На крајот од пораката потпишете се со четири тилди (Еве вака: ~~~~). Ова автоматски ќе го потпише Вашето корисничко име и датумот и времето кога е оставена пораката (се потпишуваме на страници за разговор, но не на статии).
Оваа страница е наречена „селска чешма“ затоа што е место каде што читателите и уредувачите можат да се соберат и заедно да дискутираат за било што поврзано со Википедија.
Ве охрабуваме да почнете нов разговор доколку сакате:
Да добиете помош околу користењето на Википедија;
Да добиете помош околу уредувањето на Википедија;
Да дискутирате технички прашања, поврзани со погонот МедијаВики;
Да поставите правописни и граматички прашања и ревизии;
Да добиете помош со преводи на поими и имиња од странски јазици;
Општо, за сè што е поврзано со Википедија и Википедијанците.
Доколку сакате да дискутирате за некоја статија, ве молиме почнете ја дискусијата на разговорната страница на самата статија.
Ако барате администраторско внимание (за вандализам на страници, кршење на начела, лични напади и непристојност, уредувачки војни, заштита на страници или други технички работи), поставете го барањето на Википедија:Огласна табла за администратори.
Гласање за воведување новини
Ако имате предлози за изменување или воведување начела и напатствија, воведување новини или постапување во врска со одделни прашања, на оваа страница може да започнете гласање за испитување на мислењето на заедницата. Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас {{за}} (), {{против}} () или {{воздржан}} (), како и свое мислење преку {{коментар}} (), користејќи ги за сето ова соодветните шаблони. Во случај да се работи за предлог за избор на едно од повеќе предложени решенија, тогаш секој може да гласа за само еден предлог и притоа е неопходно да го образложи својот глас. Времетраењето на гласањето изнесува 7 дена. Право да учествуваат во дискусијата за предложениот предлог имаат сите корисници, додека право на глас имаат корисниците со сметка постара од 6 месеци и најмалку 500 уредувања во сите именски простори на Википедија на македонски јазик пред почетокот на гласањето. Одлуката за прифаќање на предлогот се носи со примена на просто мнозинство, односно бројот на гласови „За“ е потребно да биде најмалку половина од вкупниот број на дадени гласови, и доколку вкупниот број на гласови „За“ изнесува најмалку пет.
Do not speak Macedonian?
If you are willing to post comments but you do not speak Macedonian, you are welcome to do it on the Village Pump for foreign languages (please visit the Macedonian Wikipedia Embassy to check the language abilities of the community members before choosing the language to post in). Please do not post comments in foreign languages on this page, as it is intended for comments and discussions in Macedonian only. All comments that are posted on this page in a language other than Macedonian will be immediately moved to the Village Pump for foreign languages.
We hope you are doing well, and we wish you a happy New Year.
Last year, we captured light. This year, we’ll capture legacy.
In 2025, communities around the world shared the glow of Ramadan nights and the warmth of collective iftars. In 2026, Wiki Loves Ramadan is expanding, bringing more stories, more cultures, and deeper global connections across Wikimedia projects.
We invite you to explore the Wiki Loves Ramadan 2026Meta page to learn how you can participate and sign up your community.
We are pleased to invite Wikimedia communities, affiliates, and independent contributors to organize the Feminism and Folklore 2026 writing competition on your local Wikipedia.
The international campaign will run from 1 February to 31 March 2026 and aims to improve coverage of feminism, women’s histories, gender-related topics, and folk culture across Wikipedia projects.
About the Campaign
Feminism and Folklore is a global writing initiative that complements the Wiki Loves Folklore photography competition. While Wiki Loves Folklore focuses on visual documentation, this writing campaign addresses the gender gap on Wikipedia by improving encyclopedic content related to folk culture and marginalized voices.
What Can Participants Write About?
Communities can contribute by creating, expanding, or translating articles related to:
Folk festivals, rituals, and celebrations
Folk dances, music, and traditional performances
Women and queer figures in folklore
Women in mythology and oral traditions
Women warriors, witches, and witch-hunting narratives
Fairy tales, folk stories, and legends
Folk games, sports, and cultural practices
Participants may work from curated article lists or generate new article suggestions using campaign tools.
How to Sign Up as an Organizer
Organizers are requested to complete the following steps to register their community:
Create a local project page on your wiki (see sample)
Set up the campaign using the CampWiz tool
Prepare a local article list and clearly mention:
Campaign timeline
Local and international prizes
Request a site notice from local administrators (see sample)
Add your local project page and CampWiz link to the Meta project page
Campaign Tools
The Wiki Loves Folklore Tech Team has introduced tools to support organizers and participants:
Article List Generator by Topic – Helps identify articles available on English Wikipedia but missing in your local language Wikipedia. The tool allows customized filters and provides downloadable article lists in CSV and wikitable formats.
CampWiz – Enables communities to manage writing campaigns effectively, including jury-based evaluation. This will be the third year CampWiz is officially used for Feminism and Folklore.
We look forward to your collaboration and coordination in making Feminism and Folklore 2026 a meaningful and impactful campaign for closing gender gaps and enriching folk culture content on Wikipedia.
Последен коментар: пред 4 месеци1 коментарВо разговорот е присутно 1 лице
Помогнете со преводот на вашиот јазик
Hello everyone,
We are delighted to invite Wikimedia affiliates, user groups, and community organizations worldwide to participate in Wiki Loves Folklore 2026, an international initiative dedicated to documenting and celebrating folk culture across the globe.
About Wiki Loves Folklore
Wiki Loves Folklore is an annual international photography competition hosted on Wikimedia Commons. The campaign runs from 1 February to 31 March 2026 and encourages photographers, cultural enthusiasts, and community members to contribute photographs that highlight:
Folk traditions and rituals
Cultural festivals and celebrations
Traditional attire and crafts
Performing arts, music, and dance
Everyday practices rooted in folk heritage
Through this campaign, we aim to preserve and promote diverse folk cultures and make them freely accessible to the world.
As we celebrate the eight edition of Wiki Loves Folklore, we warmly invite communities to organize a local edition in their country or region. Hosting a local campaign is a great opportunity to:
Increase visibility of your region’s folk culture
Engage new contributors in your community
Enrich Wikimedia Commons with high-quality cultural content
Последен коментар: пред 1 месец101 коментарВо разговорот се присутни 12 лица
Почитувани уредници, ja отворам оваа дискусија во согласност со ВП:ГЛАСННН. Во продолжение секоја недела ќе биде отворена по една тема за која треба да ги одредиме насоките на значајност за нашата Википедија, и на која прво добро е да се дискутира, а потоа можеби и да се гласа.
При оформувањето на статиите за начела и напаствија, како и за значајност, во врска со луѓе, настани и друго, земени се предвид неколку јазични Википедии, како англиската, српската и хрватската. Да нагласам дека Википедија на англиски јазик има построги правила од другите јазични Википедии, претпоставувам затоа што се смета за светска енциклопедија, и некои теми кои се важни локално во земјите, на англиската не сметаат дека треба да ги има. Сепак и таму има исклучоци.
Исто така, добро е да се нагласи и да се има на ум дека дел од овие службени страници се создавани пред 20 години, и можно е да има потреба од нивно прегледување и дополнување.
Следната дискусија е зачувана како архива на успешна. Не ја менувајте неговата содржина
Дискусијата е отворена во 19:40 ч. на 8 февруари 2026 (CEST) и дискусијата трае точно 7 дена.
Да започнеме со што не е Википедија. Википедија не е хартиена енциклопедија, не е речник, не е трибина, ниту пак говорница од било кој вид, не е ни разговорен форум или средство за пропаганда и рекламирање. Википедија не е збирка на надворешни врски, галерии на слики или медиуми. Википедија на македонски јазик не е национална енциклопедија на Македонците. Википедија не е услужник на бесплатно вдомување или мрежен простор, не е експеримент за демократија или каков било друг политички систем. Нејзиниот основен метод на одлучување на консензус е преку уредување и дискусија, не преку постојано гласање.
Според мене, треба да имаме слобода да бришеме кориснички страници на Википедијанци на кои корисникот си пишува реклама за себе и она што го работи. Налетувам на такви, скоро имаше некој масер се рекламира на корисничката страница. - Виолетова (разговор) 19:42, 8 февруари 2026 (CET)Одговори
Според мене, секаков вид на рекмалација директна или индиректна мора одма да се отстранува без никаква дебата или дискусија. Без разлика дали е на корисничка страница, подобрување во статија, новосоздадена страница и останато. Jtasevski123 (разговор) 20:01, 8 февруари 2026 (CET)Одговори
Се согласувам дека секаков вид на рекмалација директна или индиректна треба да се отстранува без никаква дискусија.Lili Arsova (разговор)
Вака. Малку пристапот да е подиректен и поконкретен. На пример глеам се дискутира за тоа Што не е википедија? Значи мој предлог е за ова, и за сите идни дискусии, да се преземе англиската верзија на напатствијата, да се видат од сите нас и да се даде коментар кои поттпочки од англиското напатствије би го трганеле или замениле со друго. Ова го зборам од проста причина што англиските напатствија се едни од најелаборираните, па дури и претерано детализирани, ние можеме да ги земем само општите начела. Во овој случај ок си е се. Се сложувам со напишаното за тоа што не е Википедија, ако имам некој поконкретен дел за додавање, ќе пишам тука. Следните да бидат со поконкретни забелешки што се прифаќа, а што не на нашата Википедија. Во однос на кориснички страници, ние сме бришеле и порано само вулгарности. Рекламирање не би требало да е проблем, според мене. Пропагираме сите ние на нашите кориснички страници. --НиколаСтоіаноски18:50, 15 февруари 2026 (CET)Одговори
Следната дискусија е зачувана како архива на успешна. Не ја менувајте неговата содржина. Понатамошни промени не треба да се прават во овој дел.
Следната дискусија е зачувана како архива на успешна. Не ја менувајте неговата содржина
Дискусијата е отворена во 20:30 ч. на 15 февруари 2026 (CEST) и дискусијата трае точно 7 дена.
Многу настани добиваат покриеност во вестите, а сепак не се од историска или трајна важност. Настан може да биде доволно интересен за новинарите и уредниците на вестите, но тоа не секогаш е доволно значајно за да има статија на Википедија. При оценувањето на настанот, уредниците треба да оценат различни аспекти на настанот и покриеноста: влијанието, длабочината, времетраењето, географскиот опсег, разновидноста и веродостојноста на покривањето, како и дали покривањето е рутинско.
Трајни ефекти
Настанот што е преседан или катализатор за нешто друго од трајно значење, најверојатно ќе биде значаен. На пример, во САД, убиството на детето Адам Волш на крајот довело до донесување на Закон за заштита и безбедност на децата, наречен Закон Адам Волш. Овој настан се смета за значаен. Настаните кои имаат трајно дејство од историско значење веројатно ќе бидат знајачни. Ова вклучува, на пример, природни катастрофи после кои останува широко распространето уништување, а обновата на уништеното може да доведе до смена на населението, и можно е да влијае врз изборите. Помал земјотрес или бура со мало или никакво влијание врз човечката популација веројатно не е значаен за да има статија на Википедија.
Географски опсег
Значајните настани обично имаат значително влијание врз широк регион, домен или широко распространета општествена група. Настанот кој влијае врз локално подрачје и го известуваат само медиумите во блискиот регион веројатно нема да биде значаен.
Длабочина на покриеност
Еден настан мора да добие голема или длабинска покриеност за да биде значаен. Длабочина на покривање вклучува анализа што ги става настаните во контекст, како што често се среќава во книгите, долгометражни написи во големите списанија за вести или на ТВ.
Времетраење на покриеноста
Значајните настани обично добиваат медиумска покриеност која е во подолг временски период. Времетраењето на известувањето по медиуми е силен показател за тоа дали некој настан има минливо или трајно значење. Тоа што некој настан се случил неодамна сам по себе не го прави незначаен.
Разновидност на извори
Се очекува значајна национална или меѓународна медиумска покриеност за некој настан да биде забележлив. Известувањето со широк опсег има тенденција да укаже на значајност, освен кога медиумите препишуваат и преобјавуваат исти вести едни од други.
Рутинско покривање
Според политиката на Википедија дека не е весник, рутинското покривање на вести за работи како што се објави не се доволна основа за статија. Рутинските настани, како што се спортски натпревари, филмски премиери, прес-конференции итн., може подобро да се опфатат како дел од друга статија, ако воопшто се значајни. Медиумски објави за настани кои се вообичаени, секојдневни, или се обични предмети што не се истакнуваат — веројатно не се значјани за да имаат своја статија на енциклопедија.
Сензационализам
Таблоид или жолтото новинарство како што се нарекува, обично се смета за лоша основа за статија во енциклопедија, поради недостатокот на проверка на фактите својствени за сензационалистичко известување и објавување на скандали. Википедија не е место за скандали или озборувања.
Кривични дела
Написите за криминални дејствија, особено оние што спаѓаат во категоријата „вонредни вести“, често се предмет на дискусии за бришење.
Луѓе значајни за само еден настан
Луѓето познати само во врска со еден настан генерално не треба да имаат статија напишана за нив. Ако настанот е многу значаен, тогаш наместо тоа, обично треба да се напише статија за настанот.
Идни настани
Поединечните закажани или очекувани идни настани треба да бидат вклучени само ако настанот е значаен, и речиси сигурно ќе се одржи. Датумите не се дефинитивни додека настанот навистина не се случи, бидејќи дури и значајните настани може да бидат откажани или одложени во последен момент поради голем инцидент (ваков случај на одложување беше во текот на пандемијата). Меѓу идните настани кои се соодветни за да се отвори за нив страница пред време спаѓаат: избори, Олимписки игри, Евровизија, европски и светски првенства.
Алтернативи за бришење
Ако значајноста на настанот е доведена во прашање, но тој е првенствено поврзан со одредена личност, компанија или организација или текстот може да биде дел од друга статија со поширока тема, тогаш треба да се употреби спојувањето на содржините. Сепак, треба да се внимава на настанот да не му се даде непотребна тежина.
Следната дискусија е зачувана како архива на успешна. Не ја менувајте неговата содржина
Дискусијата е отворена во 20:50 ч. на 22 февруари 2026 (CEST) и дискусијата трае точно 7 дена.
Пишувањето автобиографии е обесхрабрено, бидејќи е тешко да се напише неутрална, проверлива автобиографија, а има и многу замки.
Автобиографијата често е пристрасна, и обично напишано е само позитивното за личноста.
Автобиографиите се често непроверливи. Ако единствениот извор за одреден факт за вас сте вие самите, читателите не можат да го потврдат тоа.
Автобиографиите можат да содржат оригинално истражување. Луѓето често вклучуваат информации во автобиографии кои никогаш претходно не биле објавени или се резултат на знаење за нештата од прва рака. Википедија е енциклопедија и не смее да содржи претходно необјавени информации, ниту дозволува оригинално истражување.
Под „автобиографија“ не се подразбира само биографијата што сте ја напишале сами за себе, туку и биографијата што сте ја платиле или сте наредиле некој друг да ја напише во ваше име.
Тешко е да се пишува неутрално и објективно за себе, затоа треба да дозволите другите да пишуваат. Би требало да почекате некој друг да напише статија за вас и вашите постигнувања.
Во јасни случаи, дозволено е уредување на страници поврзани со вас, како: враќање на вандализам; но само ако тоа е очигледен вандализам, а не содржински спор.
Ако не сте значајни според начелата на Википедија, пишување на статија за себе ја крши политиката која вели дека Википедија не е место за бесплатна реклама.
Ако вашиот живот и достигнувања се проверливи и навистина од значење за да ве има на енциклопедија, некој друг веројатно ќе создаде статија за вас порано или подоцна.
- Се согласувам со наведените правила поврзани со автобиографија. Ние сме мала заедница, и знам дека се случило низ минатото некои личности сами за себе да си напишат статија, често не е бришена таквата статија, туку е само досредена, доколку личноста е значајна за да ја има во енциклопедија. Сепак, во најголем дел, би требало да се обесхрабрат автобиографски статии. - Виолетова (разговор) 20:58, 22 февруари 2026 (CET)Одговори
Автобиографијата, поточно пишување на автобиографија, треба да биде обесхрабрено и недозволиво за Википедија. Пристрасноста при пишување на таква статија е на највисоко ниво, а објективноста ниска. Напатствијата се во ред, се согласувам и замолувам секој да реагира ако забележи вакви случаеви. Ова е едно од основните правила на Википедија и треба строго и доследно да се почитува.--НиколаСтоіаноски09:48, 23 февруари 2026 (CET)Одговори
Следната дискусија е зачувана како архива на успешна. Не ја менувајте неговата содржина
Дискусијата е отворена во 20:50 ч. на 1 март 2026 (CEST) и дискусијата трае точно 7 дена.
Статија за жива личност треба да биде напишана одговорно, внимателно и со непристрасен тон, да се избегнува потценување, но да се избегнува и претерување.
Контроверзниот материјал за живи личности што е без извори или со слаби извори треба веднаш да се отстрани, и без дискусија.
Не користете јавни записи што вклучуваат лични податоци, како што се датум на раѓање, вредност на домот, сообраќајни казни, регистрации на возила и домашна или деловна адреса.
Никогаш не користете самообјавени извори (вклучувајќи книги, списанија, интернет страници, блогови, подкасти или објави на социјалните мрежи) како извори на материјал за жива личност, освен ако не се напишани или објавени од самото лице.
Не внесувајте озборувања во статиите. Секогаш прво прашајте се: Дали изворот е веродостоен? Дали материјалот е вистинит? И, дури и ако е вистинит, дали е релевантен за неутрална статија за личноста за која е статијата?
На администраторите им е дозволено да спроведат отстранување на јасни прекршувања на БЖЛ со заштита на страницата или со блокирање на прекршителот/прекршителите.
Избегнувајте приказ на жртва.
Во случај на јавна личност, ќе има повеќе доверливи извори, а БЖЛ треба едноставно да документира што известуваат тие извори.
Поради зголемена злоупотреба и кражба на идентитет, луѓето сè повеќе ги сметаат своите вистински имиња и датуми на раѓање за приватни информации. Википедија ги вклучува целосните и вистинските имиња и датуми на раѓање кога тие се објавени од сигурни извори или извори блиски до личноста на таквата статија, па затоа е сосема разумно да се претпостави дека личноста нема приговор за објавувањето на овие информации. Не може да бришеме лични податоци по барање на личноста доколку се јавно достапни во веродостојни извори. Но, доколку личноста на која се однесува статијата се спротивставува на објавувањето на датум на раѓање, а податоците не биле претходно објавени од веродостојни извори, бидете внимателни и наведете ја само годината на раѓање. Исто така, статиите не треба да ја содржат адресата, електронската пошта, телефонскиот број или други контакт информации на личноста за која станува збор, но генерално е дозволено да се вклучи линк до официјалната интернет страница на личноста во делот „Надворешни врски“, иако тој линк може да ги содржи горенаведените информации.
Дали ќе се отстрани име или погрешно родово именување на жива личност која е трансродово лице, е прашање на уредничка проценка доколку веќе се појавило во сигурни извори.
Со тоа што некој бил спомнат во вестите, не значи дека треба да добие статија на Википедија.
Жива личност обвинета за кривично дело се смета за невина сè додека не биде осудена од суд. Уредниците генерално не треба да вклучуваат текст што сугерира дека лицето е осомничено, дека е лице од интерес или е обвинето за вршење на кривично дело, освен ако не е обезбедена осуда за тоа кривично дело, или повеќе доверливи извори веќе го објавиле името на обвинетиот во врска со кривичното дело.
БЖЛ се применува насекаде на Википедија каде што се споменуваат живи личности, вклучувајќи страници за разговор, описи на уредувања, кориснички страници, слики и категории.
Корисничките имиња што содржат клеветнички, очигледно лажни или спорни изјави или материјал за живи лица треба веднаш да бидат блокирани и отстранети од сите промени.
Сликите од живи личности не треба да се користат надвор од контекст за да се прикаже тоа лице во лажно или неповолно светло.
Имињата на категориите се самообјаснувачки, па затоа вклучувањето на одредена биографија во одредена категорија мора да биде оправдано со соодветен текст кој има сигурни извори во самата статија. Пример за ова е додавање на Категорија:Криминалци, или категоризацијата на живите личности според религија или сексуална ориентација.
Лицата над 115 години се сметаат за починати, освен ако во веродостојни извори не постари од една година не е наведено дека се живи.
Уредниците кои постојано додаваат или враќаат контроверзен материјал во БЖЛ кој не е поткрепен со извори или е поткрепен со лоши извори, може да бидат блокирани поради нарушување на проектот.
- Јас сум ЗА да се применуваат овие начела. Инаку, ме збуни делот со горна старосна граница, и дека „лицата над 115 години се сметаат за починати“. Имавме случај со некој борец за кој немаше извори за тоа кога починал, па стана збунувачко како да се реши тој проблем. - Виолетова (разговор) 20:56, 1 март 2026 (CET)Одговори Целосно се согласувам. Јас сум за поголема и построга контрола за тоа за кој се прави статија. Да нема статии за недоволно афирмирани личности, без разлика од која област се. Не сме реклама ние. --НиколаСтоіаноски14:08, 3 март 2026 (CET)Одговори
Јас имам две забелешки во врска со овие начела. Прво, ако лични податоци се објавени во веродостојни извори, не смее да се врши цензура по барање на личноста (на пр. ако јавно е објавен точниот датум на раѓање, тогаш тој датум слбодно може да се наведе во статијата). Второ, начелото за лицата над 115 години нема логика затоа што може да има повеќе живи лица над 115 години, но само едно лице може да се смета за најстара личност во светот. Мислам дека ова начело треба да се преработи и да гласи „Лицата над 115 години се сметаат за починати, освен ако во веродостојни извори не постари од една година не е наведено дека се живи.“. --Kiril Simeonovski (разговор) 22:53, 3 март 2026 (CET)Одговори
За лицата над 115 години го сменив како што предлагаш.
„Википедија ги вклучува целосните и вистинските имиња и датуми на раѓање кога тие се објавени од сигурни извори или извори блиски до личноста на таквата статија, па затоа е сосема разумно да се претпостави дека личноста нема приговор за објавувањето на овие информации.“
@Виолетова: Да, го покрива, но погоре се наведени реченици коишто се противречни на тоа. Ако датумот на раѓање е јавно објавен и лицето се противи да биде наведен во статијата, тогаш која реченица се зема предвид? --Kiril Simeonovski (разговор) 09:41, 6 март 2026 (CET)Одговори
Кире, овде имам извадено дел од речениците, а не сè, затоа стои линк до целата страница со правилата, каде што пишува на крајот: Повеќе на линкот. Треба проектната да се прочита, бидејќи се разбира дека важат сите реченици кои се на страницата со начела и напатствија. Односно, доколку е јавен податокот за датум на раѓање, не го земаме предвид човекот што се буни. Овде го вклучив примерот дека доколку не е јавно објавен датумот и човекот не сака да му стои на статијата, би требало да го испочитуваме. Дури има предвидена ситуација кога има своја интернет страница на која ставил вистинско име и датум на раѓање, ние смееме да ја ставиме во надворешните врски на статијата. Неколку различни ситуации се опфатени на главната страница за БЖЛ и тие се тие што важат. Овде се само извадоци, дека е голема таа страница цела да се псотави на Селска чешма. Поздрав Виолетова (разговор) 11:45, 6 март 2026 (CET)Одговори
@Виолетова: Да, за напишаното во начелото зборувам, а не за она коешто е напишано на оваа страница. Најпрвин е наведена реченицата „Википедија ги вклучува целосните и вистинските имиња и датуми на раѓање кога тие се објавени од сигурни извори или извори блиски до личноста на таквата статија, па затоа е сосема разумно да се претпостави дека личноста нема приговор за објавувањето на овие информации.“, а потоа пишува „Доколку личноста на која се однесува статијата се спротивставува на објавувањето на датум на раѓање, бидете внимателни и наведете ја само годината на раѓање.“. Ова нема логика. Ако лицето не сака јавно да биде објавен неговиот датум на раѓање, тогаш тоа треба да биде отстрането од изворите коишто се користат на Википедија (откако ќе биде избришано од тие извори, тогаш природно ќе биде избришано и од Википедија затоа што повеќе нема да има веродостојни извори во коишто е наведено). Но, ако лицето бара тоа да биде отстрането само од Википедија, а притоа да остане наведено во други извори, тогаш се работи за цензура на јавно објавени податоци и тоа не е дозволено дури и да е по барање на лицето за коешто се однесува податокот. --Kiril Simeonovski (разговор) 12:07, 6 март 2026 (CET)Одговори
Се разбираме дека е така, но во начелото е напишано поинаку. За да биде појасно, можеби изрично треба да ставиме дека не може да бришеме лични податоци по барање на личноста доколку се јавно достапни во веродостојни извори (Во иднина те молам секое дополнување пишувај го како нов коментар затоа што јас овој одговор го пишав на твојот првичен коментар којшто потоа беше дополнет и затоа напишав уште еден коментар подолу дека се согласувам со дополнетото. Инаку, се создава впечаток дека не се разбираме.). --Kiril Simeonovski (разговор) 18:53, 6 март 2026 (CET)Одговори
Гледам дека си го дополнила текстот додека го пишував одговорот, па затоа дополнително ќе одговорам и на дополнетиот текст. Да, така треба да биде, но во начелото не е напишано на тој начин. --Kiril Simeonovski (разговор) 12:08, 6 март 2026 (CET)Одговори
- Јас сум ЗА, со тоа што сметам дека треба да има контрола за тоа за кој ја пишува статијата, како и начелото што го спомна Кирил погоре „Лицата над 115 години се сметаат за починати, освен ако во веродостојни извори не постари од една година не е наведено дека се живи.“; според мене има смисла. BosaFi (разговор) 13:28, 5 март 2026 (CET)Одговори
Следната дискусија е зачувана како архива на успешна. Не ја менувајте неговата содржина
Дискусијата е отворена во 20:57 ч. на 8 март 2026 (CEST) и дискусијата трае точно 7 дена.
Во овој дел да ги разгледаме значајноста на луѓето да имаат статија според тоа која професија ја вршат, се разгледуваат професорските, научните и креативните професии: професори, научници, и креативните професии (писатели, музичари, сликари, архитекти, новинари).
Записите во списоци каде е дозволено човек сам да се пријави и запише, не придонесуваат за значајност. Исто така, интернет страниците за вработените или членовите на една организација, не се доволен показател за значајност.
Веродостојна биографија на 200 страници за личност, издадена од независен извор и не е платена од човекот за чија биографија станува збор, која детално го покрива животот на тоа лице е прифатлив извор, додека извод од матична книга на родените или списокот од формуларот за изборно ливче, не е.
Луѓето кои ги исполнуваат основните критериуми, може да се сметаат за значајни без да ги исполнуваат дополнителните критериуми подолу.
Професори, наставници, академици и научници
Наставници и професори кои предаваат во основно, средно или више и високо образование, не се значајни за енциклопедија само поради таа професија. Но ако се занимаваат и со друга дејност, како на пример, наука, сликарство, музика, пишување, политика и друго, можат да стекнат значајност да имаат своја енсиклопедиска статија поради дополнителната активност, и во таков случај се оценуваат според вообичаените правила за значајност во професијата.
Сите членови на МАНУ се значајни за да имаат статија на Википедија. Исто така и членови на странските академии на науките се доволно значајни.
Лицето било избрано за член на високо селективно и престижно научно друштво или здружение (на пр., Национална академија на науките или Кралското друштво) или член на големо научно здружение кое го задржува статусот на колеги како високо селективна чест (на пр., соработник на Институтот за електрични и електронски инженери или институт за електронски инженери).
Академската работа на лицето има значително влијание во областа на високото образование, влијае врз значителен број академски институции. Овој критериум исто така, може да биде задоволен ако лицето развило значаен нов концепт, техника или идеја, лицето направило значајно откритие или решило голем проблем во својата академска дисциплина. Во овој случај, неопходно е експлицитно да се докаже, со значителен број на упатувања на академски публикации на истражувачи различни од личноста за која станува збор, дека овој придонес навистина нашироко се смета за значаен и нашироко се припишува на личноста за која станува збор.
Лицето било именувано за угледен професор во голема институција за високо образование и истражување, именувано за претседател што укажува на споредливо ниво на постигнувања или еквивалентна позиција во земји каде што ваквите именувања се невообичаени.
Лицето е дел од основачите на некоја голема или значајна образовна институција.
Лицето имало значително влијание надвор од академската заедница во нивниот академски капацитет.
Лицето е главен уредник на големо, добро воспоставено академско списание во нивната предметна област. Во овој критериум не спаѓаат списанија кои се во рамките на псевдо науката.
Псевдонаучникот, исто така, може да биде доволно значаен за сопствена статија, ако неговата теза е особено распространета или добро позната, или ако има голем број научни трудови насочени кон побивање или отфрлање на псевдонаучната природа на неговата теза.
Креативни професии
Ова упатство се однесува на автори, писатели, уредници, новинари, филмаџии, фотографи, уметници, сликари, вајари, архитекти и други креативни професионалци. Такво лице е значајно ако:
Личноста се смета за важна личност или е широко цитирана од врсниците или наследниците; или
Личноста е позната по тоа што поттикнува значаен нов концепт, теорија или техника; или
Лицето создало или одиграло голема улога во заедничкото создавање на значајно или добро познато дело или колективно дело. Дополнително, таквото дело мора да било примарен предмет на повеќе независни периодични статии или рецензии, или на независно и значајно дело (на пример, книга, филм или телевизиска серија, но обично не само една епизода од телевизиска серија); или
Работата (или делата) на личноста: (а) станала значаен споменик, (б) била суштински дел од значајна изложба, (в) добила значително критичко внимание или (г) била претставена во постојаните збирки на неколку значајни галерии или музеи.
Подолу се наведени попрецизните критериуми за овие професии.
Музичари
Текстописците или композиторите (без разлика дали се од популарната музика, црковни песни или други стилови) може да се сметаат генерално за значајни ако создале голем број нашироко познати дела.
Естраден музичар може да биде значаен ако исполнува некои (по можност, барем два) од следниве критериуми:
има издадено најмалку еден студиски албум кој има добиено сертификација на издавачката куќа (сребрена, златна или платина);
добитник е на награди на музички фестивали на регионално, национално или меѓународно ниво;
има издадено неколку песни со повеќемилионски прегледи на музичките сервиси (YouTube, Spotify, Deezer итн.);
има значителен број следбеници/претплатници на официјален канал или профил на музички услуги во однос на населението на земјата во која живее
угледни секундарни извори, или музички експерти изјавиле дека музичарот се истакнува во одреден жанр, музичко движење, период или област.
Класичен инструментален музичар може да биде значаен ако исполнува некои (по можност, барем два) од следниве критериуми:
завршил конзерваториум или музичка академија (исклучоци се многу успешни (самоуки) солисти/„чудо од деца“);
објавил снимка кај етаблирана издавачка куќа за класична музика;
настапувал/а во добро познат камерен ансамбл или оркестар најмалку пет години;
соработувал/а со други значајни естрадни или други класични музичари (види критериуми погоре).
Класичен музичар-солист може да биде значаен ако исполнува некои (по можност, барем два) од следниве критериуми:
дипломирал конзерваториум или музичка академија;
објавил снимка кај етаблирана издавачка куќа за класична музика;
пеел во реномирана оперска куќа надвор од својата татковина најмалку две години/сезони;
оперски солист во националната оперска куќа (во Опера и балет, на пример).
Соработувал со значајни естрадни или други класични музичари (види критериуми погоре).
Уметници, сликари, вајари, фотографи
Уметникот, вклучувајќи илустратори, фотографи, скулптори, сликари итн., ги исполнува критериумите и може да се смета за значаен:
ако е цитиран/а во дела за историја на уметност или нивни еквиваленти;
ако освоил/а престижна награда за уметност;
ако има одржано најмалку една изложба во музеј, галерија или уметничка институција;
доколку неговите самостојни дела се изложени во национален или меѓународно признат музеј;
ако бил/а клучна фигура во забележително уметничко движење;
ако работел/а во кралски дворец како штитеник на крал, или бил раководител на државна уметничка институција;
ако е автор на најмалку две дела кои се сметаат за културно и историски значајни;
Уметници кои цртаат графити, улични уметници и уметници од слични нетрадиционални формати може да ги исполнат критериумите доколку добиле значително внимание од медиумите или критичките автори на национално или меѓународно ниво за неколку нивни дела (или изведби).
Писатели
Писател, поет, романсиер,драматург, раскажувач има енциклопедиско значење ако исполнува барем два од следниве услови:
единствен е или главен автор на две или повеќе дела објавени од одредена издавачка куќа (платени услуги за печатење од страна на самиот автор не се бројат);
дел е од барем една издадена збирка на поети / романсиери/ драматурзи/ раскажувачи.
Членовите на Друштво на писателите на Македонија автоматски се сметаат за значајни, поради тоа што за прием во друштвото, ДПМ има слични критериуми како горенаведените.
Книжевен преведувач обично е доволно значаен за сопствена статија ако исполнува некој од следниве критериуми:
автор е на неколку преводи кои се забележителни по самите нивни преводи;
автор е на голем број преводи на литературни дела;
запишан е како преведувач во книжевно-историска енциклопедија;
добитник е на престижни награди за преведувачи, како што се наградата на „Гете институт“ или наградата за превод Оксфорд-Вајденфелд и други.
Зборот „писател“ овде се однесува на сите автори на текстуални дела. Ова вклучува автори и на фикција (која вклучува поезија).
Глумци и режисери
Глумец обично е забележлив ако исполнува барем еден од следниве критериуми:
има водечка улога во филм кој бил дел од редовната кино понуда;
има водечка улога во позната ТВ серија која се прикажува на националните канали;
има водечка улога во филм или ТВ серија што е добитник на престижна национална награда или повисока награда;
одиграл/а улога што добила големо покривање на националните медиуми или за улогата бил/а наградена со престижна награда (на пример, Оскар).
Режисерот е генерално значаен ако исполнува барем еден од овие критериуми:
режирал филм кој бил дел од редовната кино понуда;
режирал позната ТВ серија која се прикажува на националните канали;
режирал филм или ТВ серија што освоиле престижна национална награда или награда на повисоко ниво;
режирал најмалку две претстави во познат национален или регионален театар;
награден е со престижна награда или добил широко покривање на националните медиуми за неговата или нејзината режисерска улога.
Архитекти
Архитектите веројатно заслужуваат статија:
ако се цитирани во прегледни дела за историја на уметноста или нивни еквиваленти;
доколку освоиле престижна награда;
ако дизајнирале најмалку две згради кои веќе биле значајни за да имаат своја статија на Википедија, или се сметаат за културно и историски познати објекти;
ако се (или биле) членови на престижно друштво (МАНУ, Европската академија на науките и уметностите, итн.)
Новинари
Новинарите се значајни за да имаат своја статија доколку исполнуваат некој од следниве критериуми:
Нивната работа е наградена со некоја значајна награда од областа на новинарството. (Во Македонија, на пример, добитник на Награда „Мито Хаџи Василев - Јасмин“).
Да напоменам секој од овие профили е професор нема (наставници) сите се професори кои предаваат во основно, средно или више и високо образование кои се прогласени за најдобри просветни работници од Сојуз на просветни работници на Македонија заслужуваат да имаат статија? Дали овие личности ( професори) кои имаат објавувано во меѓународни научни списанија и домашни научни списанија свои трудови и се признати професори и на глобално ниво треба да имаат своја статија?
- Lili Arsova (разговор) 11 март.
Lili, мое мислење искрено е дека прогласувањето од страна на Сојуз на просветни работници не е некоја висока или престижна награда. А за вториот дел што го споменуваш, ако професорот објавува научни трудови во списанија кои се признати, значи се занимава со наука, тогаш важат критериумите за научници. Поздрав - Виолетова (разговор) 12:13, 11 март
Следната дискусија е зачувана како архива на успешна. Не ја менувајте неговата содржина
Дискусијата е отворена во 20:22 ч. на 15 март 2026 (CEST) и дискусијата трае точно 7 дена.
Членови на кралски семејства кои обично ги исполнуваат критериумите за значајност вклучуваат:
владетели, поглавари и суверени (цареви, кралеви, кралици, големи војводи, султани, принцови, итн.) кои некогаш владееле со општо призната држава или постари, споредливо организирани општества;
други полноправни членови, чие членство во семејството е стекнато со раѓање или брак, кои во секој момент од животот биле во доминантна положба. Не е неопходно овие луѓе цел живот да бидат членови на кралски семејства.
За членовите кои не биле на владејачка позиција во текот на нивниот живот или оние кои не се (или не биле) полноправни членови на семејството поради моргански брак, важат истите критериуми како за благородништвото.
Благородниците, од историјата или од сегашноста, не заслужуваат своја статија само затоа што припаѓаат на благородничко семејство. Благородниците кои ги исполнуваат критериумите за статија но поради друга заслуга, како што се оние кои поседуваат големи имоти или на друг начин значително влијаат врз условите за живот на многу други луѓе, веројатно ќе заслужат статија во енциклопедија. Ваквите статии првенствено треба да содржат информации што покажуваат дека личноста ги исполнува критериумите, а не смее да содржи само информации за титули, хералдика или семејни врски.
Статија за благородничко семејство или благородна титула (на пр. Војводата од Корнвол) може да е значајна за енциклопедија, и потоа на таква статија може да се додадат информации за поединци кои пак, не се значајни да имаат сопствена статија.
Напомена: При именување на статиите за кралски фигури и благородници би требало да се придржуваме на неколку правила: кога имаме само име и земја, името на статијата би требало да ги содржи името на личноста и земјата од која потекнува или со која владее. За некои кралеви и владетели кои имаат исто или слично име, за да нема забуна за кого се работи, во заграда да се стави земјата (Карло III (Шпанија) или Стефан I (Унгарија). Луиза (надвојвотка од Австрија), како што е: Золта (голем везир на Унгарците), со тоа што титулата ако не е на почеток на реченица не се пишува со голема буква.
Bojan9Spasovski Сосема си во право дека треба и тоа да го вметнеме. Како што вели Јован, кај нас најголем дел статии на кои им треба дообјаснување, не се со запирка, туку со заграда. Може така да остане и за владетелите и благородниците? Поздрав - Виолетова (разговор) 14:10, 18 март 2026 (CET)Одговори
Кога оди само име и земја, најчесто е баш така, името и земјата, и тоа е обично за историски личности, дека немале презимиња класично како денес, туку местото од каде потекнуваат се претворало во презиме: Тома Аквински - местото од каде потекнувал (Аквино) се претворило во презиме. За некои кралеви и владетели кои имаат исто или слично име, за да нема забуна како што гледам се практикувало кај нас во заграда да се стави земјата (Карло III (Шпанија) или Стефан I (Унгарија). Луиза (надвојвотка од Австрија) веројатно пологично според другиве примери би било да е така, како што е: Золта (голем везир на Унгарците), со тоа што ми се чини дека титулата ако не е на почеток на реченица не се пишува со голема буква. Да проверам за ова. А за овие и други примери, убаво е да се изјасни уште некој, па да ги вметнеме во начелата и напатствијата. - Виолетова (разговор) 14:51, 18 март 2026 (CET)Одговори
ОК е се, мислам дека сите благородници заслужуваат статија, освен тие титуларни кои немале општествена улога. Мислам за нив треба помалку да се посвети простор (пример, во егзил без никаква функција или задолженија во опшствество). Ова е мое мислење, не велам дека сум во право хехе. Што се однесува за именување, името на статијата треба да биде само името на личноста и бројот (I, II, III итн). Доколку има случај на две личности со исто име и ист број во заграда да се пише локација, а ако и таа е иста, тогаш година на влеадеење/ раѓање). Не сум за име со географски епитет, пример Александар Југословенски, ова не е традиционално во македонскиот јазик, освен за една личност - Александар Македонски. --НиколаСтоіаноски11:11, 19 март 2026 (CET)Одговори
Следната дискусија е зачувана како архива на успешна. Не ја менувајте неговата содржина
Дискусијата е отворена во 20:10 ч. на 22 март 2026 (CEST) и дискусијата трае точно 7 дена.
Политичар или државен службеник веројатно може да се смета за значаен ако исполнува барем еден од следниве критериуми:
ако е шеф на држава или влада (премиер), генерален гувернер, министер, член на законодавно собрание или на еквивалентна позиција на национално ниво на унитарна држава или на федерално ниво на сојузна држава;
има или извршува внатрепартиска функција на национално ниво во партија која е или била застапена во законодавното собрание на една држава: лидер на партија, член на партиски комитет, секретар на партија, претседател (или еквивалентна функција) во здружение поврзано со партијата;
има или извршува важни локални, регионални или национални задачи кои носат значителна моќ на тоа ниво (на пр. градоначалник, окружен префект)
има или има раководно место во национално тело;
ако е генерален секретар или има еквивалентна висока позиција во важна меѓувладина организација;
ако има јасно соодветна моќ и влијание, или добил големо внимание од националните медиуми од неговото време (или медиуми кои биле широко транскрибирани во историски дела), дури и ако не бил на една од горенаведените официјални функции;
политичари, градоначалници, пратеници или други функционери за кои има содржина во повеќе веродостојни извори.
Политичарите кои припаѓаат исклучиво на следните категории обично не се значајни ако се:
кандидати за политичка функција (со можен исклучок на особено добро објавени кандидати за важни позиции);
лице кое врши внатрепартиска функција на локално ниво;
„обични“ претставници без посебна моќ или медиумско покривање во локалните или регионалните или национални собранија;
биографијата е достапна само на страница коде мора да биде објавена, односно на мрежното место на општината или собранието или фирмата/институтот во кој работат.
Правно лице, адвокат, судија е веројатно значаен ако тој или таа исполнува еден од овие критериуми:
судија во врховен суд или апелационен суд на една земја (на државно ниво или пошироко);
раководител на државен орган поврзан со судството (на пример, Државен судски совет или Државно правобранителство), Народен правобранител;
раководител на понизок суд или има друга водечка правна позиција во високата администрација;
експерт во дефинирана правна област, било како научник или како правник, и е автор на правно нефикционално дело објавено од признат издавач.
Свештеник, духовник или еквивалентен верски водач во религијата кој ги исполнува следните критериуми генерално заслужува своја статија:
папа, патријарх, архиепископ, епископ или има еквивалентна позиција во нехристијанските религии;
верски службеник со значајни секуларни административни должности (на пр. колонијални службеници, итн.) кој некогаш бил важен авторитет во тоа општество;
автор на пишано дело /книга, (или неколку) објавени од етаблирани (верски и/или секуларни) издавачи;
има јасно соодветна моќ и влијание или добил големо внимание на националните медиуми, дури и ако нема еден од горенаведените наслови.
- Јасни се правилата. Би сакала само да се размисли за биографии на градоначалници дали сите по дифолт се значајни, или тој дел ќе треба да го надополниме со уште некој услов? - Виолетова (разговор) 20:38, 22 март 2026 (CET)Одговори
За професори имавме претходно дека професори кои предаваат во основно, средно или више и високо образование, не се значајни за енциклопедија само поради таа професија.
А за градоначалници, не знам ете, има некои што биле многу активни во својот мандат, направиле некакви промени/ подобрување на условите во општината/ нешто различно. Такви секако е добро да се вметнат во енциклопедија. - Виолетова (разговор) 09:48, 23 март 2026 (CET)Одговори
@Виолетова: Кои критериуми за значајност би се применувале за градоначалниците? Сите градоначалници имаат јавно достапни биографии во веродостојни извори и сите јавно објавуваат отчети во коишто наведуваат што имаат направено. --Kiril Simeonovski (разговор) 00:19, 26 март 2026 (CET)Одговори
Како стои во моментов сите градоначалници се сметаат за значајни.
Инаку, можеби градоначалници кои не биле активни и не направиле разлика, подобрување на условите за живеење во општината за време на својот мандат, без разлика што даваат отчет (тоа е затоа што мораат) да не се енциклопедиски значајни. Сите ги знаеме или сме чуле за градоначалниците во чиј мандат општината напредувала, сигурно има и некои, можеби па ретки случаи, кога не сториле ништо значајно за време на својот мандат. - Виолетова (разговор) 19:42, 26 март 2026 (CET)Одговори
Според мене, многу поголем проблем е да има статија за секој пратеник во законодавниот дом отколку за секој градоначалник. Во многу земји, како што е Македонија, на избори нема отворени листи и се гласа за пратеничка листа предложена од политичка партија. Лице коешто станало пратеник затоа што се нашло на пратеничка листа и чијашто биографија за првпат јавно била објавена на мрежното место на законодавниот дом мислам дека не заслужува да има статија. Со градоначалниците е многу поразлично затоа што на избори директно се гласа за нив и нивните биографии се јавно достапни уште за време на предизборните кампањи. --Kiril Simeonovski (разговор) 00:29, 26 март 2026 (CET)Одговори
Имаш право Кире, не се значајни од енциклопедиска гледна точка, без разлика дали ќе им најдеме биографија. Мислам дека таквите лица се опфатени со делот: „обични“ претставници без посебна моќ или медиумско покривање во локалните или регионалните или национални собранија. Ако некој влегол да биде пратеник, и ништо не слушаме за тоа лице: ниту дава изјави, ниту е јавно експонирано лице, ниту учествува во емисии, ниту излегува на говорница да зборува, освен што крева рака кога партијата ќе му наложи, нема енциклопедиско значење, или поиаку кажано по завршување на мандатот тоа лице ќе биде заборавено, грубо кажано. Има такви пратеници, а има и градоначалници што не прават нешто корисно или значајно за својата општина. - Виолетова (разговор) 09:35, 26 март 2026 (CET)Одговори
За исте овие: Треба личноста да има значајна општествена позиција (државна, лидерска, универзитетска). Само што е градоначалник или член на собрание, НЕ ТРЕБА ДА ИМА СТАТИИ! Ја сум за бришење на вакви статии за луѓе кои цел живот се приватни бизнисмени и само 4 години години биле градоначалник и оп статија? Зошто? Не е битен човекот за Македонија, може бил за мал број граѓани на кој бил градиначалник, но општо не е битен како и ние што сме тука. Дури ние на Википедија сме побитни од таквите особи. Истото важи и за политичари и верскки лидери. Верски лидери кои имате значајна позиција во организацијата или преродбеничка улога ок, но обични попови оџи не. Мое мислење ова. --НиколаСтоіаноски14:06, 27 март 2026 (CET)Одговори
Мислам дека речениците за верски водачи не споменуваат дека секој поп или оџа е значаен, ама ќе ги проверам уште еднаш.
Инаку за градоначалници кои не се значајни поради таа позиција, а кои пред и потоа биле бизнисмени, имаме наредна дискусија и за претприемачи (така се наречени) ќе ги дискутираме. Ако не е значаен ни како бизнисмен, значи не е значаен по ниедна основа да влезе во енциклопедија. - Виолетова (разговор) 16:54, 27 март 2026 (CET)Одговори
Дискусијата ќе заврши во недела 20:10 ч., да видиме дали ќе има и други предлози, но според мене, јас би го додала делот:
Градоначалници ќе се сметаат за значајни доколку се активни во својот мандат, направиле некакви промени и/или подобрување на условите во општината, биле медиумски активни.
Ако на англиската Википедија има место за над 500 македонски фудбалери (на македонската се значително помалку), не гледам зошто градоначалниците, како и останати личности (со поддржани наводи) не заслужуваат да бидат присутни на Википедија. Мислам дека улогата на Википедија треба повеќе да биде хроничарска, а не оценувачка. На нашата Википедија ѝ недостасуваат статии, особено за Македонија, па не би требало да ставаме дополнителни услови. P.Nedelkovski (разговор) 17:30, 28 март 2026 (CET)Одговори
Сосема се согласувам дека ние не сме тие кои треба да судиме. Кога е некој важен за историјата на градот, државата, секако е значаен да биде вметнат во енциклопедија, и на Википедија.
п.с. За спортистите ќе отворам да дискутираме по две недел, така ми се во план темите, и ќе треба тогаш да ги прегледаме тие критериуми. А на англиската Википедија гледам дека последниве години често се појавуваат статии кои ги прекршуваат нивните правила, а тоа е веќе тема за друг разговор. -Виолетова (разговор) 12:59, 29 март 2026 (CEST)Одговори
- Додаден е условот за значајност на политичари, градоначалници, пратеници или други функционери да има содржина во повеќе веродостојни извори, односно не се значајни доколку биографијата е достапна само на страница коде мора да биде објавена, односно на мрежното место на општината или собранието или фирмата/институтот во кој работат.
Следната дискусија е зачувана како архива на успешна. Не ја менувајте неговата содржина. Понатамошни промени не треба да се прават во овој дел.
Следната дискусија е зачувана како архива на успешна. Не ја менувајте неговата содржина
Дискусијата е отворена во 20:00 ч. на 29 март 2026 (CEST) и дискусијата трае точно 7 дена.
Претприемачите веројатно ќе бидат значајни ако се честа тема во општите медиуми или медиумите што се занимаваат со бизнис (на пр. Економист, и слично). Извршни директори, претседатели на корпорации или одбори на компании од јавен интерес, исто така, често може да се сметаат за значајни, како и стопанственици кои имаат некаква општествена заслуга, на пример: раководат со општествено важна приватна фирма, со голем број на вработени, ланец на продавници, и слично.
Некои уредници на Википедија имаат свои статија, но тоа што уредуваат на Википедија не ги прави значајни, туку енциклопедиската значајност ја стекнале според други критериуми (писатели, музичари, научници, сликари и др.). Уредниците не смеат да создаваат или да уредуваат статии за себе. За нив важат правилата споменати во другите начела и напатствија, односно важно е да се следат упатствата за биографии на живи личности, и да се внимава да на конфликт на интерес и без свои истражувања
Измислен лик или друг фиктивен феномен (вклучувајќи места, предмети, концепти или суштества) може да биде значаен или да има енциклопедиска вредност, доколку исполнува еден од овие критериуми:
се споменува повеќе од еднаш и има поголемо значење во добро познато дело, филм, серија, без оглед на фиктивниот свет во кој се појавува или оригиналната франшиза (не се бројат маркетиншките материјали, фандомите и фан-фикцијата);
има документирано влијание врз културата и општеството надвор од оригиналното дело;
се споменува во неколку различни дела, но не тривијално, случајно, или со исмевање.
Ако ликот не ги исполнува горенаведените критериуми, треба да се провери дали неговиот опис може да се вклучи во статијата за оригиналното дело.
Убаво скоцкано, да се следи треба. Знаеме случаеви кога се објавувале статии за ваков тип на луѓе. Најчесто како вршење услуга од некој корисник. Таа пракса треба да се забрани и да се почитуваат овие напатствија. --НиколаСтоіаноски20:27, 4 април 2026 (CEST)Одговори
Следната дискусија е зачувана како архива на успешна. Не ја менувајте неговата содржина. Понатамошни промени не треба да се прават во овој дел.
Мажи: се натпреваруваат на меѓународните АТП турнеи.
Жени: се натпреваруваат на светските турнири за жени.
Има тениски рекорд признат од Меѓународна тениска федерација, Здружение на тениски професионалци или Женска тениска асоцијација.
За јуниори, потребно е да постои значителна медиумска покриеност, како и да освоиле некоја од меѓународните јуниорски титули.
Ова упатство важи подеднакво и за играчите во сингл и за играчите во двојки.
Значајност за спортистите кои се натпреваруваат во областа на атлетиката ако исполнуваат некои од критериумите што следат:
Завршил меѓу првите 8 во натпреварување на највисоко ниво надвор од Олимписките игри и светските првенства. Поединечните настани на овие првенства мора да содржат или неколку трки или проширени групи (на пр., Европско првенство во атлетика, или кој било од 6-те големи светски маратони), или на кое било друго големо меѓународно натпреварување на сениорско ниво.
Освоил индивидуален златен медал на Светското првенство во атлетика до 20 години или Светското првенство во атлетика до 18 години.
Да има освоено национално првенство за сениори во својата земја, со исклучок на оние кои никогаш не биле рангирани меѓу првите 60 на листата на водечки светски атлетичари на крајот од дадена календарска година.
Да има освоено елитно првенство во повеќе значајни улични трки (вклучувајќи ја и истата трка повеќе пати) или да има воспоставено историја на високо конкурентни, непобеднички настапи во многу значајни трки (најмалку 10 меѓу првите три).
Да има светски или континентален рекорд (вклучувајќи светски јуниорски рекорди, светски најдобри резултати за млади и светски рекорди во возрасни групи за мајстори) потврден или забележан од надлежното официјално тело.
Да има ознака што го сместила спортистот меѓу првите 12 во светот за таа календарска година во натпревар без штафета што се оспорува или е примен на сениорските Светски првенства или Олимписки игри, или некој друг соодветен настап.
Да има ознака без штафета наведена на листата на сениори на сите времиња на Светскиот атлетски клуб или друг соодветен список.
Да биде примен/а во Националната сала на славните на атлетските спортови или во Куќата на славните на Американскиот клуб на тркачи на друмски патеки.
Значајна улична трка ако исполнува некој од следниве критериуми:
Има меѓународно елитно поле (како што е дефинирано според стандардите на Светската атлетика за таа година) од најмалку 5 различни националности.
Добива емитувано или кабелско телевизиско покривање надвор од локалниот пазар (доколку покривањето е преку интернет, страницата мора да биде независна од спортот, на пример Universal Sports).
Трката е место на исклучителни изведби или рекорди.
Редовно има повеќе од 1.000 натпреварувачи.
Се одржува на иста патека или дистанца континуирано во период од над 5 години.
Тимот или поединецот имаат високи меѓународни постигнувања во тој спорт, објавени во повеќе веродостојни извори.
Тренери, капитени, судии и клубови (општо) веројатно е дека постои значајно медиумско покритие за нив ако ги исполнуваат следниве критериуми:
Професионално е активен како судија или тренер на тој спорт.
Ако тренирале многу значајни спортисти кои освојувале високи меѓународни награди и признанија.
Ако биле официјален главен тренер или капитен на олимписки тим за земјата.
Тренери кои вовеле значајна техника или метод на тренинг и се широко признати како основачи на новиот метод.
Клубови кои добиле големо меѓународно известување за нивните успеси и имаат резиме составено од многу успешни меѓународни натпреварувачи, или олимпијци. Ако успехот на клубот главно се должи на еден тренер, тогаш само тренерот е значаен.
Аматерски натпревари немаат енциклопедиска значајност, било да станува збор за училишни или студентски натпревари.
За спортските арени, стадионите и другите спортски објекти нема критериуми за претпоставена значајност, затоа се сметаат за достојни за енциклопедиска статија.
- критериумите предложени овде се комбинација од англиската и хрватската Википедија за значајност. Не сум толку по спортот, ама мислам дека опфатено е сè. - Виолетова (разговор) 22:04, 5 април 2026 (CEST)Одговори
- Според мене напишаното е добро, но мора подобро да се расчисти прашањето за значајноста кај македонските фудбалери, кошаркари и ракометари, бидејќи тоа се најпопуларните спортови кај нас.
Мислам дека е малку нелогично на други јазични Википедии да има повеќе статии за македонски спортисти од тој тип, отколку кај нас. Затоа треба да се разгледа дали треба да имаме поголем опфат за домашни спортисти.
Од друга страна, за меѓународните спортисти треба јасно да се дефинираат критериуми — дали е доволен настап во прва/втора/трета лига, дали е потребна репрезентација, меѓународни натпревари, награди, итн.
Вака, без конкретни правила, секогаш ќе има различни толкувања и несогласувања. Ако се постават јасни критериуми, ќе биде многу полесно и поконзистентно за сите понатаму.
Мој заклучок: Треба да бидат опфатени сите македонски спортисти што настапуваат на професионално ниво, со исклучок на оние кои се активни само аматерски или се во рана фаза од кариерата; како праг може да се земе најмалку три години професионален ангажман.
Интересен факт е дека критериумите на англиската се многу ригорозни, а од друга страна таму има наши спортисти за кои ние уште немаме статија. Мислам дека тоа се должи, не е дека не заслужуваат тие спортисти да бидат и кај нас, туку никој не се позанимавал со нив за да ги создаде нивните статии. - Виолетова (разговор) 11:28, 7 април 2026 (CEST)Одговори
Делот за „аматерски натпревари“ дека не се значајни од енциклопедиска гледна точка треба да отпадне со оглед дека Олимписките игри во голем дел од 20 век биле аматерски натпревари. Исто така и универзитетските игри се значајни настани кои се веќе дел од Википедија. P.Nedelkovski (разговор) 20:23, 7 април 2026 (CEST)Одговори
Со оглед дека оваа Википедија е македонска и треба што повеќе да се опфатат личности од Македонија, би требало во неа да се опфатат и спортистите кои освоиле пласман на државни првенства, спортистите на Македонија и на градови, учесниците на олимпијади и светски првенства.P.Nedelkovski (разговор) 20:56, 7 април 2026 (CEST)Одговори
Универзијада е на светско ниво, веројатно под студентски и училишни натпревари се мисли на внатре во рамки на школо, факултет, (од англиската Википедија е тој дел преземен) или така нешто, моја претпоставка. Треба да се дефинира тоа подобро.
За спортистите на Македонија што ги споменуваш, мислам дека се опфатени тие спортисти во почетниот дел, кој вели:
Ако спортистот постигнал значаен државен или меѓународен рекорд или друг вид на успех.
Ако добил значајна награда, или за Македонија ја добил државната награда „8 Септември“ за остварување во спортот.
Ние дури и немаме статија за таа награда, треба да создадеме, а треба и некој повик да намениме да се пишува за македонскиот спорт, дека волонтерите можеби нема да се сетат сами да пополнат такви празнини. -Виолетова (разговор) 21:11, 7 април 2026 (CEST)Одговори
Комплицирана тема, но сепак опфаќа добри напатствија. Лично сметам аматерски спортисти и спортисти кои не се дел од национални и меѓународни натрепварувања да немаат статии на Википедија. --НиколаСтоіаноски15:22, 9 април 2026 (CEST)Одговори
Се согласувам со критериумот да се пишуваат статии само доколку клубот и поединците од тој клуб учествуваат во меѓународни настани и имаат медиумска покриеност, бидејќи доколку го нема тогаш ние без малку за секој поединец во Македонија треба да имаме статија, бидејќи играл во некој клуб од екипен спорт во втора или трета општинска лига. --Ehrlich91 (разговор) 20:18, 9 април 2026 (CEST)Одговори
Следната дискусија е зачувана како архива на успешна. Не ја менувајте неговата содржина. Понатамошни промени не треба да се прават во овој дел.
Следната дискусија е зачувана како архива на успешна. Не ја менувајте неговата содржина
Дискусијата е отворена во 20:10 ч. на 12 април 2026 (CEST) и дискусијата трае точно 7 дена.
Иако поимот „книга“ е широко дефиниран, овие критериуми не важат за следните видови публикации: стрипови; списанија; референтни дела како што се речници, енциклопедии, атласи и алманаси; публикации специфични за музика како што се книги со упатства и нотација и либрета; прирачници за упатства; и книги за подготовка за испити. Може да се развијат специфични упатства за таквите видови книги. Дотогаш, ова упатство може да биде поучно по аналогија.
Критериумите наведени подолу важат за книги во електронска форма, како и за традиционални книги и манга. Е-книга што не ги исполнува критериумите од ова упатство е сепак значајна ако ги исполнува критериумите од упатството за значајност за содржина специфична за интернет страници. Е-книга што ги исполнува критериумите од ова начело не мора да ги исполнува критериумите од начелото за интернет содржина за да биде значајна.
Книгата се смета за значајна ако проверливо исполнува, преку сигурни извори, барем еден од следниве критериуми:
Книгата била предмет на обработка или цитирање на две или повеќе важни објавени дела што се појавуваат во извори кои се независни од самата книга. Ова може да вклучува објавени дела во сите форми, како што се статии во весници, други книги, телевизиски документарци, списоци на бестселери, и рецензии. Ова ги исклучува медиумските препечатувања на соопштенија за медиумите, или други публикации каде што авторот, неговиот издавач, агент или други самозаинтересирани страни рекламираат или зборуваат за книгата.
Книгата е сметана од сигурни извори за значаен придонес во која било од науките, хуманистичките науки или уметностите, или поттикнала снимање на значаен филм, или друга уметничка форма, или пак друг важен настан, политичко или религиозно движење.
Книгата е, или била, повеќе години предмет на настава во две или повеќе училишта, колеџи, универзитети или постдипломски програми во која било одредена земја.
Авторот на книгата е толку историски значаен што кое било од пишаните дела на авторот може да се смета за значајно.
Петте претходни критериуми не важат за сè уште необјавени книги.
Самоиздаваштвото, и/или објавувањето и плаќањето за објавување на книгата од страна на самиот автор, не се во корелација со значајноста. Постојат издавачи на книги кои печатат по нарачка, а сепак стои името на издавачката куќа како издавач, и за ова треба да се внимава. Постојат исклучоци, како што се „Рана наука во Оксфорд“ од Роберт Гинтер и „Тамерлан“ од Едгар Алан По, но обете книги би се сметале за значајни врз основа на (на пример) критериум 1 и критериум 5 од горните општи критериуми.
На многу самоиздадени книги им се доделени ISBN броеви, и може да се наведат во национална библиотека, односно може да се најдат преку пребарување на интернет, на пример, или може да се продаваат кај големи продавачи на книги преку интернет, на Amazon.com, на пример. Но, тоа што книгата има ISBN број, или ја има на пребарување, посебно понудена да се купи, ништо од ова не е доказ за значајност.
Книги што сè уште не се објавени може да бидат споменати во статија за авторот или за серијалот (ако се работи за серијал), и само доколку авторот или значењето на книгата се значајни сами по себе.
Во врска со значајноста на книги кои се издадени пред повеќе од 100 години, треба да преовлада здравиот разум. За дела на Македонци, веројатноста е голема таквите книги да се енциклопедиски значајни да имаат за своја статија. За дела на автори од светот, можните основи за утврдување на значајност вклучуваат: колку широко е цитирана или споменувана во пишани извори таа книга, бројот на изданија на книгата, дали е препечатена, славата што книгата ја ужива или ја уживала во минатото, нејзиното место во историјата на литературата, нејзината вредност како историски извор и нејзината старост.
Статиите за книги не треба да бидат преопширни. Насловот на статијата за книга треба да е во превод на македонски јазик, (оригиналното име во заграда), како што би гласел насловот доколку книгата ја држиме во раце и ја читаме на македонски јазик.
Иако една книга може да биде значајна, вообичаено не е препорачливо да има посебна статија за лик или појава од книгата. Постојат исклучоци, особено во случај на многу познати книги. На пример, „Божиќна приказна“ од Чарлс Дикенс може да има посебна статија за нејзиниот протагонист, Ебенезер Скруџ, или серијалот Песна за мраз и оган, книги по кои е снимена серијата Игра на тронови, има неколку карактери кои заслужуваат посебна статија, како Денерис Таргариен, Џејми Ланистер, и неколку други.
- Правилата се јасни и концизни, делот „статии за книги што сè уште не се објавени“ може да се исклучи, со тоа што може да бидат вклучени во статијата на авторот, доколку се работи за книги од серијал кој е сам по себе значаен, како на пример Песна за мраз и оган. - BosaFi (разговор) 13:36, 14 април 2026 (CEST)Одговори
Добро претставено. Не сум за непознати автори и дела, нормално. Треба да поминат низ филтрите на издаваштвото, книжевната рецензија и критика и општата прифатеност на публиката. --НиколаСтоіаноски15:09, 17 април 2026 (CEST)Одговори
Го сменив делот за необјавените и сега гласи: Книги што сè уште не се објавени може да бидат споменати во статија за авторот или за серијалот (ако се работи за серијал), и само доколку авторот или значењето на книгата се значајни сами по себе. - Виолетова (разговор) 16:14, 18 април 2026 (CEST)Одговори
Убаво е што се покренува дискусијава, вака е појасно за сите. Критериумите се јасни и децидни. Искрено мислам, некои статии кога се додаваат, како на пр. за ликови од книги, придонесуваат за збогатување на енциклопедијата и се поврзуваат со другата главна статија за дело или автор, давајќи на тој начин можност за читателот да навигира низ енциклопедијата со поголема леснотија. -
Natasa Stardelova (разговор)
Следната дискусија е зачувана како архива на успешна. Не ја менувајте неговата содржина. Понатамошни промени не треба да се прават во овој дел.
Следната дискусија е зачувана како архива на успешна. Не ја менувајте неговата содржина
Дискусијата е отворена во 19:30 ч. на 19 април 2026 (CEST) и дискусијата трае точно 7 дена.
Музичарите или ансамблите (овде се вклучени и бендови, пејачи, рапери, оркестри, диџеи, музички театарски групи, инструменталисти, хорови, итн.) може да бидат значајни ако исполнуваат барем еден од следниве критериуми.
Бил предмет на повеќе, нетривијални, објавени дела што се појавуваат во извори кои се веродостојни, не се самообјавени и се независни од самиот музичар или ансамбл.
Овој критериум вклучува објавени дела во сите форми, како што се статии и големи интервјуа дадени во весници, книги, списанија, онлајн верзии на печатени медиуми и телевизиски документарци, освен соопштенија за медиумите, и слични рекламни и други публикации каде што музичарот или ансамблот зборуваат за себе и се рекламираат, како и статии во училишен или универзитетски весник (или слично).
Имал сингл или албум на националната музичка листа на која било земја.
Има златна, сребрена или платинеста плоча (или друг вид на носач на звук) сертифицирана во најмалку една земја.
Има добиено сериозно известување во независни доверливи извори за меѓународна концертна турнеја или национална концертна турнеја во најмалку една суверена земја. Под турнеја се подразбира настап во најмалку 6 градови.
Има издадено два или повеќе албуми за голема издавачка куќа или за една од поважните независни куќи, односно независна куќа која постои барем неколку години, и која веќе издала носачи на звук на изведувачи, кои се значајни.
Не треба да се создаваат статии за група која по ништо друго не е значајна освен затоа што еден период член бил музичар кој станал значаен подоцна сам по себе или како член на значајна група. Ова треба да се прилагоди соодветно на музичкиот жанр: на пример, изведување на две главни улоги во големи оперски куќи. Забележете дека овој критериум треба да се толкува со претпазливост, бидејќи имало случаи каде што овој критериум бил цитиран на кружен начин за да се создаде самоостварувачка јамка на значајност: на пр., музичар кој бил „значаен“ само затоа што бил во два бенда, од кои едниот или двата бенда биле „значајни“ само затоа што овој музичар бил во нив.
Станал најистакнат претставник на значаен стил или локална урбана сцена. Имајте предвид овде дека предметот мора да ги исполнува сите вообичаени стандарди на Википедија, вклучително и проверливоста.
Добитник е на музичка награда, како што се музичките награди: Греми, Џуно или Меркјури, или на пример во Македонија награда на Макфест, итн.
Победил на големо, значајно музичко натпреварување.
Изведувал музика за значајно медиумско дело, како што е лајтмотив за програма на голема телевизиска мрежа, или за значаен филм. (Но, ако ова е единственото тврдење за значајност, веројатно е посоодветно само да се спомене во главната статија и да се пренасочи кон таа страница.)
Делото било на програма на национално ниво од страна на голема радио или музичка телевизиска мрежа.
Музичарот бил тема на получасовна или подолга програма на радио или телевизиска мрежа со национална покриеност.
Поединечни членови, изведувачи на ријалити на телевизија:
Членовите на значајни бендови се пренасочуваат кон статијата за бендот, не се создаваат поединечни статии за нив, освен ако не покажале дека самите се индивидуално значајни.
Пејачите и музичарите кои се значајни само по учеството во телевизиска серија со ријалити може да бидат пренасочени кон статија за серијата, сè додека не покажат дека се независно значајни.
За композитори, автори, либретисти или текстописци:
Лицето било предмет на повеќе независни објавени дела чиј извор е независен од лицето, и е сигурен и веродостоен.
Овој праг вклучува објавени дела од сите форми, како што се статии во весници, книги, статии во списанија и телевизиски документарци, со исклучок на следново:
Автобиографии, медиумски соопштенија и реклами за лицето.
Дела што се состојат исклучиво од тривијални содржини, како што е минливо споменување на лицето во дискусија за друга тема, или едноставно вклучување во едноставни списоци на автори на корици, белешки, фусноти, итн.
На лицето му се припишува пишувањето или соавторство во пишувањето на кој било текст или музика, односно музичко или театарско дело (вклучувајќи мјузикл, опера, и слично) за музичар или ансамбл или театар што се квалификува како значаен според претходните критериуми, за значаен театар или бил ангажиран од музичар или ансамбл што се квалификува како значаен според претходните критериуми.
Неговите дела се користени во подоцнежна композиција од автор, композитор или текстописец кој ги исполнува горенаведените критериуми.
Напишал песна или композиција која победила (или во некои случаи освоила прво или второ место) на водечки музички натпревар кој не е експлицитно воспоставен како настан за откривање таленти или за „нова надеж“.
Се појавува со разумна должина во стандардни референтни дела за неговиот жанр.
Доколку е можно, композиторите или текстописците со недоволно проверлив материјал за да се оправда важноста за постоење на нивна посебна статија, треба да се спојат во статијата за нивното дело, доколку делото е многу познато и важно. Кога композиторот или текстописецот е познат по повеќе дела, таквото спојување можеби нема да биде можно.
За композитори и изведувачи надвор од медиумското покривање, критериуми за значајност се ако лицето:
Во сигурни извори е цитирано како влијателно во стилот, техниката, репертоарот или предавањето на одреден вид музика.
Воспоставило традиција или школа на одреден жанр.
Компонирало значителен број мелодии, аранжмани или стандарди што се користат во значаен жанр или традиција или школа во рамките на значаен жанр.
Често е опфатено во публикации посветени на значајна субкултура.
За албуми, синглови и песни:
Иако ова упатство е донекаде контроверзно, општиот консензус за значењето на албумите е дека ако музичарот или бендот што ги снимил се смета за значаен, тогаш нивните албуми се исто така доволно значајни за да имаат посебни статии на Википедија. Сепак, албумот не мора да биде од значаен изведувач или ансамбл за да заслужува самостојна статија, само доколку ги исполнува општите упатства за значајност. Статиите за албуми кои немаат доволно текст, односно во најголем дел содржината е списокот на песни, посоодветно е да се спои во главната статија на изведувачот или статијата за дискографија на изведувачот, наместо да постои како посебна статија за албум.
Песните и сингловите се веројатно значајни ако добиле значително внимание како тема на повеќе, нетривијални објавени дела чии извори се независни од изведувачот и издавачката куќа. Ова ги вклучува објавените дела во сите форми, како што се статии во весници, книги, телевизиски документарци или рецензии, освен медиумските соопштенија за медиумите или други публикации каде што изведувачот, неговата издавачка куќа, агент или други самозаинтересирани страни го рекламираат или зборуваат за делото.
Песна што ги исполнува критериумите за значајност не значи дека нужно ќе се третира како посебна, самостојна страница, а прашањето дали да се создадат самостојни страници за поединечни значајни песни е предмет на уредничка проценка. Оваа одлука секогаш треба да се основа врз специфични размислувања за тоа како темата да се направи разбирлива. Понекогаш, значајните песни можат подобро да се опфатат како дел од поголема статија, каде што може да има поцелосен контекст што би се изгубил ако песната има своја посебна статија. Освен значајноста, самостојна статија за песна може да постои само ако има доволно материјал за да се оправда разумно детална статија. Ако за статија за песна нема доволно текст, односно ако остане никулец, треба да се спои со статии кои постојат за изведувачот или за албумот.
Концерти и турнеи:
Концертните турнеи се веројатно значајни ако добиле значително известување во повеќе независни и сигурни извори. Таквата медиумска покриеност може да покаже значајност во однос на уметничкиот пристап, финансискиот успех, односот со публиката или други слични термини. Изворите што само утврдуваат дека се случила турнеја не се доволни за да укажат на значајност. Турнеите за кои не се пишува во секундарни извори, треба да бидат опфатени во дел на страницата на уметникот, наместо да се создаде посебна статија за таков настап. Турнеја што ги исполнува стандардите за значајност не ги прави сите турнеи поврзани со тој уметник значајни. „Bad (1988)“ на Мајкл Џексон е пример за значајна концертна турнеја.
Статии кои не ги задоволуваат критериумите:
Википедија не треба да има посебна статија за личност, бенд или музичко дело што не ги исполнува критериумите, ниту на ова упатство, ниту на општото упатство за значајност, ниту за која било тема, и покрај тоа што можеби исполнува некои од правилата опишани погоре, за кои уредниците на крајот не можат да пронајдат независни извори што даваат детални информации за темата. Цел на Википедија не е да се создаваат никулци, односно мали статии за кои знаеме дека никогаш не можат да се прошират, ниту статии засновани првенствено врз она што субјектите го кажуваат за себе.
Именување и должина на статиите за музика и музичари:
За албуми и песни на странски автори за кои може да има посебна статија затоа што се значајни, се препорачува името на статијата да биде во оригинал и внатре во првата реченица да стои изговорот на насловот и/или превод.
За музички групи се препорачува името на статијата да биде кирилица како што се изговара, на пример Битлси, Ролинг стоунс, и во првата реченица да се запише оригиналното име на музичката група.
Се препорачува должината на статиите за музика да не биде попоплнета само со список на видеа или песни. Доколку списокот е долг, се препорачува да се скрати само на најзначајните, односно да се направи избор на песните.
опфаќа во глобала се. Јас лично сум за пишување оригинал на имиња на песни и групи/ уметнички имиња со македонски изговор во воведот на статијата. Иако ова се коси со правописот, сепак е некако безвезе на пример „Ин д клаб“, а многу подобро е „In the Club“, на пример. --НиколаСтоіаноски16:00, 22 април 2026 (CEST)Одговори
Следната дискусија е зачувана како архива на успешна. Не ја менувајте неговата содржина
Дискусијата е отворена во 19:00 ч. на 26 април 2026 (CEST) и дискусијата трае точно 7 дена.
Покрај општите критериуми за значајност, ова се дополнителни критериуми кои се однесуваат на филмови:
Изворот треба да биде независен, што значи дека режисерот, издавачите на филмот, глумците, да не се директно поврзани со написот. Не се независни извори оние кои го вклучуваат студиото или компаниите што работат со него на продукцијата и објавувањето, ниту соопштенија за медиумите, и слични рекламни и други публикации, како што се: резимеа на заплетот без критички коментар, или списоци во филмски водичи. Видовите извори што се сметаат за независни се оние што пишувале за филмот, како што се периодичните списанија, и книги во кои се анализира или се споменува филмот.
Филмот бил широко дистрибуиран и добил рецензии во две или повеќе публикации кои се независни.
Филмот е историски значаен, што се потврдува со еден или повеќе од следниве фактори:
Објавување на најмалку две независни статии, по најмалку пет години од првото прикажување на филмот.
Филмот бил прогласен за значаен според широка анкета на филмски критичари, академици или филмски професионалци, кога таква анкета била спроведена најмалку пет години по објавувањето на филмот.
Филмот бил повторно комерцијално издаден или прикажан на фестивал, најмалку пет години по првичното објавување.
Филмот бил прикажан како дел од документарец, програма или ретроспектива за историјата на киното.
Филмот добил голема награда за извонредност во некој аспект од филмското творештво. Сепак да се внимава на следново: наградите од филмските фестивали обично бараат многу повеќе внимание и преглед, бидејќи овој вид награди е многу повеќе подложен на злоупотреба и манипулација.
Филмот бил избран за чувување во национален архив.
Филмот се изучува како предмет на акредитиран универзитет или колеџ со значајна филмска програма.
Филмот претставува уникатно достигнување во кинематографијата, или е пресвртница во развојот на филмската уметност или значително придонесува за развојот на националната кинематографија.
Во филмот учествува (како глумец, режисер, продуцент) позната или значајна личност за која филмот е голем дел од нивната кариера.
Филмот бил успешно дистрибуиран домашно во земја која не е позната како земја што произведува филмови. Во ваков случај треба да се утврди дека станува збор за филм кој е значаен по нешто повеќе од самото производтсво.
Филмови кои се снимаат или се во план најавени да се снимат може да се споменат во статијата на значаен глумец, продуцент или режисер, само ако имаат доволно најави во независни извори.
Статиите за филмски ликови треба да ги следат препораките за значајност пред да бидат создадени.
Доколку филмскиот лик е адаптиран од друг медиум или дело, од книга, на пример, а за оригиналниот лик веќе има статија, не треба да се создава нова статија за филмскиот лик. Ве молиме имајте предвид дека едноставното исполнување на критериумите не значи автоматски дека филмскиот лик треба да има своја статија.
Именување и должина на статиите за филмови:
За филмови се препорачува насловот на статијата да е во превод на македонски јазик, (оригиналното име во заграда), како што би гласел насловот доколку филмот се прикажува во кино или на телевизија.
Се препорачува должината на статиите за филмови да не биде попоплнета само со список на ликовите. Доколку списокот е долг, се препорачува да се скрати само на најзначајните, односно да се направи избор на ликовите.
Следната дискусија е зачувана како архива на успешна. Не ја менувајте неговата содржина
Дискусијата е отворена во 21:20 ч. на 3 maj 2026 (CEST) и дискусијата трае точно 7 дена.
Ова е последна и голема тема, која е разделена на четири статии. Со цел да не се натрупа овде со текст, ќе извадам делови од сите четири:
Категории:
НЕ создавајте категорија ако во неа треба да има помалку од пет статии.
НЕ создавајте бесмислени категории.
НЕ смее категоријата да е категоризирана со истото име, односно да припаѓа самата на себе.
Категоријата е веројатно несоодветна ако одговорот на следниве прашања е „не“:
Дали е можно да се напишат неколку пасуси или повеќе за темата на категоријата, објаснувајќи ја?
Ако се движите до статијата во категоријата, дали ќе биде очигледно зошто е таму? Дали темата на категоријата е истакнато дискутирана во статијата?
Статијата често ќе биде категоризирана во неколку категории. Сепак, треба да бидете внимателни при категоризирањето — категориите стануваат помалку ефикасни колку повеќе од нив има во дадена статија.
Списоци:
„Список на ...“ се енциклопедиски страници што се состојат од воведен дел проследен со список, евентуално подреден во потсекции. Ставките на овие списоци може да вклучуваат врски до специфични статии или други информации, и мора да бидат поткрепени со наводи како и секоја статија.
„Вградените списоци“ се списоци што се користат во статиите и ја надополнуваат содржината на статијата. Тие се вклучени во самиот текст или се додаваат во форма на табела, на пример.
Некои теми се толку широки што списокот би бил неконтролирано долг и ефикасно неодржлив.
Прегледнички кутии / предлошки:
Прегледничките кутии генерално се претставени во еден од двата формати:
Хоризонтални, поставени на дното од статиите, односно кутии за навигација
Вертикални, често сместени во горниот десен агол од статиите, односно странични ленти или инфокутии.
Прегледничките кутии што се наоѓаат во горниот десен агол на статиите (понекогаш наречени „странична лента“ или „дел од серија“) треба да се третираат со посебно внимание, бидејќи се толку видливо прикажани за читателите.
Последен коментар: пред 3 месеци5 коментариВо разговорот се присутни 4 лица
Денешна тема на уредувачкиот ден e „Венци на Јужните Варовнички Алпи“ во која спаѓаат и „Карнските Алпи“ односно „Карниските Алпи“. Со оглед дека основата на зборот е покраината „Карнија“ правејќи напоредна споредба со Калифорнија (единствен топоним кој завршува на „рнија“ како Карнија), придавката треба да е „карниски“ која е полесно изговорлива на македонски јазик. Во македонските речници го нема топонимот Карнија и следствено ни придаваката произлезена од него. Доколку мнозинството се сложува соодветно би ја променил оваа придавка. P.Nedelkovski (разговор) 17:24, 19 февруари 2026 (CET)Одговори
Последен коментар: пред 3 месеци5 коментариВо разговорот се присутни 3 лица
Зошто се употребуват турски називи за поранешни турски села во Егејска Македонија? Тоа не се македонски називи ниту македонски села (сегашни или поранешни). Јас мислувам дека нема потреба да се дава предноста на турски називи, каде тоа не су повеќе турски села. Марко Митровиќ Сугарски (разговор) 14:23, 22 февруари 2026 (CET)Одговори
Здраво. Дали може да ни посочите за кои села поточно станува збор? На пример, Дедели нема друго име освен ова име кое потекнува од турскиот јазик, каде и живееле Турци. Поздрав--НиколаСтоіаноски09:50, 23 февруари 2026 (CET)Одговори
Како сакате, ама давањето предноста на стари турски топоними во однос на грчките сегашни каде живеат Грци а не Турци е грешка. И во турскиот дел на Тракија многи грчки топоними се заменети со турски. Јас мислувам дека треба си гледаме нашите македонски топоними, а не да даваме предноста на стари турски топоними во однос на сегашните грчки. На пример Бахче Ловаси во место на Кипари. Марко Митровиќ Сугарски (разговор) 10:49, 24 февруари 2026 (CET)Одговори
Request for Comment: VisualEditor automatic reference names
Changing the default pattern for automatically generated reference names (currently ":n", e.g. ":0", ":1"...) to use the reference type instead (e.g. "book_reference-1").
Providing a simple mechanism for communities to configure a different default name.
Generating automatic reference names based on the domain name (if it’s a web citation).
Generating automatic reference names based on template parameters (e.g. "title" or "last"+"first") – defined by the community.
Please note: We will only implement a solution if there’s clear consensus among the global community. Our intention is not to build the perfect solution, but to find a simple and lean one that alleviates the pain caused by auto generated names. We are aware that some experienced VisualEditor users might prefer an option to manually change reference names in VisualEditor, but such a UX intervention is difficult to achieve across reference types and thus out of scope for our team, we can only improve the auto-naming mechanism.
We are happy about suggestions for improving certain details of the proposed solutions. Any other feedback and alternative proposals are also welcome – even though it’s out of scope for us, it might still be relevant for future work on this topic.
Please support us interpreting consensus by clearly indicating your opinion (e.g. by using support/neutral/oppose templates). We are aware of en:WP:NOTVOTE, but given that we are facilitating this discussion with users from different wikis, potentially commenting in their native language, clearly indicating your position helps us avoid misunderstandings.
Последен коментар: пред 2 месеци1 коментарВо разговорот е присутно 1 лице
Hi everyone,
Starting from 1 April 2026, the CEE Hub will begin reviewing and supporting Rapid Fund applications for Central and Eastern Europe, in close cooperation with the Wikimedia Foundation. This change is part of our shared effort to bring support closer to communities and make the process more accessible and responsive to local contexts.
You will still apply through the same system (Fluxx), and WMF will continue handling contracts and fund transfers. What changes is that the CEE Hub becomes your first point of contact, offering guidance, reviewing applications, and staying closer to your ideas throughout the process.
We encourage you to reach out to Toni, our Grants Specialist before applying. A short conversation can help clarify your idea and make things smoother from the start.
☝️ Rapid Funds remain open year-round (with possible delays in June and December).
☝️ For Central Asian communities: the process stays the same – you continue applying directly through WMF.
Join our online Q&A session to learn more (same content, two options to join):
The initiative aims to promote knowledge about Ukrainian culture abroad by creating and improving Wikipedia articles in multiple languages. This year marks the sixth edition of the campaign, which will focus on contemporary culture, making today’s artistic voices and practices more visible to international audiences.
🧩How to participate?
Choose an article from the suggested list → Write an article in your language, or improve an existing one according to the rules → Add your contribution to the contest page and calculate your points → Win prizes and receive a certificate of participation → Become a promoter of truthful knowledge about Ukraine.
If you are interested in coordinating long-term community engagement for the campaign and becoming a local ambassador, we would love to hear from you! Please let us know your interest.
Последен коментар: пред 2 месеци1 коментарВо разговорот е присутно 1 лице
Hello everyone,
This is a notice regarding an ongoing data migration on Wikidata that may affect your election-related templates and Lua modules (such as Module:Itemgroup/list).
The Change:
Currently, many templates pull electoral maps from Wikidata using the property P1846, combined with the qualifier P180: Q19571328.
We are migrating this data (across roughly 4,000 items) to a newly created, dedicated property: P14226.
What You Need To Do:
To ensure your templates and infoboxes do not break or lose their maps, please update your local code to fetch data from P14226 instead of the old P1846 + P180 structure. A list of pages was generated using Wikimedia Global Search.
Deadline:
We are temporarily retaining the old data on P1846 to allow for a smooth transition. However, to complete the data cleanup on Wikidata, the old P1846 statements will be removed after May 1, 2026. Please update your modules and templates before this date to prevent any disruption to your wiki's election articles.
There are 4 seats allocated to community representatives. Community members are invited to nominate themselves as candidates for these seats. These positions will be filled through a vote by the CEE community.
You are invited to participate in the "Wiki Loves Eurovision" article writing contest, where our goal is to create new Eurovision-related articles in the CEE-language Wikipedia editions and improve existing ones. The contest will take place from May 10 to June 10, 2026, and prizes are available:
Последен коментар: пред 16 дена2 коментариВо разговорот се присутни 2 лица
Здраво. Ја креирав статијата 16:9 (ТВ формат), но Wikidata ми јавува грешка за заштита и дозволи кога пробувам да ја поврзам со англиската верзија (16:9 aspect ratio). Изгледа има некој конфликт со стари меѓујазични врски.
Ве молам некој од администраторите да ја поврзе рачно. Ajta (разговор) 01:05, 27 мај 2026 (CEST)Одговори