Берзенбрик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Берзенбрик

Bersenbrück

Градскиот плоштад
Градскиот плоштад
Градскиот плоштад
Грб на Берзенбрик
Берзенбрик во рамките на Германија
Берзенбрик
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Оснабрик
Општ. заед. Берзенбрик
Градски единици 7
Градоначалник Кристијан Клич (ДХС)
Основни податоци
Површина 42,54 км2
Надм. височина 37 м
Население 8.722 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 205 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. OS
Пошт. бр. 49593
Повик. бр. 05439, 05462
Портал www.bersenbrueck.de
Местоположба на градот Берзенбрик во рамките на округот Оснабрик
Карта
Карта
Координати 52°32′0″N 7°55′0″E / 52.53333° СГШ; 7.91667° ИГД / 52.53333; 7.91667Координати: 52°32′0″N 7°55′0″E / 52.53333° СГШ; 7.91667° ИГД / 52.53333; 7.91667

Берзенбрик (германски: Bersenbrück; долногермански: Bessenbrügge) — мал град во округот Оснабрик, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Хазе, околу 30 километри северно од безокружниот град Оснабрик.

Градот претставува административно седиште на истоимената општинската заедница.

Географија[уреди | уреди извор]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Берзенбрик се наоѓа помеѓу ридските масиви Анкумер Хее и Дамер Берге на реката Хазе.

Градски единици[уреди | уреди извор]

Градот е составен од следниве единици:

  1. Ахаузен-Зитер
  2. Бокел
  3. Хаструп
  4. Хертман-Лобек
  5. Пригенхаген
  6. Талге
  7. Волтруп-Веберген

Клима[уреди | уреди извор]

Градот е под влијание на мешана морска клима со влажни северозападни ветришта од Северното Море. Годишна просечна температура на воздухот изнесува од 8,5 до 9,0 °C и паѓаат околу 616 милиметри врнежи. Најтопли месеци се јули и август со просечни температури од 17,2, односно од 16,9 °C, додека најладни месеци се јануари и февруари со 1,6, односно 2,2 °C во просек. Најмногу врнежи паѓаат во месеците јуни и јули со просечно 69 односно 75 милиметри, додека најсуви месеци се февруари и март со просечни 36, односно 42 милиметри.

Клима на Квакенбрик
Показател Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Просечна температура (°C) 1,6 2,2 4,8 8,2 12,9 15,9 17,2 16,9 14,0 10,2 5,6 2,8 9,4
Просечно кол. врнежи (мм) 43 36 42 39 50 69 75 68 46 56 43 49 616
Врнежливи денови (≥ 2,0 мм) 9 7 8 8 8 9 8 8 7 7 9 10 98
Сончеви часови (дневно) 2 2 3 5 7 7 7 7 4 3 2 1 4,2
Извор: Временска станица Берзенбрик[2] и Германската временска служба со податоци: 1961-2007[3]

Политика[уреди | уреди извор]

Градски совет[уреди | уреди извор]

Градскиот совет се состои од 23 избрани членови од три различни партии. Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.

Следната табела ги прикажува општинските резултати од 1996 година.

Изборни резултати за Градскиот совет на Берзенбрик
CDU SPD UWG GRÜNE Вкупно Излезност
Период % Мандат % Мандат % Мандат % Мандат % Вкупен број на места во советот %
1996–2001 66,1 14 27,6 6 6,3 1 100 21 69,9
2001–2006 69,7 15 26,0 6 4,2 100 21 64,2
2006–2011 64,2 14 29,1 6 6,7 1 100 21 48,8
2011–2016 56,7 12 23,2 5 20,1 4 100 21 50,3
2016–2021 56,3 13 20,6 5 12,2 3 10,9 2 100 23 50,8
2021–2026 52,56 12 31,2 7 16,2 4 100 23
заокружени проценти.
Извори: Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија[4], Округ Оснабрик.[5]

Градоначалник[уреди | уреди извор]

Од 2013 година, градоначалник на Берзенбрик е Кристијан Клич (CDU).

Досегашни градоначалници
  • 2013–денес: Кристијан Клич (CDU)
  • 2005–2013: Харалд Кројтер (CDU)
  • 2001–2004: Ренате Хилсман (CDU)
  • 1981–2001: Валтер Зандбринк (CDU)

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Берзенбрик е збратимен со следниве градови:

Познати луѓе[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)
  2. Wetterstation Bersenbrück.
  3. Deutscher Wetterdienst.
  4. Landesbetrieb für Statistik und Kommunikationstechnologie Niedersachsen, Tabelle 5000311
  5. „Die Kommunalwahl Landkreis Osnabrück vom 11. September 2011 (enthält auch Ergebnisse 2006)“ (PDF). Landkreis Osnabrück. Архивирано од изворникот (PDF; 8,0 MB; S. 20; Spalte „Gemeindewahlen“) на 2016-03-06. Посетено на 2016-03-06.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]