Боговиње

Координати: 41°55′24″N 20°54′48″E / 41.92333° СГШ; 20.91333° ИГД / 41.92333; 20.91333
Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 12:54, 20 ноември 2021; направена од Bjankuloski06 (разговор | придонеси) (→‎Историја: Јазична исправка, replaced: Во XIX век селото е дел → Во XIX век селото било дел, каза во [[Отоманско → каза на [[Отоманско)
Боговиње

Панорама на Боговиње

Боговиње во рамките на Македонија
Боговиње
Местоположба на Боговиње во Македонија
Боговиње на карта

Карта

Координати 41°55′24″N 20°54′48″E / 41.92333° СГШ; 20.91333° ИГД / 41.92333; 20.91333
Општина Општина Боговиње
Население 6.328 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1220
Шифра на КО 28003, 28503
Надм. вис. 503 м
Боговиње на општинската карта

Атарот на Боговиње во рамките на општината
Боговиње на Ризницата

Боговиње — село во областа Долни Полог, во околината на градот Тетово, северозападна Македонија. Претставува едно од најголемите тетовски села, а воопшто и полошки. Селото е седиште на истоимената општина.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Долни Полог, оддалечено 15 километри јужно од Тетово.

Историја

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) и имало 42 семејства, 2 неженети и 1 вдовица, сите христијани.[2]

Во XIX век селото било дел од Тетовската каза на Отоманското Царство.

Демографија

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Боговиње живееле 600 жители, сите Албанци.[3]

Боговиње е најголемото албанско село во Македонија, коешто во 1961 година имало 2.746 жители, додека во 1994 година бројот се зголемил на 5.670 жители, албанско население.

Според последниот попис во 2002 година, селото има 6.328 жители, од кои 6.273 Албанци, 1 Македонец и 49 останати,[4] и претставува едно од најголемите села како во Полошко, така и во цела Македонија.

Националност Жители
Македонци 1
Албанци 6.273
Турци 0
Роми 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
останати 49

На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[5]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1994 2002
Население 470 480 2.139 2.359 2.746 3.661 4.619 5.670 6.328

Родови:

Како еден од најстарите албански родови во селото се споменува родот Колаји. Нивните предци се доселени од областа Фанде (северна Албанија) во втората половина на XVIII век.[6]

Боговиње е албанско село.

Според истражувањата од 1948 година, родови во селото:

Ковач маало

Зизе маало

  • Зизе (33 к.) доселени се од северна Албанија. Потекнуваат од основачот на родот Азис, он се доселил со неговиот брат. Го знаат следното родословие: Неваип (жив на 30 г. во 1948 година) Ајет-Абаз-Елмас-Сали, кој се доселил во селото.

Касе маало

  • Вјше (20 к.) доселени се од некое место во Албанија.
  • Фетише (15 к.) исто потекло како и претходниот род.

Алиле маало

  • Алиле (14 к.) доселени се од северна Албанија
  • Касафере (14 к.) имаат исто потекло како и претходниот род. Потекнуваат од братот од основачот на родот Алиле.
  • Леике (5 к.) доселени се од Албанија.
  • Маршине (4 к.) доселени се од Ново Село. Таму се доселиле од некое село во областа Љума во северна Албанија.[7]

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 2071, 2071/1, 2072, 2073, 2073/1, 2074, 2074/1, 2075 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на старо и ново основното училиште.[8]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 5.965 гласачи.[9]

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Старото православно-македонско население од ова село се има иселено одамна. Сега се знае за следните иселени православни родови од селото. Секуловци иселени се во селото Јелошник.[7]

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр. 312
  3. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 212.
  4. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. „Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)“. Државен завод за статистика.
  6. Албанците во Македонија само од 1780 година, д-р Ристо Ивановски, Битола, 2014 г., 9 стр.
  7. 7,0 7,1 Трифуноски, Јован (1976). Полог: антропогеографска проучавања. Белград: САНУ.
  8. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  9. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  10. „Веби Џемаили“. Собрание на Република Македонија. Посетено на 2010-01-21.
  11. „Блерим Џемаили“. Агенција за иселеништво на Македонија. Посетено на 2010-01-21.
  12. Дулови, Лирим (12 април 2007). „Арифхикмет Џемаили е нов министер за култура“. А1. Посетено на 2010-01-21.
  13. „Одлука за конституирање на Комисија за завршен испит“ (PDF). Академија за обука на судии и јавни обвинители. 24 ноември 2009. Посетено на 2010-01-21.

Надворешни врски