Душко Родев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Душко Родев
Роден(а)17 април 1932
Скопје, Македонија
Починал(а)30 јуни 2022
Скопје, Македонија
НационалностМакедонец
Познат(а) пораскази, романи, преводи, сценарија

Душко Родев (17 април 1932, Скопје - 30 јуни 2022, Скопје)[1] — македонски раскажувач, романописец, драмски писател, преведувач, роден е на 17 април 1932 година во Скопје.

Животопис[уреди | уреди извор]

Душко Родев дипломирал на Филолошки факултет во Скопје, на група за романска книжевност. Работел како уредник во Македонската радио-телевизија и во весникот Нова Македонија. Работел и како новинар, дописник, слободен репортер и како уредник во издаваштво. Член на друштво на писатели на Македонија од 1965 година[2].

Со својата книжевна дејност Родев во периодот на социјализмот во родната Македонија бил занемаруван, премолчуван, па дури и забрануван, случак со неговата книга: „Разговори со Дојрански“ која беше објавена во Србија, а дури две години потоа се појави во Македонија, каде што примериците од Србија се криеа во магацини и беа недостапни за читателите.

Бил наградуван на анонимни конкурси за раскази. За романот „Човекот што ги сакаше калинките“ 2010 ја доби наградата Роман на годината на Утрински весник.

Дела[уреди | уреди извор]

  1. Беспатици, роман, 1963;
  2. Враќање кон црвената земја, роман, 1969;
  3. Еребици во каменестиот пејзаж, томан, 1974;
  4. Зелена боја по дождот, раскази, 1977;
  5. На снегот, со Олја, раскази, 1981;
  6. Разговори со Дојрански, роман,1983 – на српски, 1985 – на македонски јазик;
  7. Светлата иднина почнува утре, најдоцна задутре, роман, 1988;
  8. Здраво седма сило, драма, 1991;
  9. Првиот ешалон, драма, 1991;
  10. Сценаро на ТВ-филмот „Дивеч за отстрел“,1992;
  11. Косови, зиме, раскази, 1998;
  12. Цветот на дивата роза, роман, 2005; „
  13. Човекот што ги сакаше калинките, роман, 2010;
  14. Во очекување на Нобеловата награда, роман, 2014.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Почина писателот и сценарист Душко Родев“. Слободен печат. Посетено на 3 јули 2022.
  2. Македонски писатели, ДПМ, Скопје, 2004.