Бенгалски залив
Од Википедија
| Оваа статија не наведува никакви извори или референци. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до доверливи извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Бенгалскиот залив е залив, сместен на североисточната страна на Индискиот Океан, кој се граничи со бреговите на Индија, Бангладеш, Мијанмар и Шри Ланка. На запад граничи со полуостровот Индостан, на исток — со островската група Андамански и Никобарски острови. На север од заливот се наоѓа историската област Бенгал (вклучувајќи фи во себе денешен Бангладеш и индиската држава Западен Бенгал), одкаде му е и името.
Во Бенгалскиот залив се вливат многу големи реки — Ганг, Брахмапутра и Мегхна, Кришна, Годавари, Кавери, Маханади, Иравади.
Најголеми пристаништа се — Ченаи, Вишакхапатнам, Пондишери, Калкута (Индија), Читагонг (Бангладеш). На североисточната страна на заливот, блиску до градот Кокс Базар (Бангладеш) се наоѓа најдолгата плажа на светот (120 км).