Бамја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бамја
Бамја МК 01.jpg
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Скриеносеменици
Класа: Дикотиледони
Нерангирано: Розиди
Ред: Слезовидни
Семејство: Слезови
Род: Визамски слез
Вид: Бамја
Биномен назив
Abelmoschus esculentus
(L.) Moench

Бамја (науч. Abelmoschus esculentus) е едногодишно растение од фамилијата Слезови (Malvaceae). Се одгледува заради младите (4-5 дена) плодови, кои се консумираат зготвени. Позната е од пред 3.000 години во Египет и во Азија. Кај нас е застапена на многу мали површини. Бамјата е една од најтоплољубивите градинарски култури. Почнува да никнува на 15 степени целзиусови а оптимални се 25 степени. Активната вегетација е при температура меѓу 26 и 28 степени. Исклучиво е светлољубива припадничка на долгиот ден.[1]. Бамјата се користи во кулинарството ширум светот, а во македонската традиционална кујна бамјата е состојка која се користи во специјалитетот турлитава.

Галерија[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. 2009. стр. 129. ISBN 978-608-203-023-4.