википедија:Селска чешма/Архива 22

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ова е архива на минати разговори. Не ја менувајте содржината на оваа страница. Ако сакате да почнете нов разговор или да разговарате за стара тема, ве молиме обратете се на сегашната страница за разговор.
Архива 22


Содржина

Wikidata is getting close to a first roll-out[уреди извор]

Wikimedia Foundation RGB logo with text.svg

(Apologies if this message isn't in your language.)

As some of you might already have heard Wikimedia Deutschland is working on a new Wikimedia project. It is called m:Wikidata. The goal of Wikidata is to become a central data repository for the Wikipedias, its sister projects and the world. In the future it will hold data like the number of inhabitants of a country, the date of birth of a famous person or the length of a river. These can then be used in all Wikimedia projects and outside of them.

The project is divided into three phases and "we are getting close to roll-out the first phase". The phases are:

  1. language links in the Wikipedias (making it possible to store the links between the language editions of an article just once in Wikidata instead of in each linked article)
  2. infoboxes (making it possible to store the data that is currently in infoboxes in one central place and share the data)
  3. lists (making it possible to create lists and similar things based on queries to Wikidata so they update automatically when new data is added or modified)

It'd be great if you could join us, test the demo version, provide feedback and take part in the development of Wikidata. You can find all the relevant information including an FAQ and sign-up links for our on-wiki newsletter on the Wikidata page on Meta.

For further discussions please use this talk page (if you are uncomfortable writing in English you can also write in your native language there) or point me to the place where your discussion is happening so I can answer there.

--Lydia Pintscher 15:29, 10 септември 2012 (CEST)

Distributed via Global message delivery. (Wrong page? Fix here.)

Обоени зборови во статии[уреди извор]

Изглед на виножито за луѓе без потешкотии со видот.
Би сакал да знам дали е дозволено одредени зборови во статиите да се запишуваат во друга боја? Вакво нешто употребив во статијата „Список на знаменитости во Старата скопска чаршија“ и ми изгледа како поавтентично решение отколку обојување на самата позадина на полето. Во случај да е забранеето вакво нешто, веднаш ќе ја вратам вообичаената боја. Благодарам.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:01, 12 септември 2012 (CEST)
Дозволено е, ако е во табела, како во статијата што ја наведе, но треба да се избегнува во проза. Сепак, мора да внимаваш на изборот на боите: значителен процент од населението имаат некоја форма на далтонизам, или слепило за бои. 7 до 10% од белите мажи не можат да препознаат која е употребената боја, на пример, во зборовите црвено и зелено — што е тука црвено, а што зелено! Исто така, текст во оваа боја е навистина тежок за читање дури и кога е задебелен. Најубаво, види ги советите и алатките дадедени во en:WP:COLOR. --Brainmachine (разговор) 15:37, 12 септември 2012 (CEST)
Изглед на виножито за луѓе со една форма на далтонизам.
Благодарам на укажаната помош.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:13, 12 септември 2012 (CEST)

Конференција на ЦИЕ 2012[уреди извор]

Почитувани корисници, би сакал да ве известам дека првата конференција на Централна и Источна Европа ќе се одржи од 13 до 14 октомври 2012 година во Белград. Викимедија Македонија и Вики-зедница од Македонија се поканети да присуствуваат на настанот со двајца претставници, при што трошоците за пат и сместување и за двајцата се покриени од страна на организаторот. Ова е доста добра можност за оние коишто никогаш досега не присуствувале на еден ваков настан да се стекнат со поголемо искуство во административниот и оперативниот дел од Викимедија, а исто така и голема шанса да се запознаат со претставници од многу други земји. Најголемиот дел од конференциите досега биле наменети за присуство на членови на локалните ограноци, па поради тоа и главно претставниците биле назначени членови на Викимедија Македонија. Но, оваа подеднакво се однесува и на локалните ограноци и на Вики-зедницата и затоа е вредно да присуствува и некој од активните корисници. Ќе ве замолам доколку е можно што побргу да се изјасните со свој коментар во врска со овој настан, како и со тоа дали сте заинтересирани и дали би биле во можност да присуствувате. Однапред ви благодарам.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:38, 13 септември 2012 (CEST)

Оваа информација би требало да се објави и на соодветните страници на изданијата на википедија на јазиците кои се зборуваат во македонија (албански, турски, српски, ромски, ...) за да бидат информирани и тие викимедијанци. Иначе секој заинтересиран може и треба да се пријави за учество на конференцијата на http://en.amiando.com/cee2012.html?page=787325, но претходно треба да побара код за пријавување на следнава е-поштенска адреса cee@vikimedija.org --brest (разговор) 09:51, 14 септември 2012 (CEST)
По долго размислување деновиве и откако ја разгледав програмата на страницата, решив да се пријавам за учество на оваа конференција. Сметам дека би било едно огромно искуство за поголемо запознавање на Википедија, односно нејзино согледување и од друга страна, не само како активен волонтер, кој придонесува во нејзините содржини. Се разбира секогаш добредојдено е запознавањето на претставници од други земји. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 12:21, 15 септември 2012 (CEST)

Слики[уреди извор]

Здраво Кирил. Сликите не се подигнати и не постојат на Википедија, затоа прашањето ми е како да го направам тоа . Како да ги поставам на википедија на македонски јазик. Пробам многу начини, прашав многу луѓе, но како што гледаш слики сеуште нема, а многу ми се потребни за естетика на статијата и промоција на бендот. Благодарам однапред и поздрав.

Здраво[уреди извор]

За какви извори се работи за да ги потврдам информациите во статијата и да ги исполнам условите. За што се работи како да дојдам до тоа, бидејќи во глобала околу 90 посто статијата ми е готова, но сеуште не е објавена и неможе да се пронајди. Ако можеш уште во ова да ми помогнеш како да дополнам тоа што фали за да ја финализираме целосно. Благодарам.

Поштенски списоци поврзани со Вики проектите на македонски јазик[уреди извор]

Поставив предлог политика за регулирање на членството и комуникацијата на поштенските листи поврзани со Вики проектите на македонски јазик. Со цел да избегнеме понатамошни недоразбирања, би ве замолил да изразите ваше мислење. Коментарите можете да ги оставите овде, или на страницата за разговор на наведената страница. --Милош (разговор) 09:44, 24 септември 2012 (CEST)

Помош[уреди извор]

Здраво, денес ми треба статија под наслов Наколни живеалишта во Охрид и Преспа ама не најдов.Можете ли да ми помогнете со тоа да ми пронајдете нешто во врска со тоа ( слики,текст ). Би благодарам ! Edina Sinanovik (разговор) 15:51, 2 октомври 2012 (CEST)

Уредување на страница[уреди извор]

Здраво и добредојдов на страницава, Во мојот домен на проучување се и личности од Охрид, па би сакал да прашам дали можам да ви подготвам прилози (сигурно ќе има над дваесетина нови личности) а исто така сакам да дополнам некои биографии (како на пример, мојата)(разговор)Ozdolenski (разговор) 01:00, 12 октомври 2012 (CEST)

Го ценам тоа што може да ни обезбедите информации, но мора многу да се внимава дали станува збор навистина за значајни личности, за коишто треба да има статии на Википедија.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:50, 16 октомври 2012 (CEST)

Категории[уреди извор]

Здраво на сите. Сакам да ве замолам да се внимава при категоризирање на статиите поврзани со Кипар и Ирска. Имено, имаме посебни категории за островите (Категорија:Ирска (остров) и Категорија:Кипар (остров)) и посебни категории за политичките ентитети: Категорија:Ирска, Категорија:Северна Ирска, Категорија:Кипар и Категорија:Турска Република Северен Кипар. Не е убаво да се измешаат статиите. До сега имаше статии за Северна Ирска во категоријата за Ирска. Тие статии кои се заеднички за повеќе ентитети (на пример Религија на Ирска) може да имаат категорија и за Ирска и за Северна Ирска. Ова го ставам како забелешка тука за полесно да ни биде при навигацијата и уредувањето. Препорачувам да не се користи Република Ирска и Република Кипар бидејќи таквите имиња се стандард за англиската Википедија, а не кај нас. Така и Македонија не е Република Македонија или Данска Кралство Данска. Поздрав.--Никола Стоіаноски 14:46, 13 октомври 2012 (CEST)

Благодарам на известувањето.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:50, 16 октомври 2012 (CEST)

Upcoming software changes - please report any problems[уреди извор]

Wikimedia Foundation RGB logo with text.svg

(Apologies if this message isn't in your language. Please consider translating it)

All Wikimedia wikis - including this one - will soon be upgraded with new and possibly disruptive code. This process starts today and finishes on October 24 (see the upgrade schedule & code details).

Please watch for problems with:

  • revision diffs
  • templates
  • CSS and JavaScript pages (like user scripts)
  • bots
  • PDF export
  • images, video, and sound, especially scaling sizes
  • the CologneBlue skin

If you notice any problems, please report problems at our defect tracker site. You can test for possible problems at test2.wikipedia.org and mediawiki.org, which have already been updated.

Thanks! With your help we can find problems fast and get them fixed faster.

Sumana Harihareswara, Wikimedia Foundation Engineering Community Manager (talk) 05:05, 16 октомври 2012 (CEST)

P.S.: For the regular, smaller MediaWiki updates every two weeks, please watch this schedule.

Distributed via Global message delivery. (Wrong page? Fix here.)

Fundraising localization: volunteers from outside the USA needed[уреди извор]

Please translate for your local community

Hello All,

The Wikimedia Foundation's Fundraising team have begun our 'User Experience' project, with the goal of understanding the donation experience in different countries outside the USA and enhancing the localization of our donation pages. I am searching for volunteers to spend 30 minutes on a Skype chat with me, reviewing their own country's donation pages. It will be done on a 'usability' format (I will ask you to read the text and go through the donation flow) and will be asking your feedback in the meanwhile.

The only pre-requisite is for the volunteer to actually live in the country and to have access to at least one donation method that we offer for that country (mainly credit/debit card, but also real-time banking like IDEAL, E-wallets, etc...) so we can do a live test and see if the donation goes through. All volunteers will be reimbursed of the donations that eventually succeed (and they will be low amounts, like 1-2 dollars)

By helping us you are actually helping thousands of people to support our mission of free knowledge across the world. Please sing up and help us with our 'User Experience' project! :) If you are interested (or know of anyone who could be) please email ppena@wikimedia.org. All countries needed (excepting USA)!

Thanks!
Pats Pena
Global Fundraising Operations Manager, Wikimedia Foundation

Sent using Global message delivery, 19:11, 17 октомври 2012 (CEST)

Соопштение за нова функција[уреди извор]

Екранска снимка (англиска Википедија)

Здраво!

Со ова би сакал да ве известам за една мала нова функција, од неодамна пуштена на англиската и германската Википедија. Откако ќе ја испробаме и ќе извршиме поправки, подготвени сме да ја примениме и на други проекти за кои функцијата е веќе преведена, вклучувајќи го овој.

Функцијата се состои од порака за потврда (на екранската снимка) што се појавува откако ќе зачувате уредување. Пораката ве известува дека „Вашето уредување е зачувано“ и автоматски ја снемува по две секунди. Можете да ја отстраните и веднаш (копче „x“). Нејзин автор е екипата „Опити за придобивање на уредници“ (Editor Engagement Experiments), и истата се испробува со нови корисници на англиската Википедија. Забележавме навистина позитивни резултати: уредувањата на нови учесници се зголемија за 23% со ваквата потврда, а без пад во квалитетот на уредувањата.

Доколку воопшто не сакате да ја гледате оваа функција, можете да ја скриете во вашата лична CSS-страница. Едноставно ставете го долунаведениот код во Special:MyPage/common.css:

.postedit {
	display: none;
}

Ви благодарам, и ми ве замолил да пишете тука доколку имате прашања или забележите некакви грешки. Steven (WMF) (разговор) 22:11, 25 октомври 2012 (CEST)

Викидата[уреди извор]

Здраво на сите. Сакам да ве известам дека проектот Викидата и официјално започна со работа. Голем број на страници веќе се создадени и кон нив се додадени врски на различни јазици. Јас започнав со додавање на врски на македонски јазик. Ги повикувам оние коишто се заинтересираним, кога ќе имаат доволно време да се приклучат на работата и на овој проект.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:30, 30 октомври 2012 (CET)

Нација[уреди извор]

Според Македонската Википедија, една од можните дефиниции за нација е луѓе со заедничко минато, култура, јазик, заедничка економија, единствена оделна територија и единствена самосвест. На прво место, терминот "нација" (nation) не значи "народ" (people) и во таа смисла нациите не се само збир на луѓе со исто потекло. Нацијата, во потесна смисла на зборот, се комбинација на сите граѓани на една држава. Овие граѓани може да се од различни етноси и да исповедаат различни религии. Нациите се продукт на државите, како политичко-територијални заедници кои влијаат на сите свои граѓани преку своето законодавство и државна политика. Нема нација без држава! Jingiby (разговор) 16:49, 13 ноември 2012 (CET)

Џинги, чинам си ги помешал работите малку. Тоа се сите англиски поими и значења. Нација, народ, етнос, народност, етничка група е едно исто во македонскиот. Мое мислење е погрешно да се користи англиското значење на поимот „нација“, а се користи (погрешно) во последно време, особено кај буквалниот превод на фразата „island nation“ каде се користи „островска нација“, наместо „островска земја“ или „островска држава“. Не можеш да кажеш „според Македонската Википедија“, туку „според македонскиот јазик“ (мало техничко поправување). Кога ќе кажеш „македонска нација“ се мисли на народот македонски, а за сите граѓани на републиката „македонски граѓани“. Сепак ова е едно мое видување на работите.--Никола Стоіаноски 18:50, 13 ноември 2012 (CET)
Не сакам да се мешам во разговоров, но темата ме заинтересира и сметам дека е добро да се префрли на селската чешма, каде што ќе може целата заедница да се вклучи во самата дискусија. Од големо значење е правилното дефинирање на поимите коишто ги наведува Никола, па затоа е подобро тоа да се направи потранспарентно отколку меѓу неколкумина корисници. По социологија се сеќавам дека учевме за различни дефиниции на овие поими. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:10, 13 ноември 2012 (CET)

Поставив го ова прашање бидејќи Далчо цензурира текстот кој бев напишал и тоа: По Втората светска војна и создавањето на Народна Република Македонија и со кодифициране на македонскиот јазик, се формирала конечно и македонската нација. Стори ми се чудно дека тој ги брише точно фактите околу формирањето на Македонската држава и кодифицирането на јазикот, а тие се клучни за секоја нација. Тој ги меша поимите народ, народност и нација. Нема нација без држава. Прво се формира народност, после народ и конечно нација. Ова е процес. Jingiby (разговор) 20:56, 13 ноември 2012 (CET)

Нацијата се формира кога еден народ ќе добие официјална државност. Така, македонската нација е формирана во 1945 година со формирањето на тогашната македонска држава. А како народ сме од дамнина. :) --Р ашоAero-stub img.svg 21:27, 13 ноември 2012 (CET)
Морам да се согласам со последните два коментара на Jingiby и Рашо. Поимите „народ“, „народност“ и „нација“ се различни поими и различно се дефинираат и во македонската стручна литература. Процесот е токму таков каков што го опиша Jinguby и обично започнува со создавање на народност, па потоа народ и на крајот се создава нација. Сепак, кога станува збор за „етнос“ и „етничка група“, овие два поима најчесто се употребуваат како истозначници за „народ“.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:30, 13 ноември 2012 (CET)

Статијата за Кенеди[уреди извор]

Е со гугл транслејт. Според мене, срамота е да стои така. Вие како сакате, само пишувам да посочам. Поздрав.

http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%8F%D0%BE%D0%BD_%D0%A4._%D0%9A%D0%B5%D0%BD%D0%B5%D0%B4%D0%B8

Мислам дека ова не го напишав на вистинското место, ама ќе среди кој треба. Извинете ако создадов проблем. :/

Карта на Македонија[уреди извор]

ЗOШТО НЕ МОЖАМ ДА ЈА НАЈДАМ КАРТАТА НА Р.МАКЕДОНИЈА?????????? (62.162.197.142 (разговор) 11:06, 27 ноември 2012 (CET))

Еве една карта на Македонија. Поздрав--Никола Стоіаноски 11:19, 27 ноември 2012 (CET)

Критика до активните корисници[уреди извор]

Можеби е малку чудно што јас сум оној којшто упатува критика кон заедницата на Википедија на македонски јазик, но навистина мислам дека одржувањето на проектот во последните неколку денови воопшто е запоставено или е на многу ниско ниво. Пред малку забележав дека списокот на новоуредени статии е полн со статии во коишто секој си пишува што сака, статии без никаква содржина, статии коишто не се викифицирани, статии чијашто содржина е машински преведена и сл. Освен тоа, дел од овие новоуредени статии беа проверени и одобрени како добри, што е недопустливо за еден искусен корисник којшто ги поседува оценувачките права. Не знам која е причината за ваквото нешто, но ќе замолам доколку може во иднина да се обрнува повеќе внимание на ваквите работи. Јас, за жал, нема да бидам доволно активен за да можам постојано тоа да го работам.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:08, 5 декември 2012 (CET)

YurikBot[уреди извор]

Hi, I would like to get back the bot status. At this point I will start with running Cyrillic/Latin case checker bot that will fix any link or page title that has characters identical in both (like A,B,C,E,H,K,M,O,...). I wrote this bot over five years ago. Why would you want to trust me? I wrote MediaWiki API, improved many bots (as part of pywikibot framework) including interwiki bot, have over 3 million bot edits across all languages.

Also, please create a page ВП:КЛ or similar. All changes by the bot will have this link in the comments to explain the change to the user. Expand below to the example text. Thanks! --Yurik (әңгәмә) 06:06, 14 декабрь 2012 (UTC)

Закосени букви (италик)[уреди извор]

Не знам дали ова било и претходно дискутирано, но сакам да предложам смена на закосените варијанти (кога се ставени во италик) на буквите: б, п, г, д, т, ш. Забележав дека се користат буквите од руската азбука и затоа треба да се променат за да ѝ одговараат на нашата. Бидејќи не можев да најдам друга слика, ќе забележам само дека во крајната колона (со жолто) која ја претставува македонската (и српска) варијанта не треба да има цртичка под буквата ш, а истиот облик за ѓ е како оној за г само со додаден знак за акцент.

Споредба на руската и македонската варијанта на закосените букви

92.53.16.23 (разговор) 22:29, 17 декември 2012 (CET) - Иван.

Нема такви фонтови кои ги подржуваат овие букви. Буквите ги има само во македонски и српски фонтови. Проблем е знаеме, но тоа е. Секој фонт кој е стандарден за секој компјутер ги вклучува руските верзии. Поз --Никола Стоіаноски 11:16, 25 декември 2012 (CET)

Week of Ukrainian-Macedonian cooperation[уреди извор]

Hi! After the CEE Meeting in Belgrad we decided to start Ukrainian-Estonian cooperation week. So, we made it from November, 26 till December, 9. We wrote articles together about Estonia in Ukrainian Wiki and about Ukraine in Estonian Wiki. So, now I want to make the same week between Ukraine and Macedonia. How do you think about this? The results of first week are here and here. And what dates is suitable for this Week? --Visem (разговор) 22:51, 23 декември 2012 (CET)

Good proposal. I will create new wiki-project WUMC.--brest (разговор) 08:10, 24 декември 2012 (CET)

Very good beginning will be if we have list of articles about Macedonia which should be in every encyclopedia, and list of articles about Ukraine which should be in every encyclopedia. May be we should have one short and one long list. Can we start building that lists? Something similar to Википедија:Потребни статии, but connected to Macedonia and Ukraine. --brest (разговор) 09:47, 25 декември 2012 (CET)

I like the idea a lot. In order to complete this project successfully, I think it is better to see how many people are interested in this project before we decide the dates. Maybe we can give to the wiki-communities a period of one week (a notification in MediaWiki:Sitenotice) so they can put their names in the list of interested users. After that, we can decide about the dates and start with the work. Otherwise, here, we will be two or three users :) Best--Никола Стоіаноски 11:24, 25 декември 2012 (CET)
Your proposal for sitenotice notification is good. In this moment we have 6 early registered members listed on the project page WUMC. In the meantime we (early registered members) should try to define the project the best way we can. By my opinion period between last week of January and beginning of February is good time to start with the intensive work. --brest (разговор) 08:11, 5 јануари 2013 (CET)

Награди[уреди извор]

Викимедија Украина обезбеди награди за највредните учесници во овој проект. Сите уредувачи се потенцијални добитници на наградата. Наградите ќе ги додели Викимедија Македонија во име на Викимедија Украина. Доделувањето ќе биде направено на некоја од наредните вики-средби откако ќе се направи изборот. За оние кои нема да може да учествуваат на вики-средбата, наградите ќе бидат испратени по пошта на нивната адреса. Секој може да номинира учесник за кој смета дека треба да добие награда, или самиот да се номинира. Секој може да учествува во изборот на највредни уредувачи. Ранг листата ќе биде направена врз основа на добиените гласови.--brest (разговор) 07:42, 7 март 2013 (CET)

Да известам, за ваша инфромација, дека наградите кои ги обезбеди Викимедија Украина пристигнаа во Скопје, вчера ги подигнав од пошта. Поздрав. --brest (разговор) 06:33, 12 март 2013 (CET)

Слики[уреди извор]

Добар ден. Пишувам статија за Кралица Викторија, го ставив цел текст го средив, но никако не мозам да се снајдам со ставањето на слики. Сакав да ги ставам истите што се наоѓаат на оригиналот Queen Victoria, но има премногу барања за да се постави една слика. Исто така откако го зачував и уредив текстот, како да знам дека е испратен до вас и дали е прифатен? Ви благодарам однапред CleopatraM (разговор) 14:11, 28 декември 2012 (CET)

Би ви била благодарна доколку ми покжете како да ги поставам сликите. CleopatraM (разговор) 14:25, 28 декември 2012 (CET)

Може сега да погледнете и да ми кажете дали е во ред? CleopatraM (разговор) 15:53, 28 декември 2012 (CET)

Да знам за св Павле подол го имам исправно а тоа св Пол ненамерна грешка ми е само што на почетокот не ми текна автоматски, прв пат го правам ова и премногу бев неискусна но еве полека се снаоѓам . CleopatraM (разговор) 16:13, 28 декември 2012 (CET)

Инаку за многуте поимми користив речник, така да нема од мене ништо измислено

Да, тоа е одлично. Не реков дека е измислено, но дека треба да се вршат подобрувања и начелно кажав каква е практиката. --Б. Јанкулоски (разговор) 03:58, 29 декември 2012 (CET)

Среќна нова 2013[уреди извор]

Среќна нова 2013 на сите. Многу успех на лично, професионално и вики поле. Позз--Никола Стоіаноски 17:07, 31 декември 2012 (CET)

Нека е среќна и од мене. Многу здравје, среќа, љубов и успех им пожелувам на сите корисници на Википедија на македонски јазик.--Kiril Simeonovski (разговор) 04:47, 1 јануари 2013 (CET)
Честита и от мене! Jingiby (разговор) 08:36, 1 јануари 2013 (CET)
Среќна и од мене. Се надевам оваа година ќе надминеме 100k :)--Р ашоAero-stub img.svg 11:31, 1 јануари 2013 (CET)
Среќна нова година и од мене, со повеќе успеси оваа година на сите полиња --Ehrlich91 (разговор) 14:30, 1 јануари 2013 (CET)
Среќна нека биде и со повеќе статии--Тиверополник (разговор) 21:33, 1 јануари 2013 (CET)

Среќна НГ2013 и останати празници и од мене. Да го дочекаме кајот на годината со 100К статии. --brest (разговор) 08:11, 5 јануари 2013 (CET)

Мала помош[уреди извор]

Здраво,

При пишувањето на мојата првата статија, по грешка насловот ми остана на англиски јазик и не знам како да го сменам на македонски. Статијата се’ уште не е проверената, па најверојатно нема да ви биде тешко да го смените насловот на македонски. еве линк: http://mk.wikipedia.org/wiki/Bobby_Charlton.

Благодарам, Tomiarsov (разговор) 16:32, 5 јануари 2013 (CET)

Превод[уреди извор]

Здраво,

Прв пат преведувам статија на вики, па имам неколку прашања... Колку време ќе е потребно за да биде одобрена мојата статија? Јас преведував од http://en.wikipedia.org/wiki/Electric_car и преводот http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%95%D0%BB%D0%B5%D0%BA%D1%82%D1%80%D0%B8%D1%87%D0%B5%D0%BD_%D0%B0%D0%B2%D1%82%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D0%B1%D0%B8%D0%BB

Како да преведам некоја слика од оргиналната статија и како потоа да ја вметнам во мојата ? Благодарам --Milosh Zlatkovski (разговор) 22:30, 5 јануари 2013 (CET)

Здраво Milosh Zlatkovski, статијата ќе биде одобрено штом ќе биде доволно квалитетна за објавување. Кога го копираш текстот од англиската википедија, копирај го целосно со се кодови за слики, шаблони и сл. Преведувај само обичен текст, се што се наоѓа помеѓу загради {{ }}, [[ ]] не се преведува освен ако се наоѓа десно од знакот pipe |. Поздрав. --brest (разговор) 22:39, 5 јануари 2013 (CET)

Проблеми со статијата Масонска ложа[уреди извор]

Здраво Ја преведов статијата Масонска ложа и е одобрена, меѓутоа, кога одам на оригиналната статија го нема јазикот Македонски. Можете ли да ми помогнете?

Здраво. Потребен е одреден период за некој од ботовите да ја додаде и македонската статија во останатите изданија на википедија, но истото можеш и самата да го направиш. Јас ја додадов врската до мак. статија, а промената можеш да ја видиш тука. Врските со останатите јазични изданија (интервикито) се наоѓаат на дното од статијата и битно е да знаеш дека се подредени по абучен ред. Поздрав и пријатно уредување.Kekev (разговор) 17:26, 8 јануари 2013 (CET)

Be a Wikimedia fundraising "User Experience" volunteer![уреди извор]

Thank you to everyone who volunteered last year on the Wikimedia fundraising 'User Experience' project. We have talked to many different people in different countries and their feedback has helped us immensely in restructuring our pages. If you haven't heard of it yet, the 'User Experience' project has the goal of understanding the donation experience in different countries (outside the USA) and enhancing the localization of our donation pages.

I am (still) searching for volunteers to spend some time on a Skype chat with me, reviewing their own country's donation pages. It will be done on a 'usability' format (I will ask you to read the text and go through the donation flow) and will be asking your feedback in the meanwhile.

The only pre-requisite is for the volunteer to actually live in the country and to have access to at least one donation method that we offer for that country (mainly credit/debit card, but also real time banking like IDEAL, E-wallets, etc...) so we can do a live test and see if the donation goes through. **All volunteers will be reimbursed of the donations that eventually succeed (and they will be very low amounts, like 1-2 dollars)**

By helping us you are actually helping thousands of people to support our mission of free knowledge across the world. If you are interested (or know of anyone who could be) please email ppena@wikimedia.org. All countries needed (excepting USA)!!

Thanks!

Pats Pena
Global Fundraising Operations Manager, Wikimedia Foundation

Sent using Global message delivery, 22:06, 8 јануари 2013 (CET)

Терминологија и изведени придавки за ацтечкиот јазик[уреди извор]

Здраво Бојан. Според кој принцип е придавка „наватл“, по македонски или ацтечки? Нема таква придавка во македонскиот, тоа е по ацтечки и не е точно. Да се потсетиме на формите од Цвана.--Никола Стоіаноски 11:36, 8 јануари 2013 (CET)

И Средна Америка не исто со Мезоамерика. Сега треба се да враќам назад, ми отвараш работа :) .--Никола Стоіаноски 11:41, 8 јануари 2013 (CET)
Како и да е, средив сè --Никола Стоіаноски 14:09, 8 јануари 2013 (CET)

Не сакам да ви се мешам во разговорот, но прочитав за што станува збор и навистина ме заинтересира. Мора секогаш да се има предвид дека постојат невообиачени имиња на јазици во македонскиот јазик, а најдобри примери за тоа се јазиците „хинди“, „марати“ и „санскрит“. Тешко е да се каже дали се ова именки или придавки, бидејќи никаде не може да се пронајде такво нешто и поради тоа нивната употреба како такви е ограничена. Сепак, за разлика од „хинди“ и „марати“, од „санскрит“ е изведена придавка и поради тоа се употребува „санскритски“. Слично би требало да се постапи со „наватл“, а бидејќи уште во почетната реченица се споменува „наватлски“, претпоставувам дека тоа може да се прифати како облик на некоја придавка во македонскиот јазик. Покрај тоа, ме интересира дали промената од „Ацтечка Империја“ во „Ацтечка империја“ е поради тоа што првиот запис е погрешен и дали не важи правилото според кое, стручните поими од областа на географијата во македнскиот јазик се запишуваат со голема буква кога се дел од некој географски поим (пр. Јадранско Море, Тихи Океан, Стара Планина и сл.)? Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:28, 8 јануари 2013 (CET)

Зборот ми е дека Наватл и Нава се именки кај нас директно прифатени од ацтечкиот (придавка и именка кај Ацтеките), исто како во случајот за кмерски јазик, каде изведуваме придавка од кмерска придавка . Не може придавка во еден странски јазик да делува како придавка и кај нас. Сепак, не е некој проблем ова. Фонетски возможно е да се изведе наватлски од наватл и двете форми се синоними. Ацтечки е застарен поим кој се користи само кај нас и неколку други јазици. Ацтечки повеќе се однесува за класичниот ацтечки и затоа мора да се напомене низ статиите. Ацтечки=наватл=наватлски. Знаеме како се прават придавките во македонскиот. Мезоамерика е културен регион, Средна Америка е географски. Ацтечка Империја е според мене е поприфатливо, но како ќе одлучиме така. Некои јазици навидум не може да имаат придавки, но мислам дека јазикот е жив и сè е возможно. Многу ретки се тие каде „нема придавка', меѓу кои хинди и урду. Санскритски во секој случај е возможно. Треба да го смениме името на статијата од санскрит во санскритски, Бојан го смени. --Никола Стоіаноски 14:33, 8 јануари 2013 (CET)

Коментар  Воопшто не е темата дали нешто е фонетски изводливо. Придавката „санскритски“ е придавка за него, а не и именка. Јазикот е санскрит, а придавката санскритски (исто како што „скопски“ е само придавка, а не именка). Кмерски јазик е во ред бидејќи народот се нарекува „Кмери“. Во овој случај, ако имаме народ Нава, тогаш не може да биде наватлски, бидејќи тоа се две придавни наставки едно по друго (едната нивна, втората наша). Тоа би било исто како да речеш „инглишки“ или „еспањолски“. Затоа, името на јазикот мора да биде или „наватл“ или „ацтечки“, а потоа во текстот може да се зборува придавно од типот „наватлските зборови се акцентираат...“. Се извинувам за Мезоамерика, јас се испомешав со преводите на геогрфското и културното подрачје. --Б. Јанкулоски (разговор) 00:09, 9 јануари 2013 (CET)

Бојан забораваш дека имињата на јазиците се придавки. Мешаш некои поими. --Никола Стоіаноски 11:35, 9 јануари 2013 (CET)

Коментар  А да се разјаснеше прво за зборот како се чита и изговара. Наватл или Нават’л. Ако е второто точно, тогаш уште во старт е згрешено.--Р ашоAero-stub img.svg 00:24, 9 јануари 2013 (CET)

Изворното читање и дали има задршка некаде не е релевантно за нас (како што може да се види и крај другите јазици што прават транскрипција). Кога се става во заграда латиничниот оригинал, може да се стави изговор по фонетска азбука и тоа е сè. Повеќе не се прави ништо на таа тема. --Б. Јанкулоски (разговор) 00:32, 9 јануари 2013 (CET)

Коментар  Најпрво, сакам да предложам целата оваа дискусија да се префрли на страницата за разговор на статијата. Што се однесува до употребата на „наватлски“, мислам дека Бојан е целосно во право со неговиот последен коментар. Не може да се прави придавка од нешто коешто веќе е придавка на друг јазик. Во прилог, би се надоврзал со тоа дека во другите јазици си се употребува поимот во целост и не се изведуваат соодветни придавки. Освен тоа, постои ли некој веродостоен извор на македонски јазик, каде што јазикот се споменува како „наватлски“? Ако се согласувате, време е да се отфрли употребата на „наватлски“, но тоа со себе повлекува и работа во сите статии каде што се споменува, како и во преименување на постоечката категорија со истоименото име.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:39, 9 јануари 2013 (CET)

Според логиката, да не се користат мајчини наставки, јазикот треба да се вика навански јазик (бидејќи нивната наставка за апсолутив нема никаква улога кај нас). Ацтечки е застарен термин и не се користи никаде, освен кај нас (кој патем е кованица која никогаш не била во употреба од Ацтеките, тие се нарекувале Мешика и затоа едно од имињата на јазикот мексикано). Ацтечки е поим кој често се однесува за класичниот ацтечки, кој патем доста е различен од современиот. Имаме грешки од старт при именување на јазикот. Наватл е правилна транскрипција, бидејќи согласната ’тл’ не се изговара како ’тл’, туку многу специфично за староамериканските јазици. Не ми е проблем да стои ацтечки, но не е лошо да се договориме која терминологија ќе ја следиме за во иднина, нова или стара. Сличен проблем имавме со латвијскиот јазик. И плус, значи санскритски јазик е ок, а сепак не е така именувана статијата. И мислам дека наставката ’tl’ во nahua означува апсолутив, не е наставка за јазик што уште повеќе ја комплицира работава. Компромис: ацтечки или навански јазик. Штом сме се фатиле за ситнициве, да напоменам дека и поимот „Ацтеки’ е грешен, правилно треба да е „Астеки“ (Астеци).--Никола Стоіаноски 11:08, 9 јануари 2013 (CET)
Разбирам јазикот да се вика „нахуатл“ (вака го наоѓа во речник) наместо „ацтечки“ и сум статијата во целост да се преименува и дури да се наведе дека „ацтечки“ е застарен поим, но не би било соодветно да се споменува „нахуатлски“, „наватлски“ или како и да е изведено од нив. Придавката „навански“ можеби држи вода и е во склад со правилата на македонскиот јазик, но навистина е потребно да се утврди соодветно правило според кое ќе се предава ваквата терминологија во иднина. Предлагам уште еднаш дискусијата да се префрли на некое друго место и таму да се продолжи со истата. --Kiril Simeonovski (разговор) 11:44, 9 јануари 2013 (CET)
Да одиме чекор по чекор:
Опис
  • народот се вика nāhua, се изговара [naːwa], или на македонски нава (гласот 'х' е призвук, не се предава).
  • јазикот се вика nāhuatl, се изговара [ˈnaːwatɬ], или на македонски наватл.
  • ацтечки никогаш не се користел од самиот народ, но е застарен термин за наватлските јазици и класичниот ацтечки јазик. Денес само на МК и РУ Википедија се користи за современиот јазик.
  • имаме неубава ситуација: народот го викаме Наванци, а јазикот ацтечки.
Компромис
  • Ацтеки да се користи за древната цивилизација, ацтечки и за современиот и за класичниот ацтечки јазик.
  • современите потомци на Ацтеките се Наванци, а јазикот: навански јазик (чисто македонска верзија според правопис), наватлски јазик (хрватско и српскохрватско име за јазикот) или ацтечки јазик (само македонски и руски поим).

Треба да се избере само името на јазикот и да се заврши со овој разговор. Се договоривме еднаш кога разговаравме за латвискиот јазик, да користиме поими кои се најприближни за јазикот, а немаат традиција во македонскиот. Сите други јазици го користат автохтониот поим, пракса која не е македонска. Да напоменам дека имаме уште една ситуација каде имаме различен поим за стар народ и различен за современиот. Така имаме Инки (за стариот народ) и Кечуани (за потомците).--Никола Стоіаноски 12:35, 9 јануари 2013 (CET)

Навански, наватлски или ацтечки? Ако никој не враќа, ќе си одберам јас едно име.--Никола Стоіаноски 13:28, 17 јануари 2013 (CET)

преведување на статија[уреди извор]

Што треба да направам за објавените статии да ми бидат прегледани? Maja15 (разговор) 00:15, 10 јануари 2013 (CET)

Да се барем малку средени. Кои статии ги напишавте?--Никола Стоіаноски 00:17, 10 јануари 2013 (CET)

Музички фрагменти[уреди извор]

Ги собрав исечоците во една катерорија. Ги средив и страниците за опис, само не ми дава опција за нивно подигнување. Еве врска до категоријата: Категорија:Звучни примероци од Мегадет.--Вик Ретлхед (разговор) 17:09, 11 јануари 2013 (CET)

Васил Толевски[уреди извор]

МОЗЕ ЛИ ПОМОШ САМО ОКОЛУ СЛИКАТА, ДА ЈА СТАВИТЕ УБАВО ДА СЕ ГЛЕДА, НА СТАТИЈАТА ВАСИЛ ТОЛЕВСКИ ВЕ МОЛАМ : http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%92%D0%B0%D1%81%D0%B8%D0%BB_%D0%A2%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8. И ТЕКСТОТ УРЕДЕТЕ ГО ДОБРО.

БЛАГОДАРАМ ОДНАПРЕД, ОЛГИЦА

Промена во насловот[уреди извор]

Здраво.

Би Ве замолила за помош околу главниот наслов на статијата којашто ја објавив. Станува збор за Strategic Planning односно Стратешко планирање. По грешка вториот збор од насловот (планирање) е ставен со голема наместо со мала буква и не можам да го променам. Молба до Вас да го ставите со мала буква.

Yes check.svgОк Готово--Р ашоAero-stub img.svg 22:35, 13 јануари 2013 (CET)

Mln spirkoska (разговор) 11:45, 19 јануари 2013 (CET) Ве молам да ми кажете дали како треба да биде насловот на македонската верзија на статијата за Elvis Presley, дали Елвис Пресли , или Елвис Присли. Затоа што во било кој македонски весник, е пишано Елвис Присли.Ве молам за помош

Wikimedia sites to move to primary data center in Ashburn, Virginia. Read-only mode expected.[уреди извор]

(Apologies if this message isn't in your language.) Next week, the Wikimedia Foundation will transition its main technical operations to a new data center in Ashburn, Virginia, USA. This is intended to improve the technical performance and reliability of all Wikimedia sites, including this wiki. There will be some times when the site will be in read-only mode, and there may be full outages; the current target windows for the migration are January 22nd, 23rd and 24th, 2013, from 17:00 to 01:00 UTC (see other timezones on timeanddate.com). More information is available in the full announcement.

If you would like to stay informed of future technical upgrades, consider becoming a Tech ambassador and joining the ambassadors mailing list. You will be able to help your fellow Wikimedians have a voice in technical discussions and be notified of important decisions.

Thank you for your help and your understanding.

Guillaume Paumier, via the Global message delivery system (wrong page? You can fix it.). 16:31, 19 јануари 2013 (CET)

Започна I коло од гласањето за Слика на годината[уреди извор]

Драги викимедијанци,

Ризницата со задоволство ве известува дека конкурсот „Слика на годината“ 2012 веќе започна. Ве повикуваме да го искажете вашето мислење - која слика сметате дека треба да стане Слика на годината 2012. Право на глас има секој корисник од Викимедиините проекти што ги задоволува следниве услови:

  1. Да има сметка на било кој Викимедиин проект што ја регистрирал пред 1 јануари 2013, 00:00 ч. (UTC).
  2. Сметката мора да има повеќе од 75 уредувања на било кој поединечен Викимедиин проект извршени пред 1 јануари 2013, 00:00 ч. (UTC). Проверете дали ги задолувате условите со оваа алатка.
  3. Да гласа со сметка што ги задоволува горенаведните услови на Ризницата или на друг Викимедиин проект врзан со SUL (ако е на некој друг проект, тогаш таа сметка треба да е поврзана со оваа на Ризницата преку SUL).

Во конкурсот влегоа стотици слики што добиле статус на „избрана слика“ од меѓународната заедница на Ризницата во текот на изминатата година. Тие се најразновидни и со секој можен предзнак. Имаме професионални снимки на животнии и растенија, восхитувачки панорами, реставрирани слики од историско значење, архитектонски знаменитости, карти, амблеми, дијаграми изработени со најсовремена технологија, па сè до впечатливи портрети на поединци.

За да ви олесниме, сликите ги подредивме во тематски категории. Гласањето ќе се одржи во две кола: во првото можете да гласате за неограничен број на слики. Потоа, победниците од првото кола и десетте општо најдобри влегуваат во финалето. Во второто (финално) коло ќе мора да се одлучите за само една слика - онаа што сметате дека треба да биде Слика на годината.

За да ги разгледате предложените слики, појдете на страницата на POTY 2012.

Со овој конкурс, Ризницата ги чествува избраните слики за 2012 г. Вашиот глас одредува кој ќе биде победник, па затоа не заборавајте да гласате на I коло, најдоцна до 30 јануари 2013

Ви благодариме,
конкурсната комисија за „Слика на годината“

This message was delivered based on m:Distribution list/Global message delivery. Translation fetched from: commons:Commons:Picture of the Year/2012/Translations/Village Pump/mk -- 77.184.145.57 (разговор) 00:53, 23 јануари 2013 (CET)

Викикниги[уреди извор]

Барање за администраторски права Викикниги --M4r51n (разговор) 15:32, 23 јануари 2013 (CET)

Прифаќање на промени[уреди извор]

Здраво, Би сакал да прашам дали постои некој проблем, бидејќи статиите Алфред Нобел и Нобелова награда за мир(кои имаа само по две реченици)ги променив преведувајќи ги од англиски јазик, но тие промени уште стојат како неодобрени? Јас сум новодојденец на Википедија, па би сакал да знам дали треба да се направи уште несто во врска со статиите, и која е причината што тие не се одобрени од страна на администраторите?

Поздрав и благодарам однапред! Jova25 (разговор) 23:15, 23 јануари 2013 (CET)

Здраво Јова25, очигледно никој не ги приметил промените... сега се приифатени :) --M4r51n (разговор) 23:40, 23 јануари 2013 (CET)

шаблон[уреди извор]

го направив шаблонот села во општина охрид без да приметам дека има населени места кој може нека го избрише благодарам ! --M4r51n (разговор) 13:50, 24 јануари 2013 (CET)

Книги[уреди извор]

Википедијанци ве повикувам кој може да гласа? [1] благодарам! :) --M4r51n (разговор) 18:20, 24 јануари 2013 (CET)


Здраво на сите, ќе биде ли некој добар и љубезен да ја преведе статијава на англиски јазик, мислам да има англиска верзија, а може и на други јазици: француски, германски, албански, српски... итн. : http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%92%D0%B0%D1%81%D0%B8%D0%BB_%D0%A2%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8

Ви благодарам однапред, Голем поздрав до сите, Олгица

Само ќе дадам мислење дека создавањето на статија на другите јазични изданија може сериозно да биде загрозено со примена на правилото на значајност на личноста да има статија на Википедија. Тоа ако постои статија на Википедија на македонски јазик, што се оправдува со фактот дека личноста твори на македонски јазик и се споменува во текстовите на македонски јазик, не значи дека работата е завршена и сигурно е исполнета значајноста да има статија и на другите јазични изданија. Википедија, на крајот на краиштата, е енциклопедија, а не е информатор на којшто секој може да создаде статија за било кого.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:54, 30 јануари 2013 (CET)
P.S. Ќе се надоврзам и дека не е корисно на сите корисници да им се испраќа порака и да се бара од нив да создадат преводи на статијата на другите јазични изданија. Википедија се заснова на соработка и ние секогаш се трудиме да ги исполниме барањата на другите, но за таа намена служи токму оваа страница на којашто сега пишувам.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:57, 30 јануари 2013 (CET)

Help turn ideas into grants in the new IdeaLab[уреди извор]

Wikimedia Foundation RGB logo with text.svg

I apologize if this message is not in your language. Please help translate it.

  • Do you have an idea for a project to improve this community or website?
  • Do you think you could complete your idea if only you had some funding?
  • Do you want to help other people turn their ideas into project plans or grant proposals?

Please join us in the IdeaLab, an incubator for project ideas and Individual Engagement Grant proposals.

The Wikimedia Foundation is seeking new ideas and proposals for Individual Engagement Grants. These grants fund individuals or small groups to complete projects that help improve this community. If interested, please submit a completed proposal by February 15, 2013. Please visit https://meta.wikimedia.org/wiki/Grants:IEG for more information.

Thanks! --Siko Bouterse, Head of Individual Engagement Grants, Wikimedia Foundation 21:40, 30 јануари 2013 (CET)

Distributed via Global message delivery. (Wrong page? Correct it here.)

Проверка[уреди извор]

Ако може да биде одобрена статијата за списанието „Македонска ризница“. --Стефан Илиевски (разговор) 18:57, 1 февруари 2013 (CET)

Yes check.svgОк Готово--Вик Ретлхед (разговор) 19:05, 1 февруари 2013 (CET)

Се бараат доброволци[уреди извор]

Во следните неколку дена ќе се одржат серија предавања/презентации за Википедија и останатите Викимедиини проекти во следниве градови: Скопје, Битола, Охрид, Штип и Тетово. Предавањата се во рамките на проектот „Македонија на Википедија“, во кој Викимедија Македонија активно учествува. Викимедија Македонија има потреба од ангажман на википедијанци на доброволна основа со место на живеење во овие градови. Проектот „Македонија на Википедија“ е комплементарен со проектите „Википедија: На вашиот факултет“ и „Википедија: Во вашето училиште“. Мисијата на доброволците е да помогнат во практичната обука на слушателите на денот на предавањето и да ја продолжат понатамошната соработка со заинтересираните слушатели на предавањата. Заинтересираните доброволци може да се пријават на мојата мејл адреса користејќи го википедија е-поштенскиот систем или пак на поштенските листи http://lists.softver.org.mk/listinfo/vikipedija, https://lists.wikimedia.org/mailman/listinfo/wikimedia-mk и https://lists.wikimedia.org/mailman/listinfo/Wikimk-l, кои активно ги следам. Или токму тука на селската чешма. Вашата помош е драгоцена и добредојдена. Поздрав. --brest (разговор) 17:26, 5 февруари 2013 (CET)

Презентациите ќе се одржат на 8 февруари 2013 година со почеток во 13 часот, во Скопје на две локации на ПМФ и ФИНКИ, во Битола во кампусот на УКЛО, во Тетово во кампусот на УЈИЕ, во Штип во кампусот на УГД и во Охрид на Факултетот за угостителство и турзам при УКЛО.--brest (разговор) 21:40, 6 февруари 2013 (CET)
Пројавиле интерес 270, се пријавиле дека ќе дојдат над 150 заинтересирани слушатели, и тоа за локација на ФИНКИ - 49, УГД - 39, ПМФ - 37, УКЛО Битола - 16, УЈИЕ - 11, ФТУ - 6. --brest (разговор) 19:59, 10 февруари 2013 (CET)
Инфо за настанот со фотографии на веб-страната на ФИНКИ. Ова е само „првиот круг на презентации од планираната серија на презентации, предавања и работилници за Википедија кои се планираат да се одржат ширум Македонија за најразлични целни групи на слушатели“.--brest (разговор) 22:11, 11 февруари 2013 (CET)

Предавања и обуки за Википедија во Штип и Битола[уреди извор]

Во текот на идната седмица ќе има две предавања за Википедија со практична обука. Слушатели се студенти. Ако некој википедијанец од овие места или околината е заинтересиран за овој настан, неговото присуство е добредојдено. Може да присуствува на предавањето, а може и да биде од помош доколку смета дека има доволно познавања и вештини на слушателите да им помогне околу практичната работа на википедија. Исто така доколку има заинтересирани википедијанци за оваа работа кои се на мојот пат од Скопје до овие градови, можам да помогнам околу неговиот превоз до таму и назад. Сеуште не сум сигурен но би требало да има 2-3 слободни места во автомобилот со кој ќе патувам. Вашиот интерес изразете го тука на селска чешма или на мојата страница за разговор или на мојот мејл. Поздрав. --brest (разговор) 07:02, 7 март 2013 (CET)

  • Повеќе информации за обуката на студентите одржана на 13 март 2013 година во Штип на Факултетот за образовни науки може да најдете на mk.wikimedia.org.--brest (разговор) 05:01, 14 март 2013 (CET)
  • Обуката во Битола за студентите од УКЛО ќе се одржи на 14 март 2013 година со почеток во 11 часот на Педагошкиот факултет, кој се наоѓа на ул. „Васко Карангелевски“ бб. Настанот е од отворен тип и слободно е присуството на сите заинтересирани. --brest (разговор) 05:01, 14 март 2013 (CET)

Wikimedia Polska scholarships for Wikimania 2013[уреди извор]

Hello! On behalf of Wikimedia Polska (WMPL), Wikimedia's local chapter in Poland, I would like to invite those active editors of this project, who wish to take part in Wikimania 2013 in Hongkong (August 7-11), to apply for WMPL's scholarship. It is WMPL's annual tradition that we fund scholarships for Wikimania not only for Polish editors, but also for a group of Wikimedians from other former Eastern Bloc states. The scholarship covers air travel, accomodation, insurance and conference fee. If you would like to learn more or ask any questions, please visit this site. Hope to see you there! Powerek38 (разговор) 23:56, 5 февруари 2013 (CET)

Asteroidea[уреди извор]

Доколку некој може да ја избрише категоријата Астероидеа би бил благодарен незнаејќи дека самото тоа е „Морски зведи“ ја создадов таа категорија... само што направив категорија морски звезди.. Благодарам --M4r51n (разговор) 21:10, 6 февруари 2013 (CET)

Песни[уреди извор]

Гледам дека има многу народно изворни песни, на википедија не му е местото исто така и на викикниги има многу изворни песни... дали да поработиме да ги префрлиме песните кои што ги нема на викиизвор? --M4r51n (разговор) 00:01, 10 февруари 2013 (CET)

Секако, сите треба да бидат префрлени...--Тиверополник (разговор) 00:30, 10 февруари 2013 (CET)

Дали да направам пренасочување како овде или да ги означам за бришење?--M4r51n (разговор) 00:48, 10 февруари 2013 (CET)

За мене овие статии треба сите да се избришат но може да има и пренасочување. Нека се произнесат и другите--Тиверополник (разговор) 00:58, 10 февруари 2013 (CET).
Јас пред малку направив пренасочување, бидејќи го имам видено истото во други статии.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:10, 10 февруари 2013 (CET)

Треба да има пренасочување. --brest (разговор) 19:51, 10 февруари 2013 (CET)

Ракун[уреди извор]

Сакам да знам како ракуните ја пронаоѓаат храната! Ми треба за на училиште,а никаде неможам да најдам :/

Здраво, колку што можев преведив ... не верувам дека е доста но види Ракун ... --M4r51n (разговор) 23:25, 11 февруари 2013 (CET)

Wikidata phase 1 (language links) coming to this Wikipedia[уреди извор]

Wikidata-logo-en.svg

Sorry for writing in English. I hope someone can translate this locally.

Wikidata has been in development for a few months now. It is now time for the roll-out of the first part of it on your Wikipedia. Phase 1 is the support for the management of language links. It is already being used on the Hungarian, Hebrew, Italian and English Wikipedias. The next step is to enable the extension on all other Wikipedias. We have currently planned this for March 6.

What is Wikidata?[уреди извор]

Wikidata is a central place to store data that you can usually find in infoboxes. Think of it as something like Wikimedia Commons but for data (like the number of inhabitants of a country or the length of a river) instead of multimedia. The first part of this project (centralizing language links) is being rolled out now. The more fancy things will follow later.

What is going to happen?[уреди извор]

Language links in the sidebar are going to come from Wikidata in addition to the ones in the wiki text. To edit them, scroll to the bottom of the language links, and click edit. You no longer need to maintain these links by hand in the wiki text of the article.

Where can I find more information and ask questions?[уреди извор]

Editors on en:wp have created a great page with all the necessary information for editors and there is also an FAQ for this deployment. Please ask questions you might have on the FAQ’s discussion page.

I want to be kept up to date about Wikidata[уреди извор]

To stay up-to-date on everything happening around Wikidata please subscribe to the newsletter that is delivered weekly to subscribed user’s talk pages. You can see previous editions here.

--Lydia Pintscher 17:11, 21 февруари 2013 (CET)

Distributed via Global message delivery. (Wrong page? Fix here.)

Област, округ?[уреди извор]

Здраво. Што точно би требало да значи County, а што District? дали некој може да одговори? --M4r51n (разговор) 23:52, 2 март 2013 (CET)

Најточно: county на македонски е грофовија, а district e округ. Сум забележал дека корисниците користат округ за двете. Област не се користи за овие држави, најмногу го користиме за руските, бугарските и слични на нив области. --Никола Стоіаноски 00:04, 3 март 2013 (CET)
Аха.. затоа што во последно уредувам за Албанија и има и district и county и незнам како да ги именувам а башка и во категоријата се содржи --M4r51n (разговор) 00:11, 3 март 2013 (CET)
Аха, за Албанија велиш. Епа вака: за Албанија ги имаме усвоено македонските преводи на албанските единици. Државата е поделена на области, областите на окрузи и окрузите на општини. Област на англиски често се преведува како province, но и како oblast и понекогаш country. Областите во Бугарија се преведени како provinces, руските области како oblasts, а албанските како county. Македонски е област (старо околија) и округ (првото е поголемо, а второ помало) и вака Македонија била поделена до 1960-те, но сепак има и други, како на пример: покраина (не провинција), регион, четврт, парохија и слично. Преводот грофовија за county најмногу сум го сретнал кога се преведуваат британските и ирски грофовии (зборам за држави каде англискиот е национален јазик, инаку се гледа оригиналниот поим).--Никола Стоіаноски 00:57, 3 март 2013 (CET)
Значи County ќе ги заменам со област а District ќе ги избришам :) --M4r51n (разговор) 01:01, 3 март 2013 (CET)
Distric e округ, посебна единица е. Првостепените се области и ги има 12, a второстепените се окрузи и ги има 36 на број. Само поправи ако некаде се користи окруз за област и обратно. Често се мешаат. --Никола Стоіаноски 01:05, 3 март 2013 (CET)

Wikidata phase 1 (language links) live on this Wikipedia[уреди извор]

Wikidata-logo-en.svg

Sorry for writing in English. I hope someone can translate this locally. If you understand German better than English you can have a look at the announcement on de:Wikipedia:Kurier.

As I annonced 2 weeks ago, Wikidata phase 1 (language links) has been deployed here today. Language links in the sidebar are coming from Wikidata in addition to the ones in the wiki text. To edit them, scroll to the bottom of the language links, and click edit. You no longer need to maintain these links by hand in the wiki text of the article.

Where can I find more information and ask questions? Editors on en:wp have created a great page with all the necessary information for editors and there is also an FAQ for this deployment. It'd be great if you could bring this to this wiki if that has not already happened. Please ask questions you might have on the FAQ’s discussion page.

I want to be kept up to date about Wikidata To stay up-to-date on everything happening around Wikidata please subscribe to the newsletter that is delivered weekly to subscribed user’s talk pages.

--Lydia Pintscher 00:04, 7 март 2013 (CET)

Distributed via Global message delivery. (Wrong page? Fix here.)

Convert complex templates to Lua to make them faster and more powerful[уреди извор]

(Please consider translating this message for the benefit of your fellow Wikimedians)

Greetings. As you might have seen on the Wikimedia tech blog or the tech ambassadors list, a new functionality called "Lua" is being enabled on all Wikimedia sites today. Lua is a scripting language that enables you to write faster and more powerful MediaWiki templates.

If you have questions about how to convert existing templates to Lua (or how to create new ones), we'll be holding two support sessions on IRC next week: one on Wednesday (for Oceania, Asia & America) and one on Friday (for Europe, Africa & America); see m:IRC office hours for the details. If you can't make it, you can also get help at mw:Talk:Lua scripting.

If you'd like to learn about this kind of events earlier in advance, consider becoming a Tech ambassador by subscribing to the mailing list. You will also be able to help your fellow Wikimedians have a voice in technical discussions and be notified of important decisions.

Guillaume Paumier, via the Global message delivery system. 21:09, 13 март 2013 (CET) (wrong page? You can fix it.)

Општини во Македонија[уреди извор]

Здраво на сите заинтересирани за општините во Македонија. Сакам да прашам дали да поченем да ги менуваме постоечките информации во врска со кичевските општини? Со воспоставување на новата локална власт по 24 март автоматски престануваат да постојат општините Зајас, Осломеј, Вранештица и Другово, и се формира поголемата Општина Кичево. Мислам дека оваа промена 100% ќе се реализира. Затоа, дали да почнеме со менување на постоечките информации (статии, категории, карти). Можам да почнам веднаш. Поз--Никола Стоіаноски 19:07, 17 март 2013 (CET)

Па како што и самиот имаш кажано, потполно е сигурно менувањето и нивното припојување кон Кичево. Сепак, ако гледаме формално правно би требало да почекаме до нивното дефинитивно гаснење, а тоа како што знам ќе биде по денот на изборите. Како пример би можел да ги наведам примерите во Германија (бидејќи тие имаат чести ситуации на нашава) дека чекаат да ги променат информациите на денот на стапување на одлуката, но не пред тоа. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 20:11, 17 март 2013 (CET)
Да, се мислев да го сториме тоа после. Не се проблем статиите (6 се), проблем се картите. Треба да ги менувам границите. Да почнам се мислам со подигнување карти според новите граници (сите карти за општини треба да се менуваат). --Никола Стоіаноски 20:16, 17 март 2013 (CET)
Е тоа во право си. За картите треба време и можеби е попаметно порано да се почне, со оглед на работата. --Ehrlich91 (разговор) 20:48, 17 март 2013 (CET)
Сакам да ве известам дека почнав да ги средувам општините и викендов ќе ги завршам. Се нафатив да ги средам јас.--Никола Стоіаноски 00:21, 23 март 2013 (CET)

Wikiexpedition to Chernobyl Exclusion Zone[уреди извор]

Dear editors of Wikipedia!

We are happy to inform you that Wikimedia Ukraine plan to organize Wikiexpedition to Chernobyl exclusion zone on May, 24. Participants who want to take part and can arrive to Kyiv up to this date please inform User visem from Ukrainian Wikipedia and send photocopy of your passport to board@wikimediaukraine.org.ua. Please do it as quickly as possible, because of difficulties with procedure of application. Deadline – March, 23. Participant should be editor of Wikimedia projects, older than 18 years old, after trip should improve his local chapter of Wikipedia with information from the trip. Wikimedia Ukraine cover all expenditures for trip to Chernobyl zone from Kyiv. Road to Kyiv participants should paid by themselves. Number of places is strictly limited. --Visem (разговор) 11:00, 19 март 2013 (CET)

Папа Францис[уреди извор]

Фрањо или Франциск?? или Франциско или Франсис или ....?

Јас лично сметам најсоодветно е Францис.--Никола Стоіаноски 21:10, 19 март 2013 (CET)
И јас мислам дека би требало да е Папа Францис.. --M4r51n (разговор) 21:14, 19 март 2013 (CET)
На македонски е Франциск, додека Фрањо е кроатизираната верзија. Имаме и светци со тоа име Франциск на македонски.--Р ашоAero-stub img.svg 21:30, 19 март 2013 (CET)
Имам впечаток дека Франциск е недовршена форма на Франциско.--Никола Стоіаноски 22:00, 19 март 2013 (CET)

Blagojcedisoski (разговор) 09:35, 20 март 2013 (CET)Како се бриши подигната податотека,во случајов слика?[уреди извор]

Blagojcedisoski (разговор) 09:35, 20 март 2013 (CET)Како се бриши подигната податотека,во случајов слика?

СГГУГС „Здравко Цветковски“ - Скопје[уреди извор]

Училиштето СГГУГС „Здравко Цветковски“ - Скопје има потреба од искусен википедијанец кој ќе одржи едно или повеќе предавања за Википедија проследено со практична работа преку кои наставниците и учениците ќе се запознаат со Википедија и ќе можат да се вклучат во надополнување на содржините на Википедија. Дали има некој заинтересиран за ова?--brest (разговор) 06:46, 21 март 2013 (CET)

Во организација на училиштето СГГУГС „Здравко Цветковски“ - Скопје, ќе се одржи настан за запознавање на учениците со Википедија. Настанот ќе се случи на 26 март 2013 година со почеток во 12.00 часот во просториите на СГГУГС „Здравко Цветковски“ - Скопје.--brest (разговор) 16:31, 22 март 2013 (CET)
Јас сум заинтересиран и би сакал да присуствувам и да одржам предавања пред учениците. Само ќе ми требаат повеќе информации околу тоа за какви предавања станува збор и кој сè ќе присуствува на настанот.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:20, 22 март 2013 (CET)
Колку што знам училиштето за вторник има организирано самостојно обука, но добро би било да се присуствува таму и да се помогне во давање насоки и пренесување на искуства. Треба да се ускладиме со нивниот распоред и план за работа. --brest (разговор) 08:50, 25 март 2013 (CET)

Околу 30 ученици и неколку наставници беа присутни на часот за Википедија. Имаше голем интерес кај учениците. Повеќе информации за настанот може да најдете на mk.wikimedia.org. --brest (разговор) 07:47, 27 март 2013 (CET)

Wikidata phase 2 (infoboxes) coming to this Wikipedia[уреди извор]

Wikidata-logo-en.svg

Sorry for writing in English. I hope someone can translate this. If you understand German better than English you can have a look at the announcement on de:Wikipedia:Kurier.

A while ago the first phase of Wikidata was enabled on this Wikipedia. This means you are getting the language links in each article from Wikidata. It is soon time to enable the second phase of Wikidata (infoboxes) here. We have already done this on the [first 11 Wikipedias] (it, he, hu, ru, tr, uk, uz, hr, bs, sr, sh) and things are looking good. The next step is English Wikipedia. This is planned for April 8. If everything works out fine we will deploy on all remaining Wikipedias on April 10. I will update this part of the FAQ if there are any issues forcing us to change this date. I will also sent another note to this village pump once the deployment is finished.

What will happen once we have phase 2 enabled here? Once it is enabled in a few days you will be able to make use of the structured data that is available on Wikidata in your articles/infoboxes. It includes things like the symbol for a chemical element, the ISBN for a book or the top level domain of a country. (None of this will happen automatically. Someone will have to change the article or infobox template for this to happen!)

How will this work? There are two ways to access the data:

  • Use a parser function like {{#property:p169}} in the wiki text of the article on Yahoo!. This will return “Marissa Mayer” as she is the chief executive officer of the company.
  • For more complicated things you can use Lua. The documentation for this is here.

We are working on expanding the parser function so you can for example use {{#property:chief executive officer}} instead of {{#property:p169}}. The complete plan for this is here.

Where can I test this? You can already test it on test2.

Where can I find more information and ask questions? We have collected the main questions in an FAQ for this deployment. Please ask questions you might have on the FAQ’s discussion page.

I want to be kept up to date about Wikidata To stay up-to-date on everything happening around Wikidata please subscribe to the newsletter that is delivered weekly to subscribed user’s talk pages.

--Lydia Pintscher 19:04, 5 април 2013 (CEST)

Distributed via Global message delivery. (Wrong page? Fix here.)

Dali ke moze da mi dadete informacii za Kulturata na Vizantija i VLijanieto na Kulturata na vizantija vrzkulturata na Balkanskite zemji

Две теми за размислување[уреди извор]

Здраво на сите Википедијанци! Земајќи ги предвид некои скорешни случувања овде на Википедија на македонски, би сакал да ги отворам темите за:

  1. Дали треба да постојат номинации на корисници кои сакаат да станат патролери/автопатролери (или некои други слични кориснички статуси за кои нема или барем јас не сум забележал соодветни номинации)?
  2. Се наметнува потребата од нови администратори — бирократи.

Во однос на втората точка, мој предлог е да се номинираат (се разбира, доколку сакаат) некои од активните администратори - Бојан Јанкулоски, MacedonianBoy, Кирил, Рашо, Зоки... (се извинувам ако некого изоставив, секако тоа е од објективни причини). Што мислите? -- Бојан имаш за кажување? 18:52, 13 април 2013 (CEST)

  • Јас сум да има уште некој бирократ бидејќи постојните поради оправдани причини не се премногу активни. Инаку што се однесува до добивањето на патролерски статус, би можел јас да се кандидирам. Видов дека освен администраторите, нема ниту еден корисник со такви права.--Вик Ретлхед (разговор) 19:13, 13 април 2013 (CEST)
Првиот предлог: сложена номинација за патролер нема потреба да има, само едно просто барање и гласање. Сепак треба корисникот кој бара такво право мора да стои добро со уредувањата и комуникацијата со Википедијанците. Вториот предлог, сум за. --Никола Стоіаноски 23:01, 13 април 2013 (CEST)
  • Мое мислење е дека со воведување на барање за доделување на патролерски права може дополнително да се усложни целиот тој процес, иако сметам дека подобро решение од отворање на номинации со дискусија и гласање нема. Во врска со изборот на нови бирократи, мислам дека ова е работа којашто може да се изврши во секој момент. Чудно е што досега никому не му текнало да се номинира.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:47, 14 април 2013 (CEST)

Бидејќи не се произнесе некој друг, сега за сега, дали вие Никола и Кирил би се номинирале за бирократи? Или, би можел и јас да ве номинирам. -- Бојан имаш за кажување? 17:15, 15 април 2013 (CEST)

Можи за двајцата :) --Никола Стоіаноски 00:19, 16 април 2013 (CEST)
Мене лично ми се доволни администраторските права и не гледам некоја посебна потреба од стекнувањето на бирократски. Освен тоа, во моментов има поактивни администратори од мене, па би сакал да го посочам Бојан Јанкулоски како кандидат за иден бирократ.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:00, 16 април 2013 (CEST)

Колку време од прилика се чека за интервенција во статија?[уреди извор]

Направив промени во статијата за „куглање на девет кегли“ пред неколку дена, ама сè уште гледам дека никој не ја одобрил. Исто така поставив едно прашање за помош, кое не знам дали го поставив на вистинско место, но и тоа не е мрдното. Дали некој барем за првото може да ми каже колку треба да причекам од прилика? Благодарам. Viktorgg (разговор) 14:49, 15 април 2013 (CEST)

Штом некој целосно ги провери уредувањата, статијата ќе биде проверена и оценета. Поздрав--Никола Стоіаноски 00:20, 16 април 2013 (CEST)

Корекција на текстот за проф.д-р Владо Поповски[уреди извор]

Добар ден, Читајќи ги податоците во Википедија за г-н проф.д-р Владо Поповски забележав неточности во објавениот текст. Имено под името на професорот д-р Владо Поповски (чија фотографија е објавена)сте поместиле податоци кои се однесуваат на сосема друга личност со исто име и презиме. Конкретно: Проф.д-р Владо Поповски, министер за правда и одбрана (во два мандата) сте објавиле дека истиот бил главен и одговорен уредник на весникот „Студентски збор“, дека бил директор на ЈП „Водовод и канализација“ што апсолутно е неспоиво со неговата личност туку на сосема друго лице со исто име и презиме... Проф. д-р Владо Поповски е роден во пресп.село Долно Дупени пред 1945 година, а не како што е наведено во село Слоештица во 1955 година. Лично ги познавам двете лица и горенаведените забелешки ги потврдувам со стопроцентна точност... Затоа ве молам да ги прочистите изнесените податоци во горенаведениот текст. Со почит, Димитар Ќуркчиев

Благодариме на забелешките. Сè е поправено. Ако имате и дополнителни забелешки, слободно обратете се. Поздрав--Никола Стоіаноски 00:23, 16 април 2013 (CEST)

Request for comment on inactive administrators[уреди извор]

(Please consider translating this message for the benefit of your fellow Wikimedians. Please also consider translating the proposal.)

Read this message in English / Lleer esti mensaxe n'asturianu / বাংলায় এই বার্তাটি পড়ুন / Llegiu aquest missatge en català / Læs denne besked på dansk / Lies diese Nachricht auf Deutsch / Leś cal mesag' chè in Emiliàn / Leer este mensaje en español / Lue tämä viesti suomeksi / Lire ce message en français / Ler esta mensaxe en galego / हिन्दी / Pročitajte ovu poruku na hrvatskom / Baca pesan ini dalam Bahasa Indonesia / Leggi questo messaggio in italiano / ಈ ಸಂದೇಶವನ್ನು ಕನ್ನಡದಲ್ಲಿ ಓದಿ / Aqra dan il-messaġġ bil-Malti / norsk (bokmål) / Lees dit bericht in het Nederlands / Przeczytaj tę wiadomość po polsku / Citiți acest mesaj în română / Прочитать это сообщение на русском / Farriintaan ku aqri Af-Soomaali / Pročitaj ovu poruku na srpskom (Прочитај ову поруку на српском) / อ่านข้อความนี้ในภาษาไทย / Прочитати це повідомлення українською мовою / Đọc thông báo bằng tiếng Việt / 使用中文阅读本信息。

Hello!

There is a new request for comment on Meta-Wiki concerning the removal of administrative rights from long-term inactive Wikimedians. Generally, this proposal from stewards would apply to wikis without an administrators' review process.

We are also compiling a list of projects with procedures for removing inactive administrators on the talk page of the request for comment. Feel free to add your project(s) to the list if you have a policy on administrator inactivity.

All input is appreciated. The discussion may close as soon as 21 May 2013 (2013-05-21), but this will be extended if needed.

Thanks, Billinghurst (thanks to all the translators!) 07:01, 24 април 2013 (CEST)

Distributed via Global message delivery (Wrong page? You can fix it.)

Wikidata phase 2 (infoboxes) is here[уреди извор]

Wikidata-logo-en.svg

Sorry for writing in English. I hope someone can translate this. If you understand German better than English you can have a look at the announcement on de:Wikipedia:Kurier.

A while ago the first phase of Wikidata was enabled on this Wikipedia. This means you are getting the language links in each article from Wikidata. We have now enabled the second phase of Wikidata (infoboxes) here. We have already done this on the [first 11 Wikipedias] (it, he, hu, ru, tr, uk, uz, hr, bs, sr, sh) a month ago and two days ago on the English Wikipedia. Today all the remaining Wikipedias followed.

What does having phase 2 enabled here mean? You are now able to make use of the structured data that is available on Wikidata in your articles/infoboxes. It includes things like the symbol for a chemical element, the ISBN for a book or the top level domain of a country. (None of this will happen automatically. Someone will have to change the article or infobox template for this to happen!) The current state is just the beginning though. It will be extended based on feedback we get from you now.

How will this work? There are two ways to access the data:

  • Use a parser function like {{#property:p159}} in the wiki text of the article on Wikimedia Foundation. This will return “San Francisco” as that is the headquarter location of the non-profit.
  • For more complicated things you can use Lua. The documentation for this is here.

We are working on expanding the parser function so you can for example use {{#property:headquarter location}} instead of {{#property:p159}}. The complete plan for this is here.

Where can I test this? You can test it on test2 if you don't want to do it in an article here.

Where can I find more information and ask questions? We have collected the main questions in an FAQ for this deployment. Please ask questions you might have on the FAQ’s discussion page.

I want to be kept up to date about Wikidata To stay up-to-date on everything happening around Wikidata please subscribe to the newsletter that is delivered weekly to subscribed user’s talk pages.


We are excited about taking yet another step towards allowing all Wikipedias share structured data and collect and curate it together. --Lydia Pintscher 21:14, 24 април 2013 (CEST)

Distributed via Global message delivery. (Wrong page? Fix here.)

Ке може ли да ја прегледате мојата статија за "Нормален распоред" Ivana Nikolovska (разговор) 00:02, 25 април 2013 (CEST)

Здраво,

Имам мал проблем со прикачувањето на една статија за Мида. Проблемот е што веќе постои таква статија, но е за истоимено село во Албанија.

Благодарам однапред.

Статија[уреди извор]

Здраво,

Имам мал проблем со прикачувањето на една статија за Мида. Проблемот е што веќе постои таква статија, но е за истоимено село во Албанија. Еве го и линкот до таа статија: http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0%B8%D0%B4%D0%B0 Благодарам однапред. --Драгана Гроздановска (разговор) 23:36, 25 април 2013 (CEST)

Шаблон[уреди извор]

Здраво, Имам мал проблем со шаблонот за статијата Сирени. http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%B8%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%B8 Однапред Ви благодарам. --Драгана Гроздановска (разговор) 03:01, 26 април 2013 (CEST)

Не беше креиран соодветниот шаблон {{Infobox mythical creature}}, можеш да го провериш преводот дали е во ред. Поздрав. --brest (разговор) 08:30, 26 април 2013 (CEST)


Слики[уреди извор]

Zosto ne mozam da napravam upload na slika na novata statija? klikam vmetni i posle nesto Podatoteka mi pisuva..go pisuvam imeto na slikata i nekoja sosema druga slika izleguva

Видете Википедија:Почетен курс. Позз--Никола Стоіаноски 00:47, 28 април 2013 (CEST)

статија[уреди извор]

здраво сакам да ве прашам пред некое време напишав статија за Херман Паше и ми стои во мои разговори , што треба да направам за да ја објавам и како да ставам слика ?

Вашиот текст го префрлив во статијата Херман Паше. Видете Википедија:Почетен курс за техничкиот дел при уредување.--Никола Стоіаноски 00:47, 28 април 2013 (CEST)

Проблем со статијата Роналд Фишер[уреди извор]

Здраво! Ја направив статијата Роналд Фишер и ми се појавува дел од воведниот дел останатиот го нема...и не и баш добар преводот ако можете да ми помогнете некако ? Robert ivanovski (разговор) 09:33, 28 април 2013 (CEST)

Затоа што целата статија е погрешно референцирана. Кога се ставаат наводи се започнува со <ref> и се завршува со </ref>. Во Вашиот случај на многу места недостасува последното </ref>. Исото така и шаблонот {{цитирана мрежна страница}} е погрешно именуван. Значи обидете се повторно да ги исправите референците, а доколку тоа е неуспешно - избришете ги.--Р ашоAero-stub img.svg 09:53, 28 април 2013 (CEST)

За статијата Роналд Фишер[уреди извор]

Јас сакав да го обновам мојот превод од англиската википедиа колку можам али нешто не излегува како што треба ако може да ми помогнете да ми ја покаже целосно па јас ке си го средам преводот

За статијата Роналд Фишер[уреди извор]

Во врска со статијата Роналд Фишер..јас ја напраив како што треба ама преводот ми е мн слаб и сакам да ја преглеам ама не се појавува целосно ако може да ми кажете кај е грешката ? а во врска со преводот ке си средам јас. Robert ivanovski (разговор) 10:20, 28 април 2013 (CEST)

Грешка мислам дека нема. Статијата е релативно добра, но на некои места се неопходни подобрвуања.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:03, 28 април 2013 (CEST)
Релативно добра, па не би рекол така. Статијата е пример за автоматски превод најверојатно директно од Гугл, речениците немаат никаква врска една со друга, содржината катастрофа, имињата не се преведени и ред други работи. --Ehrlich91 (разговор) 15:36, 28 април 2013 (CEST)
Мене не ми изгледа дека целосно е автоматски превод, иако има многу делови коишто се најверојатно преведени со помош на Google Translate или некој сличен преведувач. Викификацијата е главно добра, но ќе мора сериозно да се поработи на средувањето на јазикот и стилот. Ќе ја обележам со шаблоните за бришење, превод и средување.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:45, 28 април 2013 (CEST)

Ве молам за помош[уреди извор]

Пред некој ден објавив статија на тема "Статистичка популација" и се уште чекам да ми биде прегледана,но не сум добила одговор за тоа. Дали ќе може да ми кажете дали е воопшто прегледана и дали би ја прифатиле? Jovanoska Ivona (разговор) 11:32, 28 април 2013 (CEST)Jovanoska IvonaJovanoska Ivona (разговор) 11:32, 28 април 2013 (CEST)

Статијата е прегледана. Содржината не е лоша, но недостасува вовед и додавање на врски и наводи.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:03, 28 април 2013 (CEST)

Шаблон[уреди извор]

Кој е проблемот во шаблонот Инфокутија за археолошки локалитет во Република Македонија? Дали некој може тоа да го среди? Поздрав! --M4r51n (разговор) 21:27, 29 април 2013 (CEST)

[en] Change to wiki account system and account renaming[уреди извор]

Some accounts will soon be renamed due to a technical change that the developer team at Wikimedia are making. More details on Meta.

(Distributed via global message delivery 05:55, 30 април 2013 (CEST). Wrong page? Correct it here.)

[en] Change to section edit links[уреди извор]

The default position of the "edit" link in page section headers is going to change soon. The "edit" link will be positioned adjacent to the page header text rather than floating opposite it.

Section edit links will be to the immediate right of section titles, instead of on the far right. If you're an editor of one of the wikis which already implemented this change, nothing will substantially change for you; however, scripts and gadgets depending on the previous implementation of section edit links will have to be adjusted to continue working; however, nothing else should break even if they are not updated in time.

Detailed information and a timeline is available on meta.

Ideas to do this all the way to 2009 at least. It is often difficult to track which of several potential section edit links on the far right is associated with the correct section, and many readers and anonymous or new editors may even be failing to notice section edit links at all, since they read section titles, which are far away from the links.

(Distributed via global message delivery 20:45, 30 април 2013 (CEST). Wrong page? Correct it here.)

Селска чешма[уреди извор]

Каде е лоцирана чешмата на сликата:http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/b/bc/Vince_%C4%8De%C5%A1ma_01.JPG¿

Старата византиска чешма во Винце, кумановско, Македонија.

NeoNo1 (разговор) 05:54, 8 мај 2013 (CEST) Пробав да ја видам сликата со чешмата во Винце,кумановско, Македонија, но го добив Мета линкот со: 404 error File not found: /v1/AUTH_43651b15-ed7a-40b6-b745-47666abf8dfe/wikipedia-commons-local-public.bc/b/bc/Vince_%C4%8De%C5%A1ma_01.JPG%C2%BF

MediaWiki Extension: Education Program[уреди извор]

Предлагам воведување на додатокот на медијавики софтверот https://www.mediawiki.org/wiki/Extension:Education_Program, кој овозможува полесна координација на образовните вики-проекти кои на македонската википедија во последно време со спроведување на проектите „Википедија во вашето училиште“ и „Википедија на вашиот факултет“ привлекува се повеќе факултети и училишта односно професори, студенти и ученици. Додатокот нуди дополнителни функционалности на медијавики софтверот кои овозможуваат полесно координирање на работата на професорите, студентите и учениците и другите инволвирани во проектите од овој вид. Овој додаток е 100% преведен на македонски јазик, види http://translatewiki.net/w/i.php?title=Special:MessageGroupStats&language=en&group=ext-educationprogram#sortable:3=desc Моментално во експериментална фаза додатокот е во употреба само на англиската википедија и се користи најчесто од страна на универзитети од САД и Канада. Услов за воведување на овој додаток е овде на селската чешма, заедницата да се изјасни дека е „за“ воведување. Па повелете, кажете го вашето мислење. --brest (разговор) 17:38, 1 мај 2013 (CEST)

За[уреди извор]

Следниве википедијанци се изјасниле за воведување на додатокот:

  1. За  --brest (разговор) 17:38, 1 мај 2013 (CEST) Коментар  Од досегашното искуство при работата со училиштата и факултетите мислам дека ова ќе биде добро прифатено од професорите, кои имаат потреба од алатка за координација на своите студенти/ученици.
  2. За --Вик Ретлхед (разговор) 19:52, 1 мај 2013 (CEST)
  3. За  --Ehrlich91 (разговор) 17:55, 2 мај 2013 (CEST) Коментар  Па со оглед на бројноста на проектите во периодов и доколку успеаме ова да го повториме и во наредниот период (од септември), ова е одлична алатка за прегледност од страна на професорите.
  4. За --Kiril Simeonovski (разговор) 10:18, 4 мај 2013 (CEST) Коментар  Корисно е да се воведе овој додаток. Сигурен сум дека значително ќе ја олесни работата.
  5. За  --M4r51n (разговор) 10:55, 4 мај 2013 (CEST)
  6. За --NeoNo1 (разговор) 06:24, 8 мај 2013 (CEST) Набљудувајќи ја страната на http://translatewiki.net се олеснува работата на професорите, но и на учениците кои со неа би можеле дома да вежбаат или учат друг јазик освен основните јазици како што се на пр. англиски, француски, итн. итн. Исто така може и да им помогне со комуникацијата во социјалните мрежи

Yes check.svgОк Готово Коментар  Додатокот веќе е имплементиран на мк.википедија. Сеуште е во бета верзија. Доколку има некоја институција, некој од некоја институција, заинтересиран/а за негова практична примена може да го испорба. --brest (разговор) 23:47, 8 мај 2013 (CEST)

Против[уреди извор]

Следниве википедијанци се изјасниле против воведување на додатокот:

Дискусија[уреди извор]

Правење инфокутија[уреди извор]

Може да ми кажите како се прави инфокутија? Ви благодарам однапред. Поздрав!!! Благојче Дишоски

Член ППЃП 12:30, 3 мај 2013 (CEST) blagojcedisoski Член ППЃП 12:30, 3 мај 2013 (CEST)
Постапката за создавање на инфокутија е релативно сложена. Најдобро е да разгледате како се направени некои од постоечките инфокутии или да земете да видите како истата е создадена на некое друго јазично издание. Најголем дел од инфокутиите коишто ги користиме се направени на еден од овие два начина.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:31, 3 мај 2013 (CEST)

Коментар  Уредникот ја менуваше статијата Антракс и претпоставувам дека сака да стави инфокутија каква што има на англиската верзија. Тоа се прави со тоа што ќе се прекопира целиот код на инфокутијата од таа страница, се тава на нашата (на почетокот) и се пополнуваат (преведуваат) податоците. Гледам дека тоа го направил, но ставил таксокутија, а правилото е да се става инфокутија за болести. Би сакал воедно да му предочам дека не се преведува апсолутно сè (не параметрите и не називот на сликата, на пример) и дека не секористат големи букви. Еве како треба: ова од овде се става тука, вака изменето.

Исто така не треба да се преведуваат имињата на сликите никаде, бидејќи истите се повикуваат од централно складиште (освен подигаш своја) под тоа име и системот не ги препознава под друго, нормално. Се преведува само нивниот опис. Вака преведување на податотечните имиња на сликите, па нивно преподигање е залудно трошење на ресурси и не е се допушта. За крај да напоменам дека строго внимаваме да не користиме непотребни интернационализми секаде кајшто имаме свои зборови. На пример, ако „се заразува со инхалирање на...“, тоа ќе биде со „вдишување“. Интернационализмите се задржуваат само за стручни изрази што немаат свои македонски пандани (на пр. инфлуенца = грип, но антракс е антракс), но треба да се внимава да не се оди по линија на помал отпор бидејќи има голем број на зборови што се наши и исправни, а се занемарени. Медицинарите и техничарите гледам дека се расфрлаат со секакви странски зборив за најобични работи (не знам зошто, постручни да делуваат, изгледа). --Б. Јанкулоски (разговор) 02:52, 4 мај 2013 (CEST)

Ви Благодарам[уреди извор]

Во благодарам за помошта. секако дека не ми е позната оваа работа со инфокутииве. Прв пат се занимавам со оваа работа, но се трудам да постигнам нешто.

Христос воскресе![уреди извор]

Велигденски јајца

Сакам да им го честитам големиот христијански празник Велигден на сите корисници од христијанска вероисповед и да им пожелам многу здравје, среќа и успех.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:00, 5 мај 2013 (CEST)

Фала Кирил, нека е честит празникот на сите и од мене, навистина воскресе!
Фала Кирил, навистина воскресе. Нека е честит празникот и од мене до сите корисници --Ehrlich91 (разговор) 15:09, 5 мај 2013 (CEST)
Навистина воскресна!--Никола Стоіаноски 17:31, 5 мај 2013 (CEST)
НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА ! Нека ни е честит празникот и нека ни е за многу години, фала Кирил-- NeoNo1 (разговор) 05:33, 8 мај 2013 (CEST)

Прашање[уреди извор]

NeoNo1 (разговор) 05:26, 8 мај 2013 (CEST) во мојот кориснички профил пишува: Член на групите: Автопотврдени корисници, Корисници ; Ме интересира што значи тоа "Автопотврдени корисници" и која е таа група кога јас не сум член на ниедна група, би ве замолил да ми го објасните тоа, благодарам однапред

Yes check.svgОк Готово Одговорено во разговорот на корисникот. --Б. Јанкулоски (разговор) 05:50, 8 мај 2013 (CEST)

Сигурно или не[уреди извор]

NeoNo1 (разговор) 07:24, 8 мај 2013 (CEST) на wikipedia го најдов усеров и неговата програма, ми се чини ддоста примамлива но дали е сигурна или има некој вирус: http://en.wikipedia.org/wiki/User:Endo999

Не верувам дека има вируси. Е сега колку добра програмата, треба да се провери.--Никола Стоіаноски 11:11, 8 мај 2013 (CEST)

NeoNo1 (разговор) 09:30, 9 мај 2013 (CEST) Благодарам Никола Еве ме и мене да видам како ова функционираЗадебелен текстСупер е

Pozdrav za site kolegi[уреди извор]

Rnkuca (разговор) 11:40, 9 мај 2013 (CEST)