Прејди на содржината

Википедија:Селска чешма/Архива 21

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ова е архива на минати разговори. Не ја менувајте содржината на оваа страница. Ако сакате да почнете нов разговор или да разговарате за стара тема, ве молиме обратете се на сегашната разговорна страница.
Архива 21


Информатика преводи

[уреди извор]

ВикиПроект Филм

[уреди извор]

Здраво, нов сум корисник и сакам да помогнам за проширување и развивање на македонската Википедија, особено во филмскиот сектор. Се запознав со ВикиПроект Филм и почнав со објавување на статии кои беа на to-do листата, но забележав дека нема активност за наредни планови веќе четири години. Прашањето ми е, дали уште има активни членови на овој проект и дали воопшто проектот е сèуште активен? Поздрав, Thanatos (разговор) 00:41, 7 август 2012 (CEST)[одговори]

Сите проекти се активни, но проблемот е што нема доволен број на активни корисници на википедија за да можат сите области да се покријат. Слободно зачлени се во проектот и внеси го твоето име во листата на учесници и развивањето на проектот може да почне. Поздрав и пријатно уредување.--Р ашо 08:13, 7 август 2012 (CEST)[одговори]
Работевме долго време на проектот пред... зар поминале 4 години? :D Како и да е, јас бев најверојатно последниот активен корисник, можеш да видиш на страната за разговор сум отворал дисуксии и сл. Го средував целиот проект итн. Ама и јас се откажав... Проблемот е сличен на овој над нашава дискусија - (не)постигнување на консезус околу поимите. Актер или глумец/Награда на Академијата или Оскар и сл. Потоа кои статии се приоритетни итн. За жал нашата Википедија не е успешна како другите поради недостаток на корисници. Повеќето членови на проектот станаа администратори и се префрлија на побитни, поприоритетни задачи околку целата Википедија на штета на проектот за филм. Како и да е и јас не сум активен на целиот проект веќе подолго време, иако го надгледувам вака додека не се појави нешто вакво да го земе вниманието. Затоа ако сакаш контактирај ме на мојата страна за разговор и ќе се фатиме со работа, можеби ќе пробудиме интерес за целиот проект. --Макс(разговор) 16:16, 7 август 2012 (CEST)[одговори]

Јас го основав ВикиПроект Филм многу одамна и имавме еден период на добра активност. Ни опадна активноста, па проектот стана неактивен. Сепак, ако сте заинтересирани (Thanatos, Макс), јас можам да ви помогнам околу реорганизацијата на проектот.

Накратко: ако имате желба и ако сакате да го реактивираме проектот, пишете ми! --Brainmachine (разговор) 16:37, 7 август 2012 (CEST)[одговори]

Се пријавувам и јас M4r51n (разговор) 00:06, 8 август 2012 (CEST)[одговори]

„Проверена“ и „добра“ ревизија: предлог!

[уреди извор]

За да ја направиме работата јасна и едноставна, може ли вака да се договориме:

  1. За ревизијата да биде „Прегледана“ (поточно, Проверена), таа да ги исполнува овие критериуми (да биде конструктивна);
  2. За ревизијата да биде „Добра“ (поточно, Квалитетна):
    1. Статијата да е {{добра}} или {{избрана}} и
    2. Новата ревизија:

Со други зборови, ако некоја статија стане добра или избрана, ја бележиме како „добра“. Ако има корисни и конструктивни уредувања на истата статија, тогаш и нив ги бележиме како добри.

Притоа, кога станува збор за категории, предлошки и податотеки, нив да ги оценуваме само со „Прегледана“, оти не гледам зошто кај нив би користел дополнителиот степен.

Дали се согласувате со ова?

Моментално има барање за оценувачки статус, а ние воопшто немаме дефинирано што значи да се оцени некоја ревизија како „ Квалитетна“. Ако го прифатиме моделот за работа што го предложив, за да стане некој корисник „оценувач“, треба да разбира што е конструктивен придонес, да ги познава критериумите за добра или избрана статија и да знае да оцени дали некој придонес е добар за добрата/избраната статија, или не. Со други зборови — да биде искусен. Во тој случај, можеби треба да преиспитаме како ги бираме оценувачите и од колку оценувачи, всушност, имаме потреба. --Brainmachine (разговор) 19:35, 7 август 2012 (CEST)[одговори]

Иницијатива за ВикиПроекти.

[уреди извор]

За жал кај нас ВикиПроектите не функционираат како на другите Википедии. Тоа е поради малиот број на корисници кои воопшто имаат премногу обврски неповрзани со проектите.

Денес го реактивирав ВикиПроектот Филм и со тоа ги поттикнувам сите корисници да се вратат на ВикиПроектите. Тие не се дополнителна работа, всушност се олеснителна околност. Повеќе глави можат повеќе да постигнат. Сметам дека порталите поврзани со проектите се засега непотребни и доколку би биле реактивирани би претставувале дополнителна работа.

Она што го предложувам е барем месечна дискусија околу приоритетите во одредената област. Неуспешни се големи планови за работа и задачи поради карактерот на целата слободна енциклопедија. Никој не сака да биде принудуван поради што е привлечен да уредува на Википедија. Поради тоа и ВикиПроектите треба да работат на тој принцип. Одреден мал приоритетен план со кој нештата побрзо ќе се движат е се што е потребно.

Уште една новост е Административниот одбор кој го воведов во проектот. Тоа е тим од четири члена со поделени задачи околу сите нешта. Од искуство знам дека на фран. и анг. Википедија ова функцонира и е дополнителен стимул членовите да уредуваат. Да речеме дека кај нас тоа е во „бета-верзија“ додека видиме како ќе функционира.

Поттикнувам да се размисли околку реактвирање на проектите: Рецензија, Квалитетни статии и Нови статии наспроти тематските. Овие три и некои на нив слични можат да влијаат на целата Википедија.

Аирлија работа на сите како и да постапите... --Макс(разговор) 18:05, 12 август 2012 (CEST)[одговори]

Мене ми се допаѓа идејата. Навистина е неопходно да се зацртаат целите на овие проекти и преку нив да се подобри квалитетот на содржините на Википедија. Меѓу нив би го споменал и проектот Одржување.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:21, 12 август 2012 (CEST)[одговори]
Основните задачи од проектите географија, МПЦ и јазик функционираат одлично. Се прават нови статии, се категоризираат статии и слично. Не е воведена скалата за квалитет која се става во шаблонот на страницата за разговор. Убава идеја за останатите проекти.--Никола Стоіаноски 19:19, 12 август 2012 (CEST)[одговори]
Мислам дека тематските проекти функционираат доста добро, но потребно е оживување и на оние коишто служат за одржување на целиот проект. Не сакам да бидам сфатен погрешно, но постојат категории со статии за средување коишто едноставно паѓаат в очи на читателите и оставаат лош впечаток за целиот проект воопшто. Во последно време барем успеавме да го спречиме зголемувањето на бројот на ваквите статии со надвремен надзор на новоуредените статии и нивно поправање, но овие статии некогаш ќе мора да се средат.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:42, 12 август 2012 (CEST)[одговори]
Мило ми е што се согласувате. Бидејќи сега го „оживев“ проектот Филм ќе се погрижам да се средат филмските статии од категоријата - статии за средување. А за другите проекти ако имате идеја како да ги реактивраме кажете. Ако не, ако успее филмскиот проект постепено ќе се погрижам и за другите. --Макс(разговор) 21:40, 12 август 2012 (CEST)[одговори]

More opportunities for you to access free research databases

[уреди извор]

The quest to get editors free access to the sources they need is gaining momentum.

  • Credo Reference provides full-text online versions of nearly 1200 published reference works from more than 70 publishers in every major subject, including general and subject dictionaries and encyclopedias. There are 125 full Credo 350 accounts available, with access even to 100 more references works than in Credo's original donation. All you need is a 1-year old account with 1000 edits. Sign up here.
  • HighBeam Research has access to over 80 million articles from 6,500 publications including newspapers, magazines, academic journals, newswires, trade magazines and encyclopedias. Thousands of new articles are added daily, and archives date back over 25 years covering a wide range of subjects and industries. There are 250 full access 1-year accounts available. All you need is a 1-year old account with 1000 edits. Sign up here.
  • Questia is an online research library for books and journal articles focusing on the humanities and social sciences. Questia has curated titles from over 300 trusted publishers including 77,000 full-text books and 4 million journal, magazine, and newspaper articles, as well as encyclopedia entries. There will soon be 1000 full access 1-year accounts available. All you need is a 1-year old account with 1000 edits. Sign up here.

You might also be interested in the idea to create a central Wikipedia Library where approved editors would have access to all participating resource donors. Add your feedback to the Community Fellowship proposal. Apologies for the English message (translate here). Go sign up :) --Ocaasi (talk) 04:19, 16 август 2012 (CEST)

Обвинувања кон Википедија

[уреди извор]

Здраво на сите. Се шири лоша вест за Википедија на македонски. Да се разгледа, продискутира и реагира. Веста е следна.--Никола Стоіаноски 14:42, 26 август 2012 (CEST)[одговори]

Повеќе од шест години сум на википедија а мора да признам дека не познавам ниту еден од администраторите или корисниците, а не познавам ниту кој со каква намера пишува на википедија. Во претходните години ако се сеќавате имаше обиди за политизација на википедија на македонски јазик, но за истото беше замижено. Сите знаеме како стојат работите на нашати мила вики, и дека и покрај воведувањето на опцијата ПРИФАТИ, скоро никој не ги чита 100% статиите пред да ги прифати. Луѓе мораме да разбереме дека стоиме катастрофално со википедија. Што се однесува со Уметност на Третиот Рајх на Развигор, убаво би било раководството на вики/педија/медија да напише образложение за тоа како функционира и да отфрли работи на поедници--Тиверополник (разговор) 15:11, 26 август 2012 (CEST).[одговори]
  • Тивериополник, изгледа ти не си ја разгледал статијата Уметност на Третиот Рајх. Таа е целосен превод на en:Art of the Third Reich со уредно наведени наводи. Нема додавано, ниту одземано нешто. Од наша страна, статијата е правилна и одлична. Бидејќи Википедија е намената за секого, секој ја има слободата да ги цитира нејзините статии, без разлика за која намена, а тоа нас воопшто не треба да не интересира. Исто така, секој може да уредува и пишува, ако ги почитува правилата. И Никола Груевски и Бранко Црвенковски ако сакаат нека направат кориснички сметки и нека пишуваат, ама ако пишуваат квалитетни статии, не можеме да ги спречуваме. Иронично е што Курир го прави она за кое ја обвинува Википедија, го оцрнуваат проектот за да ги водат нивните политички пресметки. За ова некој од Викимедија Македонија ќе даде одговор до медиумите. Друго, ме зачуди што мислиш дека толку многу е катастрофална ситуацијата на Википедија. Јас признавам дека на многу статии им фалат извори, а и дека тие се најчесто превод од англиската Википедија, ама ние немаме контроверзни статии со големи невистини во нив. Ако знаеш за такви статии, задолжително да пишеш тука примери! Трето, јас сигурно ги проверувам сите промени пред да ги одобрам, а ако немам капацитет да ги проверам, ги оставам за некој друг да ги провери. И многу други луѓе си ја вршат работата добро. Ако знаеш примери за сериозни пропусти, повторно, пиши овде! Поздрав, Brainmachine (разговор) 15:48, 26 август 2012 (CEST)[одговори]
Во ред е Brainmachine, во право си, се повлекувам од дискусија. --Тиверополник (разговор) 15:55, 26 август 2012 (CEST)[одговори]
Не, не се повлекувај, пиши што не чини, оти велиш дека е катастрофална работата, а контекстот во кој зборуваме е злоупотреба на Википедија, што е сериозна работа. Дали навистина имаме такви злоупотреби? Не мислам ништо лошо, човече :) Инаку, во врска со случајов, искрено, мене лично не ми е гајле што ја цитираат содржината на Википедија, ама не може Википедија да е крива за наведените факти. Стојановски можел да стави врска и до англиската статија, чијашто содржина е целосно иста. Зар Курир треба тогаш да кажат дека англиската Википедија е политизирана? Нивното обвинување е апсурдно и не треба да му се дава тежина, туку треба на другите медиуми да се објасни ова. --Brainmachine (разговор) 16:10, 26 август 2012 (CEST)[одговори]
  • Веста веќе се анализира од страна на членовите на администраторската мејлинг-листа на Википедија на македонски јазик (vikipedija) и на мејлинг-листата на Викимедија Македонија (wikimedia-mk), а наскоро ќе биде составено и соопштение што ќе биде објавено до медиумите како одговор на оваа објавена вест. Многу пати досега имам споменувано дека е во прилог на секој администратор или активен корисник со забележителен придонес на Википедија да се зачлени и да учествува во дискусиите таму. Сепак, не е ниту сега предоцна и истото може да го направите уште веднаш. Повеќе информации за мејлин-листите имате во информативната кутија во горниот дел од страницата со „Скорешни промени“. исто така, морам да напоменам дека постојат работи (пр. оваа вест) што не може да се дискутираат отворено, па оттаму и произлегува потребата за постоење на мејлинг-листите.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:22, 26 август 2012 (CEST)[одговори]
[уреди извор]

I apologize for addressing you in English. I would be grateful if you could translate this message into your language.

The Wikimedia Foundation is conducting a request for comment on a proposed program that could provide legal assistance to users in specific support roles who are named in a legal complaint as a defendant because of those roles. We wanted to be sure that your community was aware of this discussion and would have a chance to participate in that discussion.

If this page is not the best place to publicize this request for comment, please help spread the word to those who may be interested in participating. (If you'd like to help translating the "request for comment", program policy or other pages into your language and don't know how the translation system works, please come by my user talk page at m:User talk:Mdennis (WMF). I'll be happy to assist or to connect you with a volunteer who can assist.)

Thank you! --Mdennis (WMF)04:05, 6 септември 2012 (CEST)[одговори]

Distributed via Global message delivery. (Wrong page? Fix here.)

Пред да го прочитате предлогов, според кој Фондацијата се нуди да овозможи правно застапништво во случај одредени функционери на Викимедија да бидат предмет на тужба, ви препорачувам да прочитате за овој случај: Wikimedia Foundation seeks declaratory relief in response to legal threats from Internet Brands (од блогот на Викимедија). Неодамна корпорацијата Internet Brands (сопственик на Wikitravel) тужела двајца администратори за да ги исплаши волонтерите кои дискутирале за отворање на нов проект — туристички водич (вики), под покровителство на Викимедија. --Brainmachine (разговор) 04:47, 6 септември 2012 (CEST)[одговори]

Странски филмови

[уреди извор]

Дали е потребно странските филмови од оригиналниот наслов да се преведат на македонски јазик или, насловот на статијата за тој филм да остане на оригиналното странско име? —Претходниот непотпишан коментар е додаден од NickyMKD (разговорпридонеси) 21:50, 7 септември 2012

Здраво Ники. Да, насловот на филмовите пожелно е да биде преведен на македонски јазик, а не да биде транскрибиран или, пак, оставени во оригинална форма. Сепак, пожелно е при создавањето на статијата, секогаш да се создава и статија со оригиналниот наслов која би била пренасочена (тоа се прави со создавање на статија со оригинален наслов и впишување на #redirect [[Име на статија]]) кон статијата со наслов на македонски јазик. Доколку имаш некој потешкотии при преводот, слободно побарај мислење од некој друг корисник. Поздрав Kekev (разговор) 22:05, 7 септември 2012 (CEST)[одговори]