Мануел II Палеолог

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мануел II Палеолог
Manuel II Paleologus.jpg
Мануел II Палеолог
Роден 27 јуни 1350
Починал 21 јули 1425

Мануел II Палеолог (Грчки Μανουήλ Β΄ Παλαιολόγος΄΄) бил цар на Византија од 1391 година до 1425 година. Мануел II Палеолог бил втор син на императорот Јован V Палеолог и неговата сопруга Елена Кантакузина. Јован V бил османски вазал и Мануел бил испратен кај османскиот султан Бајазит I во Бурса. По смртта на татко си се вратил во Константинопол, кадешто официјално е прогласен за император. Ова го налутило Бајазид кој се кренал на поход против Византија и во тек на осум години (1394-1402) го опсадува нејзиниот главен град. Мануел презел дипломатска офанзива и обезбедил поддршка од западните католички земји, кои во 1396 година пратиле војска на помош на Византија, предводена од кралот Сигизмунд. Но тој поход бил неуспешен, така што западната војска била поразена во борбата крај градот Никопол на реката Дунав. Тоа не го откажало да бара помош и во 1399 тајно со брод го напуштил Константинопол и посетил Италија, Франција и Англија, кадешто бил добро примен, но не добил воена помош. Во 1402 година Бајазид претрпел катастрофален пораз од монголите кај Анкара, што и дало можност на Византија да здивне од повеќегодиншата опсада. Во наредните борби за власт меѓу синовите на Бајазид, Мануел II Палеолог успеал да врати под негова контрола Солун, Варна и Несебар, а кај Коринт за заштита на Пелопонес бил подигнат ѕид, познат со името „Хексамилион“. Во 1422 султан Мурат II наново го опсадил Константинопол, што го натерало Мануел да се признае за османски вазал и да плаќа данок.

Надворешни врски[уреди]