Босанскохерцеговска кујна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Босански лонец
Босански вртен бурек
Ќебапчиња во сомун

Босанскохерцеговска кујна (понекогаш само босанска кујна) —- традиционална кујна на Босна и Херцеговина. Босанскохерцеговската кујна е блиску поврзана со турската, грчката и други медитерански кујни, а се разбира и со кујните на соседните Србија, Хрватска, итн. Заради годините под австриска управа, на босанскохерцеговската имаат влијанија и кујните на Средна Европа. Храната во Босна и Херцеговина се подготвува со многу разновидни зачини, но обично во мали количини. Поголемиот дел од храната е лесна бидејќи се готви во мали количини вода. Сосовите се потполно природни, пошто главно ги сочинуваат природни сокови од зеленчук.

Типични состојки на јадењата на босанскохерцеговската кујна се домат, компир, кромид, лук, пиперка, краставица, морков, зелка, печурки, спанаќ, тиквички, сушен и свеж грав, мелен пипер, млеко и павлака. Јадења од меса се од говедско, јагнешко, свинско, итн. Регионот Херцеговина е погоден за одгледување винова лоза и производство на вино, додека во Босна ракијата се добива од сливи и јаболка. Кафето се пие од филџан, а локумот е сè помалку присутен.

Солени јадења[уреди | уреди извор]

  • Ќебапи - јадење од мелено месо кое се пече на скара, а се прави од говедско, јагнешко или пилешко месо. Се служи со кромид во сомун (лепиња).
  • Бегова чорба — Чорба која се прави од месо и зеленчук.
  • Чорба од бамја
  • Полнети пиперки — Пиперки полнети со мелено месо
  • Соган-долма — Кромид полнет со мелено месо
  • Бурек и други пити — печиво полнето со мелено месо. Истото јадење полнето со сирење се нарекува сирница, со зелје или зелје и сирење зелјаница, а со компир кромпируша. Сите овие јадења во Босна се нарекуваат пити (бурек е само со месо).
  • Сарма — Месо и ориз замотани во листови (најчесто) од зелка.
  • Јапрак — Листови од винова лоза во кои се смотува месо и ориз.
  • Грав — Традиционално јадење, грав со месо.
  • Босански лонец — Чорба со месо која се вари на отворен оган, изворно во земјен босански лонец и/или под сач.
  • Мусака — Јадење кое се прави од редови компир, мелено месо и зачини.
  • Кљукуша — Тесто во кое понекогаш се додава рендан компир; се пече во рерна и се служи прелиено со кајмак и/или кисело млеко.
  • Качамак — Јадење од пченкарно брашно, главно залиено со засолено млеко и прекриено со павлака и/или кајмак, а понекогаш и со свинска маст.
  • Пршута — Сушена шунка.

Сирења[уреди | уреди извор]

  • Травничко — Бело сирење кое личи на фета; од травничкиот крај.
  • Влашиќко — Сирење слично со травничкото, по потекло од селата од планината Влашиќ.
  • Ливањско — Суво жолто сирење од Ливно.
  • Младо сирење — Свежо несолено, главно кравјо сирење.
  • Старо сирење — Свежо солено, главно овчко сирење.
  • Кајмак — Скрама која се собира од млекото.
  • Сирење од мев — на овчкото млеко му се дозволува да се преобрази во суво сирење во мевот; личи на пармезан.

Слатки јадења[уреди | уреди извор]

Баклава
  • Туфахии — Варени јаболка полнети со фил и украсени со шлаг-пена.
  • Баклава —Танки кори прекриени со ореви или ф'стаци (изворно турски), натопени со шербет или мед, наредени една над друга.
  • Ружица — Слично на баклавата, но се пече во мали ролнички со суво грозје.
  • Јаболковача — Колач од лиснато тесто полнето со изрендани, варени и засладени јаболка.
  • Урмашица — Тесто во облик на урма натопено со благ сируп.
  • Локум — Желатинизирана слатка, обично традиционално се послужува со босанско кафе.
  • Сутлијаш — Десерт од ориз.
  • Тулумба —Пржено тесто засладено со шербет.
  • Кадаиф — Тесто извлечено во тенки влакна и засладено со шербет.
  • Алва — Десерт од тесто, често се украсува со ореви и шеќер во прав или кристален шеќер; често се послужуува за време на муслиманскиот месец на рамазан.
  • Палачинка — Десерт од теста кој се мота чоколаден крем, мармелада, и сл.
  • Компот — Сладок пијалак од варено овошје, главно сливи, круши, јаболка, и др.

Алкохолни пијалаци[уреди | уреди извор]

Вино се произведува главно во Херцеговина, во областите на Мостар, Читлук, Љубушки, Столац, Домановиќи и Меѓугорје.

Ракијата се добива од сливи, јаболка, круши или грозје, со процент на алкохол од 45 % или повеќе.

Галерија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]